вилма русковска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 03 Apr 2023 20:34:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png вилма русковска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Русковска: Спасовски го потпишал решението за прекин на работа на станицата „Виа Комерц“ три дена по несреќата во која загинаа 45 луѓе во Бугарија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ruskovska-spasovski-go-potpishal-reshenieto-za-prekin-na-rabota-na-stanitsata-via-komerts-tri-dena-po-nesrekata-vo-koja-zaginaa-45-luge-vo-bugarija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ruskovska-spasovski-go-potpishal-reshenieto-za-prekin-na-rabota-na-stanitsata-via-komerts-tri-dena-po-nesrekata-vo-koja-zaginaa-45-luge-vo-bugarija/#respond Mon, 03 Apr 2023 20:34:48 +0000 https://kurir.mk/?p=819739

Освен притисоците и заканите за предметот за Рашковски, други проблеми немала поранешната шефица на Обвинителството за гонење на организиран криминал, Вилма Русковска, но во интервју во емисијата „Топ Тема“ рече дека сепак останале отворени предистраги, за кои веќе имало набавено многу докази, а една од нив е за станицата за технички преглед „Виа Комерц“ за автобусот на’Беса Транс’, во кој во сообраќајна несреќа во Бугарија загинаа 45 македонски граѓани. Според Русковска, комисијата во МВР уште во јули донела решение станицата за технички преглед „Виа Комерц“ да биде затворена, но министерот не го потпишал тоа решение. -Решението требал да го потпише министерот, но тој го потпишал три дена после случувањето на сообраќајната несреќа, а законска обврска е да се потпише во рок од 15 дена, а потпишано е по повеќе од 3 месеци од донесеното решение, рече Русоковска. Додава дека предметот бил во поодмината фаза со насобрани докази, но не можела да го доврши. -Ако работи таа станица, работи незаконски затоа што Град Скопје им го има одземено сообраќајното решение. Предметот е пренесен на друг обвинител, но до каде е сега, Русковска вели дека не знае.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ruskovska-spasovski-go-potpishal-reshenieto-za-prekin-na-rabota-na-stanitsata-via-komerts-tri-dena-po-nesrekata-vo-koja-zaginaa-45-luge-vo-bugarija/feed/ 0
Русковска имала притисоци за да се откаже од предметот за Рашковски – еве што ѝ нуделе за да не го гони соработникот на Заев https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ruskovska-imala-pritisotsi-za-da-se-otkazhe-od-predmetot-za-rashkovski-eve-shto-nudele-za-da-ne-go-goni-sorabotnikot-na-zaev/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ruskovska-imala-pritisotsi-za-da-se-otkazhe-od-predmetot-za-rashkovski-eve-shto-nudele-za-da-ne-go-goni-sorabotnikot-na-zaev/#respond Mon, 03 Apr 2023 19:56:10 +0000 https://kurir.mk/?p=819723

Обвинителката Вилма Русковска во Топ Тема на Телма тврди дека предлогот за нејзино разрешување е резултат на истрагата што таа како шефица на Обвинителството за борба против организиран криминал и корупција ја отворила за Драги Рашковски кој беше генерален секретар во Владата на Зоран Заев. Имала притисок и закани да се откаже од шефовското место, а за возврат и било понудено да стане заменик републички Јавен Обвинител. Со овие понуди, како што рече, „сакаа да ме фатат на пенал, а тоа е почнувањето предистрага за тогашниот директор на Финансова полиција, Арафат Муареми“, пренесе Телма. Русковска претпоставува дека со понудата на тие повисоки функции, ако таа ги прифатела, можеби ќе требала и да ја повлече односно откаже од истрагата за случајот со Рашковски. -Можеби и тоа беше причината, тогашниот премиер и јавно кажа дека не ми верува мене кога станува збор за овој предмет. Кога бевме сега на дисциплинската комисија, јас го предложив професорот Калајџиев, за сведок-експерт, бидејќи таму се наведува дека сум сторила повреди на законот за кривична постапка, а Калајџиев кој бил дел од законот за кривична постапка, да каже дали јас навистина сум го сторила тоа дело. Но, не беше прифатен како сведок. А како докази за дисциплинската постапка беа наведени само претставките од Арафат Муареми, вели Русковска. Русковска вели дека тогашната власт не сфатила дека на неа не и била важна фотелјата, туку желбата да става темели на една правна држава, и поради тоа повторно ја поднела кандидатурата за Шеф на Обвинителството за организиран криминал и корупција. -Едноставно не сфатија дека мене не ми беше важно функција и фотелја. Јас сама се изборив за позицијата шеф на обвинителството за борба против организиран криминал од причина што сакав да почнам да ставам темели на една правна држава. Сите знаеме во каква состојба беше тоа обвинителство, едноставно не немаше на мапа. И затоа не се каам што тогаш не го прифатив тој предлог, истакнува Русковска во интервју за Топ Тема.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ruskovska-imala-pritisotsi-za-da-se-otkazhe-od-predmetot-za-rashkovski-eve-shto-nudele-za-da-ne-go-goni-sorabotnikot-na-zaev/feed/ 0
Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност бара разрешување на Вилма Русковска https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisijata-za-utvrduvane-na-distsiplinska-odgovornost-bara-razreshuvane-na-vilma-ruskovska/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisijata-za-utvrduvane-na-distsiplinska-odgovornost-bara-razreshuvane-na-vilma-ruskovska/#respond Thu, 30 Mar 2023 12:35:19 +0000 https://kurir.mk/?p=818152

Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на јавен обвинител во вршење на јавнообвинителската функција при Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, по спроведената дисциплинска постапка против три јавни обвинителки и разгледување на извештајот на обвинителот-известител, донесе Решение со кое: – За поранешна основна јавна обвинителка на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција е утврдено дека е одговорна за сторена тешка дисциплинска повреда од член 91 алинеја 6 од Законот за Јавното обвинителство и Комисијата одлучи да поднесе предлог за нејзино разрешување до Советот на јавните обвинители. –За една јавна обвинителка од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, за утврдена тешка дисциплинска повреда е изречена дисциплинска мерка – намалување на месечна плата во висина од 30% од исплатената нето плата во траење од 6 месеци. –За една јавна обвинителка Комисијата одлучи да ја ослободи од одговорност, бидејќи не се докажа дека сторила тешка дисциплинска повреда од член 91 алинеја 6 од Законот за јавното обвинителство. Против Решението на Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на јавен обвинител во вршење на јавнообвинителската функција незадоволните страни имаат право на жалба пред Советот на јавните обвинители.​]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisijata-za-utvrduvane-na-distsiplinska-odgovornost-bara-razreshuvane-na-vilma-ruskovska/feed/ 0
Обвинителките Вилма Русковска, Ивана Трајчева и Елизабета Јосифоска сослушани за дисциплинската https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obvinitelkite-vilma-ruskovska-ivana-trajcheva-i-elizabeta-josifoska-soslushani-za-distsiplinskata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obvinitelkite-vilma-ruskovska-ivana-trajcheva-i-elizabeta-josifoska-soslushani-za-distsiplinskata/#respond Fri, 03 Mar 2023 19:03:06 +0000 https://kurir.mk/?p=807832

Обвинителките Вилма Русковска, Ивана Трајчева и Елизабета Јосифоска, денеска биле сослушани во рамки на дисциплинската постапка поведена против нив, а поврзана со претресот во Управата за финансиска полиција. Тие биле сослушани во просториите на Јавното обвинителство пред Комисијата за утврдување дисциплинска одговорност. Обвинителките ги дале своите искази и биле изведени сите докази во постапката. Членот на комисијата кој е известител во предметот сега треба да изготви извештај по завршување на постапката со предлог. Поранешната шефица на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) Вилма Русковска, е суспендирана, а паралелно против трите обвинителки се води и истрага по кривичната пријава на екс директорот на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми. Предлогот да се поведе дисциплинска постапка го даде републичкиот обвинител Љубомир Јовески, кој дополнително ја суспендира Русковска и од работа. Претресот во Управата за финансиска полиција од страна на ОЈО ГОКК беше извршен 18 јули минатата година. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obvinitelkite-vilma-ruskovska-ivana-trajcheva-i-elizabeta-josifoska-soslushani-za-distsiplinskata/feed/ 0
ТРИ ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛКИ СТОРИЛЕ ТЕШКА ДИСЦИПЛИНСКА ПОВРЕДА – меѓу нив и Вилма Русковска https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tri-javni-obvinitelki-storile-teshka-disciplinska-povreda-megju-niv-i-vilma-ruskovska/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tri-javni-obvinitelki-storile-teshka-disciplinska-povreda-megju-niv-i-vilma-ruskovska/#respond Fri, 23 Dec 2022 13:31:46 +0000 https://kurir.mk/?p=779678

Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на јавен обвинител во вршење на јавнообвинителската функција при Јавното обвинителство, донесе Решение со кои се поведува дисциплинска постапка против поранешен основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и против уште две обвинителки од тоа Обвинителство. – Постапувајќи по предлогот на јавниот обвинител на Република Северна Македонија, Комисијата одржа расправа на која го разгледа писмениот извештај од известителот по предлогот за поведување дисциплинска постапка и писмените изјаснувања на јавните обвинителки, по што оцени дека постои основано сомнение дека трите јавни обвинителки сториле тешка дисциплинска повреда од член 91 алинеја 6 од Законот за јавното обвинителство, соопшти денеска од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија. Против ова решение на Комисијата, се наведува во соопштението, не е дозволена жалба. Како следна фаза на постапката, Комисијата ќе закаже седница на која ќе бидат повикани подносителот на предлогот за поведување постапка за утврдување дисциплинска одговорност и трите јавни обвинителки, кои имаат право да предложат свои докази и непосредно да дадат изјави во врска со поднесениот предлог.​]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tri-javni-obvinitelki-storile-teshka-disciplinska-povreda-megju-niv-i-vilma-ruskovska/feed/ 0
Рашковски бара Русковска да биде повикана како сведок за случајот „Софтвери“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rashkovski-bara-ruskovska-da-bide-povikana-kako-svedok-za-sluchajot-softveri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rashkovski-bara-ruskovska-da-bide-povikana-kako-svedok-za-sluchajot-softveri/#respond Tue, 08 Nov 2022 11:39:44 +0000 https://kurir.mk/?p=757368

Одбраната на Драги Рашковски бара јавната обвинителка Вилма Русковска да биде повикана како сведок за случајот „Софтвери“, во кој тој како поранешниот генерален секретар на Владата, заедно со уште шест лица се терети за нелегалната набавка на софтвер. Драги Рашковски, на излегување од Судот по денешното рочиште за предметот, во изјава за медиумите рече дека со нејзиното сведочење ќе докажат како е местен судскиот процес и целокупната постапка. – Апсолутно од самиот почеток, до самиот крај, додека беше обвинител до вчера, ќе докажеме како судскиот процес и целокупната постапка, внатре во рамките на обвинителството, е местена целокупната истрага, поднесување на обвинителниот акт и т.н., изјави Рашковски. Рашковски посочи, дека е крајно коректно, ако некој застанал зад некој обвинител акт и тврди дека е така, да се соочи во најмала рака со главниот обвинет, во случајот со мене. – Да ги вкрстиме аргументите, а од друга страна да и биде предочено на сите инкриминирачки дејствија, кои што според нас таа ги има направено додека ја вршела истрагата, изјави Рашковски. Прашан дали ова може да се протолкува и како најава за кривична пријава против Русковска, Рашковски рече „апсолутно“. Одбраната на Рашковски на денешното рочиште, достави дополнување на предложената листа на докази, за што Судот побара пред следното рочиште да достават една ревидирана и заедничка листа на докази со оглед дека досега имаат поднесено повеќе дополнувања. Судскиот процес за случајот „Софтвери“ се наоѓа во доказна постапка и го води судијката Фанка Јанчулева Михаиловска, а застапник на обвинението е Ивана Трајчевска. Денешното рочиште за случајот беше одложено поради болест на еден од обвинетите. Според обвинителниот акт, Рашковски е обвинет за кривичните дела „ Злоупотреба на службена положба и овластување“ и „Перење пари и други приноси од казниво дело“. Лицата И.Д., И.Х., Д.С., И.И., И.И. и М.С. се обвинети за „Злоупотреба на службена положба и овластување“ од КЗ.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rashkovski-bara-ruskovska-da-bide-povikana-kako-svedok-za-sluchajot-softveri/feed/ 0
Пријавена е и суспендираната Русковска: На огласот за избор на шеф на ОЈО ГОКК пријавени петмина кандидати https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prijavena-e-i-suspendiranata-ruskovska-na-oglasot-za-izbor-na-shef-na-ojo-gokk-prijaveni-petmina-kandidati/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prijavena-e-i-suspendiranata-ruskovska-na-oglasot-za-izbor-na-shef-na-ojo-gokk-prijaveni-petmina-kandidati/#respond Wed, 26 Oct 2022 13:40:31 +0000 https://kurir.mk/?p=750715

На огласот за избор на основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Скопје се пријавиле петмина кандидати, потврди за МИА претседателот на Советот на јавни обвинители, Антонио Јолевски. Јолевски, за МИА појасни дека утре Советот ќе одржи седница на која треба да донесе одлука за формирање на Комисија што ќе го спроведе изборот, кој треба да се одржи на 7 ноември. Суспендираната шефица на ОЈО ГОКК, Вилма Русковска, минатата недела потврди дека поднела кандидатура за нов мандат, а дел од медиумите веќе објавија дека за оваа функција се пријавиле и обвинителката Енѓелуше Кадриу Леши од ОЈО за организиран криминал, Деса Пауноска и Ислам Абази од Вишото обвинителство – Гостивар и Ермон Незири од скопското Обвинителство. Ова е прв ваков избор на шеф на ОЈО ГОКК по измените на Законот за јавни обвинители, каде согласно член 66, основен јавен обвинител на ОЈО ГОКК се избира од страна на Советот на јавни обвинители по спроведено гласање од страна на сите јавни обвинители во Република Северна Македонија. Како што информира за МИА претседателот на Советот на ЈО, Антонио Јолевски, на 7 ноември обвинителите ќе гласаат, по што се доставуваат резултатите, а Советот во рок од седум дена по гласањето треба да одржи седница на која ќе донесе одлука за именување на јавниот обвинител што добил најмногу гласови од листата на пријавени кандидати. Мандатот на суспендираната шефица на ОЈО ГОКК Вилма Русковска трае до 14-ти ноември, а за нејзина времена замена на 29 август беше назначен обвинителот Трајче Пеливанов. Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција се избира за време од четири години од редот на избраните јавни обвинители со право на повторен избор.  (МИА)

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prijavena-e-i-suspendiranata-ruskovska-na-oglasot-za-izbor-na-shef-na-ojo-gokk-prijaveni-petmina-kandidati/feed/ 0
Поднесената кривична пријава Русковска ја смета како притисок кон неа, вчера конкурирала и за втор мандат како шеф на ОЈО https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/podnesenata-krivichna-prijava-ruskovska-ja-smeta-kako-pritisok-kon-nea-vchera-konkurirala-i-za-vtor-mandat-kako-shef-na-ojo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/podnesenata-krivichna-prijava-ruskovska-ja-smeta-kako-pritisok-kon-nea-vchera-konkurirala-i-za-vtor-mandat-kako-shef-na-ojo/#respond Thu, 20 Oct 2022 13:59:47 +0000 https://kurir.mk/?p=748503

Суспендирањето, поведувањето на дисциплинска постапка, како и поднесената кривична пријава, обвинителката Вилма Русковска го гледа како притисок кон неа и кон сите јавни обвинители да внимаваат против кого ќе поведат постапка. Русковска ова денеска го истакна по исказот во Обвинителството по поднесената кривична пријава за злоупотреба на службена должност при претресот извршен на 18 јули годинава во Управата за финансиска полиција од страна на ОЈО – ГОКК. Таа соопшти дека вчера поднела и пријава каде конкурирала за шеф на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и дека очекува поддршка од нејзините колеги. -Давав исказ по поднесена кривична пријава од Финансова полиција за наводна злоупотреба на службена положба и овластувања, член 353 став 1 и за наводно фалсификување на избори, појасни Русковска. Истакна дека нејзиниот колега што го застапува предметот бил максимално коректен и професионален кон неа, а информираше дека сабајлево исказ дала нејзината колешка Елизабета Јосифовска, дека утре ќе дава Ивана Трајчева, а, како што рече, слушнала и дека Сузана Мирчевска Кузмановска бил ставена во пријавата. Суспендираната обвинителка рече дека не извршла увид во доказите, освен во делови од предметот што се прибавени од Организиран криминал. -Обвинителот ми рече дека имал некој извештај направено од колешката Лиле Стефанова, ја видов кривичната пријава. Ми беше понудено да го видам записникот на изјавата на Муареми, не бев заинтересирана да ја прочитам, само кривичната пријава ја прочитав, истакна обвинителката. ОЈО Скопје претходно на брифинг со новинарите информираше дека постапува по кривичната пријава за злоупотреба на службена должност при претресот во Управата за финансиска полиција од страна на ОЈО – ГОКК, дека веќе се прибрани материјални докази и сослушан е подносителот на кривичната пријава, а во следните денови ќе се испитаат и пријавените лица. Подносител на пријавата е Управата за финансиска полиција, а оштетено лице е Арафат Муареми. „Пријавено е дејствието на злоупотреба на службена должност во контекст на нешто што не било созреано за претрес и немало таква документација за претрес, а е направено. Како аргументација кон пријавата е посочен и извештајот од надзорот и тоа што се случувало таму“, појаснуваат од ОЈО Скопје. Управата за финансиска полиција на 8 август годинава, поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против обвинителките Вилма Русковска, Ивана Трајчева и Елизабета Јосифовска, за „злоупотреба на службена положба и овластување“ при претресот во Управата за финансиска полиција извршен на 18 јули годинава.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/podnesenata-krivichna-prijava-ruskovska-ja-smeta-kako-pritisok-kon-nea-vchera-konkurirala-i-za-vtor-mandat-kako-shef-na-ojo/feed/ 0
Обвинителство ги распореди предметите на Русковска за Управата за финансиска полиција и за „Виа Комерц“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obvinitelstvo-gi-rasporedi-predmetite-na-ruskovska-za-upravata-za-finansiska-policija-i-za-via-komerc/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obvinitelstvo-gi-rasporedi-predmetite-na-ruskovska-za-upravata-za-finansiska-policija-i-za-via-komerc/#respond Fri, 02 Sep 2022 11:30:50 +0000 https://kurir.mk/?p=727711

Предметите во предистражна постапка што се однесуваат на работењето на Управата за финансиска полиција и на станицата за технички преглед „Виа Комерц“, а по кои до нејзината суспензија од функцијата постапуваше Вилма Русковска, се презаведени и дадени на надлежно постапување на обвинителката Лиле Стефанова од Одделението за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција и обвинителата Катерина Коларевиќ од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Од Jавно обвинителство на Република Северна Македонија, информираат дека назначениот јавен обвинител Трајче Пеливанов за времено раководење со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донел одлука за формирање четиричлена Комисија за констатирање на состојбата со тековните предмети во обвинителството, која извршила увид и ја попиша целокупната документација по предметите во предистражна постапка што се однесуваат на работењето на Управата за финансиска полиција и на станицата за технички преглед „Виа Комерц“. – Согласно надлежностите предвидени во Законот за јавното обвинителство, предметот оформен по поднесена анонимна кривична пријава против повеќе лица од Управата за финансиска полиција е презаведен и даден на надлежно постапување на јавниот обвинител Лиле Стефанова од Одделението за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција. Предметот за станицата за технички преглед „Виа Комерц“ е распореден во работа кај јавниот обвинител Катерина Коларевиќ од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, се вели во соопштението од ЈОРСМ. Постапувањето по овие предмети, се вели во соопштението, ќе продолжи непречено и јавните обвинители на кои сега им се доверени ќе ги преземат сите дејствија во согласност со Законот за кривична постапка за да ги проверат наводите во поднесените кривични пријави. По останатите предмети во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, како што уверувата од ОЈО – ГОКК, нема никаков застој во постапувањето. – Јавниот обвинител Пеливанов во изминатите неколку дена одржа неколку колегиуми со јавните обвинители од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, се информираше за тековните прашања и ги презеде сите организациски и други надлежности во ова обвинителство, се вели во соопштението од ЈОРСМ. Согласно законските надлежности предвидени во член 28 од Законот за јавното обвинителство, Јавниот обвинител на Република Северна Македонија ја започна постапката за вршење редовен надзор врз целокупното работење на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Со надзорот над законитото и навременото извршување на јавнообвинителската функција ќе биде направен увид во текот на постапките во ова обвинителство.​ (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obvinitelstvo-gi-rasporedi-predmetite-na-ruskovska-za-upravata-za-finansiska-policija-i-za-via-komerc/feed/ 0
Русковска останува суспендирана, Советот на ЈО едногласно го потврди решението на Јовески https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ruskovska-ostanuva-suspendirana-sovetot-na-jo-ednoglasno-go-potvrdi-reshenieto-na-joveski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ruskovska-ostanuva-suspendirana-sovetot-na-jo-ednoglasno-go-potvrdi-reshenieto-na-joveski/#respond Thu, 25 Aug 2022 05:19:29 +0000 https://kurir.mk/?p=723553

Советот на јавни обвинители на Република Северна Македонија го потврди решението на републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески од 16 август годинава, со кое шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска се оддалечува од функцијата додека трае кривичната постапка поведена по поднесената пријава од поранешниот директор на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми за претресот на 18 јули во Управата. Седницата, за време на дискусијата по жалбата на Русковска, беше затворена за јавноста, а претседателот на Советот на ЈО Антонио Јолевски, образложувајќи ја одлуката пред новинарите рече дека врз основа на фактите и околностите, Советот одлучил дека додека се води кривичната постапка за постапувањето при претресот и по предметот, Русковска би требало да биде оддалечена од работа со цел да не влијае со своето присуство врз текот на постапката по предметот. Јолевски, исто така, изрази очекување постапката во ОЈО Скопје да заврши брзо и дека ова оддалечување нема да трае долго време. Советот на јавни обвинители на вчерашната 63-та седница, едногласно одлучи жалбата за суспензијата на обвинителката Русковска да се отфрли како неоснована. Советот одлучуваше со осум од 11 члена, бидејќи двајца се пензионирани и се уште нема избрано нови, а обвинителот Љубомир Јовески не присуствуваше поради конфликт на интереси. Причина за овие „непријатни состојби“, според Јолевски, е не соработката меѓу двајцата обвинители – Русковска и Љубомир Јовески. Јавниот обвинител на РСМ – Љубомир Јовски, според тоа што е доставено до Советот на ЈО, Јолевски рече дека не добил информација во врска со претресот, ниту за доказите, иако согласно задолжителното упатство, сите Основни јавни обвинителства се должни да го информираат јавниот обвинител со цел координација во работењето, што овде не било случај. Обвинителката Вилма Русковска, минатата недела поднесе жалба за одлуката за нејзината суспензија до Советот на јавни обвинители. Со жалбата, како што појасни Русковска, таа ги побива наводите во решението и „ова го смета за суспензија на правото и суспендирање на правдата“. Републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, на 16 август, врз основа на член 81 од Законот за јавното обвинителство, донесе Решение за оддалечување од функцијата на еден јавен обвинител додека трае кривичната постапка поведена по поднесена кривична пријава против него. Јовески поднел предлог за поведување дисциплинска постапка за утврдување одговорност на тројца јавни обвинители, за кои постои сомнение дека намерно и неоправдано направиле крупна професионална грешка со што сториле тешка дисциплинска повреда. – Во согласност со член 93 од Законот за јавното обвинителство, Јавниот обвинител на Република Северна Македонија денеска поднесе предлог за поведување дисциплинска постапка за утврдување одговорност на тројца јавни обвинители, за кои постои сомнение дека намерно и неоправдано направиле крупна професионална грешка со што сториле тешка дисциплинска повреда од член 91 алинеја 6 од Законот за јавното обвинителство, соопштија од Јавното обвинителство. Надлежна за дисциплинската постапка е дисциплинската Комисија во ОЈО.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ruskovska-ostanuva-suspendirana-sovetot-na-jo-ednoglasno-go-potvrdi-reshenieto-na-joveski/feed/ 0