Вилнус – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 12 Jul 2023 13:34:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Вилнус – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во Вилнус потпишан Меморандум за операционализација на Центарот за извонредност на НАТО за климатски промени и безбедност https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-vilnus-potpishan-memorandum-za-operatsionalizatsija-na-tsentarot-za-izvonrednost-na-nato-za-klimatski-promeni-i-bezbednost/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-vilnus-potpishan-memorandum-za-operatsionalizatsija-na-tsentarot-za-izvonrednost-na-nato-za-klimatski-promeni-i-bezbednost/#respond Wed, 12 Jul 2023 13:34:19 +0000 https://kurir.mk/?p=855868

Климатските промени се еден од клучните предизвици на денешницата и зголемените влијанија од промената на климата претставуваат директни и индиректни закани за безбедност на луѓето и државите ширум светот, па од тие прични НАТО реши да создаде свој Центар за извонредност за климатски промени и безбедност, за чија операционализација денеска беше потпишан Меморандум за разбирање на Самитот на Алијансата во Вилнус. Според оценките на НАТО, екстремните временски прилики и климатските промени може да ги загрозат човечкиот живот и благосостојба, економската безбедност, политичката стабилност, јавната безбедност, имотот и критичната инфраструктура. - Ефектите од климатските промени, исто така, го обликуваат однесувањето на државните и недржавните актери на различни начини, кои се уште не се целосно осознаени. Жените, девојките, домородното население, оние кои живеат во сиромаштија и другите ранливи или маргинализирани групи често се особено изложени на ризик од директните и индиректните ефекти на климатските промени, посочуваат од НАТО. Од тие причини, како водечка политичка и воена алијанса во светот, НАТО со формирањето на овој Центар има јасна цел за справувањето со безбедносните импликации од климатските промени. - Климатските влијанија може да ја тестираат отпорноста на воените инсталации и опрема, да создадат посурови или посложени оперативни услови и да ја променат природата на стратешкото опкружување, што претставуваат уникатни предизвици за воените и безбедносните актери задолжени да ја одржуваат нашата безбедност, додаваат од НАТО. Иницијативата за формирање на Центарот ја покрена канадскиот премиер Џастин Трудо на Самитот на НАТО во јуни 2021 година, по што лани во мај Алијансата официјално го прифати овој предлог. По ова, на Самитот на Алијансата во Мадрид минатата година беше решено седиштето на Центарот за извонредност на НАТО за климатски промени и безбедност да биде во канадскиот град Монтреал. Според најавите, во моментов Канада заедно со останатите сојузници од Алијансата, работи на воспоставување на овој Центар, кој би требало да почне со работа на есен. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-vilnus-potpishan-memorandum-za-operatsionalizatsija-na-tsentarot-za-izvonrednost-na-nato-za-klimatski-promeni-i-bezbednost/feed/ 0
Столтенберг: На самитот во Вилнус ќе донесеме многу важни одлуки за посилна Алијанса https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stoltenberg-na-samitot-vo-vilnus-ke-doneseme-mnogu-vazhni-odluki-za-posilna-alijansa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stoltenberg-na-samitot-vo-vilnus-ke-doneseme-mnogu-vazhni-odluki-za-posilna-alijansa/#respond Tue, 11 Jul 2023 15:08:12 +0000 https://kurir.mk/?p=855466

Отворајќи го Самитот на НАТО во Вилнус, генералниот секретар Јенс Столтенберг денеска изјави дека сојузниците во двата дена ќе донесат многу одлуки за Алијансата да ја направат уште посилна. -Ќе донесеме одлуки за зголемување на практичната и политичка поддршка за Украина. Тоа ќе ја приближи Украина до НАТО, каде што и припаѓа“, рече Столтенберг во својот воведен говор, додавајќи дека сојузниците, исто така, ќе ги зајакнат и одвраќањето и одбраната на НАТО и ќе се договорат за поамбициозно ветување за одбранбени инвестиции. Генералниот секретар на воведната церемонија им се заблагоари на домаќинот, литванскиот претседател Гитанас Наузеда, на финскиот претседател Ниинисто, кој во Вилнус за првпат присуствува како шеф на држава на земја членка и на шведскиот премиер Кристерсон, чија земја вчера ја симна и последната пречка пред полноправното членство- со одобрението добиено од Турција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stoltenberg-na-samitot-vo-vilnus-ke-doneseme-mnogu-vazhni-odluki-za-posilna-alijansa/feed/ 0
Зеленски слета во Вилнус https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-sleta-vo-vilnus/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-sleta-vo-vilnus/#respond Tue, 11 Jul 2023 13:55:12 +0000 https://kurir.mk/?p=855426

Украинскиот претседател Володимир Зеленски слета во Вилнус, каде што лидерите на земјите-членки на НАТО треба да разговараат за можното членство на Украина во Алијансата. Украинскиот претседател на Твитер напиша дека не гледа „подготвеност ниту за повик на Украина во НАТО, ниту да се направи членка“. На самитот присуствуваат и други украински функционери, меѓу кои и министерот за одбрана на земјата Олексиј Резников. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-sleta-vo-vilnus/feed/ 0