Вилсон – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 13 Oct 2022 17:21:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Вилсон – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во градскиот парк во Скопје се враќа хуманитарната трка за поддршка на заболените од ретката болест Вилсон https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/vo-gradskiot-park-vo-skopje-se-vrakja-humanitarnata-trka-za-poddrshka-na-zabolenite-od-retkata-bolest-vilson/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/vo-gradskiot-park-vo-skopje-se-vrakja-humanitarnata-trka-za-poddrshka-na-zabolenite-od-retkata-bolest-vilson/#respond Thu, 13 Oct 2022 17:20:51 +0000 https://kurir.mk/?p=744965

Седмото издание на хуманитарната штафетна трка „Подај рака 2022“ за поддршка на заболените од ретката болест Вилсонгодинава ќе се одржи на 16. октомври со почеток во 11 часот на новата летна сцена во градскиот парк (спроти кафеана Маргер). По пауза од 2 години поради пандемијата со Ковид-19, настанот повторно на исто место ќе ги собере лицата заболени од ретката болест Вилсон, нивните поддржувачи и љубителите на рекреацијата. Седмото издание на трката, како и сите претходни,е поддржана од компанијата ОКТА, а е во организација на Здружението на граѓани за поддршка на лица со ретка болест - Вилсон. Од Здружението Вилсон велат дека раната детекција е суштинска во третирањето на оваа болест и во обезбедување нормален живот за пациентите. Примарна цел на хуманитарната штафетна трка е подигнување на јавната свест за ретките болести, како и поддршка во решавање на предизвиците со кои се соочуваат заболените и нивните блиски. Ретките болести се хронични состојби за кои од особено значење во контролата на болеста се раната детекција и навремената терапија. Трката, како и досега, ќе биде штафетна и ќе се трчаат четири пати по еден километар, а ќе има и детска трка бидејќи е многу важно најмладите да се запознаат и од мали да даваат поддршка на лица кои се соочуваат со ретки болести, паралелно развивајќи ја својата хуманост. Оваа година за првпат ќе се организира и трка со миленици. Покрај луѓето, кучињата исто така се изложени на болеста Вилсон. Повеќе информации и пријавување за годинешнава трка „Подај рака“ се достапни на следниов линк https://www.smartrace.club/ Во трката ќе учествуваат и лица заболени од Вилсон и од други ретки болести со што симболично ќе се покаже дека кога дијагностиката и терапијата се навремено аплицирани, со најголемиот број ретки болести може да се живее нормален живот, рамноправен со сите здрави луѓе.Како и секоја година, добрата забава и овој пат нема да изостане. За неа ќе се погрижат познати музички ѕвезди, кои на овој начин ја покажуваат и својата поддршка. „Со овој настан сакаме да им дадеме поддршка и на сите лица кај кои најчесто, како последица на ненавремена детекција, ретките болести оставиле непоправливи последици, како и да им оддадеме почит на оние кои прерано го изгубиле својот живот борејќи се со нив“, велат од Здружението Вилсон. Болеста Вилсон предизвикува нарушување во метаболизмот што доведува до таложење на бакар во црниот дроб, мозокот и очите, процес кој се одвива постепено, со години, пред појавата на првите симптоми. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/vo-gradskiot-park-vo-skopje-se-vrakja-humanitarnata-trka-za-poddrshka-na-zabolenite-od-retkata-bolest-vilson/feed/ 0
Американците Милгром и Вилсон добитници на Нобеловата награда за економија за 2020 година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikancite-milgrom-i-vilson-dobitnici-na-nobelovata-nagrada-za-ekonomija-za-2020-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikancite-milgrom-i-vilson-dobitnici-na-nobelovata-nagrada-za-ekonomija-za-2020-godina/#respond Mon, 12 Oct 2020 11:09:40 +0000 https://kurir.mk/?p=415294

Американските економисти Пол Милгром и Роберт Вилсон се добитници на Нобеловата награда за економија за 2020 година за унапредување на теоријата на аукции и иновација на нови формати на аукции, соопшти денеска шведската Кралска академија на науките. – Новиот формат на аукции е убав пример како со истражување на основите може дополнително да се креираат изуми кои им користат на општеството, се наведува во соопштението на Академијата. Нобеловата награда за економија е во вредност од 10 милиони шведски круни (1,14 милиони долари) и не е една од петте изворни награди востановени во 1895 година од пронаоѓачот на динамитот Алфред Нобел. Нобелова награда за економија првпат е доделена во 1969 година. Минатата недела во Стокхолм беа објавени лауреатите на Нобеловата награда за медицина,физика,хемија и литература, а во Осло беше објавен добитикот на Нобеловата награда за мир. Нобеловата награда за медицина ја добија двајца американски .добитници се Британецот Мајкл Хотон и Американците Харви Алтер и Чарлс Рајс. Роџер Пенроуз, Рајнхард Генцел и Андреа Гез се добитници на Нобеловата награда за физика за 2020 година за откривање на црните дупки. Французинката Еманнуел Шарпантије и Американката Џенифер А. Даудна се лауерати на Нобеловата награда за хемија за развој на методата за модифицирање на геномот. Нобеловата награда за литература оваа година ја доби американската поетеса Луиз Глик, а Нобеловата награда за мир ја доби Светската програма за храна на Обединети нации за напорите во борбата против гладта и недостигот на храна ширум светот. Наградите традиционално се врачуваат на 10 декември, денот кога почина Нобел (1833-1896), но церемонијата во Стокхолм е откажана поради пандемијата со Ковид-19, а во Осло ќе биде одржана церемонија во помала сала.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikancite-milgrom-i-vilson-dobitnici-na-nobelovata-nagrada-za-ekonomija-za-2020-godina/feed/ 0