винарии – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 10 Oct 2023 12:24:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png винарии – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Taste of Awards 2023“ – Mакедонски вински врв https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/taste-of-awards-2023-makedonski-vinski-vrv/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/taste-of-awards-2023-makedonski-vinski-vrv/#respond Tue, 10 Oct 2023 12:24:15 +0000 https://kurir.mk/?p=887467

На јубилејниот петти по ред настан "GrandVin - Taste of Awards 2023" беа претставени највисоко наградените македонски вина кои во 2022/23 година се закитија со  престижни награди на познатите меѓународни вински натпревари. На настанот учествуваа дванаесет винарници: Тиквеш, Камник, Бовин, Попов, Лазар, Захарчев, Попови, Парагон, Имако, Керем, Венец и Сопот, кои покрај највисоко меѓународно оценетите вина претставија и по некој вински новитет. Настанот се одржа во вечерните часови на 05 октомври 2023 во Roof Bar 55 на хотелот Double Tree by Hilton, со што организаторот, МАСОМ - Македонска асоцијација на сомелиери, заедно со учесниците и ценетите гости , преку овој настан воедно го прославија и светскиот ден на вранецот.
„Вкусот на наградите е специфичен вински настан, традиционално поддржан од Министерството за земјоделие, кој нуди квалитативен пресек на тековните достигнувања во македонското винарење, гледано низ објективот на искусните меѓународни вински судии. Воедно претставува повик и предизвик за постојано подобрување на квалитетот на македонското вино“ појаснуваат од МАСОМ.
„Количините на таквите вина се скоро секогаш мали и мошне лимитирани, што е клучна причина поради која не можевме да одговориме на големиот интерес на вљубенците на виното и да обезбедиме поголем простор за овој навистина посебен настан.“
Воедно сакаме да се заблагодариме на винариите и сите кои присуствуваа на настанот.
„Посебна благодарност упатуваме до јапонскиот Амбасадор г. Оцука Казуја, претседателот на здружението „Вина од Македонија“ г. Светозар Јаневски, кинеската делегација на претприемачи и увозници на вина, секретарот на здружението „Македонски семејни винарии“ г. Гоце Попов, членовите на „Европското винско витештво“ кои со своето присуство допринесоа во промовирање на овој настан“ додаваат од МАСОМ.

Фотогалерија

]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/taste-of-awards-2023-makedonski-vinski-vrv/feed/ 0
Изработена првата дигитална мапа на 250 винарии https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izrabotena-prvata-digitalna-mapa-na-250-vinarii/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izrabotena-prvata-digitalna-mapa-na-250-vinarii/#respond Tue, 04 Jul 2023 10:25:46 +0000 https://kurir.mk/?p=852465

Министерството за земјоделство, водостопанство и шумарство заклучно со 30 јуни во својот вински регистар евидентира 250 винарии од кои 167 се винарии од физички лица односно семејни винарии, а останатите како комерцијални фирми - винарии. Во склоп на своите активности за потребата и подготовката на првата македонска винска енциклопедија и географска карта извршено е геолоцирање и дигитално мапирање со цел да овозможи на странските гости и винските ентузијасти брзо и едноставно пронаоѓање и лоцирање за нивно понатамошно истражување, соопштуваат од Винопедија. Онлајн верзија на картата, врз основа на соопштението, овозможува посебно да се прикажат малите семејни винарии од останатите комерцијални винарии. Во подготовка се англиски печатени верзии на вински карти која ќе бидат издадени наредниот период. Тие ќе послужат на транзитните патници и останати туристи што ќе престојуваат во Македонија да се информираат повеќе за нив , рутите и понудата од македонските семејни и останати винарии. Квалитетот и сигурноста на објавените информации е обезбедена со поддршка и соработка со УКИМ Факултетот за земјоделски науки и храна - 75 Години ФЗНХ, Катедра за лозарство и винарство и Институтот за овоштарство, лозарство и винарство со професорите д-р проф. Михаил Петков и доц. Златко Прцуловски. Во соработка со НУК - Независната угостителска комора мапирани се и значајни туристички и историски дестинации, вински продавници и музеи, како и угостителски објекти - хотели и ресторани кои нудат специјализирани дегустации во комбинација со македонски врвни гастрономски специјалитети за љубителите и истражувачите ваквите дестинации.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izrabotena-prvata-digitalna-mapa-na-250-vinarii/feed/ 0
Следува уште една ноќ за паметење во Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sleduva-ushte-edna-nok-za-pametene-vo-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sleduva-ushte-edna-nok-za-pametene-vo-skopje/#respond Thu, 22 Jun 2023 08:57:58 +0000 https://kurir.mk/?p=848488

Време е за уште едно, возбудливо петто издание на винско-музичко-модниот настан „Вино на штикли“ кој ќе се одржи на 29. Јуни (четврток) со почеток од 19:00 до 00:00 часот во винскиот бар и ресторан Форца во Скопје. Радосно го најавуваме и ги покануваме винските љубители да ни се придружат на еден од омилените вински летни настани на кој се слави виното и неговата магија. Уживањето ќе го доведеме до совршенство со пријатна и опуштена атмосфера од музичкиот репертоар на македонската поп ѕвезда Викторија Лоба заедно со својот придружен бенд, гастрономски „зачинето“ со вкусна храна и естетски нијансирани со шармантен и елегантен моден стил на гостите. „Вино на штикли“ и оваа година повторно ќе биде место каде што нашите уметници-винари ќе ги донесат и покажат своите најдобри вина и нетрпеливо ќе ги очекуваат Вашите коментари, критики и пофалби. „Вино на штикли“ е елегантен вински настан на кој виното, надополнето со модата и музиката ќе покаже нов сјај и уникатност. Во цената од 1200 денари е вклучена бесплатна дегустација на над 150 различни вина од 25 македонски и странски винарии кои ќе бидат спарени со вкусните закуски на винскиот бар и ресторан Форца. Најважно од сè е да си набавите влезница на време, бидејќи влезниците за „Вино на штикли“ ќе бидат во ограничен број и истите може да се купат само по електронски пат (online) на следниов линк: vinonastikli.mk Придружете ни се на „Вино на штикли“ и споделете ја Вашата винска, гастрономска и модна страст! И не заборавајте. Со виното е исто како со страст: треба да се пробаат сите вина, од некое се доволни само неколку голтки, а некое треба да се испие до крај.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sleduva-ushte-edna-nok-za-pametene-vo-skopje/feed/ 0
Саем на мали тиквешки семејни винарии https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/saem-na-mali-tikveshki-semejni-vinarii/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/saem-na-mali-tikveshki-semejni-vinarii/#respond Sat, 17 Dec 2022 08:18:43 +0000 https://kurir.mk/?p=776899

Во Кавадарци викендов ќе се одржи предновогодишен саем на мали тиквешки семејни винарии кое се организира од страна на истоименото здружение. На саемот ќе присуствуваат над 35 мали винарии, а посетителите ќе имаат можност да се запознаат и дегустират над 200 сорти вино, 30 сорти ракии, 30 вињаци и да вкусат храна од четири производители. Организаторите велат дека цел на настанот е да ги поттикнат Македонците да купуваат производи од малите винарии. Оние кои ќе го посетат саемот, како што посочуваат, ќе имаат можност да се уверат во одличниот квалитет кој го нудат винариите, а на таков начин ќе го разгласат фактот дека во државава има квалитетно вино кое го произведуваат малите тиквешки винарии. Поголемиот дел од винариите-изложувачи имаат освоено многубројни награди и признанија на престижни светски саеми, а тоа укажува на фактот дека малите семејни винарии се новите амбасадори промотери на македонското вино ширум светот, оценуваат организаторите.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/saem-na-mali-tikveshki-semejni-vinarii/feed/ 0
Висококвалитетните вина на малите винарии се перспективата на македонското лозарство https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/visokokvalitetnite-vina-na-malite-vinarii-se-perspektivata-na-makedonskoto-lozarstvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/visokokvalitetnite-vina-na-malite-vinarii-se-perspektivata-na-makedonskoto-lozarstvo/#respond Fri, 16 Dec 2022 08:14:49 +0000 https://kurir.mk/?p=776403

Сојузот на стопански комори на Македонија и Здружение Тиквешки семејни винарии Кавадарци потпишаа Меморандум за соработка со цел воспоставување на меѓусебна тесна координација, планирање и реализација на активности за застапување на интересите на малите винарии, нивно позиционирање на извозните пазари и промоција. Во име на двете институции Меморандумот го потпишаа претседателот на Сојузот, Трајан Ангелоски и претседателот на Здружение Тиквешки семејни винарии  Горан Јаковлевски.

Ангелоски истакна дека малите семејни винарии произведуваат вино со врвен квалитет од одбрани сорти на грозје што нивниот краен производ го прави уникатен и посебен.

„Поддршката на малите и микро компании е важен аспект од работењето на Сојузот бидејќи тие се оние кои вработуваат голем број на луѓе и ја движат економијата. Малите семејни винарии треба да имаат посебно место на пазарот кое ќе им дозволи да го истакнат високиот квалитет на производите кои ги создаваат. Со овој меморандум ја формализираме нашата заложба да им дадеме целосна и безрезервна поддршка преку нивна застапување, промоција, вмрежување и различни други форми на активности кои ќе се наметнат како потребни“, изјави Ангелоски.

Меморандумот предвидува соработка за лобирање и застапување на интересите на малите семејни винарии пред сите домашни и меѓународни организации и институции; поддршка во развојот на вина од македонски автохтони сорти и унапредување на извозот на вино во шишиња; заеднички настап на извозните пазари; поддршка во градење препознатливост на вината на малите семејни винарии на регионалните и меѓународните пазари, активности за промоција и развој на вински туризам.

Во рамките на соработката оваа година Сојузот се јавува како поддржувач на настанот „Тиквешки вински салон“ кој ќе се одржи на 17-ти декември во Ангро Палас во Кавадарци. На манифестацијата ќе се претстават 35 мали семејни винарии, над 200 етикети на вино и 5 дестилерии со вињак и ракија.

Во земјава има регистрирано 76 мали семејни винарии кои годишно произведуваат околу 500 илјади литри виноВо Здружението на Тиквешки семејни винарии иднината на лозарството и винарството ја гледаат во отворање на стотици мали винарски визби, но и во развој на винскиот туризам за кој има голем интерес, не само кај домашните, туку и кај странските гости.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/visokokvalitetnite-vina-na-malite-vinarii-se-perspektivata-na-makedonskoto-lozarstvo/feed/ 0
Престижен вински салон „Винодонија“ на 25-ти и 26-ти ноември во „Мериот“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prestizen-vinski-salon-vinodonija-na-25-ti-i-26-ti-noemvri-vo-meriot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prestizen-vinski-salon-vinodonija-na-25-ti-i-26-ti-noemvri-vo-meriot/#respond Mon, 14 Nov 2022 11:16:27 +0000 https://kurir.mk/?p=760207

Шестото издание на престижниот вински салон „Винодонија“, годинава во елегантната атмосфера на хотелот „Мериот“ на 25-ти и 26-ти ноември во Скопје ќе ги собере сите вљубеници на оваа божја напивка. „Винодонија“ стана традиција иако многумина ја нарекуваат - рај за хедонисти, бидејќи ја негува винската страст, промовира добри вина, настан што освен едукативен карактер со години ја потврдува својата цел: подигнување на винската свест и развој на нашата винска култура. „Винодонија“ е настан полн со можности, гостите ќе може да дегустираат вина од околу 60 винарии, со импресивна бројка од над 450 етикети на вино. „Винодонија“ по правило ќе понуди едукативен пристап кон виното: за два дена ќе се случат 5 работилници и мастер клас дегустации насловени по земјите и предизвиците: „Запознај ја винската Унгарија“, „Запознај ја винската Хрватска“, „Основи на спарување на вино и храна“ и „Во светот на винските меурчиња“. Гостите што за својот викенд - избор на 25-ти и 26-ти ноември ќе ја сакаат „Винодонија“ ќе имаат можност за нови вински информации, директно од енолозите и луѓе вклучени во производството на вино, со што ќе се запознаат најновите стилови и трендови во оваа индустрија. Се разбира, виното со својата уникатност се надополнува со добрата храна: во рамките на салонот ќе можат да се вкусат и гастрономски деликатеси од околу 15-тина гастрономски брендови од Македонија. И уште еден адут на „Винодонија“ кој ќе го комплетира возвишениот вкус на виното ќе биде настапот на џез бендот на македонскиот реномиран музичар Георги Шаревски. Ве очекуваме на 6-тата „Винодонија“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prestizen-vinski-salon-vinodonija-na-25-ti-i-26-ti-noemvri-vo-meriot/feed/ 0
SuperWine 9.0 – На брановите на големите вина! https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/superwine-9-0-na-branovite-na-golemite-vina/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/superwine-9-0-na-branovite-na-golemite-vina/#respond Mon, 27 Jun 2022 14:44:44 +0000 https://kurir.mk/?p=696436

Деветтото издание на еден од највозбудливите вински настани во Југоисточна Европа - SuperWine ќе се одржи во сабота, 2 јули 2022 година од 20 часот на луксузното пристаниште за јахти Порто Монтенегро, во Тиват, Црна Гора. Според прелиминарната листа на винарии-изложувачи, пред нас е најдобриот SuperWine досега. Подготовките за претстојниот SuperWine ги одбележа голем интерес од реномирани вински куќи. Годинешната, според сите оценки, најатрактивна винска програма на настанот SuperWine, традиционално ќе биде „засилена“ со настап на диџеј, како и богата придружна гастрономска програма. Списокот на винарии-учесници изгледа волшебно. Еве само дел од великаните на регионалната и светската винска сцена кои доаѓаат во SuperWine со нивните супер вина - Monteverdi, Bertani, Jean Durup, DAOU Family Estates, Arthur Metz, Kovačević, Masciarelli, TEMET, Keković, Fontanafredda, MASI, Ražnatović, Đukić, 13. Jul Plantaže, Bikicki, Henkell x Freixenet, Jungić, PASQUA, Vinarija 100 žena, Monterosso и многу други. Најголемите вински изненадувања оставени се како „шлаг на торта“ за самиот крај, а комплетната листа на учесници може да ја погледнете на веб-страницата superwine.rs. Влезниците за SuperWine 9.0 ќе бидат достапни на лице место (Buddha-Bar Beach во Порто Монтенегро) на денот на настанот по цена од 40 евра, како и во претпродажба преку апликацијата Wine Drop Club, по цена од 35 евра.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/superwine-9-0-na-branovite-na-golemite-vina/feed/ 0
Не заборавајте ги штиклите: Четврток (23 јуни), гламурозна ноќ за „Вино на штикли“, убави вина и Викторија Лоба https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/ne-zaboravajte-gi-shtiklite-chetvrtok-23-juni-glamurozna-nokj-za-vino-na-shtikli-ubavi-vina-i-viktorija-loba/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/ne-zaboravajte-gi-shtiklite-chetvrtok-23-juni-glamurozna-nokj-za-vino-na-shtikli-ubavi-vina-i-viktorija-loba/#respond Tue, 21 Jun 2022 11:20:44 +0000 https://kurir.mk/?p=693628

Се е подготвено за „Вино на штикли“, настан што гарант ќе го одбележи долгото топло лето. Да резимираме: на 23 јуни, во четврток, од 19 часот па се до полноќ, по четврти пат во „Форца“ ќе се случува настан што ќе ги обедини љубителите на виното, гурманите кои ќе уживаат во деликатесите на популарниот вински бар и ресторан и секако добрата музика. За музичкиот дел е задолжена македонската поп ѕвезда Викторија Лоба, која освен своите хитови, на гостите ќе им понуди богат избор на кавер верзии на домашните и светски популарни хитови и евергрини, потенцирајќи го стилот на изведувачите, ама со нејзината концепциска слика. Ќе уживате во навистина добра свирка. Не очекува ноќ со многу изненадувања, дегустација на над 150 различни вина од 18 македонски и странски винарии што ќе бидат спарени со вкусните гурмански предизвици на Форца, а љубителите на тартуфи ќе имаат можност да пробаат разни производи од брендот Tuf.mk. Внимавајте: на 23 јуни сите патишта водат кон „Форца“. Бидете таму. Бидете извонредни! Се гледаме. Facebook Event: https://www.facebook.com/events/1019233218696301]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/ne-zaboravajte-gi-shtiklite-chetvrtok-23-juni-glamurozna-nokj-za-vino-na-shtikli-ubavi-vina-i-viktorija-loba/feed/ 0
Најдобрите вина со најдобрата храна на настанот „Вино на штикли“ во „Форца“ на 23 јуни https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/najdobrite-vina-so-najdobrata-hrana-na-nastanot-vino-na-shtikli-vo-forca-na-23-juni/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/najdobrite-vina-so-najdobrata-hrana-na-nastanot-vino-na-shtikli-vo-forca-na-23-juni/#respond Sat, 18 Jun 2022 11:38:16 +0000 https://kurir.mk/?p=692436

Ексклузивното мени што ќе ви овозможи врвно ено-гастрономско уживање на 23-ти јуни, во ноќта наречена „Вино на штикли“, го подготви најдобриот готвачки тим на ресторан „Форца“, што значи уживање за најпребирливите хедонисти и декларирани гурмани. Гостите ќе уживаат во дегустација на над 150 различни вина од 20 македонски и странски винарии што ќе бидат спарени со вкусните деликатеси на ресторан Форца. Гастро корнерот ќе биде празник за очи составен од: брускети со лосос, брускети со гвакамоле намаз, крема од аспарагус, паштета од 4 вида сирења со мармалад од црвени пиперки, ракчиња, урми со панчета, домашни и интернационални сирења и сувомеснати производи, јагнешки Адана ќебап, Black Angus бургери, десерти на Chocoholic... Списокот е долг и гастрономски инспиративен. За љубителите на тартуфи, македонскиот бренд Tuf подготви презентација каде ќе можат да се пробаат - намаз со маслинки и тартуфи, тартуфата, слатко од портокал со тартуфи, маслиново масло со чист тартуф и уште многу изненадувања со оваа скапа печурка. Дојдете, вкусите. Во продолжение следува менито за настанот „Вино на штикли“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/najdobrite-vina-so-najdobrata-hrana-na-nastanot-vino-na-shtikli-vo-forca-na-23-juni/feed/ 0
Wine Garden 2022 – Винска оаза во најубавата градина во Белград https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/wine-garden-2022-vinska-oaza-vo-najubavata-gradina-vo-belgrad/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/wine-garden-2022-vinska-oaza-vo-najubavata-gradina-vo-belgrad/#respond Wed, 01 Jun 2022 16:21:16 +0000 https://kurir.mk/?p=685146

Омилениот регионален вински настан Wine Garden, кој се одржува по четврти пат, и оваа година на 11-ти и 12-ти јуни ќе ги собере љубителите на виното и природата во ботаничката градина Јевремовац, а рекорден број винарии ќе ја претстават својата понуда пред посетителите. Бројот на винарии и посетители се зголемува од година во година, така што годинава ќе учествуваат рекордни 70 винарии. Покрај вината од најпознатите винарии во Србија, со свои вина ќе се претстават и гости од Македонија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Црна Гора, а ќе бидат понудени и вина од Франција, Италија и Шпанија, додека посебно внимание ќе привлечат вината од Молдавија и Португалија. Тоа ќе биде вистински вински пикник каде посетителите ќе можат бесплатно да ги дегустираат сите понудени вина, а уживањето ќе биде зачинето со музичка програма која ќе биде распоредена на дури пет пунктови. Покрај стотиците различни етикети за вино, место во градината тој викенд ќе заземат и производители на сирења, сувомеснати производи и други вкусни гурмански закуски. Wine Garden е единствениот вински настан во регионот каде од година во година се бара карта повеќе! Иако Ботаничката градина се простира на над 5 хектари, поради амбиентот и комфорот, бројот на посетители ќе биде ограничен, затоа набавете си карта навреме. Влезниците се пуштени во продажба на сите продажни места во Србија и преку онлајн сервисот tickets.rs по цена од 1.200 српски динари по ден, со вклучена чаша за дегустација. Портите на Ботаничката градина за посетителите на Wine Garden ќе бидат отворени двата дена од 14 до 21 часот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/wine-garden-2022-vinska-oaza-vo-najubavata-gradina-vo-belgrad/feed/ 0