винарија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 07 Sep 2023 12:04:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png винарија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Нова инвестиција на „Тиквеш“ во зголемување на капацитетот и квалитетот на приемот и преработката на грозјето https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nova-investitsija-na-tikvesh-vo-zgolemuvane-na-kapatsitetot-i-kvalitetot-na-priemot-i-prerabotkata-na-grozjeto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nova-investitsija-na-tikvesh-vo-zgolemuvane-na-kapatsitetot-i-kvalitetot-na-priemot-i-prerabotkata-na-grozjeto/#respond Thu, 07 Sep 2023 12:04:12 +0000 https://kurir.mk/?p=875735

Винарската визба „Тиквеш“ инвестираше четири милиони евра во изградба на нов објект и набавка на современа опрема за прием и преработка на грозје, потврдувајќи ја со тоа својата долгорочна определба и стратегија за континуирани вложувања во натамошен одржлив развој и имплементација на ЕСГ стандардите. Новата постојка и вградената опрема во неа му овозможуваат на „Тиквеш“ да го зголеми вкупниот капацитет за прием и примарна преработка на грозје во време на берба за дополнителни 1,25 милиони килограми грозје за премиум вино. „Тиквеш“ континуирано вложува и во сите останати сегменти кои овозможуваат континуиран раст и напредок на компанијата. Имено, до крајот на годинава, вкупните инвестиции во модернизација на производството и воведувањето современи технологии, методи и стандарди на работење, реализирани во последните дваесет години, од влезот на групацијата М6 во „Тиквеш“, ќе надминат 45 милиони евра. „Ни беше многу важно поголемиот дел од оваа нова инвестицијата да се комплетира пред бербата и да функционира за годинешниот откуп на грозје, кој оваа година се одвива исклучиво со почитување на пазарните механизми, за што се залагаме одамна. Оваа година имавме неповолни временски услови и како резултат на таквата состојба, родот е значително намален. Но, затоа имаме извонреден квалитет на грозјето и заедно со оваа инвестиција која овозможува подобар квалитет на виното што го произведуваме и зголемен капацитет за прием и преработка на грозје за премиум вино, можеме да очекуваме исклучително квалитетно вино од оваа берба. Со реализацијата на оваа инвестиција придобивки имаат и нашите партнери – лозарите, затоа што само со инвестиции и почитување на светските стандарди за квалитетно производство може да се креира дополнителна вредност за сите, вклучувајќи и повисоки цени за грозјето “, изјави претседателот на Управниот одбор на ВВ „Тиквеш“, Светозар Јаневски. Најновата инвестиција на „Тиквеш“ ја поздрави и градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, истакнувајќи го нејзиното значење и улога во натамошното поттикнување на локалниот економски развој. „Со оваа најнова инвестиција во проширување на капацитетот и зголемување на квалитетот при приемот и примарната преработка на грозјето, „Тиквеш“ уште еднаш  потврдува дека е генератор на развојот на лозарството и македонската винска индустрија, кој преку своето успешно работење и стратегија за одржлив развој влева дополнителна сигурност и има големо влијание во натамошно унапредување на благосостојбата на голем број семејства и бизниси во нашата општина и пошироко во целата Тиквешија“, изјави градоначалникот Јанчев, честитајќи им на сите во „Тиквеш“ за успешната реализација на овој инвестициски проект. Водечката македонска винарница посветува особено внимание со целокупното свое работење и со сите нови вложувања да даде што позначаен придонес за заштитата на животната средина, за развојот на заедницата и општеството во целина, како и за примената на стандардите за добро управување (ESG – Environmental, Social and Governance Standards). Новата опрема овозможува висок степен на автоматизација и дигитализација на процесот, со што значително се зголемува ефикасноста и ефективноста при приемот и преработката на грозјето, а се остварува и заштеда на електрична енергија и се скратува времето на чекање на лозарите. Сето ова придонесува да се задржи квалитетот на грозјето, да се намали потрошувачката на енергенси во процесот на прием и преработка на грозје, како и да се намали емисијата на CO₂. На тој начин, ВВ „Тиквеш“ придонесува за заштитата на животната средина и засилување на општествената одговорност, како два клучни столба на својата ЕСГ- стратегија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nova-investitsija-na-tikvesh-vo-zgolemuvane-na-kapatsitetot-i-kvalitetot-na-priemot-i-prerabotkata-na-grozjeto/feed/ 0
Шок пресврт на судењето на поранешната двојка: Бред и Анџелина постигнаа договор, еве за што се работи https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/shok-presvrt-na-sudeneto-na-poraneshnata-dvojka-bred-i-andhelina-postignaa-dogovor-eve-za-shto-se-raboti/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/shok-presvrt-na-sudeneto-na-poraneshnata-dvojka-bred-i-andhelina-postignaa-dogovor-eve-za-shto-se-raboti/#respond Fri, 28 Jul 2023 06:44:06 +0000 https://kurir.mk/?p=860990

Бред Пит и Анџелина Џоли веќе извесно време се на суд поради винарија во Франција, а според најновите информации судењето е при крај. Поранешната актерска двојка решила да се согласи на посредување кое би можело да го реши спорот, пишува Dailymail. Најновите документи покажуваат дека двајцата се согласиле на посредување како алтернативен метод за решавање на спорот со винаријата Шатау Миравал. Странските медиуми пишуваат дека Џоли изјавила дека е подготвена да учествува во преговорите. Бред и Анџелина го купија францускиот имот во 2008 година за 25 милиони евра, а таму се венчаа. Драмата започна кога, набргу по разводот, Бред Пит ја обвини својата поранешна сопруга и нејзината поранешна инвестициска кампања дека организирале непријателско преземање на семејното лозје. Актерката го продаде својот дел на извесен руски олигарх Јури Шефлер, кој „тежи“ 1,5 милијарди долари, а американското Министерство за финансии официјално го прогласи за олигарх во 2018 година. Во јавноста протече судско досие каде Анџелина, или нејзината компанија Нувел, го обвинува Бред Пит и неговите партнери дека се обидуваат да ја задржат контролата над Миравал со „оградување“ и „ограбување“ на имотот и бара отштета од најмалку 350 милиони долари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/shok-presvrt-na-sudeneto-na-poraneshnata-dvojka-bred-i-andhelina-postignaa-dogovor-eve-za-shto-se-raboti/feed/ 0
Над 50 награди за „Тиквеш“ на четирите пролетни престижни светски и регионални вински натпревари https://arhiva.kurir.mk/komercijalni-objavi/nad-50-nagradi-za-tikvesh-na-chetirite-proletni-prestizni-svetski-i-regionalni-vinski-natprevari/ https://arhiva.kurir.mk/komercijalni-objavi/nad-50-nagradi-za-tikvesh-na-chetirite-proletni-prestizni-svetski-i-regionalni-vinski-natprevari/#respond Mon, 20 Jun 2022 12:36:56 +0000 https://kurir.mk/?p=693147

Вината на „Тиквеш“ и на „Tikveš Châteaux & Domainеs“ освоија вкупно 51 трофеи, медали и признанија на четирите најпрестижни и највлијателни светски и регионални вински натпревари што се одржуваат во овој дел од годината. Заедно со нив, вкупниот број освоени награди на сите натпревари што се одржаа во првиот дел од оваа година се искачи над 80, со што „Тиквеш“ одново го потврдува реномето на најтрофејна винарница од регионот и глобален амбасадор на квалитетното македонско вино. Четирите престижни натпревари на кои се освоени овие награди се: Интернационалниот вински натпревар 2022 (IWC - International Wine Challenge 2022), Декантер светски вински награди 2022 (Decanter World Wine Awards 2022), Светскиот натпревар во Брисел 2022 (Concours Mondial de Bruxelles 2022) и Балканскиот меѓународен вински натпревар 2022 (Balkans International Wine Competition 2022). „Горди сме на големиот број трофеи и медали што ги освојуваат нашите вина. Тие се големо признание за сѐ она што континуирано го правиме во ,Тиквеш’ за да го постигнеме неопходниот висок квалитет што го бараат консументите на пазарите каде се пласираат нашите вина. За да се произведе врвно вино, потребно е грозје кое ги задоволува светските стандарди за квалитет и ние инсистираме на обезбедување на грозје со висок квалитет за производството на нашите вина. Истовремено, сите овие награди имаат и големо значење за пробивот и на останатите квалитетни македонски вина на светските пазари, за јакнењето на угледот на Македонија како винска земја и отвораат нови перспективи за натамошен одржлив развој на целокупната домашна винска индустрија и лозарство“, велат од „Тиквеш“. На IWC 2022, кој се одржа во Лондон, Велика Британија, винарската визба „Тиквеш“ по вторпат го освои трофејот за најдобро вино од Македонија, што како највисок вид награда се доделува во рамки на овој угледен натпревар. Добитник на годинешниот трофеј и воедно на златен медал на овој престижен меѓународен вински натпревар е виното „Merak“ од бербата 2021, кое е специјално подготвено и се пласира на британскиот пазар, како еден од најголемите и најзначајните светски вински пазари. Истовремено, ова вино го освои и највисокиот платинест медал на натпреварот Decanter WWA 2022. Заедно со двете високи награди за „Мерак“, на годинешниот IWC, вината на „Тиквеш“ и на „Tikveš Châteaux & Domainеs“ освоија вкупно 17 награди, меѓу кои се и три сребрени медали за вината „Saga 2021“, „Kratosija 2021“ и „Chateau de Gourdon Terrasse a L’Ombre 2019“, два бронзени медали за вината „Sauvignon Blanc Barovo 2021“ и „Alexandria red 2021“, а дополнително 10 вина добија специјални пофалби од страна на оценувачите. Заедно со платинестиот медал за „Merak“, на годинешниот натпревар Decanter, вината на „Тиквеш“ и на „Tikveš Châteaux & Domainеs“ освоија вкупно 14 медали, од кои и еден златен за црвеното вино „Barovo 2019“, три сребрени медали за вината „Bela Voda red 2019”, „Domain Lepovo Charodonnay 2021” и „Chateau de Gourdon Terrasse à l’Ombre 2019” и девет бронзени медали. Исто така, вината на „Тиквеш“ и на „Tikveš Châteaux & Domainеs“ постигнаа значаен успех и на винскиот натпревар Concours Mondial de Bruxelles 2022 што традиционално се одржува во овој дел од годината во Брисел, освојувајќи златен медал за виното „Chateau de Gourdon Vase de Pierre 2018“ и три сребрени медали за вината: „Chateau de Gourdon Terrasse a L’Ombre 2019“, „Bela Voda red 2019“ и „Domaine Lepovo Chardonnay 2021“. На годинешниот Балкански меѓународен вински натпревар пак, белото премиум вино „Bela Voda white 2021“ е добитник на највисоката специјална награда – Голем трофеј, а црвеното вино „Vranec Luda Mara 2019“ ја доби специјалната награда – Најдобро на натпреварот од Северна Македонија. Истовремено, овие две премиум вина се добитници и на двоен златен медал, што исто така му беше доделен и на виното „Bela Voda red 2019“. Покрај овие вина, златен медал на овој вински натпревар добија и „Barovo red 2019“, „Sauvignon Blanc Barovo 2021“ и „Domaine Lepovo Chardonnay 2021“, а виното „Domaine Lepovo Pinot Noir 2018“ доби сребрен медал. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/komercijalni-objavi/nad-50-nagradi-za-tikvesh-na-chetirite-proletni-prestizni-svetski-i-regionalni-vinski-natprevari/feed/ 0
Виртуелно патување низ долината на реката Рона со вината на „Chateau de Gourdon“ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/virtuelno-patuvanje-niz-dolinata-na-rekata-rona-so-vinata-na-chateau-de-gourdon/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/virtuelno-patuvanje-niz-dolinata-na-rekata-rona-so-vinata-na-chateau-de-gourdon/#respond Fri, 01 Oct 2021 12:57:47 +0000 https://kurir.mk/?p=571338

Минатиот четврток во опуштена атмосфера на летната тераса на М6 едукативниот центар во организација на Македонската Асоцијација на Сомелиери – МАСОМ,  се одржа вечерна дегустација на вината од француската винарија  „Chateau de Gourdon“. Во фокус беа шесте премиум вина Jolie Balade, Fontaine du Sud, Mistral au Jardin, Vase de Pierre, Terrasse a l’Ombre и Terrasse au Soleil. Околу 30 вински ентузијасти и кандидати кои ја посетуваат винската обука, предводени од првиот човек на МАСОМ, Звонко Херцег,  имаа уникатна можност преку дегустација виртуелно  да отпатуваат до замокот во Јужна Рона, да ја почувствуваат свежината на ветерот Мистрал и да се соживеат со долгата винска традиција која овој посед ја негува уште од 1870 година. Овие вина одлично ја изразуваат експресијата на поднебјето и  виоко котираат на светската винска сцена, што го потврдуваат  признанијата и наградите на најголемите светски вински натпревари. Во последните три години, вината на „Chateau de Gourdon“ имаат добиено 40 медали, од кои највисокото одличје го доби Тerrasse a l’Ombre кое на пролетниот натпревар „Мундус Вини 2021“ беше прогласено за најдобро од регионот на Јужна Рона и доби двојно злато за освоени над 95 поени.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/virtuelno-patuvanje-niz-dolinata-na-rekata-rona-so-vinata-na-chateau-de-gourdon/feed/ 0
Медиумите го споија Петар Грашо со атрактивна Словенка: Заедничка фотографија од Скопје ги подгреаја шпекулациите за нова љубов https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/mediumite-go-spoija-petar-grasho-so-atraktivna-slovenka-zaednichka-fotografija-od-skopje-gi-podgreaja-shpekulaciite-za-nova-ljubov/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/mediumite-go-spoija-petar-grasho-so-atraktivna-slovenka-zaednichka-fotografija-od-skopje-gi-podgreaja-shpekulaciite-za-nova-ljubov/#respond Thu, 13 May 2021 11:27:30 +0000 https://kurir.mk/?p=509850

Словенските медиуми пишуваат дека Петар Грашо е во врска со Соња Ерчуљ со која веќе со години има професионална соработка. На ваквите гласини се огласи пејачот, но и таа. По веста за раскинување на 24 годишната врска меѓу хрватските пејачи Данијела Мартиновиќ и Петар Грашо, медиумите будно ги следат случувањата со нив. Па така, медиумите пишуваат дека наводно Грашо се заљубил во Словенката Соња која води маркетинг во една винарија. Тие заедно позизирале на работен ручек во Скопје во 2019 година каде присуствувале на отворање на македонска винарија. Фотографијата која се уште е на Фејсбук профилот на Соња ги подгреа ваквите шпекулации. Во меѓувреме тие почнале и да соработуваат. Медиумите пишуваат дека Соња и Грашо биле видени во близина на нејзиното место на живеење каде веќе извесно време чаршијата зборува дека ги спојува нешто повеќе од бизнис. -Вистина е дека соработуваме, но приватно не сме поврзани, изјавила Соња за Журнал24. Ваквите гласини ги коментирал и пејачот преку неговата ПР служба. -Споменатите наводи се апсолутна невистина, е кусиот коментар на ПР службата на Грашо.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/mediumite-go-spoija-petar-grasho-so-atraktivna-slovenka-zaednichka-fotografija-od-skopje-gi-podgreaja-shpekulaciite-za-nova-ljubov/feed/ 0
Сребрен медал за „Шато Сопот“ на меѓународниот натпревар „Concours Mondial de Bruxelles“ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/srebren-medal-za-shato-sopot-na-megjunarodniot-natprevar-concours-mondial-de-bruxelles/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/srebren-medal-za-shato-sopot-na-megjunarodniot-natprevar-concours-mondial-de-bruxelles/#respond Fri, 11 Sep 2020 21:24:31 +0000 https://kurir.mk/?p=402299

По серијата меѓународни признанија во последниве години, „Шато Сопот“ ја продолжува 2020-та година со уште една значајна награда на престижен меѓународен вински натпревар. Виното „Cabernet Sauvignon - Merlot - Shiraz“ од бербата 2017-та се закити со сребрен медал на натпреварот „Concours Mondial de Bruxelles“ кој оваа година се одржа во Брно, Чешка, од 4-6 септември. По златната плакета за Вранецот од бербата 2017-та, ова е уште едно признание за вината од оваа винарија. Каберне Совињон е една од носечките сорти во „Шато Сопот“ и оваа плакета ќе биде поттик за афирмација и на другите вина од оваа сорта грозје. 8.500 вина од 46 земји од светот се натпреваруваа оваа година на 27-то издание на „Concours Mondial de Bruxelles“. Вината беа оценувани од 250 дегустатори од 30-тина земји со различен профил како сомелиери, купувачи и увозници на вино и специјализирани вински новинари. Доделени се медали на вина од 40 различни земји. На врвот, со најголем број признанија стои Франција (570), следена од Шпанија (495), Италија (363) и Португалија (306). Шест вина на три македонски винарии добија златни и сребрени медали.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/srebren-medal-za-shato-sopot-na-megjunarodniot-natprevar-concours-mondial-de-bruxelles/feed/ 0
Млад винар чека да помине коронавирусот за да продолжи со винската мисија https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/mlad-vinar-cheka-da-pomine-koronavirusot-za-da-prodolzi-so-vinskata-misija/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/mlad-vinar-cheka-da-pomine-koronavirusot-za-da-prodolzi-so-vinskata-misija/#respond Sun, 19 Apr 2020 22:28:06 +0000 https://kurir.mk/?p=334460

Дваесет и четиригодишниот Александар Кимов од Кавадарци со душа чека да помине коронавирусот, за да продолжи со винската мисија, негување на винската традиција во семејството и производство на квалитетни вина од тиквешкото поднебје. Есента ја регистрирал фамилијарната винарница и по карантинот и самоизолацијата поради пандемијата очекува вината на Кимови да стигнат до потрошувачите. Нагласува дека не станува збор за големи количини, но дека се работи за божествена течност создадена со многу љубов, внимание и посветеност. Љубовта кон виното кај него се родила уште од мали нозе.
– Знаете, кај нас, во Тиквешијата, производството на вино во домашни услови е ритуал со кој живеат бројни генерации. Тајната за производство на пијалакот на боговите се пренесува од колено на колено, од татковци и дедовци на синови и внуци. Низ годините го печев мајсторлакот покрај татко ми, го гледав што работи и крадев,  што се вели, од занаетот. По дипломирањето решив да ја продолжам семејната винска традиција и да ја преземам одговорноста околу производството на вино во нашиот вински подрум. Тоа што дипломирав економија се надевам дека ќе ми помогне во пласманот и есапот, искрен е тој.
Кимов е дециден дека најдоброто грозје го заслужува најдоброто.
– Ако кон тоа се додадат и знаењето, искуството пренесувано со генерации, технологијата, советите од стручни лица енолози, тогаш сигурно е дека ќе се добие врвно вино, кое ја буди страста за животот. Нашата цел е токму тоа, создавање вина со врвен и беспрекорен квалитет. Таа цел се постигнува само со постојано усовршување, додава тој.
Потсетува дека нивни вина веќе имаат освоено и награди на различни манифестации. Меѓу нив е и наградата за нивниот совињон бланк, златен медал на натпреварот за најдобро младо вино, организиран од Здружението на македонските винари. За празникот „Свети Трифун”, што се смета за заштитник на лозарите и винарите, истото вино го освоило првото место на два различни натпревари, во Неготино и Кавадарци. Дегустацијата и оценката биле од стручни лица енолози.
– Нашата винарница е специјализирана за селективни бели вина произведени по домашна технологија и дедов аманет. Горди сме на древната историја и ги промовираме виното и винската култура. Сакаме целиот свет да ја слушне македонската винска приказна. А има и што да се вкуси додека се слуша за морето од лозја, за бдеењето над виното како над мало дете, за тоа кое вино оди со тазе печурки набрани од планината Кожуф, а кое со крапче или сомче од Тиквешко Езеро, коментира овој млад човек, додавајќи дека виното е постојан придружник на човекот. Со него се наздравува за здравје и среќа, но со него и се тагува. За него се верува дека е лек, ако се консумира во разумни количини.
(Светлана Дарудова - МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/mlad-vinar-cheka-da-pomine-koronavirusot-za-da-prodolzi-so-vinskata-misija/feed/ 0
Украден сеф од винарија во Демир Капија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/ukraden-sef-od-vinarija-vo-demir-kapija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/ukraden-sef-od-vinarija-vo-demir-kapija/#respond Wed, 11 Sep 2019 11:01:56 +0000 https://kurir.mk/?p=239434

Украден е сеф од винарија во Демир Капија. Кражбата е извршена ноќта меѓу понеделникот и вторникот. – Ноќта на 9 кон 10 септември во СВР Велес било пријавено дека е извршена тешка кражба во винарија во Демир Капија. Сторителите со употреба на сила влегле и го одзеле сефот. Се работи на расчистување на случајот, изјави портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/ukraden-sef-od-vinarija-vo-demir-kapija/feed/ 0
Вината на „Тиквеш“ со 15 награди и признанија на најголемиот светски вински натпревар „Декантер“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vinata-na-tikvesh-so-15-nagradi-i-priznanija-na-najgolemiot-svetski-vinski-natprevar-dekanter/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vinata-na-tikvesh-so-15-nagradi-i-priznanija-na-najgolemiot-svetski-vinski-natprevar-dekanter/#respond Mon, 27 May 2019 06:56:46 +0000 https://kurir.mk/?p=202386

Вината на „Тиквеш“ и ‘тероар’ вината од новата бренд-платформа „Tikves Chateaux & Domaines“ забележаа одличен успех на еден од најголемите и највлијателни светски вински натпревари – „Decanter“, кој по 16-ти пат се одржува во Лондон. Врвното црвено ‘тероар’ вино „Барово“ од бербата 2016-та и оваа година освои златен медал во конкуренција од над 16.500 вина од 57 земји, што претставува факт кој сам по себе најдобро ја отсликува големината на овој успех. Црвеното „Барово“, од бербата 2015-та пак, освои злато и на минатогодишниот „Decanter“, што му овозможи влез во специјална оценувачка сесија на која, од страна на стручното жири на натпреварот, му беше доделен плaтинест медал, со што ова врвно македонско вино беше издвоено од сите останати добитници на највисоки награди. Дека оценувачкото жири на „Decanter“, кое оваа година беше составено од дури 280 вински експерти, високо го цени квалитетот на сите вина на „Тиквеш“, покажува и вкупната бројка на наградени вина која на годинешниот напревар се искачи на 15. Имено, покрај златниот медал за црвеното вино „Барово“, на годинешниот светски вински натпревар „Decanter“, сребрени медали освоија четири врвни вина и тоа: „Vranec Special Selection 2017“, „Sauvignon Blanc Special Selection 2018“, „Domaine Lepovo Pinot Noir 2016“ и „Domaine Lepovo Grand Cuvée 2016“, а дополнително уште четири други вина се наградени со бронзени медали. Тоа се: црвените вина „Alexandria Cuvée 2017“, „Alexandria Classic 2017“, белото „Muscat Ottonel Special Selection 2018“ и розе виното „Domaine Lepovo Rosé 2018”. На овој натпревар, шест врвни вина на „Тиквеш“ и „Tikves Chateaux & Domaines“ добија специјални пофалници, и тоа: „Viognier Special Selection 2018“, „Temjanika Special Selection 2018“, „Merlot Special Selection 2017“, како и белите ,тероар’ вина „Барово“ и „Бела Вода“ од бербата 2018-та. Со овие признанија вкупниот број на освоени награди за вината на „Тиквеш“ на најпрестижните светски вински натпревари, кои во текот на пролетта традиционално се одржуваат на европскиот континент, се искачи до бројката 37. Ваквата импозантна бројка на освоени награди претставува ново одлично достигнување кое наговестува дека и оваа година вината на „Тиквеш“ и новата бренд-платформа „Tikves Chateaux & Domaines“ ќе го потврдат, а можеби и ќе го надминат сопствениот рекорд од минатите години кога освојуваа и по 60-тина високи признанија на најспрестижните светски винските натревари кoи се одржуват во текот на целата година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vinata-na-tikvesh-so-15-nagradi-i-priznanija-na-najgolemiot-svetski-vinski-natprevar-dekanter/feed/ 0
Словенечко вино од македонско црвено грозје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/slovenechko-vino-od-makedonsko-crveno-grozje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/slovenechko-vino-od-makedonsko-crveno-grozje/#respond Thu, 16 May 2019 08:27:29 +0000 https://kurir.mk/?p=198580

Словенечката винарија Пуклавец отвора „бутик“ винарска визба во Неготино. Со оваа вредна инвестиција Пуклавец го проширува својот асортиман со производството на црвени вина од македонско грозје. Вината што ќе се произведуваат во неготинската винарија, новиот бренд на Пуклавец, ќе бидат класифицирани во три квалитативни сегменти и на пазарот ќе се пласираат под името Инстинкт. Достапни за продажба ќе бидат до крајот на годината.
„Со инвестицијата во винарската визба во Неготино, само ја прошируваме целта и визијата што ја имаме воопшто во Пуклавец, а тоа е производство на вина кои можат да се натпреваруваат со најдобрите светски вина на меѓународните пазари. Македонското виногорје е познато по црвените раси, а македонските црвени вина се познати по богатството на вкусот, зрели и комплексни ароми. Овој вид вино е високо ценет на меѓународните пазари и токму тоа ќе го понудиме. Нашата првична амбиција, да бидеме меѓу најдобрите производители на вино во светот, расте и се засилува токму со винаријата во Северна Македонија, што ќе ни овозможи дополнително растење, развивање и збогатување на портфолиото на Пуклавец“, изјави Владимир Пуклавец, сопственик на семејната винарија.
Семејната винарија Пуклавец веќе присутна на меѓународните вински пазари, имаше потреба од развој на производство на црвено вино, бидејќи во Словенија климатската состојба не е толку податлива за производство на црвени вина. Одлуката да се инвестира во производство на црвени вина во Македонија, стана активна во 2011 година. На локалните лозја Пуклавец има засадено Мерло, Каберне Совињон и локалното Вранец.
„Винаријата Пуклавец има долга традиција и знаење за производство на квалитетни вина. Успехот го постигна применувајќи специфичен пристап во работата со поддржување на природниот начин на производство на вино, со минимални интервенции врз грозјето и многу внимание во развојот и созревањето на виното. Македонското виногорје совршено се вклопува во ваквиот начин на производство. Тиквешкиот регион, каде што се наоѓа винаријата, со сувите, топли и долги лета, релативно студените зими, ридскиот пејзаж, лоциран помеѓу 250 и 400 метри надморска височина и уникатниот тероар богат со минерали нуди совршени услови. Сето тоа создава уникатни услови за производство на премиум црвени вина“, вели Дане Јованов, менаџер на винаријата во Неготино.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, го поздрави успешно завршениот циклус на инвестиции и отворањето на винаријата:
„Особено ми е драго што со Владата на Република Словенија имаме навистина одлична институционална соработка, којашто покажа и потврди во периодот дека имаме сериозна поддршка во нашите мерки, планови и политики што ги креираме. Минатата година бевме и земја партнер на еден од најзначајните саеми во Република Словенија, бевме и во Ормож и ја посетивме токму и оваа винарија, а денеска сме тука во Дисан, во Неготино, каде што отвораме една нова приказна.”
Вредноста на инвестиција во визбата во Неготино се проценува на 1,6 милиони евра, а почетниот капацитет е 300.000 литри вино годишно. Семејната винарија Пуклавец е познат и почитуван вински бренд од Словенија, каде што досега се произведуваа најмногу бели и пенливи вина. Семејството Пуклавец се врати во винската приказна, започната од Мартин Пуклавец во 1934 година, пред точно десет години и континуирано расте и се проширува. Со спојувањето на винарските визби Ормож и Љутомер, семејните вина Пуклавец почнаа да пишуваат ново поглавје фокусирано на производство на високо квалитетни вина. Брендовите на Пуклавец се присутни на бројни светски пазари, вклучувајќи Велика Британија, Бразил, Полска, Холандија, Хрватска, три пат по ред се наградени како Винарија на годината во Словенија, а поседуваат и други многубројни реномирани вински признанија, како што се Decanter Platinum за најдобро словенечко бело вино.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/slovenechko-vino-od-makedonsko-crveno-grozje/feed/ 0