вињетки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 22 Dec 2022 15:27:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png вињетки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Поевтинуваат вињетките и патарините во Бугарија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/poevtinuvaat-vinjetkite-i-patarinite-vo-bugarija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/poevtinuvaat-vinjetkite-i-patarinite-vo-bugarija/#respond Thu, 22 Dec 2022 15:27:54 +0000 https://kurir.mk/?p=779212

Од 1 јануари 2023 година вињетките и патарините во Бугарија поевтинуваат за 10 отсто. Сите видови електронски вињетки за патни возила со вкупна максимална маса до или еднаква на 3,5 тони поевтинуваат за речиси 10%. Така, годишната вињетка ќе чини 87 лева (43 евра), тримесечната ќе биде 48 лева (24е), за еден месец ќе биде 27 лева (14е), неделната ќе биде 13 лева (6,5е), а за викендот ќе да биде 9 лева или (4,5 евра), јави дописникот на МИА од Софија. Приходите од патарините во Бугарија на крајот на ноември 2022 година се близу 511 милиони лева (256 милиони евра). Приближно 268 милиони лева (134 милиони евра) се од е-вињетки, а околу 243 милиони лева (122 милиони евра) се од патарини, објави бугарската агенција за патна инфраструктура. Во 2023 година, бугарските власти очекуваат приходите од патарини, електронски вињети и патарини да бидат околу 800 милиони лева (400 милиони евра). Проценките се дека речиси 550 милиони лева (275 милиони евра) од приходот ќе дојде од патарините што возилата над 3,5 тони мора да ги платат за поминатото растојание. Околу 250 милиони лева (125 милиони евра) се очекуваниот приход од е-вињети во Бугарија. Електронските вињети во Бугарија може да се купат и преку другите продажни канали на Агенцијата за патишта на шалтер против плаќање во лева или преку самонаплата терминал со картичка. На граничните контролни пунктови за влез во Бугарија има поставени шалтери.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/poevtinuvaat-vinjetkite-i-patarinite-vo-bugarija/feed/ 0
За Македонците кои патуваат во Бугарија: Од сега важат само електронски вињетки https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-makedoncite-koi-patuvaat-vo-bugarija-od-sega-vazat-samo-elektronski-vinjetki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-makedoncite-koi-patuvaat-vo-bugarija-od-sega-vazat-samo-elektronski-vinjetki/#respond Fri, 04 Jan 2019 10:09:18 +0000 https://kurir.mk/?p=148255

Новина со која ќе се соочат македонските граѓани при патувањето во Бугарија е што од Нова Година е воведено електронско купување на налепниците за автомобили познати како вињетки за патарина, кои досега беа пластифицирани за лепење на стакло и можеа да се купат на граница.

Цената на налепниците останува иста и може да се купи викенд, неделна, тримесечна и годишна вињетка. Налепниците се купуваат на сајтот bgtoll.bg на кој информациите се на осум јазици, но не и на македонски јазик.

Плаќањето може да се изврши со кредитна или дебитна картичка, а преку сајтот е можен и трансфер на средства од банка. Системот овозможува е-вињетката да биде активирана со датум најмногу до 30 дена од моментот на купувањето, а автоматски се пресметува крајниот датум за валидност на вињетката. По добивањето на идентификациски број на трансакција за купена вињетка, клиентот може да преземе потврда или да внесе маил адреса, на која ќе му биде испратена.

Вињетатка нема потреба да се испечати, ниту да се носи во автомобилот или да се покажува на контролните органи.

-Новина е што се воведува викенд вињетка која чини 10 лева и ќе важи од петок на пладне до недела на полноќ. Неделната карта ќе чини 15 лева, месечната 30 лева, тримесечната 54 лева а годишната 97 лева.

Оваа информација е корисна за Македонците кои и годинава не се откажуваат од зимување во угостителските капацитети што се нудат во Банско и Боровец во соседна Бугарија.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-makedoncite-koi-patuvaat-vo-bugarija-od-sega-vazat-samo-elektronski-vinjetki/feed/ 0