вино – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 12 Sep 2023 06:04:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png вино – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Река од црвено вино тече низ португалските улици: Се излеаа 2 милиони литри, мештаните затекнати (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/reka-od-tsrveno-vino-teche-niz-portugalskite-ulitsi-se-izleaa-2-milioni-litri-meshtanite-zateknati-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/reka-od-tsrveno-vino-teche-niz-portugalskite-ulitsi-se-izleaa-2-milioni-litri-meshtanite-zateknati-video/#respond Tue, 12 Sep 2023 06:04:26 +0000 https://kurir.mk/?p=877122

Винарите го обоија во црвено малото португалско гратче Сао Лоренцо до Баиро, откако две цистерни случајно истуриле 2,2 милиони литри црвено вино по мирна улица. Брза река црвено вино течеше по ридот во овој мал град, откако два резервоари во сопственост на дестилеријата Левира ненадејно попуштија во неделата, пишува Дејли мејл. Збунетите локални жители гледаа како вино, речиси доволно за да наполни базен со олимписка големина, се излева по улиците на градот. Излевањето беше толку големо што локалните власти објавија еколошка тревога и беа принудени да го пренасочат виното за да спречат загадување на блиската река. Противпожарната служба на Анадија го блокирала поројот и го пренасочила од реката, па виното го натопило полето, јавуваат локалните медиуми. Пожарникарите соопштија дека подрумот на куќа во близина на дестилеријата е преплавен со вино. Дестилерија Левира испрати извинување. „Ние преземаме целосна одговорност за трошоците поврзани со чистење и санирање на штетите, со екипи на располагање да го направат тоа веднаш. Посветени сме на што поскоро решавање на оваа ситуација“, велат оттаму. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/reka-od-tsrveno-vino-teche-niz-portugalskite-ulitsi-se-izleaa-2-milioni-litri-meshtanite-zateknati-video/feed/ 0
Следува уште една ноќ за паметење во Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sleduva-ushte-edna-nok-za-pametene-vo-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sleduva-ushte-edna-nok-za-pametene-vo-skopje/#respond Thu, 22 Jun 2023 08:57:58 +0000 https://kurir.mk/?p=848488

Време е за уште едно, возбудливо петто издание на винско-музичко-модниот настан „Вино на штикли“ кој ќе се одржи на 29. Јуни (четврток) со почеток од 19:00 до 00:00 часот во винскиот бар и ресторан Форца во Скопје. Радосно го најавуваме и ги покануваме винските љубители да ни се придружат на еден од омилените вински летни настани на кој се слави виното и неговата магија. Уживањето ќе го доведеме до совршенство со пријатна и опуштена атмосфера од музичкиот репертоар на македонската поп ѕвезда Викторија Лоба заедно со својот придружен бенд, гастрономски „зачинето“ со вкусна храна и естетски нијансирани со шармантен и елегантен моден стил на гостите. „Вино на штикли“ и оваа година повторно ќе биде место каде што нашите уметници-винари ќе ги донесат и покажат своите најдобри вина и нетрпеливо ќе ги очекуваат Вашите коментари, критики и пофалби. „Вино на штикли“ е елегантен вински настан на кој виното, надополнето со модата и музиката ќе покаже нов сјај и уникатност. Во цената од 1200 денари е вклучена бесплатна дегустација на над 150 различни вина од 25 македонски и странски винарии кои ќе бидат спарени со вкусните закуски на винскиот бар и ресторан Форца. Најважно од сè е да си набавите влезница на време, бидејќи влезниците за „Вино на штикли“ ќе бидат во ограничен број и истите може да се купат само по електронски пат (online) на следниов линк: vinonastikli.mk Придружете ни се на „Вино на штикли“ и споделете ја Вашата винска, гастрономска и модна страст! И не заборавајте. Со виното е исто како со страст: треба да се пробаат сите вина, од некое се доволни само неколку голтки, а некое треба да се испие до крај.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sleduva-ushte-edna-nok-za-pametene-vo-skopje/feed/ 0
Вранецот во првите три сортни вински натпревари https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vranetsot-vo-prvite-tri-sortni-vinski-natprevari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vranetsot-vo-prvite-tri-sortni-vinski-natprevari/#respond Tue, 16 May 2023 08:42:01 +0000 https://kurir.mk/?p=834670

На јубилејниот 30-ти натппревар Конкур Мондиал де Брисел / Concours Mondial de Bruxelles - CMB, кој се одржа во Пореч, Хрватска, беше објавено подготвувањето на трите нови интернационални вински натпревари кои ќе бидат посветени на моновариетни и купажни вина од една избрана винска сорта. Најавените натпревари од овој тип се отворени за учество на сите производители во светот кои произведуваат вина од наведената сорта. Извршниот директор на најпопуларното винско натпреварување г-от Куантан Хаво / Quantin Havaux пред околу 400 вински судии, главно реномирани вински новинари, вински критичари од сите четири страни на светот, покрај останатите новитети, ги најави и првите три сорти за кои веќе се отпочнати подготовки за реализирање на натпреварите, како и подготвките за нивно интернационално промовирање. На огромно задоволство на сите, а особено на судиите од Балканот, помеѓу првите три сорти се појави и една од „балканската винска градина“, сортата Вранец. Вранецот е сорта која одлично ја пренесува експресијата на поднебјето, која нуди високо квалитетни органолептички карактеристики, сорта oд која може да се добие широк спектар на вински стилови и конечно сорта која може да созрева во шише со децении, зголемувајќи го својот раскош на ароми и вкусови. Конкур Мондиал де Брисел / Concours Mondial de Bruxelles – CMB е вински натпревар кој поради неговата популарност и експоненциален раст на учесници и на вински критичари ангажирани буквално од секое “ќоше” на планетата, природно се подели на неколку помали настани со цел да се задржи фокусот на квалитетот во оценувањето на вината. Позади овој натпревар стои искусна белгиска компанија, Винопрес. Компнијата повеќе од три децении работи во делот на маркетинг и комуникации. Самата компанија има соработка со преку 800 соработници, главно реномирани вински новинари и критичари ширум светот, што ја позиционира како главна порта за промоција на вина, сорти и виногорја, во светот. Влегувањето на сортата Вранец во протфолиото на натпревари на Конкур Мондиал де Брисел, значи голема светска промоција на вината, регионите и земјите кои се тесно поврзани со оваа сорта, но исто така отвора можност за приклучување на други значајни вински сорти во насока на севкупно презентирање на се повеќе популарниот балкански вински полуостров. До сега ниту еден интернационален натпревар надвор од балканот не посветил толку внимание кон вината од сортата вранец, кои се за останатиот дел од светот најчесто непознати.
„Објавувањето на проектот Вранец Селекција / Vranec Selection побуди изнвонреден интерс кај винските судии од целиот свет, искажувајќи го својот интерес за учество на најавениот натпревар“, изјави организаторот. Објавувањето на земјата, домаќинот и датумот на овој настан се очекува кон средината на Јуни 2023.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vranetsot-vo-prvite-tri-sortni-vinski-natprevari/feed/ 0
Шише вино и го спаси животот на заколната антиалкохоличарка https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/shishe-vino-i-go-spasi-zhivotot-na-zakolnata-antialkoholicharka/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/shishe-vino-i-go-spasi-zhivotot-na-zakolnata-antialkoholicharka/#respond Wed, 10 May 2023 18:16:39 +0000 https://kurir.mk/?p=832858

Жена чиј автомобил се заглавил во кал во австралиската дивина, имала само грицки и шише вино со неа. Токму шишето вино и го спасило животот на заколната антиалкохоличарка. Лилијан Јип минатата недела тргнала на кратко патување со автомобил во австралиската држава Викторија, но погрешила и заглавила во калта. Со себе имала грицки и шише вино, кои планирала да и ги подари на мајка си. Пет ноќи подоцна била пронајдена од службите за итна помош кои ја надлетале областа со хеликоптер како дел од потрагата по неа. Таа била пронајдена на околу 60 километри од најблискиот град, но поради здравствени проблеми не можела пешки до него. Немала вода, но имала грицки и вино. -Единствената течност што Лилијан, која не пие, а ја имаше со себе беше шише вино што го купи како подарок. Виното и го спаси животот, изјавил шефот на полицијата Мартин Торпи. Жената била пренесена во болница поради дехидрација, но набрзо е пуштена дома.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/shishe-vino-i-go-spasi-zhivotot-na-zakolnata-antialkoholicharka/feed/ 0
ГОЛЕМА ВИНСКА ПРОЛЕТ GrandVin 2023 Spring Edition https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/golema-vinska-prolet-grandvin-2023-spring-edition/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/golema-vinska-prolet-grandvin-2023-spring-edition/#respond Mon, 03 Apr 2023 11:06:46 +0000 https://kurir.mk/?p=819463

Одберете го вашето ново вино, зголемете го винското искуство. Македонската асоцијација на сомелиери (МАСОМ) е домаќин на првото пролетно издание на GrandVin, салон кој ги промовира македонските производители на вина и јаки алкохолни пијалоци, и ја поттикнува македонската винска култура. Настанот ќе се одржи на 8 април 2023 година, од 12 до 20 часот, во хотел Мериот. Посетителите ќе можат да уживаат во над 400 вина од 50 винарии, додека за љубителите на посилната „капка“, на павилјонот „Masters of Distilleries“ ќе има 15 внимателно избрани македонски дестилерии. Земја гостин на овој настан е Албанија, од каде доаѓаат шест албански винарии по препорака од Албанската Асоцијација на Сомелиери, давајќи им на посетителите единствена можност да ги искусат нивните уникатни и богати вкусови.
„Возбудени сме што наидовме на голем интерес кај винариите да ги изложат нивните вина од последната берба кои за пошироката јавност се од скоро или допрва ќе бидат достапни“, вели организаторот. „Освен тоа, среќни сме што токму Албанија ќе биде земја-гостин бидејќи има долга традиција на производство на вино, со што ја засилуваме сликата на балканскиот вински полуостров во светот. Овој настан ќе претставува шанса за посетителите да искусат нешто ново и уникатно“, додаваат од МАСОМ.
На сите посетители им претстои ден исполнет со врвни вина, вкусна храна и нови откритија во винскиот свет. Влезници за настанот на  https://www.karti.com.mk/grand-vin-spring-edition.nspx ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/golema-vinska-prolet-grandvin-2023-spring-edition/feed/ 0
Адел признала пред публиката колку алкохол испила во еден ден, а публиката занеми – „тоа е типично за алкохоличари“ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/adel-priznala-pred-publikata-kolku-alkohol-ispila-vo-eden-den-a-publikata-zanemi-toa-e-tipichno-za-alkoholichari/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/adel-priznala-pred-publikata-kolku-alkohol-ispila-vo-eden-den-a-publikata-zanemi-toa-e-tipichno-za-alkoholichari/#respond Thu, 30 Mar 2023 09:39:02 +0000 https://kurir.mk/?p=818083

Пејачката Адел на концерт во Лас Вегас призна дека пиела големи количини алкохол за време на карантинот. Држејќи чаша вино на сцената, Адел ѝ признала на публиката дека еден ден за време на „локдаунот“, до пладне испила четири шишиња вино. „Се сеќавам кога дојдов овде за време на карантинот, испив четири шишиња вино до 11 часот наутро. Како и сите ние. Сакав да издадам албум во 2020 година, но завршив дома со алкохол“, рече пејачката пред публиката. Таа го исклучила алкохолот од својот живот кога почнала да вежба и да се храни здраво, вели таа. „Престанав да пијам. Тоа е одличен начин да се запознаете себеси - да пиете вода и да останете трезна“, заклучила таа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/adel-priznala-pred-publikata-kolku-alkohol-ispila-vo-eden-den-a-publikata-zanemi-toa-e-tipichno-za-alkoholichari/feed/ 0
Грешката во нарачка на вечера го чинеше повеќе од цел одмор на Бали https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/greshkata-vo-narachka-na-vechera-go-chineshe-poveke-od-tsel-odmor-na-bali/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/greshkata-vo-narachka-na-vechera-go-chineshe-poveke-od-tsel-odmor-na-bali/#respond Sat, 04 Mar 2023 10:08:58 +0000 https://kurir.mk/?p=807992

Австралиски турист на Бали направил скапа грешка кога нарачал вечера во ресторан што на крајот го чинела повеќе отколку што платил за целиот свој одмор. Тој и неговите пријатели решиле да нарачаат шише вино со вечерата. Избрале шише вино од дното на менито: „Domaine Leflaive Chevalier-Monrachet“, гроздобер од 2004 година, по цена од 1,7 милиони индонезиски рупии, или околу 170 австралиски долари. -Дефинитивно повеќе отколку што вообичаено би платил во Австралија, но тоа беше роденденска забава. Сто и седумдесет долари не се страшни, па му кажав на келнерот, кој направи пауза и ме праша: Дали сте сигурен господине?, изјави туристот, кој признава дека малку се навредил кога келнерот го прашал. -Му реков да не се грижи мислејќи во себе како може да мисли дека не можам да платам 170 долари за шише вино. Го испивме целото шише и уживавме во вечерата, а во еден момент газдата излезе да не пречека, објаснува Австралијанецот. На крајот на вечерта ја платил сметката и не обрнал многу внимание. Меѓутоа, кога проверил следниот ден, бил непријатно изненаден. Тој открил дека виното не чини 1,7 милиони рупии, туку 17 милиони, или речиси 1.700 австралиски долари. -Таа вечера всушност чинеше повеќе од целиот одмор, додава туристот.

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/greshkata-vo-narachka-na-vechera-go-chineshe-poveke-od-tsel-odmor-na-bali/feed/ 0
Украдени 45 шишиња вино вредни вкупно 750.000 евра https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ukradeni-45-shishina-vino-vredni-vkupno-750-000-evra/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ukradeni-45-shishina-vino-vredni-vkupno-750-000-evra/#respond Mon, 20 Feb 2023 17:11:36 +0000 https://kurir.mk/?p=802831

Нов извештај, претставен во пресрет на судењето за кражба на вино во ресторанот на хотелот „Атрио“ во западношпанскиот град Касерес, ја одреди вредноста на украдените 45 шишиња на 750.000 евра. Во врска со виното што исчезна на 27 октомври 2021 година, адвокатот Рафаел Монтес направи извештај од четири страници, пренесе „Ел Паис“. Претходно, од страна на сопствениците на угостителскиот објект, готвачот Тоњо Перез и неговиот партнер Хозе Поле, штетата била проценета на 1,6 милиони евра. - Беше многу болно, не сакаме веќе ни да размислуваме за тоа, ниту да проценуваме, изјави Перес. Списокот со разно вино, што содржи околу 400 страници со илустрации, од фотографот Хоакин Кортес, всушност, е една од главните атракции на „Атрио“. За судскиот случај се очекува да бидат сослушани над 20 лица, меѓу кои вработените, сопствениците на објектот, полицајци, вештаци и самите обвинети. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ukradeni-45-shishina-vino-vredni-vkupno-750-000-evra/feed/ 0
Кој би рекол? Одличен начин да го искористите капакот од тенџере за чистење на домот (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/koj-bi-rekol-odlichen-nachin-da-go-iskoristite-kapakot-od-tendhere-za-chistene-na-domot-video/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/koj-bi-rekol-odlichen-nachin-da-go-iskoristite-kapakot-od-tendhere-za-chistene-na-domot-video/#respond Wed, 18 Jan 2023 19:07:16 +0000 https://kurir.mk/?p=789121

Едноставен, но многу ефикасен домашен трик. Понекогаш наједноставните работи се најефективни. За да си го олесните животот и да исчистите побрзо, се што ви треба е магична крпа и капак за тенџере. Ова е одличен начин за чистење на теписи и кревети.
@home_motivationn Best way to clean your carpet 💫💫 @#fyp #foryoupage #asmr #asmr #fypage #foryou #fypシ #asmrtiktoks #asmrsounds #dayinmylife #foruyou #cleantok #cleaning #clean #cleaningtiktok ##cleaninghack #cleaninghacks #cleanwithme ♬ Halloween ・ cute horror song - PeriTune

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/koj-bi-rekol-odlichen-nachin-da-go-iskoristite-kapakot-od-tendhere-za-chistene-na-domot-video/feed/ 0
ГЕНИТЕ ВЛИЈААТ КОЛКУ ПИЕТЕ: Што значи ако пиете повеќе од 3 чаши вино неделно? https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/genite-vlijaat-kolku-piete-shto-znachi-ako-piete-povekje-od-3-chashi-vino-nedelno/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/genite-vlijaat-kolku-piete-shto-znachi-ako-piete-povekje-od-3-chashi-vino-nedelno/#respond Wed, 07 Dec 2022 21:00:26 +0000 https://kurir.mk/?p=772523

Истражувањата докажаа дека ако пиете повеќе од три чаши неделно, можеби е виновна вашата ДНК. Истражувачите ги анализирале гените и го проучувале внесот на алкохол кај 3,4 милиони луѓе, главно од Европа. Количината на вино што ја пиете во една недела е под влијание на гените, па затоа некои луѓе пијат дури и повеќе од три чаши вино неделно. Луѓето имаат околу 20.000 гени - од боја на очите до интелигенција и однесување - во речиси секоја клетка во нивното тело. Тие се 99,9 проценти идентични во нивниот генетски состав, споделувајќи ги повеќето исти гени, но имаат варијации во некои од нив што може да се поврзат со начинот на живот. Истражувачите успеале да идентификуваат илјадници генетски варијации кои почесто биле забележани кај луѓе кои пиеле повеќе алкохол во просечна недела. – Колку ќе пиете можеби не зависи целосно од тоа дали сте имале стресен ден или колку е вкусно шишето вино во фрижидерот, важна улога играат гените – изјавил професорот Деџианг Ли.

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/genite-vlijaat-kolku-piete-shto-znachi-ako-piete-povekje-od-3-chashi-vino-nedelno/feed/ 0