винска индустрија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 18 Jan 2023 11:33:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png винска индустрија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ССК: Франција го отвора европскиот пат за македонската винска индустрија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ssk-frantsija-go-otvora-evropskiot-pat-za-makedonskata-vinska-industrija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ssk-frantsija-go-otvora-evropskiot-pat-za-makedonskata-vinska-industrija/#respond Wed, 18 Jan 2023 11:33:40 +0000 https://kurir.mk/?p=788875

Потпретседателот на Сојузот на стопански комори (ССК) за надворешни односи и претседател на Туристичко-угостителската комора Аркан Керим реализира посета на познатиот вински регион Болен, Јужна Франција како гостин на винаријата „Шато де Гурдон“ чиј сопственик е македонската винарија „Тиквеш“. Директорот на „Тиквеш“ Светозар Јаневски и Керим остварија повеќе значајни средба меѓу кои и со градоначалникот на Болен Антони Зилио, заменик на градоначалникот Андре Вигли и претседателот на Унијата на претприемачи на Болен Жан Мишел Луи. Керим истакна дека Франција е наш важен економски партнер како и политички поддржувач на патот на нашата земја кон членството во ЕУ, потенцирајќи дека овие добри релации треба да се искористат за унапредување на соработката во секторот на винската индустрија. -Инвестицијата на „Тиквеш“ во француската винаријата „Шато де Гурдон“ е добар пример на градење мостови меѓу компаниите од овој сектор од двете земји кои го отвораат патот на македонските винарии кон пазарот на Европската Унија. Во таа насока договорено е продлабочување на економските односи помеѓу македонските и француските компании како и посета на Македонија од страна на француските компании од регионот на Болен. Овие соработки даваат дополнителен поттик за раст на трговската размена, посебно за зголемување на македонскиот извоз, рече Керим. Земајќи предвид дека еден од стратешки извозни земјоделски производи на нашата земја е виното, Сојузот во рамките на меѓународните активности овозможува стратешка поддршка на винскиот сектор во земјава преку организирана промоција на меѓународните вински настани, вмрежување и лобирање за унапредување на поврзаните индустрии како земјоделството, туризмот, во соработка со домашните, но и со странски релевантни институции. -Во делот на производство на вино во нашата земја од 2005 година наваму започна т.н. револуција во винскиот сектор во земјава, пред сѐ со приватизацијата на дел од винариите, инвестирањето во нова технологија и отворањето нови модерни винарии. Сепак, целосниот потенцијал сѐ уште не е искористен, бидејќи е потребно да се зголеми извозот на амбалажирано вино коe се извезува со додадена вредност, што придонесува кон целокупен раст на секторот, зголемување на вредноста како на виното, така и на грозјето како суровина, наведува ССК.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ssk-frantsija-go-otvora-evropskiot-pat-za-makedonskata-vinska-industrija/feed/ 0
Винската индустрија пред колапс, бара поддршка од државата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vinskata-industrija-pred-kolaps-bara-poddrshka-od-drzavata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vinskata-industrija-pred-kolaps-bara-poddrshka-od-drzavata/#respond Thu, 13 Aug 2020 10:27:29 +0000 https://kurir.mk/?p=390166

Доколку не се размислува рационално и не се дејствува брзо и одлучно, постои реална опасност од целосен колапс на македонската винска индустрија која обезбедува годишен извоз од околу 50 милиони евра и обезбедува работа и социјална сигурност за околу 30.000 индивидуални земјоделски стопанства, 12.000 сезонски работници и повеќе од 2.500 вработени во 74 регистрирани домашни винарски визби, предупредува здружението „Вина од Македонија“ (ВОМ). ВОМ укажува дека за да се откупи грозјето од годинашната берба по дефинирани цени, ќе биде неопходна директна финансиска поддршка од државата. Според ВОМ, во кое членуваат најголемите производители и извозници на вино во земјата, падот на продажбата на вино на домашниот пазар е до 80 проценти, пред сѐ поради намалениот промет во угостителскиот и туристичкиот сектор каде се остварува најголем дел од потрошувачката на флаширано вино. Обидите, пак, на големите производители на вино од Италија, Шпанија и Франција да се ослободат од големите залихи, предизвикаа намалување на цените на виното на клучните извозни пазари, особено на наливното, за повеќе од 40 отсто, што креира дополнителен притисок за намалување на цената на македонското вино кое се пласира на странските пазари и намалување на вкупниот девизен прилив од извозот на вино. – Драстичното намалување на продажбата на вино на домашниот пазар и намалувањето на цените на виното на главните извозни пазари сериозно ја влошија финансиската стабилност и ликвидност на македонските винарници, што го доведоа во прашање редовното производството на вино и реализацијата на годинешниот откуп на грозје и претставува потенцијален проблем и за лозарите и за државата. Во вакви крајно отежнати околности, македонските производители и извозници на вино се приморани да ги прилагодат своите деловни планови, вклучувајќи ја и ценовната политика за откуп на грозјето спрема условите што ги диктира пазарот и ситуацијата предизвикана од КОВИД-19. Производителите, а особено извозниците на наливно вино се соочуваат со големи ценовни притисоци на светско ниво, што ја прави откупната цена нереална и невозможна без интервенција од државата. Дополнително, намалената побарувачка, како на домашно, така и на светско ниво, влијае и на потребите од количини грозје со што се става под знак прашање откупот на целата реколта, наведува ВОМ. За да се избегне целосниот колапс на македонската винска индустрија и лозарство, Здружението од март до јули 2020 иницираше повеќе средби со претставниците на надлежните институции на кои беа презентирани конкретен сет мерки кои требаше да обезбедат поддршка и поттик за целокупниот македонски вински сектор, по примерот на мерките за поддршка кои ги применуваат владите во другите земји – големи производители на вино. Но, и покрај презентираните аргументи, Владата, според ВОМ, досега не донесе одлука за ова прашање.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vinskata-industrija-pred-kolaps-bara-poddrshka-od-drzavata/feed/ 0