винска вечер – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 06 Sep 2023 08:20:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png винска вечер – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Македонска винска вечер во Будимпешта https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonska-vinska-vecher-vo-budimpeshta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonska-vinska-vecher-vo-budimpeshta/#respond Wed, 06 Sep 2023 08:20:58 +0000 https://kurir.mk/?p=875090

Лекторатот по македонски јазик во Будимпешта, Институтот унгарски вина и Балкан-инфо вчера во Будимпешта организираа дегустација на македонски вина. Настанот беше реализиран во соработка со Здружението „Вина од Македонија“ и со поддршка од Амбасадата на Северна Македонија во Будимпешта. Како што соопшти организаторот, присуствуваа голем број познавачи на вина и се дегустираа 14 видови вина од винариите Стоби, Тиквеш, Попова кула и винарија Лазар. На настанот говореа организаторите Златко Панзов, Јожеф Кризманич и Тамаш Калцакос. Лекторот Панзов истакна дека се радува на ваквите можности кога во Унгарија се презентираат делови од македонската култура. -Особено што оваа година и има што да се прославува, имено Лекторатот по македонски јазик во Будимпешта го чествува својот јубилеј 35 години македонски јазик на Универзитетот ЕЛТЕ, рече Панзов. Настанот беше и вовед во винската тура низ Македонија што ќе се реализира од 6 до 9 октомври организирана од Институтот унгарски вина и Балкан-инфо.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonska-vinska-vecher-vo-budimpeshta/feed/ 0