Винска визија на Отворен Балкан – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 31 Aug 2022 05:07:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Винска визија на Отворен Балкан – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Македонски вина, храна и туризам на „Винска Визија на Отворен Балкан“ во Белград https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonski-vina-hrana-i-turizam-na-vinska-vizija-na-otvoren-balkan-vo-belgrad/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonski-vina-hrana-i-turizam-na-vinska-vizija-na-otvoren-balkan-vo-belgrad/#respond Wed, 31 Aug 2022 05:35:31 +0000 https://kurir.mk/?p=726301

Под покровителство на владите на Србија, Северна Македонија и Албанија, како дел од иницијативата „Отворен Балкан“, утре во Белград почнува Првиот меѓународен саем за вино, храна и туризам „Винска Визија на Отворен Балкан“. Саемот ќе трае до 4 септември, ќе има повеќе од 330 изложувачи од 22 земји од кои 233 од државите членки на Отворен Балкан, а на отворањето ќе присуствуваат српскиот претседател Александар Вучиќ, претседателот на Владата на Северна Македонија, Димитар Ковачевски и албанскиот премиер Еди Рама. Северна Македонија под слоганот „Вкуси го животот” на Саемот ќе учествува со 42 винарии и три дестилерии кои ќе промовираат преку 300 различни вина и ракии, како и со производители на храна кои ќе ја претстават автентичната македонска кујна. Предвидено е и одржување на „Македонска вечер” чиј домаќин ќе биде премиерот Ковачевски. На „Македонската вечер” пред претставници на бизнис заедниците и владите од Србија, Албанија и Северна Македонија, ќе се промовираат македонски вина, храна, музика и туризам, а за музичкиот дел е задолжен виртуозот Влатко Стефановски. -Учеството на Саемот за домашната економија значи обезбедување поголем извоз, откуп и нови пласмани и пазари за македонските храна и вина. Истовремено, преку Саемот ќе се обезбеди силна и ефективна промоција на туристичките капацитети на Северна Македонија и привлекување нови туристи пред се од регионот, но и пошироко. Саемот е можност и за вистинска промоција на културолошките и идентитетските обележја, традиции и обичаи, македонските фолклор, музика и кујна, но и на обележјата на сите други заедници кои живеат во земјата и останатите национални вредности, велат од Владата. Според премиерот Димитар Ковачевски, Саемот ќе биде можност да се поврзат винските патишта на Балканот, да се соберат најдобрите винарии и да се поразговара за развој на потенцијалот на винската индустрија, како и за можноста за учество на светските пазари. Македонската туристичка понуда, претставена преку Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, ќе биде фокусирана на македонскиот ено-гастро туризам (туризам базиран на вино и храна), националните паркови, природните и вештачките езера, заштитените подрачја од УНЕСКО, руралниот туризам и адреналинскиот туризам. „Винска визија на Отворен Балкан” ќе понуди богата програма која вклучува дегустации на вино, натпревар „Трофеј на виното на Отворен Балкан“ 2022 година, едукативни еснафски работилници, дискусии за потенцијалот на винската индустрија на Балканот, можности за зголемено учество на светските пазари, како и средби меѓу претставници на производителите и откупувачите со цел проширување на економските потенцијали за компаниите и за економиите од регионот. Стотици илјади очекувани посетители на Саемот ќе може да дегустираат автентична македонска храна која ќе ја подготвуваат македонски врвни готвачи како и храна од српската и албанската кујна подготвена од српски и албански врвни готвачи. Ќе биде организирано и меѓународно оценување на виното од 25 меѓународни судии, а пет од нив се носители на најпрестижната титула во светот на виното – master of wine. Во исто време ќе се одржи и традиционалниот лидерски политички самит на Отворен Балкан предводен од претседателот на Србија, Александар Вучиќ, премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски и премиерот на Албанија, Еди Рама. Како што соопшти српската Влада, официјалната церемонија на отворањето на „Винска визија на Отворен Балкан“ ќе се одржи утре, на 1 септември, во 13 часот на Белградскиот саем, во Хала 1. На 2 септември е предвиден политичкиот дел од Иницијативата Отворен Балкан, а вечерта премиерот Димитар Ковачевски ќе ја приреди „Македонската вечер“. Според податоците од Белградскиот саем, утре, на денот на отворањето, „Винска визија на Отворен Балкан“ ќе биде отворен за посетители од 16 до 20 часот, во петок и сабота од 12 до 20 часот, а во недела од 12 до 19 часот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonski-vina-hrana-i-turizam-na-vinska-vizija-na-otvoren-balkan-vo-belgrad/feed/ 0
Вучиќ, Ковачевски и Рама на 1 септември го отвораат саемот „Винска визија на Отворен Балкан“ во Белград https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vuchikj-kovachevski-i-rama-na-1-septemvri-go-otvoraat-saemot-vinska-vizija-na-otvoren-balkan-vo-belgrad/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vuchikj-kovachevski-i-rama-na-1-septemvri-go-otvoraat-saemot-vinska-vizija-na-otvoren-balkan-vo-belgrad/#respond Sat, 13 Aug 2022 11:28:06 +0000 https://kurir.mk/?p=718002

Во Белград од 1 до 4 септември 2022 година ќе се одржи првиот меѓународен саем за вино „Винска визија на Отворен Балкан“ кој се организира под покровителство на владите на Србија, Македонија и Албанија, како дел од иницијативата „Отворен Балкан“, јави дописникот на МИА од Белград. Саемот „Винска визија на Отворен Балкан“ на едно место ќе ги собере мајсторите во производството на најдобрите вина и ќе го промовира Балканот како туристичка дестинација, неговата географија и богатство на винските сорти. Во рамките на споменатата манифестација на Белградскиот саем се очекува да присуствуваат над 332 излагачи од 22 земји. Ќе се претстават 160 излагачи од Србија, 26 од Албанија, додека 47 излагачи ќе дојдат од Македонија. Покрај земјите-членки на Отворениот Балкан, се очекуваат изложувачи и од Хрватска, Црна Гора, Франција, Чиле, Аргентина, Италија, Босна и Херцеговина и други земји. „Винска визија на Отворен Балкан“ свечено ќе биде отворена на 1 септември од страна на претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ и премиерите на Македонија и Албанија, Димитар Ковачевски и Еди Рама, а за 2 септември планиран е и лидерскиот самит. За време на Саемот посетителите ќе имаат можност да посетат различни тематски дефинирани сали и ќе можат да се едуцираат и да научат сè што сакаат да дознаат за историјата и потеклото на виното, процесот на производство, видовите на вино, конзумацијата и да ги вкусат и да купат некои од најубавите вина на Балканскиот регионот и светот. Составен дел на „Винската визија на Отворен Балкан“ ќе бидат деловните состаноци на излагачите на вино, претставници на водечки трговски синџири и претставници на HORECA индустријата. Тоа исто така ќе биде можност за сите изложувачи дополнително да ја подобрат соработката, да ги поврзат регионалните вински и сродните индустрии, како и да ги зајакнат деловните партнерства и контакти. Дополнително, за време на Винската визија на Отворен Балкан ќе се одржи и Саем на храна на кој ќе бидат претставени сите најпознати гастрономски специјалитети од овој дел на Европа. За време на четиридневниот настан ќе се организира меѓународно оценување на виното „Отворен Балкан-вински трофеј“. Вината ќе ги оценуваат 25 меѓународни вински судии од целиот свет, а меѓу нив ќе има дури петмина носители на титулата „Master of Wine“ која е најпрестижна титула во светот на виното. „Отворен Балкан“ е економска и политичка иницијатива заснована на вредностите на Европската унија, во која членуваат три земји – Албанија, Македонија и Србија. Идејата на оваа иницијатива е да обезбеди поголеми и подобри можности за трговија, размена на работници, студенти и знаење, како и поттикнување на понатамошна ЕУ интеграција, притоа промовирајќи ја богатата култура и традиции на трите земји.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vuchikj-kovachevski-i-rama-na-1-septemvri-go-otvoraat-saemot-vinska-vizija-na-otvoren-balkan-vo-belgrad/feed/ 0