вински бар и ресторан форца – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 22 Jun 2023 09:18:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png вински бар и ресторан форца – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Следува уште една ноќ за паметење во Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sleduva-ushte-edna-nok-za-pametene-vo-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sleduva-ushte-edna-nok-za-pametene-vo-skopje/#respond Thu, 22 Jun 2023 08:57:58 +0000 https://kurir.mk/?p=848488

Време е за уште едно, возбудливо петто издание на винско-музичко-модниот настан „Вино на штикли“ кој ќе се одржи на 29. Јуни (четврток) со почеток од 19:00 до 00:00 часот во винскиот бар и ресторан Форца во Скопје. Радосно го најавуваме и ги покануваме винските љубители да ни се придружат на еден од омилените вински летни настани на кој се слави виното и неговата магија. Уживањето ќе го доведеме до совршенство со пријатна и опуштена атмосфера од музичкиот репертоар на македонската поп ѕвезда Викторија Лоба заедно со својот придружен бенд, гастрономски „зачинето“ со вкусна храна и естетски нијансирани со шармантен и елегантен моден стил на гостите. „Вино на штикли“ и оваа година повторно ќе биде место каде што нашите уметници-винари ќе ги донесат и покажат своите најдобри вина и нетрпеливо ќе ги очекуваат Вашите коментари, критики и пофалби. „Вино на штикли“ е елегантен вински настан на кој виното, надополнето со модата и музиката ќе покаже нов сјај и уникатност. Во цената од 1200 денари е вклучена бесплатна дегустација на над 150 различни вина од 25 македонски и странски винарии кои ќе бидат спарени со вкусните закуски на винскиот бар и ресторан Форца. Најважно од сè е да си набавите влезница на време, бидејќи влезниците за „Вино на штикли“ ќе бидат во ограничен број и истите може да се купат само по електронски пат (online) на следниов линк: vinonastikli.mk Придружете ни се на „Вино на штикли“ и споделете ја Вашата винска, гастрономска и модна страст! И не заборавајте. Со виното е исто како со страст: треба да се пробаат сите вина, од некое се доволни само неколку голтки, а некое треба да се испие до крај.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sleduva-ushte-edna-nok-za-pametene-vo-skopje/feed/ 0