вински салон – Kurir.mk
https://arhiva.kurir.mk
Најнови вестиTue, 10 Oct 2023 12:24:15 +0000mk-MK
hourly
1 https://wordpress.org/?v=6.3.3https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.pngвински салон – Kurir.mk
https://arhiva.kurir.mk
3232„Taste of Awards 2023“ – Mакедонски вински врв
https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/taste-of-awards-2023-makedonski-vinski-vrv/
https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/taste-of-awards-2023-makedonski-vinski-vrv/#respondTue, 10 Oct 2023 12:24:15 +0000https://kurir.mk/?p=887467На јубилејниот петти по ред настан "GrandVin - Taste of Awards 2023" беа претставени највисоко наградените македонски вина кои во 2022/23 година се закитија со престижни награди на познатите меѓународни вински натпревари.
На настанот учествуваа дванаесет винарници: Тиквеш, Камник, Бовин, Попов, Лазар, Захарчев, Попови, Парагон, Имако, Керем, Венец и Сопот, кои покрај највисоко меѓународно оценетите вина претставија и по некој вински новитет.
Настанот се одржа во вечерните часови на 05 октомври 2023 во Roof Bar 55 на хотелот Double Tree by Hilton, со што организаторот, МАСОМ - Македонска асоцијација на сомелиери, заедно со учесниците и ценетите гости , преку овој настан воедно го прославија и светскиот ден на вранецот.
„Вкусот на наградите е специфичен вински настан, традиционално поддржан од Министерството за земјоделие, кој нуди квалитативен пресек на тековните достигнувања во македонското винарење, гледано низ објективот на искусните меѓународни вински судии. Воедно претставува повик и предизвик за постојано подобрување на квалитетот на македонското вино“ појаснуваат од МАСОМ.
„Количините на таквите вина се скоро секогаш мали и мошне лимитирани, што е клучна причина поради која не можевме да одговориме на големиот интерес на вљубенците на виното и да обезбедиме поголем простор за овој навистина посебен настан.“
Воедно сакаме да се заблагодариме на винариите и сите кои присуствуваа на настанот.
„Посебна благодарност упатуваме до јапонскиот Амбасадор г. Оцука Казуја, претседателот на здружението „Вина од Македонија“ г. Светозар Јаневски, кинеската делегација на претприемачи и увозници на вина, секретарот на здружението „Македонски семејни винарии“ г. Гоце Попов, членовите на „Европското винско витештво“ кои со своето присуство допринесоа во промовирање на овој настан“ додаваат од МАСОМ.
Фотогалерија
]]>На јубилејниот петти по ред настан "GrandVin - Taste of Awards 2023" беа претставени највисоко наградените македонски вина кои во 2022/23 година се закитија со престижни награди на познатите меѓународни вински натпревари.
На настанот учествуваа дванаесет винарници: Тиквеш, Камник, Бовин, Попов, Лазар, Захарчев, Попови, Парагон, Имако, Керем, Венец и Сопот, кои покрај највисоко меѓународно оценетите вина претставија и по некој вински новитет.
Настанот се одржа во вечерните часови на 05 октомври 2023 во Roof Bar 55 на хотелот Double Tree by Hilton, со што организаторот, МАСОМ - Македонска асоцијација на сомелиери, заедно со учесниците и ценетите гости , преку овој настан воедно го прославија и светскиот ден на вранецот.
„Вкусот на наградите е специфичен вински настан, традиционално поддржан од Министерството за земјоделие, кој нуди квалитативен пресек на тековните достигнувања во македонското винарење, гледано низ објективот на искусните меѓународни вински судии. Воедно претставува повик и предизвик за постојано подобрување на квалитетот на македонското вино“ појаснуваат од МАСОМ.
„Количините на таквите вина се скоро секогаш мали и мошне лимитирани, што е клучна причина поради која не можевме да одговориме на големиот интерес на вљубенците на виното и да обезбедиме поголем простор за овој навистина посебен настан.“
Воедно сакаме да се заблагодариме на винариите и сите кои присуствуваа на настанот.
„Посебна благодарност упатуваме до јапонскиот Амбасадор г. Оцука Казуја, претседателот на здружението „Вина од Македонија“ г. Светозар Јаневски, кинеската делегација на претприемачи и увозници на вина, секретарот на здружението „Македонски семејни винарии“ г. Гоце Попов, членовите на „Европското винско витештво“ кои со своето присуство допринесоа во промовирање на овој настан“ додаваат од МАСОМ.
Фотогалерија
]]>https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/taste-of-awards-2023-makedonski-vinski-vrv/feed/0Следува уште една ноќ за паметење во Скопје
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sleduva-ushte-edna-nok-za-pametene-vo-skopje/
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sleduva-ushte-edna-nok-za-pametene-vo-skopje/#respondThu, 22 Jun 2023 08:57:58 +0000https://kurir.mk/?p=848488Време е за уште едно, возбудливо петто издание на винско-музичко-модниот настан „Вино на штикли“ кој ќе се одржи на 29. Јуни (четврток) со почеток од 19:00 до 00:00 часот во винскиот бар и ресторан Форца во Скопје.
Радосно го најавуваме и ги покануваме винските љубители да ни се придружат на еден од омилените вински летни настани на кој се слави виното и неговата магија. Уживањето ќе го доведеме до совршенство со пријатна и опуштена атмосфера од музичкиот репертоар на македонската поп ѕвезда Викторија Лоба заедно со својот придружен бенд, гастрономски „зачинето“ со вкусна храна и естетски нијансирани со шармантен и елегантен моден стил на гостите.
„Вино на штикли“ и оваа година повторно ќе биде место каде што нашите уметници-винари ќе ги донесат и покажат своите најдобри вина и нетрпеливо ќе ги очекуваат Вашите коментари, критики и пофалби.
„Вино на штикли“ е елегантен вински настан на кој виното, надополнето со модата и музиката ќе покаже нов сјај и уникатност.
Во цената од 1200 денари е вклучена бесплатна дегустација на над 150 различни вина од 25 македонски и странски винарии кои ќе бидат спарени со вкусните закуски на винскиот бар и ресторан Форца.
Најважно од сè е да си набавите влезница на време, бидејќи влезниците за „Вино на штикли“ ќе бидат во ограничен број и истите може да се купат само по електронски пат (online) на следниов линк:
vinonastikli.mk
Придружете ни се на „Вино на штикли“ и споделете ја Вашата винска, гастрономска и модна страст!
И не заборавајте. Со виното е исто како со страст: треба да се пробаат сите вина, од некое се доволни само неколку голтки, а некое треба да се испие до крај.]]>Време е за уште едно, возбудливо петто издание на винско-музичко-модниот настан „Вино на штикли“ кој ќе се одржи на 29. Јуни (четврток) со почеток од 19:00 до 00:00 часот во винскиот бар и ресторан Форца во Скопје.
Радосно го најавуваме и ги покануваме винските љубители да ни се придружат на еден од омилените вински летни настани на кој се слави виното и неговата магија. Уживањето ќе го доведеме до совршенство со пријатна и опуштена атмосфера од музичкиот репертоар на македонската поп ѕвезда Викторија Лоба заедно со својот придружен бенд, гастрономски „зачинето“ со вкусна храна и естетски нијансирани со шармантен и елегантен моден стил на гостите.
„Вино на штикли“ и оваа година повторно ќе биде место каде што нашите уметници-винари ќе ги донесат и покажат своите најдобри вина и нетрпеливо ќе ги очекуваат Вашите коментари, критики и пофалби.
„Вино на штикли“ е елегантен вински настан на кој виното, надополнето со модата и музиката ќе покаже нов сјај и уникатност.
Во цената од 1200 денари е вклучена бесплатна дегустација на над 150 различни вина од 25 македонски и странски винарии кои ќе бидат спарени со вкусните закуски на винскиот бар и ресторан Форца.
Најважно од сè е да си набавите влезница на време, бидејќи влезниците за „Вино на штикли“ ќе бидат во ограничен број и истите може да се купат само по електронски пат (online) на следниов линк:
vinonastikli.mk
Придружете ни се на „Вино на штикли“ и споделете ја Вашата винска, гастрономска и модна страст!
И не заборавајте. Со виното е исто како со страст: треба да се пробаат сите вина, од некое се доволни само неколку голтки, а некое треба да се испие до крај.]]>https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sleduva-ushte-edna-nok-za-pametene-vo-skopje/feed/0ГОЛЕМА ВИНСКА ПРОЛЕТ GrandVin 2023 Spring Edition
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/golema-vinska-prolet-grandvin-2023-spring-edition/
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/golema-vinska-prolet-grandvin-2023-spring-edition/#respondMon, 03 Apr 2023 11:06:46 +0000https://kurir.mk/?p=819463Одберете го вашето ново вино, зголемете го винското искуство.
Македонската асоцијација на сомелиери (МАСОМ) е домаќин на првото пролетно издание на GrandVin, салон кој ги промовира македонските производители на вина и јаки алкохолни пијалоци, и ја поттикнува македонската винска култура. Настанот ќе се одржи на 8 април 2023 година, од 12 до 20 часот, во хотел Мериот.
Посетителите ќе можат да уживаат во над 400 вина од 50 винарии, додека за љубителите на посилната „капка“, на павилјонот „Masters of Distilleries“ ќе има 15 внимателно избрани македонски дестилерии. Земја гостин на овој настан е Албанија, од каде доаѓаат шест албански винарии по препорака од Албанската Асоцијација на Сомелиери, давајќи им на посетителите единствена можност да ги искусат нивните уникатни и богати вкусови.
„Возбудени сме што наидовме на голем интерес кај винариите да ги изложат нивните вина од последната берба кои за пошироката јавност се од скоро или допрва ќе бидат достапни“, вели организаторот. „Освен тоа, среќни сме што токму Албанија ќе биде земја-гостин бидејќи има долга традиција на производство на вино, со што ја засилуваме сликата на балканскиот вински полуостров во светот. Овој настан ќе претставува шанса за посетителите да искусат нешто ново и уникатно“, додаваат од МАСОМ.
На сите посетители им претстои ден исполнет со врвни вина, вкусна храна и нови откритија во винскиот свет.
Влезници за настанот на https://www.karti.com.mk/grand-vin-spring-edition.nspx]]>Одберете го вашето ново вино, зголемете го винското искуство.
Македонската асоцијација на сомелиери (МАСОМ) е домаќин на првото пролетно издание на GrandVin, салон кој ги промовира македонските производители на вина и јаки алкохолни пијалоци, и ја поттикнува македонската винска култура. Настанот ќе се одржи на 8 април 2023 година, од 12 до 20 часот, во хотел Мериот.
Посетителите ќе можат да уживаат во над 400 вина од 50 винарии, додека за љубителите на посилната „капка“, на павилјонот „Masters of Distilleries“ ќе има 15 внимателно избрани македонски дестилерии. Земја гостин на овој настан е Албанија, од каде доаѓаат шест албански винарии по препорака од Албанската Асоцијација на Сомелиери, давајќи им на посетителите единствена можност да ги искусат нивните уникатни и богати вкусови.
„Возбудени сме што наидовме на голем интерес кај винариите да ги изложат нивните вина од последната берба кои за пошироката јавност се од скоро или допрва ќе бидат достапни“, вели организаторот. „Освен тоа, среќни сме што токму Албанија ќе биде земја-гостин бидејќи има долга традиција на производство на вино, со што ја засилуваме сликата на балканскиот вински полуостров во светот. Овој настан ќе претставува шанса за посетителите да искусат нешто ново и уникатно“, додаваат од МАСОМ.
На сите посетители им претстои ден исполнет со врвни вина, вкусна храна и нови откритија во винскиот свет.
Влезници за настанот на https://www.karti.com.mk/grand-vin-spring-edition.nspx]]>https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/golema-vinska-prolet-grandvin-2023-spring-edition/feed/0Шесто издание на винскиот салон „Винодонија“
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shesto-izdanie-na-vinskiot-salon-vinodonija/
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shesto-izdanie-na-vinskiot-salon-vinodonija/#respondFri, 25 Nov 2022 06:42:56 +0000https://kurir.mk/?p=766157На шестото издание на винскиот салон „Винодонија“, што ќе се одржува денеска и утре во Скопје, гостите ќе може да дегустираат вина од околу 60 винарии, со импресивен број од над 450 етикети на вино.
Скопски вински салон „Винодонија“ соопшти дека покрај тоа што има едукативен карактер, настанот со години ја потврдува својата цел – подигнување на винската свест и развој на нашата винска култура.
Во рамки на „Винодонија“ денеска и утре ќе се одржат пет работилници и мастер клас дегустации насловени по земјите и предизвиците: „Запознај ја винската Унгарија“, „Запознај ја винската Хрватска“, „Основи на спарување на вино и храна“ и „Во светот на винските меурчиња“.
Гостите ќе имаат можност за нови вински информации, директно од енолозите и луѓе вклучени во производството на вино, со што ќе се запознаат најновите стилови и трендови во оваа индустрија.
Во рамки на салонот ќе може да се вкусат и деликатеси од 15-ина гастрономски брендови од нашата земја.]]>На шестото издание на винскиот салон „Винодонија“, што ќе се одржува денеска и утре во Скопје, гостите ќе може да дегустираат вина од околу 60 винарии, со импресивен број од над 450 етикети на вино.
Скопски вински салон „Винодонија“ соопшти дека покрај тоа што има едукативен карактер, настанот со години ја потврдува својата цел – подигнување на винската свест и развој на нашата винска култура.
Во рамки на „Винодонија“ денеска и утре ќе се одржат пет работилници и мастер клас дегустации насловени по земјите и предизвиците: „Запознај ја винската Унгарија“, „Запознај ја винската Хрватска“, „Основи на спарување на вино и храна“ и „Во светот на винските меурчиња“.
Гостите ќе имаат можност за нови вински информации, директно од енолозите и луѓе вклучени во производството на вино, со што ќе се запознаат најновите стилови и трендови во оваа индустрија.
Во рамки на салонот ќе може да се вкусат и деликатеси од 15-ина гастрономски брендови од нашата земја.]]>https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shesto-izdanie-na-vinskiot-salon-vinodonija/feed/0Престижен вински салон „Винодонија“ на 25-ти и 26-ти ноември во „Мериот“
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prestizen-vinski-salon-vinodonija-na-25-ti-i-26-ti-noemvri-vo-meriot/
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prestizen-vinski-salon-vinodonija-na-25-ti-i-26-ti-noemvri-vo-meriot/#respondMon, 14 Nov 2022 11:16:27 +0000https://kurir.mk/?p=760207Шестото издание на престижниот вински салон „Винодонија“, годинава во елегантната атмосфера на хотелот „Мериот“ на 25-ти и 26-ти ноември во Скопје ќе ги собере сите вљубеници на оваа божја напивка. „Винодонија“ стана традиција иако многумина ја нарекуваат - рај за хедонисти, бидејќи ја негува винската страст, промовира добри вина, настан што освен едукативен карактер со години ја потврдува својата цел: подигнување на винската свест и развој на нашата винска култура.
„Винодонија“ е настан полн со можности, гостите ќе може да дегустираат вина од околу 60 винарии, со импресивна бројка од над 450 етикети на вино.
„Винодонија“ по правило ќе понуди едукативен пристап кон виното: за два дена ќе се случат 5 работилници и мастер клас дегустации насловени по земјите и предизвиците: „Запознај ја винската Унгарија“, „Запознај ја винската Хрватска“, „Основи на спарување на вино и храна“ и „Во светот на винските меурчиња“.
Гостите што за својот викенд - избор на 25-ти и 26-ти ноември ќе ја сакаат „Винодонија“ ќе имаат можност за нови вински информации, директно од енолозите и луѓе вклучени во производството на вино, со што ќе се запознаат најновите стилови и трендови во оваа индустрија.
Се разбира, виното со својата уникатност се надополнува со добрата храна: во рамките на салонот ќе можат да се вкусат и гастрономски деликатеси од околу 15-тина гастрономски брендови од Македонија.
И уште еден адут на „Винодонија“ кој ќе го комплетира возвишениот вкус на виното ќе биде настапот на џез бендот на македонскиот реномиран музичар Георги Шаревски.
Ве очекуваме на 6-тата „Винодонија“.]]>Шестото издание на престижниот вински салон „Винодонија“, годинава во елегантната атмосфера на хотелот „Мериот“ на 25-ти и 26-ти ноември во Скопје ќе ги собере сите вљубеници на оваа божја напивка. „Винодонија“ стана традиција иако многумина ја нарекуваат - рај за хедонисти, бидејќи ја негува винската страст, промовира добри вина, настан што освен едукативен карактер со години ја потврдува својата цел: подигнување на винската свест и развој на нашата винска култура.
„Винодонија“ е настан полн со можности, гостите ќе може да дегустираат вина од околу 60 винарии, со импресивна бројка од над 450 етикети на вино.
„Винодонија“ по правило ќе понуди едукативен пристап кон виното: за два дена ќе се случат 5 работилници и мастер клас дегустации насловени по земјите и предизвиците: „Запознај ја винската Унгарија“, „Запознај ја винската Хрватска“, „Основи на спарување на вино и храна“ и „Во светот на винските меурчиња“.
Гостите што за својот викенд - избор на 25-ти и 26-ти ноември ќе ја сакаат „Винодонија“ ќе имаат можност за нови вински информации, директно од енолозите и луѓе вклучени во производството на вино, со што ќе се запознаат најновите стилови и трендови во оваа индустрија.
Се разбира, виното со својата уникатност се надополнува со добрата храна: во рамките на салонот ќе можат да се вкусат и гастрономски деликатеси од околу 15-тина гастрономски брендови од Македонија.
И уште еден адут на „Винодонија“ кој ќе го комплетира возвишениот вкус на виното ќе биде настапот на џез бендот на македонскиот реномиран музичар Георги Шаревски.
Ве очекуваме на 6-тата „Винодонија“.]]>https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prestizen-vinski-salon-vinodonija-na-25-ti-i-26-ti-noemvri-vo-meriot/feed/0SuperWine 9.0 – На брановите на големите вина!
https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/superwine-9-0-na-branovite-na-golemite-vina/
https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/superwine-9-0-na-branovite-na-golemite-vina/#respondMon, 27 Jun 2022 14:44:44 +0000https://kurir.mk/?p=696436Деветтото издание на еден од највозбудливите вински настани во Југоисточна Европа - SuperWine ќе се одржи во сабота, 2 јули 2022 година од 20 часот на луксузното пристаниште за јахти Порто Монтенегро, во Тиват, Црна Гора. Според прелиминарната листа на винарии-изложувачи, пред нас е најдобриот SuperWine досега.
Подготовките за претстојниот SuperWine ги одбележа голем интерес од реномирани вински куќи. Годинешната, според сите оценки, најатрактивна винска програма на настанот SuperWine, традиционално ќе биде „засилена“ со настап на диџеј, како и богата придружна гастрономска програма.
Списокот на винарии-учесници изгледа волшебно. Еве само дел од великаните на регионалната и светската винска сцена кои доаѓаат во SuperWine со нивните супер вина - Monteverdi, Bertani, Jean Durup, DAOU Family Estates, Arthur Metz, Kovačević, Masciarelli, TEMET, Keković, Fontanafredda, MASI, Ražnatović, Đukić, 13. Jul Plantaže, Bikicki, Henkell x Freixenet, Jungić, PASQUA, Vinarija 100 žena, Monterosso и многу други.
Најголемите вински изненадувања оставени се како „шлаг на торта“ за самиот крај, а комплетната листа на учесници може да ја погледнете на веб-страницата superwine.rs.
Влезниците за SuperWine 9.0 ќе бидат достапни на лице место (Buddha-Bar Beach во Порто Монтенегро) на денот на настанот по цена од 40 евра, како и во претпродажба преку апликацијата Wine Drop Club, по цена од 35 евра.]]>Деветтото издание на еден од највозбудливите вински настани во Југоисточна Европа - SuperWine ќе се одржи во сабота, 2 јули 2022 година од 20 часот на луксузното пристаниште за јахти Порто Монтенегро, во Тиват, Црна Гора. Според прелиминарната листа на винарии-изложувачи, пред нас е најдобриот SuperWine досега.
Подготовките за претстојниот SuperWine ги одбележа голем интерес од реномирани вински куќи. Годинешната, според сите оценки, најатрактивна винска програма на настанот SuperWine, традиционално ќе биде „засилена“ со настап на диџеј, како и богата придружна гастрономска програма.
Списокот на винарии-учесници изгледа волшебно. Еве само дел од великаните на регионалната и светската винска сцена кои доаѓаат во SuperWine со нивните супер вина - Monteverdi, Bertani, Jean Durup, DAOU Family Estates, Arthur Metz, Kovačević, Masciarelli, TEMET, Keković, Fontanafredda, MASI, Ražnatović, Đukić, 13. Jul Plantaže, Bikicki, Henkell x Freixenet, Jungić, PASQUA, Vinarija 100 žena, Monterosso и многу други.
Најголемите вински изненадувања оставени се како „шлаг на торта“ за самиот крај, а комплетната листа на учесници може да ја погледнете на веб-страницата superwine.rs.
Влезниците за SuperWine 9.0 ќе бидат достапни на лице место (Buddha-Bar Beach во Порто Монтенегро) на денот на настанот по цена од 40 евра, како и во претпродажба преку апликацијата Wine Drop Club, по цена од 35 евра.]]>https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/superwine-9-0-na-branovite-na-golemite-vina/feed/0„Slow Wine салон 2021“ – настан кој ги слави малите семејни винарии и дава придонес кон едукацијата и градењето на македонската винска култура
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/slow-wine-salon-2021-nastan-koj-gi-slavi-malite-semejni-vinarii-i-dava-pridones-kon-edukacijata-i-gradenjeto-na-makedonskata-vinska-kultura/
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/slow-wine-salon-2021-nastan-koj-gi-slavi-malite-semejni-vinarii-i-dava-pridones-kon-edukacijata-i-gradenjeto-na-makedonskata-vinska-kultura/#respondFri, 03 Dec 2021 10:07:52 +0000https://kurir.mk/?p=603499„Slow Wine салон 2021“ е дводневен настан кој ќе се одржи на 3-ти и 4-ти декември 2021 во Битола во организација на „Слоу Фуд Македонија“ со локална поддршка на „Слоу Фуд Битола“.
Салонот има за цел презентација и промоција на производители на вино, кои ќе ни ги презентираат нивните вински приказни и ќе ни понудат на дегустација вина направени со страст. На третото издание на винскиот салон „Slow Wine салон 2021“ ќе се претстават преку 30 производители, 5 дестилерии и 10 производители на деликатесни производи кои ќе бидат понудени за дегустација на големиот број на љубители на виното и храната.
На винскиот салон ќе му претходи промоција на првото македонско издание на „Slow Wine 2021“ која ќе се одржи на 3-ти декември со почеток во 18 часот во Кино Манаки. Се работи за концепт граден низ годините на развој на Слоу Фуд движењето кое од самите почетоци негува култ кон виното, последниве години го преточува во независен вински водич.
Придонесот на Слоу Фуд во развојот на винската култура преку поддршка, едукација и промоција на малите семејни винарии, кои како нов бран надоаѓаат на винската сцена е од врвно значење во промоцијата на локалното поднебје, зачувувањето на локалниот биодиверзитет во лозјата, традиционалните техники на производство на вино и зачувувањето на животната средина. Настанот е можност да им се даде видливост на младите винари, малите винарии и нивните уникатни вина.
Во сабота на 4-ти декември Офицерскиот дом Битола за првпат ширум ќе ги отвори вратите за сите кои го негуваат култот кон виното, производители и љубители на овој божествен пијалак и ќе се претвори во своевиден „храм на виното“. Ова е еден од првите јавни настани кои ќе се одржат по реконструкцијата и пуштањето во употреба на Офуцерскот дом во Битола и претставува извонредна можност да се почувствува неговата убавина и амбиент збогатен со содржините од програмата на Slow Wine 2021.
Ограничен број на влезници за настанот ќе може да се купат онлајн: https://mktickets.mk/event/swbt/
Овој настан е од голема важност во едукацијата и градењето на винската култура, кон посреќна иднина во нашата земја.
Програма Slow Wine 2021, Вински салон Битола
03.12 2021, петок, Кино Манаки
18-19ч. – Промоција на водичот Slow Wine 2021
19-20ч. – Коктел
20-21ч. – Проекција на филм: Момчињата од Бароло
04.12 2021, сабота, Офицерски дом
16-23ч. – Вински салон со 30 винарии, 5 дестилерии и 10 производители на деликатесни производи.
* Настанот ќе се одржи во согласност со Covid-19 протоколот на Министерството за здравство. Задолжително треба да се покаже сертификат за двојна вакцинација, негативен PCR тест или сертификат за прележан Covid-19 во последните 30 дена.
Носење на маска е задолжително.

„Беше очекувано одлично и ова е дефинитивно најуспешната Винодонија досега“ - радосно ни изјави Александар Вучковски, директор на салонот и еден од организаторите.
Главната карактеристика на Винодонија за афирмирање и промовирање на малите бутик винарии од Македонија и оваа година се потенцираше преку присуство на дури осум нови вински брендови, а учеството на светски познатите вински ѕвезди како Ferrari и Mansalto покажува дека Винодонија се перцепира како сериозна платформа за претставување на регионалните и светски вински брендови пред македонската винска публика.
Како и секоја година, винскиот салон беше збогатен со едукативна програма составена од интересни и стручни предавања и работилници на кои што присуствуваа вински ентузијасти, но и млади професионални винари за кои што допрва ќе се слушне.
Познати, ценети предавачи, енолози и професори го споделуваа своето искуство и знаење со учесниците, со цел подобра винска едукација како основен предуслов за развој на винската култура.
Уште сега со нетрпение се чека наредната, јубилејна петта Винодонија 2020.
]]>Во последните два дена од есенски Ноември во хотел Мериот во Скопје успешно се одржа четвртото издание на веќе реномираниот Скопски Вински салон - Винодонија 2019. Во проширена форма и похрабра програма од лани, со висок стил и елеганција, Винодонија 2019 уште еднаш го постави виното на заслужениот пиедестал и ја славеше неговата уметност.
На салонот за дегустација учествуваа рекордни 48 винарии од Македонија и странство и ги претставија своите 440 етикети на вино пред 1450 гости, вински љубители.
Освен одличните македонски вина од скоро сите домашни винарии, гостите имаа уникатна прилика да дегустираат и вина од Србија, Словенија, Црна Гора, Косово, Грција, Италија (и тоа од 4 нејзини вински региони), Франција и Шпанија. Целата винска програма беше „спарена“ од вкусни деликатеси сместени во гастро корнерот на салонот.
„Беше очекувано одлично и ова е дефинитивно најуспешната Винодонија досега“ - радосно ни изјави Александар Вучковски, директор на салонот и еден од организаторите.
Главната карактеристика на Винодонија за афирмирање и промовирање на малите бутик винарии од Македонија и оваа година се потенцираше преку присуство на дури осум нови вински брендови, а учеството на светски познатите вински ѕвезди како Ferrari и Mansalto покажува дека Винодонија се перцепира како сериозна платформа за претставување на регионалните и светски вински брендови пред македонската винска публика.
Како и секоја година, винскиот салон беше збогатен со едукативна програма составена од интересни и стручни предавања и работилници на кои што присуствуваа вински ентузијасти, но и млади професионални винари за кои што допрва ќе се слушне.
Познати, ценети предавачи, енолози и професори го споделуваа своето искуство и знаење со учесниците, со цел подобра винска едукација како основен предуслов за развој на винската култура.
Уште сега со нетрпение се чека наредната, јубилејна петта Винодонија 2020.
]]>https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/vinodonija-2019-nastan-koj-go-podigna-vinoto-na-zasluzeniot-piedestal-fotogalerija/feed/0