вински водич – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 03 Dec 2021 10:07:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png вински водич – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Slow Wine салон 2021“ – настан кој ги слави малите семејни винарии и дава придонес кон едукацијата и градењето на македонската винска култура https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/slow-wine-salon-2021-nastan-koj-gi-slavi-malite-semejni-vinarii-i-dava-pridones-kon-edukacijata-i-gradenjeto-na-makedonskata-vinska-kultura/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/slow-wine-salon-2021-nastan-koj-gi-slavi-malite-semejni-vinarii-i-dava-pridones-kon-edukacijata-i-gradenjeto-na-makedonskata-vinska-kultura/#respond Fri, 03 Dec 2021 10:07:52 +0000 https://kurir.mk/?p=603499

„Slow Wine салон 2021“ е дводневен настан кој ќе се одржи на 3-ти и 4-ти декември 2021 во Битола во организација на „Слоу Фуд Македонија“ со локална поддршка на „Слоу Фуд Битола“. Салонот има за цел презентација и промоција на  производители на вино, кои ќе ни ги презентираат нивните вински приказни и ќе ни понудат на дегустација вина направени со страст.  На третото издание на винскиот салон Slow Wine салон 2021“ ќе се претстават преку 30 производители, 5 дестилерии и 10 производители на деликатесни производи кои ќе бидат понудени за  дегустација на големиот број на љубители на виното и храната. На винскиот салон ќе му претходи промоција на првото македонско издание на Slow Wine 2021“ која ќе се одржи на 3-ти декември со почеток во 18 часот во Кино Манаки. Се работи за  концепт граден низ годините на развој на Слоу Фуд движењето  кое од самите почетоци негува култ кон виното, последниве години го преточува во независен вински водич. Придонесот на Слоу Фуд во развојот на винската култура преку поддршка, едукација и промоција на малите семејни винарии, кои како нов бран надоаѓаат на винската сцена е од врвно значење во промоцијата на локалното поднебје, зачувувањето на локалниот биодиверзитет во лозјата, традиционалните техники на производство на вино и зачувувањето на животната средина. Настанот е можност да им се даде видливост на младите винари, малите винарии и нивните уникатни вина. Во сабота на 4-ти декември Офицерскиот дом Битола за првпат ширум ќе ги отвори вратите за сите кои го негуваат култот кон виното, производители и љубители на овој божествен пијалак и ќе се претвори во своевиден „храм на виното“. Ова е еден од првите јавни настани кои ќе се одржат по реконструкцијата и пуштањето во употреба на Офуцерскот дом во Битола и претставува извонредна можност да се почувствува неговата убавина и амбиент збогатен со содржините од програмата на Slow Wine 2021. Ограничен број на влезници за настанот ќе може да ​се ​купат​ онлајн: https://mktickets.mk/event/swbt/ Овој настан е од голема важност во  едукацијата и градењето на винската култура, кон посреќна иднина во нашата земја.

Програма Slow Wine 2021, Вински салон Битола

03.12 2021, петок, Кино Манаки
  • 18-19ч. – Промоција на водичот Slow Wine 2021
  • 19-20ч. – Коктел​​
  • 20-21ч. – Проекција на филм: Момчи​​њата од Бароло
04.12 2021, сабота, Офицерски дом
  • 16-23ч. – Вински салон со 30 винарии, 5 дестилерии и 10 производители на деликатесни производи.
*​ Настанот ќе се одржи во согласност со C​​ovid-19 протоколот на Министерството за здравство. Задолжително треба да се покаже сертификат за двојна вакцинација, негативен PCR тест или сертификат за прележан Covid-19 во последните 30 дена. Носење на маска е задолжително.

Прво македонско издание на Slow Wine 2021

Првото македонско издание на Slow Wine 2021, концепт граден низ годините на развој на Слоу Фуд движењето  кое од самите почетоци негува култ кон виното, последниве години го преточува во независен вински водич. Slow Wine, преку водичот, усвојува нов пристап на вреднување и промоција на виното и го разгледува неговиот квалитет од аспект на уважување на биодиверзитетот и традиционалното производство. Идејата на Slow Wine е да ги презентира уникатните приказни за винарите, нивната страст и поврзаност со земјата, лозјата, локалните вински сорти грозје и пејзажите, традицијата и технологијата на вино, со фаворизирање на оние кои спроведуваат еколошки одржливи практики на одгледување винова лоза и производство на вино. Во првото македонско издание на Slow Wine 2021 преставени се 7 винарии и 27 вина од локални, регионални и интернационални вински сорти  кои се одраз на македонскиот тероар. Oваа публикација е посветена на македонските винарии кои како нов бран се појавуваат во последниве години на винската сцена. Изборот на вина е направен врз основа на посети на винариите, разговори со винарите и сесии на сензорно оценување, благодарение на нашиот тим на експерти за вино, здружен во Slow Wine комитет. Водичот ги пренесува новитетите од винариите, кои ќе им помогнат на љубителите на вино да направат посвесен избор. Ова е само прв чекор, во следните изданија идејата е водичот да се проширува со нови винарии и вина. Првото македонско издание на Slow Wine 2021 ќе биде промовирано овој петок, 3-ти декември 2021, во Битола, на винскиот салон Slow Wine 2021 кој се одржува по трет пат, а оваа година под Slow Wine концептот. Уредници: Слободен Чокревски и Николче Николовски Автор на текст: Ивана Симјановска Членови на Slow Wine комитет: Слободен Чокревски, проф. д-р Виолета Димовска; проф. д-р Горан Миланов, Ивана Симјановска; Александар Вучковски; Дејан Донев; Илија Малинковски; Марија Николовска; Петар Величковиќ; Трајан Димкоски; Лазар Плетварски; Елена Богева; Mилица Плетварска; Кире Петров; Горан Колев; Страшко Милошевски; Николче Николовски; Васко Марковски; Александар Клинчаров; Насловна страница и илустрации: Рената Атаин (2021) Дизајн: ОРТОГРАФ  графичка работилница Уредување: Жарко Стојановиќ Фотографии: Петкамен Издавач: Slow Food Macedonia © 2021 [email protected] / www.slowfood.mk]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/slow-wine-salon-2021-nastan-koj-gi-slavi-malite-semejni-vinarii-i-dava-pridones-kon-edukacijata-i-gradenjeto-na-makedonskata-vinska-kultura/feed/ 0