виолета томовска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 30 Nov 2020 14:15:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png виолета томовска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ТРАГЕДИЈА ВО ДОМОТ НА ВИОЛЕТА ТОМОВСКА: Од корона почина зетот за ќерката за кого е напишана песната „македонско девојче“ (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/tragedija-vo-domot-na-violeta-tomovska-od-korona-pochina-zetot-za-kjerkata-za-kogo-e-napishana-pesnata-makedonsko-devojche-foto/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/tragedija-vo-domot-na-violeta-tomovska-od-korona-pochina-zetot-za-kjerkata-za-kogo-e-napishana-pesnata-makedonsko-devojche-foto/#respond Mon, 30 Nov 2020 14:15:28 +0000 https://kurir.mk/?p=436350

Утрово од ковид-19 почина Зоран Росоманов, зетот на фолк-легендата Виолета Томовска, и сопруг на Невенка, девојчето за кое е испеана песната „Македонско девојче“, објавува Репортер. Утрово веста осамна на социјалните мрежи, кои се преплавени од изрази на сочувство кон Невенка за нејзиниот сопруг. Тој на јавноста ѝ стана познат откако за нејзиниот 50 роденден организираше пејачите да направат преработка на легендарната песна „Македонско девојче“. Зоки и Невенка беа во брак 30 години. Тој во една прилика, пред неколку години, за Репортер раскажа како кога Невенка го славеше јубилејниот 50. роденден организираше да се направи римејк на песната, а го отпеаја оперската дива Весна Илкова Гиновска и Наум Петрески. За овој римејк беше снимен и спот. Ова беше неговиот подарок за сопругата. Познато е дека Невенка е инспирацијата на Јонче Христовски за да ја напише „Македонско девојче“ уште кога го славела првиот роденден. По 50 години, во чест на јубилејот, Зоран пред четири години организираше сè во тајност за да ја изненади Невенка со преработката на песната и со спот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/tragedija-vo-domot-na-violeta-tomovska-od-korona-pochina-zetot-za-kjerkata-za-kogo-e-napishana-pesnata-makedonsko-devojche-foto/feed/ 0
Виолета Томовска доби награда за животно дело од родната Битола https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/violeta-tomovska-dobi-nagrada-za-zivotno-delo-od-rodnata-bitola/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/violeta-tomovska-dobi-nagrada-za-zivotno-delo-od-rodnata-bitola/#respond Mon, 05 Nov 2018 12:40:28 +0000 https://kurir.mk/?p=123636

Легендата на македонската народна песна, Виолета Томовска е годинашната добитничка на наградата за животно дело „4 ноември“ која се доделува по повод Денот на ослободувањето на Битола. Управниот одбор за доделување на оваа награда едногласно одлучи ова признание да го добие токму нивната славна сограѓанка, која годинава одбележува 58 години кариера. 73-годишната дива деновиве го доби истото признание и на јубилејното 25. издание на фолк-фестивалот „Филиграни“, кој се одржа минатата недела во Домот на АРМ. Порано годинава, таа откри дека сè уште неуморно снима нови песни, а голема желба ѝ е да одржи уште еден голем концерт во Скопје или во родната Битола. „Би сакала уште еднаш на сцената да застанам со сите мои колеги, текстописци, композитори и да им се заблагодарам за сите прекрасни мигови и песни што ми ги подариле од срце, а јас ѝ ги подарив на мојата публика“ – изјави Томовска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/violeta-tomovska-dobi-nagrada-za-zivotno-delo-od-rodnata-bitola/feed/ 0