Виолин фест – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 14 Jun 2021 06:03:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Виолин фест – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Осмо издание на „Виолин-фест“ со учесници од Србија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/osmo-izdanie-na-violin-fest-so-uchesnici-od-srbija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/osmo-izdanie-na-violin-fest-so-uchesnici-od-srbija/#respond Mon, 14 Jun 2021 06:03:01 +0000 https://kurir.mk/?p=522991

Во Камерната сала во Филхармонијата вечер од 20 часот ќе се одржи осмото издание на фестивалот „Виолин-фест“ кој им овозможува настап на млади домашни и странски виолинисти. Оваа година на фестивалот ќе учествуваат ученици од музичките училишта во Србија, добитници на награди на меѓународниот натпревар „Охридски бисер“ што се одржа минатата година. Ќе настапат Алекса Аќимомовиќ, четврто одделение во музичкото училиште во Ниш, Јована Удовиќ, четврта година на Школата за музички таленти во Ќуприја, Симеон Гошев, трета година во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“-Скопје, Софија Додиг, втора година во училиштето „Јосип Славенски“ во Белград и Анѓела Јосифовски, втора година во „Коста Манојловиќ“ во Земун. Младите виолинисти ќе настапат во придружба на пијанистката Марија Вршкова. На програмата се дела од Елгар, Крајслер, Бах, Паганини, Виењавски, Шуплевски, Шпато… – На младите виолинисти им е потребно најголемо јавно експонирање и затоа е, всушност, и создаден овој фестивал. Тој е еден вид неконвенционален музички подиум кој им дава можност на учениците да настапат надвор од своите обврски кон наставната програма, да го покажат својот талент изведувајќи ги најпознатите дела за виолина, без притисокот од оценување и бодување. Најголема награда за нив е аплаузот, вели виолинистот Владимир Костов, организатор на фестивалот. На вечерашниот концерт ќе бидат одбележани и 90 години од раѓањето на композиторот и диригент Драган Ѓаконовски-Шпато и 20 години од смртта на композиторот Драган Шуплевски. Во рамки на фестивалот ќе има и предавање и миниконцерт во СОС Детско село. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/osmo-izdanie-na-violin-fest-so-uchesnici-od-srbija/feed/ 0
Шести „Виолин фест“ – фестивал на млади виолинисти https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/shesti-violin-fest-festival-na-mladi-violinisti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/shesti-violin-fest-festival-na-mladi-violinisti/#respond Tue, 12 Jun 2018 06:03:42 +0000 https://kurir.mk/?p=64729

Во камерната сала на Македонската филхармонија вечер од 20 часот ќе се одржи шестото издание на Фестивалот на млади виолинисти „Виолин фест“. На ревијалниот концерт ќе настапат млади и талентирани виолинисти од музичките училишта од Скопје, Штип, Кочани, Прилеп и Косово, како и студенти од Факултетот за музичка уметност во Скопје. Тие ќе изведат композиции од Вивалди, Крајслер, Равел, Сарасате, Ваксман... Организатор на „Виолин фест“ и оваа година е Владимир Костов, виолинист и концерт-мајстор на Македонската филхармонија,  чија идеја е на едно место да се презентира талентот на младите виолинисти од цела Македонија. - „Виолин фест“ наедно нуди и отворање на концертната сцена и претставување пред поширок аудиториум на младите музичари за кои музиката е вистински предизвик, соопшти Филхармонијата. Оваа година младите виолинисти на сцената ќе бидат придружени од пијанистката Марија Вршкова. Фестивалот се реализира во соработка со Музичката младина на Македонија и Министерството за култура. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/shesti-violin-fest-festival-na-mladi-violinisti/feed/ 0