виолинист – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 11 Nov 2019 09:43:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png виолинист – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Концерт со Вадим Глузман, еден од најдобрите виолинисти https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/koncert-so-vadim-gluzman-eden-od-najdobrite-violinisti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/koncert-so-vadim-gluzman-eden-od-najdobrite-violinisti/#respond Mon, 11 Nov 2019 09:43:50 +0000 https://kurir.mk/?p=262518

„Меѓу срцето и умот“ е насловен концертот во четврток на кој ќе настапи исклучителниот руски виолинист Вадим Глузман, кој важи за еден од најдобрите инструменталисти на светската музичка сцена. Вадим Глузман на 16 години се преселил во Израел каде учел виолина кај славниот Исак Штерн. Свири на исклучителен инструмент „Страдивари“ кој некогаш му припаѓал на големиот унгарски виолинист и педагог Леополд Оер. -Неверојатно добро е да се свири на инструмент, чиј звук го имале предвид Чајковски и Глазунов кога си создавале своите виолински концерти. Овој исклучителен инструмент на своите часови го слушале колосални виолинсти како Јаша Хајфец, Нетан Милстајн и Миша Елман. Тоа за мене е апсолутно инспиративно и посебно. Чувствувам како да се затвора историскиот круг и во исто време како да го пренесум факелот кон новите генерации кои допрва доаѓаат. Глузман ќе го изведе Концертот за виолина и оркестар оп.64 од Феликс Менделсон, едно од најизведуваните дела во виолинската литература. -Овој концерт е еден од најсовршените  во виолинскиот репертоар. И хармонски и ритмички и мелодиски, нема нешто што треба да се додаде или одземе во него. Во исто време, концертот ја носи „тежината“ на традицијата која ја создале генерации музичари пред мене. Да бидеш инспириран од традицијата, без да следиш никого, да го најдеш својот глас без да ги нарушиш интенциите на композиторите и на крај да ја допреш суштината на делото – тоа се најважните предизвици кога пред себе имаш ваков музичко ремек дело. На програмата е и Симфонијата број 5 од Сергеј Прокофјев. „Во оваа симфонија сакав музички да насликам среќен и слободен човек – неговата сила, добрина и чистота на душата. Не би можел да кажам дека намерно ја избрав оваа тема, таа се роди во мене и морав да ја преточам во музичка мисла“, вели Прокофјев за оваа симфонија. Делото е напишано во 1944 година, еден од најсреќните периоди во животот на композиторот. Се оженил по вторпат, во тој период бил еден од најизведуваните советски композитори, Русија ја добила Втората светска војна. Станува збор за исклучително моќно музичко дело, кое се инспирира од симфонискиот стил на Бетовен и Чајковски, но во исто време промовира автентичен и индивидуален музички јазик. Овој концерт со атракативна програма и солист ќе го води Михал Нестерович од Полска. Откако победи на Европскиот натпревар за диригирање во Шпанија во 2008 година, полскиот диригент Михал Нестерович (1974) застана зад пултот со голем број на водечки оркестри и ансамбли во Европа. Оваа концертна сезона го прави дебито со Минхенската филхармонија, со Симфонискиот оркестар на Хамбург, со Филхармонијата на Луксембург..., а се враќа да диригира и со симфонсиките оркестри на Барселона, Базел, Галиција, со Кралската филхармонија...]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/koncert-so-vadim-gluzman-eden-od-najdobrite-violinisti/feed/ 0