„Виолински класици“ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 30 Jan 2020 06:58:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png „Виолински класици“ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Виолински класици“ на вечерашниот концерт на Филхармонијата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/violinski-klasici-na-vecherashniot-koncert-na-filharmonijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/violinski-klasici-na-vecherashniot-koncert-na-filharmonijata/#respond Thu, 30 Jan 2020 06:58:42 +0000 https://kurir.mk/?p=296674

„Виолински класици“ е насловен вечерашниот концерт на Филхармонијата на кој солист ќе биде виолинистот Александар Димчевски, а диригент Румон Гамба од Велика Британија. На програмата се увертирата „Земја на планина и поплава“ од Хамиш Меккан, Концертот за виолина и оркестар од Макс Брух и Симфонијата број 7 од Антонин Дворжак. Увертирата „Земја на планина и поплава“ (1887) премиерно ќе биде изведена на македонската сцена, а нејзиниот автор, шкотскиот композитор Хамиш Меккан (1868–1916), ја стекнал популарноста токму со ова дело. -Во 1970-тите години увертирата беше искористена во шкотската ТВ-серија „Законот на Сатерленд“, која ја продуцираше Би-би-си и, на некој начин, неговото име повторно почна да се слуша во јавноста. Музиката на Меккан е романтичарска и во неа се чувствува силно влијание од она што го креираа неговите претходници како  Дворжак, Менделсон, Григ, па и Вагнер, соопшти Филхармонијата. Концертот за виолина и оркестар, пак, кој е исто така на вечерашната програма, е најизведуваното и најпознато дело на германскиот композитор Макс Брух (1838–1920), иако тој зад себе оставил голем број други импресивни творби кои претежно ги обликувал со боите на народните песни за кои особено се интересирал. За Симфонијата број 7 од Антонин Дворжак Филхармонијата посочува дека поседува богатство од тематски идеи – од темни и мрачни до пасторални, со прекрасни мелодии што ја дефинираат целокупната атмосфера. Се смета за структурно најамбициозна симфонија на Дворжак, иако неговата Деветта е најпопуларна. Виолинистот Александар Димчевски, кој е солист на концертот, е камерен музичар, концерт-мајстор и педагог. Роден е во Франција во руско-македонско семејство, а виолина почнал да учи со својот татко, реномираниот уметник Благоја Димчевски, поранешен ученик на Јуриј Јанкелевич, продолжувајќи го традиционалното руско училиште за свирење виолина. Од 2016 година Димчевски е концерт-мајстор во Унгарската државна опера, а од 2018 година го води и Камерниот оркестар Hohenems Arpeggione. Гостин концерт-мајстор е и во оркестри во Франција, Германија и Данска, каде што, како и во Унгарија, постојано држи мастер-часови. Александар Димчевски свири на виолина од 1754 година, изработена од Карло Фердинандо Ландолфи. Оркестарот на Филхармонијата ќе го води британскиот диригент Румон Гамба кој во својата досегашна кариера бил на неколку значајни позиции, како шеф-диригент и музички директор на Шведската оперска компанија Норланд опера, шеф-диригент на Алборг симфонискиот оркестар  и шеф-диригент и музички директор на Симфонискиот оркестар на Исланд. -Маестро Гамба особено се фокусира на современата музика и неговото име стои зад светските премиери на „Две момчиња“ на Нико Мулеј во Англиската национална опера, Концертот за виола на Брет Дин со Би-би-си симфонискиот оркестар, националните премиери на „Танцувач во ноќта“ на Пол Рудерс, „Крв на подот“ од Марк Ентони или „Скерцоид“ со Норланд опера, како и австралиската премиера на оригиналната верзија на Симфонија бр. 5 од Сибелиус…, наведува Филхармонијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/violinski-klasici-na-vecherashniot-koncert-na-filharmonijata/feed/ 0