Вирго – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 13 Mar 2019 14:12:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Вирго – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Уметност и имагинација: Погледнете како изгледа ребрендираната Вирго линија на ВВМ „ГД – ТИКВЕШ“ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/umetnost-i-imaginacija-poglednete-kako-izgleda-rebrendiranata-virgo-linija-na-vvm-gd-tikvesh/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/umetnost-i-imaginacija-poglednete-kako-izgleda-rebrendiranata-virgo-linija-na-vvm-gd-tikvesh/#respond Wed, 13 Mar 2019 14:10:48 +0000 https://kurir.mk/?p=174338

Инспирирани од се она што ги прави виното и жените по многу нешта толку слични, а сепак толку посебни и уникатни, на Осми март, Светскиот ден на жената, винарската визба Милев „ГД-ТИКВЕШ“ со посебна чест и задоволство ја претстави комплетно ребрендираната линија на Вирго вина. Спакувани во сосема нови, исклучително елегантни шишиња, „дотерани“ во ексклузивните етикети кои совршено го отсликуваат спојот помеѓу традиционалното и модерното, новиот дизајн ја прави целата Вирго линија уникатна и лесно препознатлива за секој вистински вљубеник во виното.
„Кога започнавме да размислуваме за ребрендирање на Вирго линијата се сложивме дека сакаме дизајн кој ќе открива дел од енергијата, елеганцијата и уникатноста која се крие во внатрешноста на секое шише, а истовремено ќе претставува и совршена симбиоза помеѓу имагинацијата и уметноста на правење врвно вино. Мислам дека во целост успеавме во тоа, и дека новиот дизајн само ќе го надополни впечатокот кој го добиваат консументите по секоја голтка од нашите вина“ – изјави Миле Милев, извршен директор на винарската визба Милев „ГД-ТИКВЕШ“.
Во вонвременскиот дизајн и релјефниот принт на секое од петте исклулителни вина, Темјаника, Траминер, Шардоне, Совињон Бланк и Мускат Розе многу суптилно, но сепак читливо и достапно за секого се поместени и сите информации за географското потекло на виното, неговите карактеристики и специфичности. Новата ребрендирана Вирго линија веќе може да се најде во винотеката на винарската визба Милев „ГД-ТИКВЕШ“ лоцирана на улицата „Шишка“ бр.2, а веќе многу наскоро ќе биде достапна и во сите поголеми маркети и ресторани во Македонија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/umetnost-i-imaginacija-poglednete-kako-izgleda-rebrendiranata-virgo-linija-na-vvm-gd-tikvesh/feed/ 0