вирус убиец – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 03 Feb 2020 06:49:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png вирус убиец – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Големо дневено зголемување на починати од коронаворусот во Кина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/golemo-dneveno-zgolemuvanje-na-pochinati-od-koronavorusot-vo-kina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/golemo-dneveno-zgolemuvanje-na-pochinati-od-koronavorusot-vo-kina/#respond Mon, 03 Feb 2020 06:49:18 +0000 https://kurir.mk/?p=298354

Бројот на починати во Кина во епидемијата на коронавирусот до вчера нарасна на 362, што е зголемување од 58 лица во однос на претходниот ден, соопшти Националната здравствена комисија. Од новите смртни случаи дури 56 се забележени во провинцијата Хубеи, додека едно лице починало во покраината Чонгинг. Во Кина се регистрирани уште 2.829 заболени лица, па вкупниот број сега изнесува 17.205 заболени.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/golemo-dneveno-zgolemuvanje-na-pochinati-od-koronavorusot-vo-kina/feed/ 0
Потврдени првите два случаи на коронавирусот во Англија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/potvrdeni-prvite-dva-sluchai-na-koronavirusot-vo-anglija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/potvrdeni-prvite-dva-sluchai-na-koronavirusot-vo-anglija/#respond Fri, 31 Jan 2020 09:54:53 +0000 https://kurir.mk/?p=297370

Два случаи на коронавирус се потврдени во Велика Британија, соопштија здравствените власти. Шефот на медицинската канцеларија за Англија ги потврди случаите. -Можеме да потврдиме дека двајца пациенти од Англија, членови на исто семејство, се позитивни на коронавирусот. Тие добиваат специјална нега, употребуваме тестирана контролна процедура за да превенираме ширење на вирусот, истакна професорот Крис. Оттаму посочуваат дека продолжуваат тесно да соработуваат со Светската здравствена организација и да бидат подготвени за сите сценарија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/potvrdeni-prvite-dva-sluchai-na-koronavirusot-vo-anglija/feed/ 0
Кога и зошто СЗО прогласува вонредна состојба? https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/koga-i-zoshto-szo-proglasuva-vonredna-sostojba/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/koga-i-zoshto-szo-proglasuva-vonredna-sostojba/#respond Fri, 31 Jan 2020 07:51:31 +0000 https://kurir.mk/?p=297285

Светската здравствена организација прогласува вонредна состојба опасна по јавното здравје на меѓународно ниво кога постои „вонреден случај“ кој претставува ризик за јавното здравје за другите земји, преку ширење на болеста на глобално ниво, а сега таква одлука е донесена поради ширењето на коронавирусот. Во вчерашното соопштение објавено на веб-страницата на СЗО, Комитетот за вонредни ситуации на СЗО предупреди дека до понатамошно ширење на случаите на коронавирусот може да дојде во која било земја. Според меѓународните здравствени регулативи од 2005 година, државите имаат законска обврска веднаш да одговорат на прогласувањето вонредна ситуација опасна по јавното здравје на меѓународно ниво. Вонредна состојба се прогласува поради вонреден случај кој потенцијално бара координиран меѓународен одговор во случај на „сериозна, ненадејна, невообичаена или неочекувана“ ситуација, која има последици по јавното здравје вон границите на погодената земја и може да бара итна меѓународна акција. СЗО досега прогласи ваква состојба пет пати, и вчера по шести пат поради новиот коронавирус. СЗО првпат се одлучи на тој чекор во 2009 година кога вирусот H1N1, познат како „свински грип“, се прошири низ светот и од него починаа 200.000 луѓе, па вонредната состојба беше прогласена за да се обезбеди светот внимателно да го следи ширењето на вирусот и да реагира, меѓу другото, и со вакцини. Иако светот во 2012 година беше поблиску од кога било до искоренувањето на случаи на заболени од детска парализа, бројот на заболените се зголеми во 2013 година, а во 2014 година беше прогласена вонредна состојба од страв дека борбата против болеста на глобално ниво може да се соочи со голема пречка. СЗО прогласи вонредна здравствена состојба поради вирусот Зика во 2016 година, откако болеста брзо се прошири низ американскиот континент. Станува збор за вирус што може да биде опасен за бремени жени и вонредната ситуација беше прогласена за да се поттикнат итни истражувања. СЗО поради еболата прогласи вонредна состојба во 2014 и 2019 година. Првпат беше во сила од август 2014 година до март 2016 година, откако беа регистрирани 30.000 заразени случаи, со 11.000 починати во западниот дел на Африка, а вторпат ситуацијата беше прогласена минатата година по ширењето на болеста во Демократскиот Република Конго, потсетува Би-Би-Си. Прогласувањето вонредни здравствени состојби го објавува Комитетот за вонредни ситуации на СЗО, кој е составен од меѓународни експерти кои работат во согласност со меѓународните здравствени регулативи од 2005 година. Поради тоа, Комитетот им препорача на сите држави да бидат подготвени за борба против вирусот, што, како што наведе, вклучува активен надзор, рано откривање, изолација, управување со случаи, следење на контакти, спречување на натамошно ширење на вирусот, како и споделување податоци со СЗО. Во своите препораки до глобалната заедница, Комитетот потсетува дека станува збор за нов коронавирус и оти претходно се покажало дека слични случаи на коронавирусот барат значителни напори за да се овозможи редовна размена на информации и истражувања. Тој затоа ја повика меѓународната заедница да продолжи да покажува солидарност и подготвеност за соработка со цел државите да си помагаат едни на други во откривањето на изворот на новиот вирус, неговиот целосен потенцијал за пренесување од човек на човек, како и да бидат подготвени за потенцијален „увоз“ на нови случаи и да спроведуваат истражувања за потребниот третман. Комитетот ја повикува меѓународната заедница да обезбеди поддршка и за неразвиените и средно развиените земји за да можат да одговорат на овој вирус, како и да го олесни пристапот до дијагностика, потенцијални вакцини и терапии. Комитетот и порача на Кина да продолжи со примена на сеопфатна стратегија за комуникација за ризиците со цел редовно да го информира населението за еволуција на епидемијата, мерките за превенција и заштита, како и мерките што се преземаат за нејзино сузбивање. Комитетот и препорача на Кина да ги зајакне рационалните мерки на јавното здравје со цел борба против епидемијата, да обезбеди отпорност на здравствениот систем и да ги заштити здравствените работници, да го подобри надзорот и активното откривање на случаи низ цела Кина, да соработува со СЗО и партнерите за спроведување истраги за да се сфати епидемиологијата и развојот на епидемијата и да се утврди кои се мерките за нејзино спречување. Комитетот го поздрави раководството и политичката посветеност на највисоките нивоа на власт во Кина, нивната посветеност на транспарентноста и напорите што ги презедоа за спроведување истрага и контрола на епидемијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/koga-i-zoshto-szo-proglasuva-vonredna-sostojba/feed/ 0
Нов црн биланс во Кина: 213 починати од коронавирусот, 9.692 заразени https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nov-crn-bilans-vo-kina-213-pochinati-od-koronavirusot-9-692-zarazeni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nov-crn-bilans-vo-kina-213-pochinati-od-koronavirusot-9-692-zarazeni/#respond Fri, 31 Jan 2020 07:07:10 +0000 https://kurir.mk/?p=297254

Од последиците на коронавирусот во Кина починаа 213 лица, а 9.692 се заразени, соопшти Кинеската здравствена комисија. За 24 часа бројот на жртвите се зголеми за 43 лица. Најголем број случаи има во провинцијата Хубеи и главниот град Вухан, жариштето на вирусот. Надвор од Кина не е регистриран ниту еден случај. Светската здравствена организација вчера прогласи вонредна состојба на глобално ниво, откако бројот на случаи на заболени со новиот коронавирус се зголеми за повеќе од десет пати во една недела. СЗО соопшти дека глобалната итна ситуација претставува „вонреден случај“, што значи дека претставува ризик за другите земји и оти е неопходен координиран меѓународен одговор. Одлуката исто така на земјите им наметнува построги критериуми во пријавување на случаи на заразата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nov-crn-bilans-vo-kina-213-pochinati-od-koronavirusot-9-692-zarazeni/feed/ 0
Италија ги прекинува сите летови до и од Кина поради коронавирусот, регистрирани првите два случаи https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/italija-gi-prekinuva-site-letovi-do-i-od-kina-poradi-koronavirusot-registrirani-prvite-dva-sluchai/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/italija-gi-prekinuva-site-letovi-do-i-od-kina-poradi-koronavirusot-registrirani-prvite-dva-sluchai/#respond Fri, 31 Jan 2020 07:03:29 +0000 https://kurir.mk/?p=297249

Премиерот на Италија Џузепе Конте синоќа објави дека се регистрирани првите два случаи на новиот коронавирус во земјата и оти Италија ги прекинува сите летови до и од Кина. Конте рече дека Италија е првата европска земја што донесе одлука да ги прекине летовите „поради претпазливост“. – Како и во другите земји, имаме два потврдени случаи на коронавирусот. Се работи за двајца кинески туристи кои пристигнале пред неколку дена, информира Конте на прес-конференција. СЗО синоќа прогласи глобална вонредна ситуација поради новиот коронавирус.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/italija-gi-prekinuva-site-letovi-do-i-od-kina-poradi-koronavirusot-registrirani-prvite-dva-sluchai/feed/ 0
Епидемијата на коронавирусот ќе го достигне својот врв за 10 дена https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/epidemijata-na-koronavirusot-kje-go-dostigne-svojot-vrv-za-10-dena/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/epidemijata-na-koronavirusot-kje-go-dostigne-svojot-vrv-za-10-dena/#respond Wed, 29 Jan 2020 10:28:40 +0000 https://kurir.mk/?p=296246

Епидемијата на новиот коронавирус, кој се појави во централната кинеска провинција Хубеи кон крајот на 2019 година, може да го достигне својот врв „за околу 10 дена“, изјави кинескиот експерт за респираторни болести Жонг Наншан. Во интервју за кинеската државна новинска агенција Ксинхуа, Жонг, кој го откри коронавирусот САРС во 2003 година, изрази уверување дека оти новиот вирус „ќе достигне кулминација и потоа нема да има зголемување на заболени од големи размери“. Бројот на починати од појавата на коронавирус во Кина денеска достигна најмалку 131 лице, соопшти кинеската Национална комисија за здравство. Речиси 6.000 луѓе се заразени низ целата земја. Од вчера до денеска бројот на потврдени случаи на зараза со вирусот се зголеми за 60 проценти. – Епидемијата на САРС траеше околу шест месеци. Но не верувам дека епидемијата на новиот коронавирус ќе трае толку долго, рече Жонг. Бројот на нови случаи на коронавирус денеска го надмина оној на епидемијата на САРС во 2003 година, во која починаа околу 800 луѓе низ целиот свет, но стапката на смртност од новиот вирус е значително пониска. Предвидувањата на Жонг се во спротивност со други експерти. Математички модел на Габриел Леунг, декан на медицинскиот факултет на престижниот Универзитет на Хонг Конг, предвиде дека епидемијата ќе го достигне врвот во април или мај годинава.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/epidemijata-na-koronavirusot-kje-go-dostigne-svojot-vrv-za-10-dena/feed/ 0
Кина: Од коронавирусот досега починаа 131 лице https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-od-koronavirusot-dosega-pochinaa-131-lice/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-od-koronavirusot-dosega-pochinaa-131-lice/#respond Wed, 29 Jan 2020 06:18:26 +0000 https://kurir.mk/?p=296066

Од последици на коронавирусот во Кина досега починале 131 лице, а заболени се повеќе од 4.600. Бројот на починати во провинцијата Хубеи до синоќа се зголеми за 25, со што нивниот вкупен број изнесува 125. Како што соопштија здравствените власти од провинцијата, каде има најмногу заболени, до синоќа биле пријавени 840 нови случаи, а вкупно со коронавирусот се заразени 3. 554 лица, пренесуваат британските медиуми. Најголемиот број жртви и пациенти се од Вухан, главниот град на провинцијата, каде вирусот првпат беше регистриран. Во светот досега се потврдени повеќе од 70 случаи на заболени од коронавирус, пренесе Си-Ен-Ен]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-od-koronavirusot-dosega-pochinaa-131-lice/feed/ 0
Потврден првиот случај на коронавирус во Германија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/potvrden-prviot-sluchaj-na-koronavirus-vo-germanija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/potvrden-prviot-sluchaj-na-koronavirus-vo-germanija/#respond Tue, 28 Jan 2020 07:48:40 +0000 https://kurir.mk/?p=295553

Во Германија е потврден првиот случај на коронавирусот, епидемијата што избувна во Кина кон крајот на 2019 година. Канцеларијата за здравство во Баварија потврди дека со вирусот е  заразен жител на Штарнберг,  место на триесет километри од Минхен. Пациентот засега е во добра состојба и е под надзор на лекар. Засега не се објавени детали за пациентот, на која возраст е, ниту неговата националност. Луѓето кои биле во контакт со пациентот биле информирани за можните симптоми на болеста и мерките што треба да ги преземат доколку се промени нивната здравствена состојба.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/potvrden-prviot-sluchaj-na-koronavirus-vo-germanija/feed/ 0
Од коронавирусот во Кина починаа 106 лица, заразени околу 4.500 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/od-koronavirusot-vo-kina-pochinaa-106-lica-zarazeni-okolu-4-500/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/od-koronavirusot-vo-kina-pochinaa-106-lica-zarazeni-okolu-4-500/#respond Tue, 28 Jan 2020 07:47:12 +0000 https://kurir.mk/?p=295551

Бројот на починати од коронавирусот во Кина надмина 100, а потврдено е дека има повеќе од 4.500 заразени, пренесува Си-Ен-Ен, наведувајќи дека американските власти веќе ги предупредија граѓаните да не патуваат во Кина доколку не е неопходно. Светските агенции прецизираат дека бројот на жртвите се зголеми на 106 и дека е регистрирана и првата жртва во Пекинг. Властите во Хубеј, кинеската провинција каде што е жариштето на епидемијата, соопштија дека се потврдени уште 1.300 нови случаи на заразени, од кои поголем број се во болница, а 125 од нив се во тешка состојба. Американскиот Центар за контрола и спречување болести издаде предупредување за патување од трето ниво, наведувајќи дека треба да се избегнува секое патување во Кина кое не е неопходно. Притоа се посочува дека кинеските власти воведоа карантин и го ограничуваат патувањето низ земјата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/od-koronavirusot-vo-kina-pochinaa-106-lica-zarazeni-okolu-4-500/feed/ 0
Вашингтон ги повика Американците да избегнуваат да патуваат во Кина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vashington-gi-povika-amerikancite-da-izbegnuvaat-da-patuvaat-vo-kina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vashington-gi-povika-amerikancite-da-izbegnuvaat-da-patuvaat-vo-kina/#respond Tue, 28 Jan 2020 07:14:38 +0000 https://kurir.mk/?p=295522

Стејт департментот ги предупреди Американците да избегнуваат да патуваат во Кина поради ширење на коронавирусот и го подигна предупредувањето за патување во таа земја на трето ниво. Како што се наведува во соопштението од Стејт департментот, патувањето во Кина треба да се преиспита поради новиот вид коронавирус кој првпат се појави во Вухан, истакнувајќи дека во некои области ризикот е зголемен, а кинеските здравствени власти  пријавиле илјадници случаи заболени низ Кина. Американскиот Центар за контрола и спречување болести издаде предупредување за патување од трето ниво, наведувајќи дека треба да се избегнува секое патување во Кина кое не е неопходно. Притоа се посочува дека кинеските власти воведоа карантин и го ограничуваат патувањето низ земјата. За провинцијата Хебеј, каде што главен град е Вухан, издадено е највисоко предупредување од четврто ниво во кое се советува воопшто да не се патува таму поради коронавирусот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vashington-gi-povika-amerikancite-da-izbegnuvaat-da-patuvaat-vo-kina/feed/ 0