виш инспектор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 13 Dec 2020 15:02:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png виш инспектор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ДАЛИ ТРЕБА ДА СЕ ПРОЧИСТИШ МАРИЧИЌ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dali-treba-da-se-prochistish-marichikj/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dali-treba-da-se-prochistish-marichikj/#respond Sun, 13 Dec 2020 15:02:50 +0000 https://kurir.mk/?p=442720

Пред три месеци, поточно на почетокот во септември оваа година ви напишав за состојбите на третата Власт, односно за правосудството, на крајот од тој мој допис напишав цитирам: „Министре Маричиќ, Вие ништо неможете да направите за состојбите во правосудството. Од проста причина. Вие сте поставени од премиерот Заев, ќе бидете негов подлизурко. Второ, заменик министер за правда ќе ви биде Агим Нухиу,  човек кој незаконски се унапредувал во наставно-научно звање вонреден професор. Кој незаконски земал хонорари на Правниот факултет во Тетово.Човек кој направил образовен криминал. За каква правда, правен систем зборувате или за криминал и корупција, кој секојдневно гледаме што се случува на овој план со луѓето блиски на партијата СДСМ и ДУИ. За сето напред наведено, информирани се амбасадите во Македонија. Со што ќе видиме како ќе се спроведат преговорите за членство во ЕУ во однос на Поглавјето 23-судство и темелните права и во делот на Поглавјето 24-правда, слобода и безбедност. Ги чекаме вашите сто дена!!!“. Дојдоа стотте дена, Ве потсетувам на вашата прва  изјава од преземањето на Министерството за правда дека: „Ќе се врши прочистување во правосудството, прочистување и деполитизација на судството и обвинителството во првите сто дена, за борба против криминалот и корупцијата...“. Од тоа што има. Има едно големо НИШТО. Деновиве изјавуваш: „ ...за потреба од враќање на јавната доверба во системот против  корупцијата и криминалот, велите „многу е важно обвинителството да ги продолжи постапките со ефикасно постапување пред судовите, а судовите да ги  завршат постапките со конечни пресуди ....“. И што има од тоа едно големо НИШТО. Ама без срам и перде изјавуваш:„ Со моето доаѓање  во Министерството за правда најавив за неколку месеци ЌЕ ( идно време,кога?) објавам Методологија според која ќе се филтрира судството и обвинителството. Изработката  на методологијата...е во завршна фаза иако (пазите смешно) пандемијата малку не забави...“. Ова е трагикомично како што ќе рече Гогољ или Цанкар. Јас ќе го цитирам неговиот ментор Заев: „Мало сутра“. И истово дете (Маричиќ) поднаучено од работата од „невладините“ организации, финансирани од „ странски пари, како и од владиниот сектор“ изјавува:„...очекува конкретни  насоки  и временски рамки од Судскиот совет и советот на  Јавни обвинители, како ќе ги прочистат своите редови и која ќе биде улогата на ДКСК“. Е,министре како што велиш за „ правда“. За овие сто дена направи едно големо НИШТО. Е сега да те потсетам, што ти пишував по македонските портали.(За ова се запознати како што наведов со отворено писмо  Амбасадорите во Македонија,од моја страна). Пред три месеци: „ …поранешната министерка за правда  Рената Дескоска, сама себе си се номинира за член на Венецијанската комисија. Истата воведе критериуми за сите оние кои полагаат правосуден испит да ги поседуваат книгите на нејзиниот сопруг Тони Дескоски.... Да биде скандалот поголем, како министерка за „правда“ Дескоска, целосно ја партизира и Комисијата за правосуден испит. Во самата комисија има низа конфликти на интереси. Ќе наведам некои: Именувањето на сестрата на пратеничката од СДСМ Снежана Калевска Ванчева, Антоанела Димовска, именувањето на  Тања Милева, сопруга на поранешниот кандидат за градоначалник на СДСМ од Радовиш и поранешен член на ДИК Игор Милев, именувањето на пријателот на Заев, претседателот на Апелациониот суд во Штип Наќе Георгиев, потоа именување на струмички судија чија сопруга е јавен обвинител во Струмица, именувањето на поранешниот претседател на ДИК Александар Чичаковски. Со ваквите именувања од страна на поранешниот министер за „правда“ Рената Дескоска, полагањето на правосуден испит ќе зависи од субјективната  проценка на комисијата, дали кандидатите биле или се активни подржувачи на политиката на СДСМ и Зоран Заев. Ова е школски пример за непотизам, партизација и корупција....како советник на Заев, иако и ви сте учествувале во како што изјавува Зоран Заев дека: „ судството го отворил како пупка“, еве ви го  распупеното  судство и начинот на напредувањето по политички нарачки: судијата Гордана Спиреска определи притвор по барање на СЈО за Сеад Кочан, сега по награда е член на Судскиот совет. Судијата Лидија Трајковска Зимбовска е унапредена на судии во Апелациониот суд Скопје, судијата Ѓоко Ристов е унапреден (политичка награда) во Апелациониот суд Скопје, кој за насилството го опомена Курто Дудуш градоначалникот на Заев од Шутка. Судиите Сафет Кадрии и Цветанка Периќ се унапредени во Врховен суд. Против судиите во Врховен суд кои одлучуваа за предметот Кочан и тоа: Јово Вангеловски, Ристо Катавеновски, Фаик Арслани, Џемали Саити, Рахилка Стојковска и Ќиро Здравев, има интересна ситуација, судијата Ќиро Здравев е унапреден во претседател   на Судскиот совет, судијата Фаик  Арслани е в.д.Претседател на Врховен суд. Она што е интересно што за сите овие судии од Врховен суд, Судскиот совет за сите поведе постапка за разрешување но на интересен начин постапката е запрена за унапредените, а разрешени се Вангеловски, Стојковска и Катавеновски, токму така како што Зоран Заев нарачува и се фали по објавена „аудио бомба“. Ова е доказ дека судството е во рацете на политички послушници“.Понатака,   министре Маричиќ, ќе видиме  дали ќе покренете барање од правосудните органи во Македонија, а во однос, до каде се Хашките случаи, поконкретно,  случајот познат како „Водство на ОНА“, кој беше вратен за да постапуваат по него македонските судски органи. Тоа не значи дека Хаг за македонската јавност е помалку важно од горката реалност како Хашките случаи, всушност се третираат дома од нашиот правосуден систем. А одговорот е никаков. Од формално правно непознати причини и тоа повеќе од десетина години четирите вратени случаи од Хаг, кои требаше да се процедуираат и судат кај нас, не се ниту почнати...Само така ќе се потврди дека навистина вистински, а не само декларативно се залагате за некаква европски вредности, меѓу кои владеењето на правото е несомнено на прво место. Токму и самиот Абаз (Али Ахмети) има изјавувано дека не смее да има бели мечки, односно недопирливи функционери пред судот на правдата. Но со децениското непостапување и неотворање на овие случаи остава впечатокот дека некои државни функционери сепак уживаат статус на заштитени бели мечки...Понатака:„  Дали ќе покрените постапки за судските случаи запознат е и Судскиот  совет неговиот претседател Киро Здравев, за Основниот суд Струга, кои повеќе од пет години се водат судски прекршочни постапки од страна на Државниот просветен инспекторат против Меѓународниот универзитет Струга. Запознати се и амбасадите во нашава држава, дека повеќето донесени прекршочни постапки се ослободителни. Пресудите се однапред јасни. Не може да се пресуди ништо против струшкиот универзитет, зашто некои судии од струшкиот, битолскиот и Управниот суд се, или биле вклучени, во активности на овој универзитет. Кон оваа треба да се додаде и политичкиот момент поради блискоста на некои политички активисти со овој универзитет. На овој универзитет се констатирани законски пропусти согласно Законот за високо образование со ненострифицирани 800 дипломи на странски студенти, ненострифицирани дипломи и избор во наставно-научни звања како што е примерот со градоначалникот на Струга – Рамиз Мерко, потоа на нотарката Беса Кадриу во наставно научно звање доцент, понатаму ангажираноста на заменик министерот за внатрешни работи Агим Нухиу, а градоначалникот дури и во вонреден професор, или  донесената најнова пресуда во овој  струшки суд од страна на судијата Фатмир Даути, кој носи ослободителна пресда за ректорот на овој струшки универзитет извршен врз Државни просветни инспектори кои неможат да си ја извршат службено својата работа. За Основниот суд во Тетово, каде од страна на Државниот просветен инспекторат се поднесени прекршочни пријави за јавни функционери, и тоа против (поранешниот) министерот за образование и наука Арбер Адеми, заменик министерот за внатрешни работи Агим Нухиу и директорот на индустриска сопственост Сафет Емрули сите од Универзитетот Тетово - Правен факултет. Посебно за судиите Јасмина Лазароска и Хуриете Цека кои  носат  ослободителни пресуди. Донесените пресуди од страна на судиите се пристрасни, непочитување на еднаквост и рамноправност и не се врз основа на владеење на правото. Јас би додал дека се тенденциозни и непринципиелни. За какви судии станува збор, каде е нивната професионалност,  независност и правичност??? Или,што ќе превземете Маричиќ, по известувањето од страна на Советот на јавни обвинители на РСМакедонија ПО.бр.53/20 од 05.08.2020г.дека министерот за образование и наука Арбер Адеми, заменик министерот за внатрешни работи Агим Нухиу и директорот на индустриска сопственост Сафет Емрули сите од Универзитетот Тетово - Правен факултет. Тие во периодот од нивното стапување на функција имаат користено средства по основ на договори за давање интелектуални услуги на Универзитетот Tетово на Правниот факултет,  преку Македонската авторска агенција А.Д. Скопје, што е спротивно на Законот за високо образование и Законот за Влада. Тоа е констатирано и од страна на ДКСК, како и од  страна на Управата на финасиската полиција. И  не се поведува кривична пријава. Која е пораката министер Маричиќ „крадете функционери, ако ве фатат парите вратете ги нема да одговарате“. Што ќе преземете против  Јавниот обвинител Басир Алиу од ЈО-Тетово или против член на советот на јавни обвинители Арбер Исаку/ Arber Isaku)“. Ништо не можете да превземете, тоа се колеги на вашиот родител, воедно и блиски на Агим Нухиу(зам.министер за внатрешни работи, сега зам министер за правда). Со напред наведеното министре за „правда“ Маричиќ,  ти останува, прво треба да се прочистиш во душата со „ЛИНЕКС“. Па ти останува неминовна оставка од ова за тебе недорасната функција. И оди сургун во „невладини организации на проекти“. ЧАО!!! Колумна на Ѓорѓи Илиевски, виш просветен инспектор]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dali-treba-da-se-prochistish-marichikj/feed/ 0
Илиевски: ШТРАКАТАЛКИ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ilievski-shtrakatalki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ilievski-shtrakatalki/#respond Mon, 05 Oct 2020 13:07:36 +0000 https://kurir.mk/?p=412595

Започна учебната година по еден месец задоцнување. Основците ги добија лозинките да се прилагодуваат на како што ја нарекуваат Национална платформа за учење на далечинско. Но веднаш системот падна, учениците неможат да се логираат. Реакции на родителите, нивните деца. Министерката за образование и наука убедува да бидат смирени, се било под контрола. Продолжуваат штракаталките да не убедување дека се ќе биде во ред. Навикнати се овие од Власта најчесто смирувачки само говорат дека се е под контрола. Истото го слушаме и од Министерот за здравство Филипче се е под контрола. А секојдневно ни растат броките на заболени од КОВИД 19, и за жал, починати. Нема да спомнувам броки бидејќи тие се менуваат од час на час. Но од она што следам ние - Македонија како двамилионска држава има повеќе дупло смртни случаи од Хрватска. Не сум експерт во оваа област. Но затоа имаме експерти како професорите д-р Пановски, Даниловски, Марковски кои се ценат во Балканот и Европа, посебно овој последниот, деновиве почнуваат да го дискредитираат, да му се закануваат. Само и само, затоа што станал член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. Но кај нас овие експерти се помалку слушнати и разбрани наместо да бидат вклучени во стручните тимови и да дадат свој прилог и придонес. На за жал, Филипче презема се на своја рака и некои блиски до него па ја имаме здравствената состојба таква каква што е катастрофална. Но да се вратам на мојот терен образованието. Жалосно, 40.000 илјади дечиња и повеќе во основното образование немаат елементарни услови да учат ( тоа се званични податоци, незваничните податоци се некаде над 60 илјади деца).Тоа значи дека се без комјутери и без интернет. Со право се реакциите во јавноста, како може МОН да издвојува 40 илјади долари годишно и 150 илјади евра или долари годишно да се даваат на ќерката на Димитров и синот на Локвенец, и да каже министерката Цароска дека немаат пари да обезбедат за еден таблет од 50 евра за секој ученик. Ова е спротивно на Конвенцијата за правото на детето, која е потписник нашата држава Македонија. Каде што е најважниот интерес на децата, како и борба против дискриминација. Се чудам зошто не реагираат невладините организации во Македонија кои третираат прашања од правата на децата. Дали имаме хуманистичко образование, еднаков пристап кон сите деца во Македонија???. Пазите ова излегуваат штракаталките на МОН со кој ги информираат родителите( небаре сме Швајцарија, Германија ...) дека треба да се има интернет приклучок во секој дом на детето и дека неговиот комјутер (лаптоп) треба да биде минимум седма генерација I З процесор, на минимум 1,6 GHz или еквивалент AMD процесор, минимум 4 GB, RAMмеморија, хард дискот треба да има минимум 128 GB SSD, екранот да има минимум 1024X768 резолуција. Минимум 128 резолуција, минимум 128 МВ графичка меморија, оперативниот систем да биде Windows 8.1 или Windows10, уредот да има USB 2.0 видео камера, а истотака треба да има звучници и микрофон. Или во денари пресметано ова значи минимум 15.000 денари, а максимум над 25.000 денари за настава без проблем за едно дете. Реагираат родителите на пазарот прво нема комјутери и лаптопи по таа цена. Цените се астрономски, недостапни за џебот на обичниот граѓанин, а тоа е некаде над 70 посто во нашава Македонија. Го разбравте МОН и министерката Мила, ама повеќе е киселост за децата, родителите, наставниците. Владата на Заев е глува, слепа и недоветна. Ова е чиста дискриминација. Нарушување достоинството на секој родител. Владата нема чувство за најдобриот интерес на детето. Тоа е давање можност на елементарни услови на учење на секое дете. Бидејќи ова Влада нема чувство за примена на Конвенцијата за правото на детето, која Конвенција е обврзувачка за државата. Барам и реагирам до Уницеф во Македонија, невладиниот сектор кои третираат прашања од областа на детските права да се одважат и да го кренат својот глас за ваквата дискриминација која постои во Македонија, а согласно Уставот на Македонија е социјална и хуманистичко општество. Ама по се изгледа само на хартија. Само да ги потсетам штракаталкиве. Државниот завод за ревизија на Македонија, во својот извештај констатирале дека СЈО исплатило 4,5 милиони евра за додатоци на плати од 2016 до 2019 година. Да бидам појасен за оние кои значеа поим за правда СЈО стана резил на државата. Земале дополнителни средства-бонуси за ризик во работата секој обвинител, соработници, пари за синови и ќерки на судии, обвинители, директори, високи лица во МВР кои земале „скромни“ парични средства во евра. Бонуси добивале бидејќи работеле во ризик. Абре копуци едни , зарем ние инспекторите просветни, трудови, пазаришни, градежни, здравствени не работиме во ризик. Тоа за вас не важи. Ова е дискриминација што се прави во нашава држава-СРАМ. Еве читатели, кои земале пари-бонуси покрај овие недопирливи обвинители-кои се срам на Македонија. Надомест добивал братучед на Рената Дескоска „скромни“ 60 илјади евра, Арафат Муареми кој беше Директор на финансиска полиција кој за две години добил 26.000 илјади евра, па 20.000 илјади евра ќерката на директорот на затворот на Шутка, па ќерката на директор на МЕПСО (стариот), па директор на катастар , па ќерка на обвинителка на СЈО...Е мој копуци, наместо да ги вратат парите и да се покрене кривични постапки, Јавното обвинителство Рускоска молчи. А родителите и децата ќе ги омаловажуваме. Е вака во Европа неможе. Каде се моралните вредности. Дали знаете што е морал. Дали имате совесност и одговорност. Не. Ова е трулеж на системот. На крај од заминувањето на францускиот амбасадор Кристијан Тимоние да Ве потсетам на неговата изјава:„ вие испорачајте и ние ќе ви испорачаме“. Амбасадоре Ви изразувам големо благодарам, на подршката која ми ја дававте да истрајам во мојата борба против сите притисоци кои ми се правеа од одговорните во институциите во Македонија. Колумна на Ѓорѓи Илиевски, Виш просветен инспектор]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ilievski-shtrakatalki/feed/ 0