вишеградска група – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 09 Jul 2021 08:26:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png вишеградска група – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Премиерите од земјите на Вишеградската група на средба со Јанша, тема ќе биде и Западен Балкан https://arhiva.kurir.mk/svet/region/premierite-od-zemjite-na-vishegradskata-grupa-na-sredba-so-jansha-tema-kje-bide-i-zapaden-balkan/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/premierite-od-zemjite-na-vishegradskata-grupa-na-sredba-so-jansha-tema-kje-bide-i-zapaden-balkan/#respond Fri, 09 Jul 2021 08:26:51 +0000 https://kurir.mk/?p=534273

Премиерите на земјите од Вишеградската група денеска ќе престојуваат во посета на Словенија, каде ќе разговараат за приоритетите на словенечкото претседателство со ЕУ, Конференцијата за иднината на Европа и за Западен Балкан. Словенечкиот премиер Јанез Јанша, кој ќе биде домаќин на неговите колеги од Чешка – Андреј Бабиш, од Унгарија – Виктор Орбан, од Полска – Матеуш Моравиецки и од Словачка – Едуард Хегер, изјави дека Словенија со години тесно соработува со Вишеградската група и има голем број интереси кои произлегуваат од членството во ЕУ, географската положба и слични нивоа на економски развој, јави СТА. Со оглед на тоа што Словенија во моментов претседава со Советот на ЕУ, разговорите најверојатно ќе се осврнат и на постапката според членот 7 од Договорот за Европската унија покрената против Унгарија и Полска, која ја најави оваа недела министерот за надворешни работи Анже Логар.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/premierite-od-zemjite-na-vishegradskata-grupa-na-sredba-so-jansha-tema-kje-bide-i-zapaden-balkan/feed/ 0
Вишеградската група ќе го бојкотира мини-самитот на ЕУ за миграција во недела https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vishegradskata-grupa-kje-go-bojkotira-mini-samitot-na-eu-za-migracija-vo-nedela/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vishegradskata-grupa-kje-go-bojkotira-mini-samitot-na-eu-za-migracija-vo-nedela/#respond Thu, 21 Jun 2018 18:04:30 +0000 https://kurir.mk/?p=68328

Четирите земји од Вишеградската група – Унгарија, Полска, Словачка и Чешка – најавија дека нема да учествуваат на вонредниот мини-самит свикан од страна на претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, посветен на проблемите со миграциските прашања во ЕУ. Премиерите на четирите земји порачаа дека мини-самитот нема легитимитет и дека организацијата на самитите му припаѓа на Претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск. - Неделниот мини-самит е неприфатлив, и нема да учествуваме. Сакаат да подгреат стар предлог кој веќе сме го одбиле, изјави полскиот премиер Матеуш Моравиецки. На самитот се повикани сите кои се заинтересирани. За сега учеството го потврдија Франција, Германија, Грција, Италија, Малта, Шпанија, Австрија, Бугарија, Белгија и Холандија, но добредојдени се сите други, порача вчера Јункер. Според работен документ објавен од западни медиуми, на состанокот ќе се разговара за „ефикасен механизам на солидарност“ со задолжителна распределба на мигрантите низ земјите членки, нешто што земјите од Вишеград веќе две години категорично го одбиваат. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vishegradskata-grupa-kje-go-bojkotira-mini-samitot-na-eu-za-migracija-vo-nedela/feed/ 0
Меѓународна конференција на Вишеградската Вет + група https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/megjunarodna-konferencija-na-vishegradskata-vet-grupa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/megjunarodna-konferencija-na-vishegradskata-vet-grupa/#respond Fri, 11 May 2018 06:22:21 +0000 https://kurir.mk/?p=52828

Ветеринарна комора на Република Македонија е домаќин на Меѓународната конференција на Вишеградската Вет + група која ќе се одржи денеска и утре во Охрид. На конференцијата ќе учествуваат претседателот на Федерацијата на ветеринари на Европа (ФВЕ) Рафаел Лагуенс, потпретседателот на ФВЕ Золт Пинтер и претседателите на ветеринарните комори на Словенија, Хрватска,  Унгарија, Полска, Чешка, Словачка, Србија, БиХ - Република Српска, Албанија, Бугарија, како и на Баварската ветеринарна комора. Најавено е присуство и на директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанасов, како и на директорот на Платежната агенција Николче Бабовски. На конференцијата ќе се дискутираат актуелните проблеми од аспект на епидимиолошката состојба во Европа и прашањата од европската ветеринарна легислатива, но ќе се конкретизира и соработката на членките на Вишеградската ВЕТ + групација. Претседателот на Ветеринарната комора на Македонија Томислав Николовски ќе потпише билатерален договор со претседателот на Ветеринарната комора на Словенија Ожбалт Подпечан, со што ќе се формализираат односите меѓу двете институции и ќе се утврдат формите на соработка. Вишеградската вет + група е формирана пред шест години во Унгарија, на иницијатива на Федерацијата на ветеринари на Европа (ФВЕ). Целта е изнаоѓање решенија на специфични проблеми со кои се соочуваат ветеринарите од 13 држави од Источна, Централна и Југоисточна Европа. Остварувањето на целите на оваа група се одвиваат преку носење стратегии за справување со болести кај животните кои влијаат на здравјето кај луѓето (јавно-здравствени аспекти), како  и болести кои предизвикуваат огромни економски штети во сточарството (економски аспекти), стратегии за спроведување епидемиолошки мерки, стратегии за обезбедување здравствено сигурна храна за луѓето, утврдување резидуи во храната, контролирање на проблемот на антимикробната резистенција преку рационална употреба на антибиотици во ветеринарната медицина, благосостојбата на животните и други значајни прашања од доменот на ветеринарната медицина. Групата работи и во делот на регулирањето на ветеринарната професија согласно европските стандарди, на советување и лобирање кај надлежните органи на европско ниво (Европска комисија и Европски парламент), на изготвување легислатива и примена на стратегии во областа на ветеринарната медицина, сточарското производство и индустријата за храна.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/megjunarodna-konferencija-na-vishegradskata-vet-grupa/feed/ 0