Вишна Шорова-Ангелова – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 28 Jan 2021 16:24:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Вишна Шорова-Ангелова – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 КОГА ПАРАЗИТИТЕ ЌЕ СТИВНАТ? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koga-parazitite-kje-stivnat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koga-parazitite-kje-stivnat/#respond Thu, 28 Jan 2021 16:24:43 +0000 https://kurir.mk/?p=461147

„Аkо на човекот му дадеш риба, ќе го нахраниш за еден ден. Ако го научиш да лови, ќе го нахраниш за цел живот“. Така се вели во кинеската поговорка, но на македонско тло, се имплементира малку поинаку. „За среќа“, нашата Влада е великодушна, па дава, без да се замисли дали има основа за благонаклонетоста кон расипничкото трошење на градските татковци. Извештајот кој го објави Министерството за финансии ја обелодени состојбата во која се наоѓаат 80те општини во Македонија. Долгот од 63.892.100 евра, од кој 37 милиони евра припаѓа на 10 општини е податок што сѐ повеќе ја оддалечува Владата од нејзините лажни заложби и ветувања. Несомнено, „успешно извршување и доверување на нови надлежности на општините, како и обезбедување поквалитетни услуги за граѓаните“, се далеку од остварени. Политички некоректните решенија преку кои Владата се обидува да ја замаскира неуспешноста на локалните самоуправи, додава вредност на оддалечување од процесот на децентрализација. Ако во 2018 година, со законско решение Владата прости 51% од пријавените обврски на општините и така им помогна за надминување на натрупаните долгови, кои со денцении им тежеа на градските татковци, годинава повторно има намера да ја направи истата грешка. Предлог-Законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на јавни претпријатија, не е ништо друго, туку зелено светло да продолжат со задолжувањето на граѓанска сметка. Земајќи во предвид дека јавните претпријатија во поголемите општини во државата имаат и по 400 вработени, се соочуваме со срамна ситуација! Или, ако приватна компанија со 400 вработени работи со големи добивки на крајот од годината, редовно исплаќа плати за вработените, од приходот плаќа месечни трошоци и данок на државата, нејасно е како јавни претпријатија кон кои граѓаните секој месец имаат обврска за плаќање на услугите, не работат со добивки, туку парадоксално - имаат потреба од финансиски инекции од повисоки инстанци! Ако, СДСМ го критикуваше ВМРО-ДПМНЕ за сериозно загрозување на автономијата во функционирањето на општините, за „негување висок степен на недоверба и апсолутистичка желба за контролирање на сите процеси на локално ниво“, СДСМ наместо да овозможи локалната власт да се грижи за подобрување на квалитетот на животот на своите граѓани, таа ги направи апсолутно зависни од централната власт. Очигледно дека децентрализацијата е запоставена и е во сериозен застој, Македонија е една од фискално најцентрализираните држави во Европа. Очигледно, ветувањата и реалноста не се допираат во ниту една точка! Кристално јасно гледаме „дупки“ во општинските буџети, поради неконтролираното трошење на градоначалниците и директорите, но не и потрошени средства за развојни политики. Наместо Владата да донесе закон со кој ќе се ограничи трошењето на локалните самоуправи и јавни претпријатија, а со тоа ќе се спречи понатамошна злоупотреба на народните пари, истата донесува закони со кои „во очи“ на локалните избори, локалните институции ќе бидат охрабрени на дополнително трошење, манипулација и најлошото од сѐ - поткуп на гласачи. Во периодот кој измина, организацијата во локалните самоуправи, капацитетите на општините и ефикасноста на јавните претпријатија, не се подобрија! Видовме само огромни буџетски ставки, издвоени за нови вработувања. Општините станаа место каде локалните ограноци на СДСМ ги задоволуваат потребите само на нивните членови, без да внимаваат на квалитетот на лицата кои ги вработуваат и капацитетот со кој истите располагаат. Малите и сиромашни општини станаа уште позависни од централната власт, иако уште од 2016 година чекаме „објективен, правичен, транспарентен и одржлив систем за финансиско воедначување на општините“. Да резимирам, новите закони со кои малите и сиромашни општини ќе добијат трошки за покривање на натрупаните долгови, нема да помогнат на општините. Ова туторско однесување потсетува на родители кои им ги пишуваат домашните работи на учениците. Наместо да создадат услови и да ги охрабрат самостојно да ја совладат материјата, да го активираат нивниот капацитет и менаџерски способности, создаваат безвредни паразити, кои со години цицаат од плиткиот граѓански џеб! Вишна Шорова-Ангелова Комисија за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koga-parazitite-kje-stivnat/feed/ 0
Колумна на Вишна Шорова-Ангелова: „Едно општество за сите“, ајде мајката?! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kolumna-na-vishna-shorova-angelova-edno-opshtestvo-za-site-ajde-majkata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kolumna-na-vishna-shorova-angelova-edno-opshtestvo-za-site-ajde-majkata/#respond Mon, 01 Jun 2020 09:50:16 +0000 https://kurir.mk/?p=352222

Не. Јас нема да ширам шовинистичка пропаганда, под превезот на патриотизам. Јас само сакам да разгледаме малку поразлични појдовни точки, за на сите да ни стане појасно каква е оваа реалност во која живееме. Дали е моја, твоја, на сите, или на некој таму, кој ни подметнува етноцентризам, нешто кое не сме го ни помислиле, а камоли да го кажеме? Размислувајќи на темава, прво си помислив ако живеам во Норвешка, а јас сум Литванка, дали мене и другите со моја националност ќе ме “сместат” во еден чист “литвански” клас, во кој ќе ја следам наставата? Дали ако живеам во Стазбур, а јас сум Германка, ќе ме “пикнат” во одделение во кое сите ќе сме Германци? И дали ако сум од Ирска, а живеам во Лондон, Велика Британија ќе ме “одвои” заедно со моите другарчиња Ирци, сами, без ниту еден англичанец со нас, да си ја следиме редовната настава? Мислам дека на сите прашања, одговорот е НЕ! А знаете зошто? Затоа што Европа постои и се темели на различностите. Таа е горда со соживотот на различните нации и етноси, кои ја прават уште поубава и попривлечна. Меѓутоа, нашиот стремеж да бидеме дел од тоа богато со различности, историја, култура, европско семејство, од ден на ден, се измести од својата примарна цел. Пропагандата “Едно општество за сите” изгледа доста привлечно, европски. Но, кога истата ја ставам на кантар со повикот на Математичко информатичката гимназија за формирање на две паралелки, од кои “Во една паралелка наставата ќе се одвива на македонски наставен јазик, а во другата паралелка ќе се одвива на албански наставен јазик.”, во главата ми никнуваат не само прашалници, дури и извичници!!! И наместо да ја поздравиме иницијативата за создавање елитно училиште за најдобрите математичари, ние се сопнуваме на првото камче. Така ли си го замислува нашата Влада тоа “Едно општество за сите”? На една страна Албанците, на друга Македонците, Власите, Ромите, Турците? За каков соживот зборува Владата, кога таргетирано ги дели учениците? Ако Владата се‘ уште не’ дели по етничка, тогаш дали продолжението на поделбите ќе биде и врз основа на политичка или религиска припадност? Зарем сегрегацијата не треба да ја оставиме во минатото и Македонија да почне да ја краси демократско управување во кое ќе престане да се применува принципот на позитивна дискриминација? Зарем не е време селекцијата да се прави на основа на квалитет, а не приемот во училиште, вработувањето, па дури и зборувањето на мајчин јазик да биде гарантирано од етничката припадност? Лицемерна е власта која мисли дека ако кажува едно, а во пракса спроведува друго, ќе добие политички поени од народот. Манипулативна е власта која бара соживот, а претенциозно создава поделби, кои потсетуваат на мрачни периоди од човековата историја. Губитничка е власта која не сфатила дека следен чекор на гарантираното право на етничките заедници, е нивно слевање во целокупното живеење на мнозинството во државава. Затоа концептот „Едно општество за сите“ е лицемерен потег на власта од кој очекуваше гласови, а не искрено подадена рака и заедништво за сите различности во државава!  
Вишна Шорова-Ангелова
Член на Комисија за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kolumna-na-vishna-shorova-angelova-edno-opshtestvo-za-site-ajde-majkata/feed/ 0