Вишо јавно обвинителство – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 05 May 2023 16:30:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Вишо јавно обвинителство – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Таткото на Коста негирал дека сторил кривично дело, еве каде се наоѓал сефот со оружјето https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tatkoto-na-kosta-negiral-deka-storil-krivichno-delo-eve-kade-se-naogal-sefot-so-oruzhjeto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tatkoto-na-kosta-negiral-deka-storil-krivichno-delo-eve-kade-se-naogal-sefot-so-oruzhjeto/#respond Fri, 05 May 2023 16:30:07 +0000 https://kurir.mk/?p=831056

Во Вишото јавно обвинителство во Белград денеска беше сослушан Владимир К. (47) поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело Тешки дела против општото обезбедување од чл.288 ст.2 во врска со чл.278 ст.1 од Кривичниот законик. -Се сомнева дека Владимир К. во претходниот период го тренирал неговиот 13-годишен син К.К. да ракува со огнено оружје и муниција, со тоа што го носел во стрелачки клуб за да вежбаат гаѓање цел со огнено оружје, и покрај тоа што детето има 13 години и таквата активност и обука е очигледно несоодветна за неговата возраст. Исто така, Владимир К. се сомничи дека постапил спротивно на одредбите од член 32 став 1 од Законот за оружје и муниција и член 2 став 1 од Правилникот за просторни технички услови за безбедно чување оружје и муниција, бидејќи не обезбедил услови за безбедно сместување и складирање на оружје и муниција за да не може да дојде во сопственост на неовластени лица, односно да се заклучи и одделно да се одвои во сефови, каси или слични ормари кои не можат лесно да се отворат. Се сомничи дека од неговите дејствија на 03.05.2023 година неговиот син К.К успеал да добие пиштол „ЦЗ сенка“ калибар 9х19мм и пиштол „Ругер МК“ калибар 22 мм ЛР, за што осомничениот Владимир К. располага со дозволи од надлежен орган, кој бил во неправилно обезбеден метален сеф во плакарот лоциран во ходникот на станот. Детето со себе однело оружје и муниција во основното училиште „Владимир Рибникар“ во Белград, каде испукал голем број истрели и усмртил еден чувар и осум ученици, додека тешко ранил шест ученици и еден наставник. На рочиштето осомничениот негираше дека го сторил делото и детално ја изнесе својата одбрана. Обвинителството ќе му предложи на судијата за претходна постапка на Вишиот суд во Белград на осомничениот да му одреди притвор за да не влијае врз сведоците, за да не го повтори кривичното дело за краток временски период и поради јавна вознемиреност, се вели во соопштението на Вишото јавно обвинителство. К.К. не одговара кривично според важечките прописи, бидејќи не наполнил 14 години. Истиот е сместен на опсервација во соодветна психијатриска установа за деца и младинци.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tatkoto-na-kosta-negiral-deka-storil-krivichno-delo-eve-kade-se-naogal-sefot-so-oruzhjeto/feed/ 0
Детето кое усмрти ученици и чувар во Белград нема кривично да одговара, се огласи Вишото обвинителство https://arhiva.kurir.mk/svet/region/deteto-koe-usmrti-uchenitsi-i-chuvar-vo-belgrad-nema-krivichno-da-odgovara-se-oglasi-vishoto-obvinitelstvo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/deteto-koe-usmrti-uchenitsi-i-chuvar-vo-belgrad-nema-krivichno-da-odgovara-se-oglasi-vishoto-obvinitelstvo/#respond Wed, 03 May 2023 14:51:53 +0000 https://kurir.mk/?p=830211

Ученикот од 7-мо одделение ООУ „Владислав Рибникар“ К.К. (13) , кој утринава уби 8 ученици, како и обезбедувач, а со истрели од пиштол тешко рани шест ученици и наставник, не е кривично одговрен, велат од Вишото јавно обвинителство на Србија. -Согласно Законот за малолетни сторители на кривични дела и кривичноправна заштита на малолетни лица, К.К. е кривично неодговорен бидејќи не наполнил 14 години. По наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград, на таткото на ова момче В.К. (48) му е одредена мерка притвор до 48 часа поради сомнение дека сторил кривично дело Тешки дела против општата безбедност, се вели во соопштението. Претходно увид на лице место извршија дежурни заменици јавни обвинители на Одделот за општ криминал и Одделот за малолетници на Вишото јавно обвинителство Белград, кои наредиле во присуство на вработени во Центарот за социјална работа од К.К. да земат изјава и да извршат лекарски преглед. По овие процедури ќе биде одлучено какви дополнителни мерки ќе бидат преземени. Наредено е од К.К. да се земе крв за токсиколошка анализа, со која треба да се утврди дали во времето на убиството момчето бил под дејство на алкохол, наркотици или други супстанци. Како што претходно соопшти на прес-конференција началникот на белградската полиција Веселин Милиќ  осомничениот сам се пријавил на полицијата да каже дека застрелал неколку луѓе. -Според досега собраните информации, ученикот К. К. подолг временски период го планирал извршувањето на ова кривично дело. Мотивот се уште не е утврден, ниту пак тој не го кажал. Датумот 3 мај 2023 година го избрал затоа што училницата по историја била во близина на влезот на училиштето, каде неговиот клас VII-2 го имал првиот час. Огненото оружје, пиштолот со калибар од 9 милиметри, со три рамки, како и малокалибарски пиштол, гиз ел од станот на татко му, го ставил во торба, а подготвил и понел и четири молотови коктели, изјави Милиќ. Шефот на полицијата го покажа списокот на деца што сторителот го составил и училишниот план на кој ги определил приоритетните цели и начинот на влегување во паралелките со бројот на деца што планирал да ги убие во секое одделение. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/deteto-koe-usmrti-uchenitsi-i-chuvar-vo-belgrad-nema-krivichno-da-odgovara-se-oglasi-vishoto-obvinitelstvo/feed/ 0
Изборот на нов шеф на ВЈО Скопје одложен за идниот понеделник https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izborot-na-nov-shef-na-vjo-skopje-odlozen-za-idniot-ponedelnik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izborot-na-nov-shef-na-vjo-skopje-odlozen-za-idniot-ponedelnik/#respond Mon, 14 Nov 2022 13:03:14 +0000 https://kurir.mk/?p=760301

Советот на Јавни обвинители изборот на нов шеф на Вишото јавно обвинителство Скопје го одложи за следната недела, в понеделник. Почетокот на денешната седумдесетта седница на Советот на ЈО, на чиј дневен ред, меѓу другото е и изборот на шеф на скопското Вишо јавно обвинителство, доцнеше час и половина, а кога стигна оваа точка, беше одложена за, како што беше посочено, членовите да имаат доволно време за разгледување на досиејата на кандидатите. На огласот за избор има тројца кандидати, постојниот обвинител Мустафа Хајрулахи, како и Бурим Рустеми и Фатиме Фетаи. Претседателот на Советот на ЈО Антонио Јолевски, одговарајќи на новинарски прашања по седницата, рече дека и доцнењето на денешната седница, било токму поради тоа за членовите да ги разгледаат досиејата и да може денеска да биде завршен изборот. – Ги читаа досиејата кои стигнаа во петокот, меѓутоа им требало повеќе време за секој да го проучи досието за јавните обвинители. Сите имаа примерок што им беше доставен во петокот, а некои и утринава, сметаа дека им треба дополнително време. Јас не можам да се мешам во тој дел, затоа што и онака сме тенки со мнозинството и не можам да дозволам некој да рече дека не може да гласа и да замине, изјави Јолевски. Оценките и досиејата за секој јавен обвинител, Јолевски посочи, дека се од доверлив карактер и така и се разгледуваат. Претседателот на Советот, по разгледувањето на двете точки за именување на Ислам Абази за шеф на ОЈО ГОКК ја прекина денешната 70-та седница, на чиј дневен ред се изборот на Виш јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство во Скопје и во Гостивар, како и одлука за избор на по еден основен јавен обвинител во ОЈО Битола, ОЈО Велес, ОЈО Гостивар, ОЈО Кавадарци и ОЈО Куманово. На дневен ред на 70-тата седница, исто така, е и носење одлука за објавување на оглас за избор на четири јавни обвинители во ОЈО ГОКК, откако на 27 октомври Советот не избра ниту еден од шестмината пријавени кандидати на претходниот оглас.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izborot-na-nov-shef-na-vjo-skopje-odlozen-za-idniot-ponedelnik/feed/ 0