висок притисок – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 23 Dec 2022 13:13:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png висок притисок – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Средоземноморската исхрана ја намалува опасноста од висок притисок кај трудниците https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/sredozemnomorskata-ishrana-ja-namaluva-opasnosta-od-visok-pritisok-kaj-trudnicite/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/sredozemnomorskata-ishrana-ja-namaluva-opasnosta-od-visok-pritisok-kaj-trudnicite/#respond Fri, 23 Dec 2022 13:13:14 +0000 https://kurir.mk/?p=779663

Бремените жени кои јадат средоземноморска храна имаат 25 отсто помала веројатност да развијат прееклампсија, покажа ново истражување. Позитивното влијание е особено забележливо кај мајките на возраст над 35 години. Прееклампсијата значи намалување на протокот на крв низ плацентата. Се одликува со потежок висок крвен притисок и оштетување на црниот дроб или бубрезите. Тоа е забележителна причина за можни компликации, па дури и смрт кај мајката и нероденото бебе. Ја удвојува опасноста од срцев удар, мозочен удар или срцева слабост кај жената, подоцна во животот. Додека кај некои жени симптомите се благи, во некои случаи состојбата станува толку тешка што е неопходно и предвремено породување. Оваа состојба погодува една од 14 бремени жени, а меѓу познатите личности тука спаѓаат Ким Кардашијан, Мараја Кери и Софи Елис Бекстор. Научниците од Институтот „Смит Харт“ и болницата „Седарс-Синај“ во Лос Анџелес, САД, откриле дека бремените жени кои се хранат со овошје, зеленчук, јаткасти плодови, маслиново масло, цели зрна и риба од Средоземноморјето, пројавиле значително помала опасност од потенцијално фатални компликации. Децата родени од мајки со прееклампсија исто така имаат поголем ризик од развој на висок крвен притисок и срцеви заболувања. Најновиот научен труд објавен во списанието „JAMA“, опфатил податоци од повеќе од 10.000 жени за времето меѓу 2010. и 2013 година. Наодите покажуваат дека медитеранската исхрана е поврзана со 21 отсто помали шанси за каков било негативен исход на бременост, 28 отсто помала опасност од прееклампсија и 37 отсто помала можност од гестациски дијабетес. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/sredozemnomorskata-ishrana-ja-namaluva-opasnosta-od-visok-pritisok-kaj-trudnicite/feed/ 0
Оваа храна ви е ЗАБРАНЕТА ако имате висок притисок https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ovaa-hrana-vi-e-zabraneta-ako-imate-visok-pritisok/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ovaa-hrana-vi-e-zabraneta-ako-imate-visok-pritisok/#respond Mon, 30 May 2022 15:00:29 +0000 https://kurir.mk/?p=683727

Американската асоцијација за срце предупредува дека во овие намирници се додава најмногу натриум. Доколку имате проблем со високиот крвен притисок потребно е да го намалите внесувањето на храна која што содржи натриум. Американската асоцијација за срце истакнува дека натриумот доведува до повлекување на водата од крвните садови и создава вишок крв што предизвикува зголемен крвен притисок. Исто така, докажано е дека најмногу натриум внесуваме преку солта која што во прекумерна доза ја има во брзата храна и храната од рестораните. Во овие намирници има најмногу натриум: 1. Кифли и переци – еден перек може да содржи и до 230 милиграми натриум. 2. Сувомеснати производи – и до 2.000 милиграми натриум во 100 грама. 3. Пица – едно парче пица може да содржи и до 760 милиграми натриум. 4. Пилешко месо – само во 100 грама готово пилешко поховано месо има 600 милиграми натриум. 5. Супа од ќесичка – една шолја супа од ќесичка содржи и до 940 милиграми натриум. 6. Мрсно говедско месо. 7. Јагнешко месо. 8. Свинско месо. 9. Путер. 10. Сирење. Познато е дека прекумерното консумирање шеќер доведува до гојазност, висок крвен притисок и холестерол. Меѓутоа истражувањето покажало дека внесувањето на шеќер може да влијае и на зголемување на крвниот притисок, без оглед на телесната тежина на човекот. Тоа е уште една причина повеќе да ги исфрлите слатките работи од вашето мени: 11. Сокови. 12. Слатки млечни производи, како што се овошен јогурт или сладолед. Доколку консумирате храна која што содржи трансмасти ризикувате да го зголемите вашиот холестерол, да заболите од срцеви заболувања, мозочен удар или дијабетес тип 2. Доколку патите од висок крвен притисок исфрлете ја и оваа храна од менито: 13. Пуканки. 14. Маргарин.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ovaa-hrana-vi-e-zabraneta-ako-imate-visok-pritisok/feed/ 0
Ако имате висок притисок, не ја прескокнувајте попладневната дремка – еве зошто е важно тоа https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ako-imate-visok-pritisok-ne-ja-preskoknuvajte-popladnevnata-dremka-eve-zoshto-e-vazno-toa/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ako-imate-visok-pritisok-ne-ja-preskoknuvajte-popladnevnata-dremka-eve-zoshto-e-vazno-toa/#respond Wed, 04 Aug 2021 10:05:31 +0000 https://kurir.mk/?p=545998

Спиењето попладне е поврзано со намалување на крвниот притисок и намалување на ризикот од срцев удар и други кардиоваскуларни болести, покажуваат податоците презентирани на една конференција на Европското здружение на кардиолози што се одржа во Лондон. Во студија биле вклучени речиси 400 мажи и жени на средна возраст со хипертензија, состојба која значи зголемен крвен притисок. Истражувањето покажа дека кај луѓето кои имаат навика попладне да дремнат, 24-часовен амбулантски систолен крвен притисок бил во просек за пет отсто понизок во споредба со пациентите кои не спијат во попладневните часови. И иако таа разлика се чини на прв поглед мала, шефот на студијата д-р. Манолис Калистратос рекол дека дури и „намалување притисок од 2 mm Hg го намалува ризикот од развој на кардиоваскуларни болести за 10 проценти.” Констатирано е дека попладневна дремка го намалува систолниот крвен притисок од 3 mm Hg за секој час на спиење, а за споредба, со мала доза на антихипертензивни лекови систолниот притисок се намалува за 5 до 7 mm Hg. Друг факт во корист на оние кои сакаат попладневен одмор, студијата покажа дека подолг сон е поврзан со поголемо намалување на крвниот притисок. Се покажа дека еден час спиење дава најдобри резултати.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ako-imate-visok-pritisok-ne-ja-preskoknuvajte-popladnevnata-dremka-eve-zoshto-e-vazno-toa/feed/ 0
Погледнете веднаш во стапалата: Овој знак на глуждот укажува на висок притисок https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/poglednete-vednash-vo-stapalata-ovoj-znak-na-gluzdot-ukazuva-na-visok-pritisok/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/poglednete-vednash-vo-stapalata-ovoj-znak-na-gluzdot-ukazuva-na-visok-pritisok/#respond Sat, 20 Mar 2021 15:04:12 +0000 https://kurir.mk/?p=485314

Високиот крвен притисок не дава никакви симптоми подолго време. Оваа опасна состојба се јавува кога силата со која крвта ги притиска крвните садови е константно премногу силна. Ваквиот зголемен континуиран притисок врз срцето и системот на крвните садови ја отежнува нивната работа и со текот на времето се оштетува деликатното ткиво во внатрешноста на артериите. Резултатот е различно оштетување на виталните органи што може да биде фатално. Во исто време, однадвор, може да се забележат многу малку промени на телото и тие остануваат незабележани долго време. Сепак, треба да се сфати сериозно еден симптом - оток на глуждовите на нозете! Ако забележите отечени глуждови, тоа може да биде знак дека срцето пумпа сè повеќе крв низ системот, така што течноста се акумулира во зглобовите. Отечените зглобови исто така можат да бидат несакан ефект на лекови за висок крвен притисок, особено ако се блокатори на калциумови канали. Во тој случај, дозата треба да се намали, а може да помогнат и диуретиците, намалувањето на солта во храната, како и практикувањето седење со подигнати нозе, со цел да се стимулира циркулацијата на крвта. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/poglednete-vednash-vo-stapalata-ovoj-znak-na-gluzdot-ukazuva-na-visok-pritisok/feed/ 0