висока температура – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 04 Jul 2023 20:00:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png висока температура – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Просечната температура во светот измерена на 3 јули била на рекордно високо ниво https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prosechnata-temperatura-vo-svetot-izmerena-na-3-juli-bila-na-rekordno-visoko-nivo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prosechnata-temperatura-vo-svetot-izmerena-na-3-juli-bila-na-rekordno-visoko-nivo/#respond Tue, 04 Jul 2023 20:00:17 +0000 https://kurir.mk/?p=852726

Просечната температура во светот измерена вчера на 3 јули била рекордно висока, јави денеска Блумберг. Глобалната просечна температура изнесувала 17 Целзиусови степени, што е повеќе од претходниот рекорд од 16,9 степени Целзиусови, поставен во август 2016 година, според податоци на британскиот Национален центар за предвидување на услови во животната средина. - Ова не е пресвртница што треба да ја славиме, тоа е смртна казна за луѓето и екосистемите. Ова е загрижувачко бидејќи нема да биде најтопол ден уште долго време, изјави Фридерике Ото, виш предавач на Институтот за климатски промени и животна средина во Грантам, додавајќи дека временскиот феномен „Ел Нињо“ годинава ќе придонесе за соборување на повеќе топлотни рекорди]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prosechnata-temperatura-vo-svetot-izmerena-na-3-juli-bila-na-rekordno-visoko-nivo/feed/ 0
Во Виетнам рекордна температура од 44 степени https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-vietnam-rekordna-temperatura-od-44-stepeni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-vietnam-rekordna-temperatura-od-44-stepeni/#respond Sun, 07 May 2023 12:37:00 +0000 https://kurir.mk/?p=831499

Во Виетнам е забележана рекордна температура од 44,1 степени Целзиусови. Екстремната температура е измерена вчера на метеоролошка станица на северот на земјата, во провинцијата Тан Хоа, соопшти виетнамскиот хидрометеоролошки институт. Претходната максимална температура во оваа југоисточна азиска земја изнесуваше 43,4 степени. Научниците од Ханој потсетуваат дека порастот на температурата е загрижувачки во контекст на климатските промени и глобалното затоплување. Климата во Виетнам варира од север кон југ, а земјата сега влегува во најтоплиот период од годината. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-vietnam-rekordna-temperatura-od-44-stepeni/feed/ 0
На Антарктикот измерена температура за 38 степени повисока од вообичаеното https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-antarktikot-izmerena-temperatura-za-38-stepeni-povisoka-od-voobichaenoto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-antarktikot-izmerena-temperatura-za-38-stepeni-povisoka-od-voobichaenoto/#respond Tue, 29 Mar 2022 06:53:01 +0000 https://kurir.mk/?p=654898

Научниците измериле невообичаено високи температури на Антарктикот овој месец. Температурата на истражувачката станица Конкордија, попозната како најстуденото место на Земјата, на 18 март била 11,5 степени Целзиусови под нулата. Како што објави Си-Ен-Ен, нормалната дневна температура таму е околу 49 степени Целзиусови под нулата, што значи дека измерената е за 38 степени повисока од вообичаеното. – Се чини дека тоа е нов светски рекорд со највисоката температурна разлика измерена некогаш на метеоролошка станица, ја пренесува Си-Ен-Ен изјавата на Роберт Роде, водечки научник од Универзитетот Беркли. Рандал Сервени, професор по географија на Универзитетот во Аризона и експерт за екстремни рекорди на Светската метеоролошка организација вели дека Светската метеоролошка организација не евидентира такви податоци за тоа колку температурата е под или над просекот, што не значи дека податоците за измерените температури не се легитимни. Екстремно високите температури на Јужниот пол се причина за загриженост поради долгорочните ефекти врз мразот, особено доколку потраат. За само неколку дена на Антарктикот се распаднала санта мраз со големина на Лос Анџелес. Националниот центар за податоци за снег и мраз на САД соопшти дека мерењата на површината под мраз спроведени минатиот месец покажуваат дека ледениот појас околу Антарктикот е најмал од 1979 година кога почнаа специјални сателитски мерења. Научниците уверуваат дека влијанието од краткорочното покачување на температурата како тоа од 18 март ќе биде мало. – Доколку такви ситуации се случат во иднина и тие станат почести, тогаш може да имаат значително влијание, вели Џон Кинг од Британската експедиција на Антарктикот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-antarktikot-izmerena-temperatura-za-38-stepeni-povisoka-od-voobichaenoto/feed/ 0
Високи температури на површината на морињата во Грција https://arhiva.kurir.mk/svet/region/visoki-temperaturi-na-povrshinata-na-morinjata-vo-grcija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/visoki-temperaturi-na-povrshinata-na-morinjata-vo-grcija/#respond Sun, 15 Aug 2021 12:15:30 +0000 https://kurir.mk/?p=550839

Долгиот период со високи температури и отсуството на силен ветер, резултираше со високи температури на површината на морето во повеќе делови на Грција, според податоците објавени од порталот „Метео“ на Националната опсерваторија, јави дописничката на МИА од Атина. Во северниот дел на Егејското море во текот на вчерашниот ден биле измерени 29 и 30 степени, што е за два до четири степени повисока температурата од просечно измерената во периодот 2008-2018 година. Слична била температурата и во Јонското море и јужно од островот Родос.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/visoki-temperaturi-na-povrshinata-na-morinjata-vo-grcija/feed/ 0
Рекордно висока температура измерена во Јапонија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rekordno-visoka-temperatura-izmerena-vo-japonija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rekordno-visoka-temperatura-izmerena-vo-japonija/#respond Mon, 23 Jul 2018 07:33:51 +0000 https://kurir.mk/?p=79837

Во јапонскиот град Кумагаја, северно од Токио, живата во термометарот утрово се искачи на 41,1 степен Целзиусов, што е рекорд во земјата откако се води статистика. Јапонија и Јужна Кореја се зафатени од топлински бран. Во последните денови во Јапонија од горештините починаа над 40 лица, а во Јужна Кореја се регистрирани најмалку 20 смртни случаи. Метеролозите најавуваат дека горештините продолжуваат. Во Централна Јапонија за денеска се предвидени температури до 39 степени, а во Токио до 37. Речиси 10 илјади граѓани беа хоспитализирани поради проблеми настанати од високите температури, а јапонските власти предупредуваат луѓето да не излегуваат надвор без причина и да останат во климатизирани простории.  МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rekordno-visoka-temperatura-izmerena-vo-japonija/feed/ 0