високи цени – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 04 Jul 2022 15:05:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png високи цени – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Превозниците од БиХ го прекинаа превозот на стоки поради високите цени на горивата https://arhiva.kurir.mk/svet/region/prevoznicite-od-bih-go-prekinaa-prevozot-na-stoki-poradi-visokite-ceni-na-gorivata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/prevoznicite-od-bih-go-prekinaa-prevozot-na-stoki-poradi-visokite-ceni-na-gorivata/#respond Mon, 04 Jul 2022 15:05:22 +0000 https://kurir.mk/?p=699867

Транспортерите од ентитетот Република Српска во Босна и Херцеговина од денеска го прекинаа превзоот на стоки и го бојкотираат полнењето гориво во возилата во знак на протест што властите не прават ништо за да ги ограничат неконтролираните цени на тој енергенс. Претседателот на Здружението на транспортери за внатрешен и меѓународен транспорт на Република Српска, Никола Грбиќ, за медиумите потврди дека автопревозниците ги паркирале камионите и ја прекинале доставата на стока. „Бојкотот за полнење гориво почнува денеска и не товараме роба на сите дестинации, а ќе трае 10 дена“, рече Грбиќ. Компаниите за патен транспорт се одлучија на тој потег поради високите цени на горивата. Просечната цена на литар гориво на бензинските пумпи во БиХ е околу 3,66 марки. Првиот човек на Здружението на транспортери за внатрешен и меѓународен транспорт на Република Српска оцени дека транспортните компании се во многу тешка положба поради високите цени на горивата. „Тоа ќе ни предизвика големи загуби, но ние сме принудени“, додаде Грбиќ. Слични протести најавија и колеги од ентитетот Федерација БиХ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/prevoznicite-od-bih-go-prekinaa-prevozot-na-stoki-poradi-visokite-ceni-na-gorivata/feed/ 0
ФАО: Рекордно високи цени на храната во 2021 година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fao-rekordno-visoki-ceni-na-hranata-vo-2021-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fao-rekordno-visoki-ceni-na-hranata-vo-2021-godina/#respond Thu, 06 Jan 2022 13:31:40 +0000 https://kurir.mk/?p=616495

Светските цени на храната скокнаа за 28 отсто во 2021 година – највисоко ниво во изминатите 10 години, а надежите за враќање на постабилните пазарни услови оваа година се мали. Тоа денеска го соопшти Организацијата на ОН за храна и земјоделство (ФАО). Индексот на ФАО, што ги следи најпродаваните прехранбени производи во светот, во просек изнесуваше 125,7 поени, што е највисоко ниво од 131,9 поени во 2011 година. Месечниот индекс благо падна во декември по пет последователни месеци раст. Повисоките цени на храната придонесоа за зголемување на инфлацијата бидејќи економиите закрепнуваат од кризата со коронавирусот. ФАО предупреди дека повисоките цени ги ставаат на ризик посиромашните луѓе во земјите зависни од увоз. – Во своето последно ажурирање, агенцијата направи внимателна проценка дали ценовните притисоци би можеле да се намалат оваа година. Иако високите цени обично отстапуваат место за растот на производството, зголемувањето на цените на суровините, тековната глобална пандемија и неизвесните климатски услови не предизвикуваат голем оптимизам за враќање на постабилни пазарни услови во 2022 година, наведе главниот економист на ФАО, Абдулреза Абасијан во изјавата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fao-rekordno-visoki-ceni-na-hranata-vo-2021-godina/feed/ 0
ВО ПРЕСРЕТ НА ВЕЛИГДЕН: Цените на пазарите сѐ повисоки, јагнешко месo тешко се наоѓа – дали ова ќе продолжи и по празниците ? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vo-presret-na-veligden-cenite-na-pazarite-s-povisoki-jagneshko-mesto-teshko-se-naogja-dali-ova-kje-prodolzi-i-po-praznicite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vo-presret-na-veligden-cenite-na-pazarite-s-povisoki-jagneshko-mesto-teshko-se-naogja-dali-ova-kje-prodolzi-i-po-praznicite/#respond Wed, 21 Apr 2021 17:14:01 +0000 https://kurir.mk/?p=500480

Во пресрет на Велигден традиционално цените на зелените пазари се повисоки, а тешко се стигнува и до јагнешко. Недостигот од јагнешко е поради тоа што македонските јагниња се најдоа на европскиот пазар за католичкиот Велигден, а цените на пазарите, според производителите, се повисоки поради суровините. – Моментално тешко се доаѓа до јагнешко месо. Главно, јагнињата се извезоа за католички Велигден, дома остана многу малку, а цените се во пораст. Од 290 до 320 денари, сега цената стигна до 350 за килограм јагнешко. Така е со јагнешкото, додека цената на свинското месо се намали поради помалата побарувачка, а јунешкото има статус-кво цена, изјави Тони Павлески претставник на кланичната индустрија. Според Слободан Ѓорѓиески, пазарџија на прилепскиот пазар, набавните цени се зголемени за над 20 проценти. – Набавните цени се повисоки за 20-тина проценти. Не знам што е. Ама ако се погледнат нивите, голем дел останаа необработени.Увозот на краставици од Албанија во старт е 75 денари, продажната цена е минимум 80 денари за килограм. А домашните имаат набавна цена од 110 денари. Како што стојат работите, ова ќе продолжи и по празниците, вели Ѓорѓиески. Прилепскиот производител на градинарски култури Слободан Калајџиоски смета дека цените не се високи, туку високи се цените на суровините. – Семенскиот материјал и ѓубривата двојно поскапеа. Семето не е на кило, туку сега се купува според зрно семки за градинарските култури. И ѓубривата се многу поскапени, вели Калајџиоски. Од прилепската прехранбена индустрија „Витаминка“ велат дека високи се цените на суровото масло на светските берзи и затоа се зголемени и малопродажните цени на маслото. – Суровото масло на светските берзи уште од 2020 година нагло ги зголеми цените. Од август лани до март годинава, цената на суровото масло порасна речиси двојно. За споредба, од првиот квартал лани до првиот квартал годинава, цената на суровото масло порасна за преку 35 проценти. Настојуваме да испорачаме квалитетни производи, но таа ситуација ги крена малопродажните цени. Се обидуваме да држиме под контрола. Нема вештачки цени, туку сѐ е последица од цените на светските берзи, истакнува Орде Ѓорѓиоски, директор на правниот сектор во „Витаминка“. Според Сојузот на синдикатите на Македонија, 42 проценти од месечната плата се троши на храна и на пијалаци. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vo-presret-na-veligden-cenite-na-pazarite-s-povisoki-jagneshko-mesto-teshko-se-naogja-dali-ova-kje-prodolzi-i-po-praznicite/feed/ 0