високи сметки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 15 Feb 2022 15:58:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png високи сметки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Парното двојно поскапува за фирмите, Владата со 2 милиони евра ќе ги помага повисоките сметки на граѓаните https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/parnoto-dvojno-poskapuva-za-firmite-vladata-so-2-milioni-evra-kje-gi-pomaga-povisokite-smetki-na-gragjanite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/parnoto-dvojno-poskapuva-za-firmite-vladata-so-2-milioni-evra-kje-gi-pomaga-povisokite-smetki-na-gragjanite/#respond Tue, 15 Feb 2022 15:58:17 +0000 https://kurir.mk/?p=631767

По завршувањето на јануарскиот кризен циклус со топлинска енергија на територијата на Град Скопје, започнува нов во кој за време на привременото управување на ЕСМ со Балкан Енерџи Груп и останатите системи за загревање ќе треба да се издвојат уште 2 милиони евра, анализира ФАКТОР. Овој пат нема да се купува природен гас, како што за тоа беа одвоени 6 милиони евра во февруари, туку со овие пари ќе се субвенционираат сметките на домаќинставата во висина на дополнителното зголемување на цената за 20 отсто на првичните 14 проценти кои беа одредени во јануари. БЕГ би требало да добие 1,7 милиони евра од оваа сума, а на сметките треба да има посебна ставка на која ќе биде наведено колкав е субвенционираниот износ. Извори на „Фактор“ велат дека овие пари ќе бидат доволни за субвенционирање на домаќинствата до крајот на грејната сезона, односно до 1 јули, а потоа ќе се прават нови пресметки за начинот на плаќање. Извесно е дека останатите потрошувачи, како што се претпријатијата и јавните институции, за месец февруари ќе плаќаат двојно поскапи сметки во однос на јануарските. За нив цената овој пат е зголемена за дури 100 отсто, покрај првичните 14 проценти во јануари, и оваа категорија нема да биде субвенционирана од Владата како што тоа ќе биде за домаќинствата. Владата до Собранието го достави предлогот за продолжување на кризната состојба во снабдувањето со топлинска енергија на подрачјето на Град Скопје, заради недостиг на топлинска енергија. Важноста на овој предлог треба да трае до 30 април а треба да започне да се применува од 17 февруари. Јануарските сметки до сега беа повисоки за 14 отсто и тоа се однесува на корисниците на БЕГ, Елем Енергетика и Скопје Север. Поскапувањето се должеше на енормниот раст на цената на природен гас на светските берзи. Владата претходно префрли шест милиони евра на сметката на АД ЕСМ за да го преземе привременото управување со дистрибуцијата, снабдувањето и производството на топлинска енергија на Град Скопје, а парите ќе може да ги бара назад од следната година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/parnoto-dvojno-poskapuva-za-firmite-vladata-so-2-milioni-evra-kje-gi-pomaga-povisokite-smetki-na-gragjanite/feed/ 0
Над 300 претставки АЕК во првите девет месеци од годинава, најмногу за висина на сметки https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nad-300-pretstavki-aek-vo-prvite-devet-meseci-od-godinava-najmnogu-za-visina-na-smetki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nad-300-pretstavki-aek-vo-prvite-devet-meseci-od-godinava-najmnogu-za-visina-na-smetki/#respond Fri, 30 Oct 2020 13:19:42 +0000 https://kurir.mk/?p=422667

Во првите девет месеци од годинава 332 претставки од страна на граѓаните биле доставени до Агенцијата за електронски комуникации (АЕК). Во првото тромесечје имало 165 претставки, во второто – 79, а во третиот квартал – 88. Бројот на претставки годинава е помал од оној лани кога во истиот период во АЕК пристигнале 464 претставки. Во овој период најмногу претставки имало за двата големи телекомуникациски оператори – Македонски телеком и А1. Од страна на корисниците на услугите на Македонски телеком во АЕК се пристигнати 180 поплаки, а за А1 имало 113. За Телекабел Роби имало вкупно 6 претставки, по 2 во секој квартал, за Неотел -3, исто толку и за Тотал ТВ, 2 биле за ИП Систем, а 25 претставки биле за останати даватели на телекомуникациски услуги, информираат од АЕК. Граѓаните најмногу се жалеле за услугите во мобилната телефонија и тоа најмногу на оние кои се однесуваат на говорен мобилен за што во АЕК во овој период пристигнале 51 претставка. Со поплаки за мобилниот интернет до Агенцијата се обратиле 19 граѓани. Вкупно 30 претставки имало и за проблеми со преносливост на броевите, односно за можноста корисникот да се префрли од еден на друг оператор. Во деветте месеци имало и 7 претставки за услуги во роаминг и тоа 3 за говорен и 4 за интернет во роаминг. За фиксната телефонија, пак, имало 17 претставки- 6 за фиксна телефонија и 11 за фиксен интернет. Најголем дел од поплаките на граѓаните се однесувале на висината на сметките, односно наплатени услуги кои граѓанинот смета дека не ги добил. Од сите пристигнати приговори АЕК има усвоено (целосно или делумно) 55. Одбиени се 85, додека 48 се отфрлени поради ненавременост, ненадлежност и слични причини. Агенцијата за електронски комуникации е втора инстанца во која се обраќаат граѓаните за проблемите со телекомуникациските оператори. Првично, тие законски се должни приговор да поднесат до опараторот кој има обврска да им одговори во рок од 15 дена. Доколку нивниот приговор опараторот го отфрли како неоснован, корисникот на услугите може да се обрати до АЕК со поднесување документација (приговорот до операторот, неговиот одговор и друго). Агенцијата за добиениот приговор од корисникот го информира операторот за кого се однесува преставката, кој во рок од 15 дена треба да достави одговор. Решението кое низ утврдена постапка ќе го донесе Агенцијата е конечно, но операторот или граѓанинот има можност да го обжали во судска постапка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nad-300-pretstavki-aek-vo-prvite-devet-meseci-od-godinava-najmnogu-za-visina-na-smetki/feed/ 0