високо образование – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 21 Apr 2023 14:07:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png високо образование – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во високото образование има 3166 наставници и 1330 соработници https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-visokoto-obrazovanie-ima-3166-nastavnitsi-i-1330-sorabotnitsi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-visokoto-obrazovanie-ima-3166-nastavnitsi-i-1330-sorabotnitsi/#respond Fri, 21 Apr 2023 14:57:33 +0000 https://kurir.mk/?p=826214

Во високообразовните установи во академската 2022/2023 има 4496 наставници и соработници, соопшти Државниот завод за статистика. Од вкупниот број, 3166 или 70.4 проценти се наставници и 1330 т.е. 29.6 отсто се соработници во наставата. -Бројот на наставнички и соработнички во учебната 2022/2023 година е 2 252 или 50.1 отсто, наведува ДЗС во објавата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-visokoto-obrazovanie-ima-3166-nastavnitsi-i-1330-sorabotnitsi/feed/ 0
Серафимовски: Неконтролираната дисперзија доведе до пад на квалитетот на високото образование https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/serafimovski-nekontroliranata-disperzija-dovede-do-pad-na-kvalitetot-na-visokoto-obrazovanie/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/serafimovski-nekontroliranata-disperzija-dovede-do-pad-na-kvalitetot-na-visokoto-obrazovanie/#respond Sat, 03 Sep 2022 08:23:49 +0000 https://kurir.mk/?p=728138

Најголемото и нагло паѓање на квалитетот на високото образование е направено со неконтролираната дисперзија. Имаме 25 универзитети. Од квалитет, што не беше лош, ние направиме неквалитет, смета проф. д-р Тодор Серафимовски, претседател на Националниот совет за високо образование и научно-истражувачка дејност. Во интервју за МИА тој вели дека за да се споредуваме со универзитетите рангирани на Шангајската листа, треба да прашаме каде се нашите финансирања и каде е нашата држава по процентот на издвојување во високото образование, дури и меѓу балканските земји, не само меѓу европските. -Ако тргнеме колкави се платите на редовните професори, колкави се издвојувањата за нови технолошки програмски потреби на универзитетите, издвојувањето за научно-истражувачка дејност во последните 30 години не се помрднало. Тоа е многу малку и тоа не нуди прогрес, туку живуркање, рече Серафимовски. Националниот совет за високо образование и научно-истражувачка дејност беше формиран во јуни 2021, согласно Законот за високо образование од 2018 година. Во изминатиот период, 15-члениот Совет работи на подзаконските акти и на нови правилници, усогласени со европските директиви, по кои треба да работат одборите за акредитација и за евалуација. Правилникот за евалуација е донесен и веќе е во тек конкурсот за надворешни експерти што ќе бидат вклучени во евалуација на домашните универзитети. Но, правилникот за акредитација сѐ уште не е донесен поради тоа што тој одбор не одговорил на забелешките од Советот. Двата одбора, кои се во составот на Агенцијата за квалитет на високото образование, не ја исполнуваат и нивната законска обврска, вели Серафимовски, да доставуваат шестмесечни извештаи до Советот кој (заедно со МОН) е првостепена контрола на нивната работа. -Првостепената контрола сме ние, но Владата треба да си востанови друга, контрола треба да има од инспекциските служби во државава. Основно е да дадат извештаи до Националниот совет, што им е законска обврска, а не ги пуштаат. Ние не сме волк или лав еден на друг, туку сме формирани со иста цел, но како да направиме соработка? Како ќе дојдеме побрзо да квалитет во високото образование ако ние меѓу себе не се почитуваме?, вели Серафимовски во интервјуто. Тој беше член на Одборот за првата евалуација на УКИМ спроведена во 2006 година. Има над четири децении професорска кариера во областа наоѓалишта на минерални суровини – на УКИМ, а од 2007 на УГД-Штип. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/serafimovski-nekontroliranata-disperzija-dovede-do-pad-na-kvalitetot-na-visokoto-obrazovanie/feed/ 0
Заев ги излажа и наставниците- нема покачување на плати иако тоа го вети https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-gi-izlaza-i-nastavnicite-nema-pokachuvanje-na-plati-iako-toa-go-veti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-gi-izlaza-i-nastavnicite-nema-pokachuvanje-na-plati-iako-toa-go-veti/#respond Mon, 10 Feb 2020 15:10:34 +0000 https://kurir.mk/?p=301920

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) денеска изрази незадоволство од институциите на системот, кои на директен или индиректен начин влијаеле врз неисполнување на договорот за зголемување на платите за 10 проценти во високообразовните институции, почнувајќи од јануарската плата. – Непобитен е фактот дека Министерството за образование и наука требаше да го реализира договореното зголемување на платите за 10 проценти од јануари 2020 година. Доколку ова договорено зголемување не можело да се реализира заради законски или други пречки, МОН требаше најпрво да разговара и изнајде решение заедно со СОНК, како договарач со МОН, но, пред се и заради докажаната репрезентативност на национално ниво, во дејноста образование. Спротивно на ова, МОН бараше „решение” со ректорите на државните универзитети, при што изнајдоа „соломонско” решение во рамките на универзитетите да иницираат формирање на нов универзитетски синдикат, којшто би бил репрезентативен. Со тоа, би можеле да потпишат колективен договор на ниво на работодавач, кој би содржел еден член, а тоа би било само за зголемување на платите од 10 проценти, наведува СОНК во соопштението. Според Синдикатот, ова е недозволиво и создава дополнително нови проблеми односно отвара можност работодавачите кога сакаат и како сакаат да може да формираат синдикални организации, а кога ќе нема потреба да ги згаснат. Ваквите дејствија, сметаат од СОНК, се спротивни на националното зкаонодавство и на меѓународните конвенции. Нереализирањето на веќе најавеното зголемување на платите, веат од СОНК, го нарушува одличниот партнерски однос кој досега го имале со ресорното Министерство. Денес, како што наведуваат, се соочени со неизвеноста од носењето на законското решение со кое треба да се овозможи ветеното зголемување поради распуштањето на Парламентот. – Дали беше неопходно да се создаде овој проблем? По нас, не. Ова на никому не му оди во прилог, особено не на министерот за образование и наука, во период пред парламентарни избори. Не им беше потребно и на дел од ректорите, затоа што тие не смеат да даваат изјави дека на таков начин се ангажирале за подобрување на социјалниот статус на вработените. Јасно им е на сите дека СОНК го договори ова зголемување и не се коректни такви изјави со што некој сака да се „кити“ со туѓи перја. Или пак, имаат потреба да се додворуваат пред своите вработени, на пример, можеби доаѓаат избори за ректор во некој од универзитетите, велат од СОНК.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-gi-izlaza-i-nastavnicite-nema-pokachuvanje-na-plati-iako-toa-go-veti/feed/ 0
Се намалил бројот на дипломирани студенти на додипломски студии https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-namalil-brojot-na-diplomirani-studenti-na-dodiplomski-studii/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-namalil-brojot-na-diplomirani-studenti-na-dodiplomski-studii/#respond Fri, 24 May 2019 07:26:58 +0000 https://kurir.mk/?p=201401

Во минатата година со диплома на додипломски студии на универзитетите во земјата се здобиле вкупно 7698 лица, од нив диплома од државните универзитети добиле 6204 лица, а од приватните 1472 лица. Лани е забележан пад на бројот на дипломирани лица за 10 отсто во однос на 2017 година. Најбројни биле оние што добиле дипломи на Економскиот факултет во Скопје 662. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека од вкупниот број дипломирани студенти, 87  отсто се редовни, а 13 отсто се вонредни студенти. Повеќе од половината или 58,9 отсто се жени и поголемиот дел односно 66,4 отсто дипломираат по рокот. Најмногу дипломи се стекнати на Скопскиот универзитет 3194, на Тетовскиот 1174, Штипскиот 949, Битолскиот 744, Охридскиот 51 диплома. Од приватните универзитети најмногу дипломирани излегле од Универзитетот на ЈИЕ во Тетово 361, Меѓунродниот славјански институт 259, потоа Европскиот универзитет 157, Американ колеџ 139, Меѓународниот балкански универзитет 126, ФОН 111, по 75 дипломирани имало на Еуро колеџ Куманово и МИТ, 39 на ЕФТА, 38 на Факултетот за бизнис и економија Скопје и 34 на Меѓународнито универзитет „Визион“ – Готивар. На верските факултетити дипломирале 22 лица од кои седум на Богословскиот и 15 на Факултетот за исламски науки.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-namalil-brojot-na-diplomirani-studenti-na-dodiplomski-studii/feed/ 0
Јавна расправа во Собранието за Предлог-законот за високо образование https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javna-rasprava-vo-sobranieto-za-predlog-zakonot-za-visoko-obrazovanie/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javna-rasprava-vo-sobranieto-za-predlog-zakonot-za-visoko-obrazovanie/#respond Thu, 05 Apr 2018 07:14:06 +0000 https://kurir.mk/?p=36637

Собраниската Комисија за образование, наука и спорт денеска организира јавна расправа за Законот за високото образование, на која е најавено обраќање на министерката Рената Дескоска. На јавната расправа ќе учествуваат декани и ректори од јавните и приватните универзитети, професори, претставници на синдикатите, пленумите, како и останатите засегнати страни кои учествуваа во подготовката на овој закон. Предлогот вчера помина во прва фаза на пленарна седница во Собранието со заклучок дека е прифатлив и може да се проследи во натамошно читање. Квалитетот на образованието и автономија на универзитетите се две главни цели на Предлог-законот за високото образование. Се работи за целосно нов текст на закон, поради нефункционалноста и неприменливоста  на актуелниот од 2008 година, кој поради слабости и недоречености досега имаше 21 измена и дополнувања, а само од 2015 е променет пет пати. Подготовката на текстот почна во јуни минатата година кога се формираше работна група во МОН со вклученост на претставници од сите засегнати страни. Оттогаш на јавен увид беа претставени три нацрт-верзии со цел преку сугестии и укажувања текстот да биде подобрен со прифатливите забелешки. Новини што ги донесува Предлог-законот се формирање Агенција  за  квалитет на високо образование која ќе ги опфати како два раздвоени органа Одборот за акредитација (кој ги одобрува студиските програми) и Одбор за евалуација (кој го контролира квалитетот на одобрените акредитирани програми). Се намалуваат мандатите на ректорите и деканите - од четири на три години. За деконцентрација на моќта на ректорите се воведува нов модел на нивниот избор - со непосредно гласање на професорите на факултетите и на институтите за предложените кандидати.  За ограничување на моќта на министерот за образование и наука, пак, ќе се формира Национален совет за образоание, наука и истражување, кој ќе преземе надлежности од министерот во сферата на високото образование. Постојните студентски факултетски парламенти ќе се трансформираат во универзитетски односно факултетски собранија како тела на универзитетот, а не како здруженија на граѓани како што беа регистрирани според постојниот Закон за високо образование. Факултетските собранија ќе се избираат на непосредни избори и во нив ќе членуваат претставници на студентите избрани на слободни, фер и демократски избори и потоа тие ги избираат своите претставници на ниво на универзитети. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javna-rasprava-vo-sobranieto-za-predlog-zakonot-za-visoko-obrazovanie/feed/ 0