висококатници – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 19 Jul 2021 11:49:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png висококатници – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Стојаноски: Шилегов да каже дали зад одобрувањето на изградбата на висококатниците кај Холидеј Ин се крие поддршката на Заев за втор мандат? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojanoski-shilegov-da-kaze-dali-zad-odobruvanjeto-na-izgradbata-na-visokokatnicite-kaj-holidej-in-se-krie-poddrshkata-na-zaev-za-vtor-mandat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojanoski-shilegov-da-kaze-dali-zad-odobruvanjeto-na-izgradbata-na-visokokatnicite-kaj-holidej-in-se-krie-poddrshkata-na-zaev-za-vtor-mandat/#respond Mon, 19 Jul 2021 11:49:17 +0000 https://kurir.mk/?p=538718

Со месеци институциите Општина Центар, Град Скопје и министерството за транспорт и врски молчат и не реагираат во однос на висококатниците кои треба да никнат тука на над 13.000 м2. Наместо да ги послушаат граѓаните, институциите водени од Шилегов, Богдановиќ и Бочварски си ја префрлаат вината. Шилегов и Богдановиќ пред да дојдат на власт ветуваа ревидирање на сите детални урбанистички планови, воведуваа лажни мораториуми, за на крај да извршат невидена бетонизација на центарот на градот, во непосредна близина на реката Вардар, изјави на денешната прес конференција, Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Тој посочи дека не само што СДСМ и институциите водени од нивни кадри ја одмолчуваат бетонизацијата на Центар, туку и директно ја овозможија. - Имено од 4.000 м2 површина која ја имале првично купено инвеститорите, СДСМ овозможи да докупат уште 9.000 м2 и тоа градежната парцела да го опфати буквално целиот регион на Ново Маало. Иако лажеа дека нема да дозволат бетонизација, на крај и Општина Центар и Град Скопје ги издадоа сите потребни дозволи за градба. Бетонизацијата е спроведувана директно од Шилегов, кој сега од Заев е награден со кандидатура за втор мандат за градоначалник на Град Скопје. Покрај тоа што Шилегов е неспособен како Заев, и спроведува тендери каде фирмите добитници книжат двојно повеќе пари од тоа што за истите работи плаќаат други општини и градови во регионот, дали Шилегов си ја заработил втората кандидатура со одобрување на висококатниците спроти Холидеј Ин, праша Стојаноски. Тој го повика Шилегов да излезе и да каже, дали зад одмолчувањето и одобрување на градбата на висококатниците кај Холидеј Ин се крие поддршката за втората кандидатура од СДСМ? За чии интереси работи Петре Шилегов? - Време е за отвореност и транспарентност. Шилегов да одговори, неговата работа треба да биде пред се за граѓаните. Но тој не успеа да се издигне над партијата. Време е тој да си замине, а со него и сите лажни ветувања и неработа. Време е за Македонија за сите луѓе, додаде Стојаноски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojanoski-shilegov-da-kaze-dali-zad-odobruvanjeto-na-izgradbata-na-visokokatnicite-kaj-holidej-in-se-krie-poddrshkata-na-zaev-za-vtor-mandat/feed/ 0
Општина Центар не доставила правилни елаборати, ДУП-от кај „Холидеј Ин“ не може да се суспендира https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/opshtina-centar-ne-dostavila-pravilni-elaborati-dup-ot-kaj-holidej-in-ne-moze-da-se-suspendira/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/opshtina-centar-ne-dostavila-pravilni-elaborati-dup-ot-kaj-holidej-in-ne-moze-da-se-suspendira/#respond Wed, 16 Jun 2021 15:10:37 +0000 https://kurir.mk/?p=524418

Елаборатите за суспензија што ги поднесе Општина Центар до Министерството за транспорт и врски не се изготвени во согласност со одредбите на Законот за урбанистичко планирање. Доставените елаборати исто така не содржат конкретни податоци со кои се докажува штетата врз јавниот интерес што е воочена во текот на спроведувањето на планот, оценила Комисијата при Министерството за транспорт и врски. Во однос на ДУП кај Холидеј Ин, од Комисијата тврдат дека во елаборатот за суспензија не е спомената штета по јавниот интерес ниту со зборови. Според Комисијата, во тој план нема дури ни посочување за каква штета или кој дел од планот би правел штета. Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски на денешниот брифинг со новинарите во однос на поднесените 11 елаборати од Општина Центар за суспензија на применувањето на деталните урбанистички планови посочи донесените елаборати за суспензија не се изготвени во согласнот со одредбите на Законот за урбанистичко планирање, односно применет е погрешен законски основ, наместо членот 23, изработени се врз основа на член 35. -Елаборатите за суспензија не треба да се однесуваат на целиот плански опфат од урбанистичкиот план, доколку штетата по јавниот интерес што треба да се докаже, односно предметот на елаборатот за суспенција е лоциран само на дел од планскиот опфат. Доколку елаборатот за суспензија се однесува на целиот плански опфат од урбанистичкиот план, во тој случај е неопходно да се докаже штетата по јавниот интерес која би настанала преку примената на сите негови плански одредби за површината на целиот плански опфат, појасни министерот. Професорот Мирослав Грчев, кој е дел од Комисијата при Министерството за транспорт, прашан за тоа каква препорака дале за ДУП кај Холидеј Ин, посочи дека во тој план нема дури ни посочување за каква штета или каде кој дел од планот би правел штета. Како што обрзложи, елаборатот за суспензија на тој детален урбанистички план не содржи ниту еден елемент од бараните елементи што елаборат за суспензија мора да ги содржи. Министерот Бочварски потенцира дека на два од овие елаборати, односно кај ДУП Дебар Маало 1, кај Министерството за одбрана, во една од локациите, има колизија со веќе донесен регулациски план, а вториот план во којшто е утврден спорен момент, е парцела спроти Министерството за надворешни работи, кај постоечката црква, која влегува во регулацијата на коритото на реката Вардар. Што се однесува до деловите од стручните елаборати каде се елаборирани планирани содржини од јавен интерес, на урбанистичките планови кои сега се изработуваат, Бочварски додаде дека Министерството за транспорт и врски ги поддржува заложбите на Општина Центар за заштита на градежното земјиште во државна сопственост и нивно пренаменување во функција на објекти од јавен интерес со локално значење. Бочварски потенцира дека ова е само стручно мислење на Комисијата при Министерството за транспорт и врски, кое правно не е необрзувачко за Општина Центар. Општината, како што рече, има суверено право да одлучува за суспензија или реализација на урбанистичките планови. -Централната власт ги охрабрува сите општини во рамки на своите законски обврски континуирано да бидат вклучени во процесот на изработување, донесување, спроведување и следење на спроведувањето на плановите додека постапките за суспендирање или неприменување поради усогласување треба да бидат просторно и правно ограничени на исклучоци. На општините им е потребен просторен развој, но притоа мора да биде заштитен јавниот интерес и интересот на државата, додаде министерот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/opshtina-centar-ne-dostavila-pravilni-elaborati-dup-ot-kaj-holidej-in-ne-moze-da-se-suspendira/feed/ 0
ФОТО: Вака ќе изгледаат висококатниците кај „Холидеј Ин“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-vaka-kje-izgledaat-visokokatnicite-kaj-holidej-in/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-vaka-kje-izgledaat-visokokatnicite-kaj-holidej-in/#respond Mon, 12 Apr 2021 19:21:46 +0000 https://kurir.mk/?p=496189

Изгледот на зградите кај хотелот „Холидеј Ин“ за прв пат беше презентиран преку фотографија во „Топ Тема“ на Телма. Архитектот Мартин Пановски рече дека во зградата се предвидени 400 станови, во кои би требало да живеат 1.200 до 1.300 луѓе. Граѓаните претходно почнаа петиција со која бараат стопирање на изградбата на висококатниците спроти хотелот „Холидеј Ин“, а дел од архитектите обвинија дека ќе биде изградено бетонско чудовиште. Ахритектот Пановски тврди дека проектот е со пешачко движење, отворена комуникација кон плоштад и зеленило.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-vaka-kje-izgledaat-visokokatnicite-kaj-holidej-in/feed/ 0
Граѓаните потпишуваат петиција против градба на висококатниците, Заев ги теши- Ќе има дупло зелен простор https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gragjanite-potpishuvaat-peticija-protiv-gradba-na-visokokatnicite-zaev-gi-teshi-kje-ima-duplo-zelen-prostor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gragjanite-potpishuvaat-peticija-protiv-gradba-na-visokokatnicite-zaev-gi-teshi-kje-ima-duplo-zelen-prostor/#respond Mon, 12 Apr 2021 18:35:23 +0000 https://kurir.mk/?p=496160

Секоја реакција на граѓаните е вредна за размислување, но секако и почитувањето на законот и Уставот на државата е вреден и за размислување и за спроведување, изјави денеска премиерот Зоран Заев во врска со онлајн-петицијата на граѓани против изградба на висококатници на паркингот спроти. „Паркирањето се решава внатре во парцела, не можете надвор по катни гаражи и тоа автоматски го намалува габаритот на изградбата. Дека најмалку зелен простор треба да биде 20 посто, а како што ме информираше градоначалникот има дупло зелен простор. Апсолутно ако е нарушен било кој од законите овде или во постапката на одобрение за градба треба да се укине одобрението и да не се дава одобрение. Ако се исполнети законските основи секако дека треба секој да го искористи уставното право и законското право за добивање одобрение за градба“, истакна Зоран Заев. Најавата за изградба на трите висококатниците кај Холидеј ин и натаму предизвикува револт, со што околу 8 илјади граѓани се потпишаа на петицијата кажаа дека се против тоа во строгиот центар на градот да никнат вакви згради. Архитектката Сања Раѓеновиќ оценува дека планот за изградба на трите висококатници го вулгаризира просторот и е нешто слично со она што му се случи на градот со проектот Скопје 2014. „Инфраструктурата, особено сообраќајната, пристап на толку голем број возила неколку пати на ден секако дека тоа не го овозможува и да речам за вакви единствени останати локации мора да се направат со конкурс. Ова сега што се случува, во суштина е истото она што ни се случуваше со Скопје 2014“, вели Сања Рагеновиќ, пренесува ТВ 21. Дали можеше за овој период, за кој актуелниот градоначалник на Центар Саша Богдановиќ да направи нешто додека траеше мораториумот, односно да го смени ДУП-от, Раѓеновиќ вели дека не само што можеше туку мораше да се смени. „Градоначалникот од општина Центар, Општината и некои луѓе ангажирани околу урбанизмот, со сите други саботирања од останатите институции, вклучително и со планерските куќи, едни те исти, кои што ги работеле и претходните планови кои што евидентно е дека не се добри и да ги преработуваат истите планови и уште да ни „продаваат“ прикаски дека работат за еден денар по квадрат, затоа што го сакаат сопствениот град, е приказна за мали деца. Овој урбанизам, како и сите останати урбанизми, во најголем дел спорни се одвиваат во спрега инвеститор – планер – општина, град и архитект проектант“, додава Сања Рагеновиќ. Според последните информации на просторот на паркингот спроти Холиден ин се планираат да бидат изградени три згради од 15, 20 и 25 спрата. Фирмата МГ Фешн и МПЦ преку фирмата „Обновители“ веќе уплатиле комуналии во износ од 150 милиони денари, или околу 2,4 милиони евра.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gragjanite-potpishuvaat-peticija-protiv-gradba-na-visokokatnicite-zaev-gi-teshi-kje-ima-duplo-zelen-prostor/feed/ 0
„Во одбрана на Дебар Маало“: Сакаме парк, а не 60-катниците на Сугарески https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/vo-odbrana-na-debar-maalo-sakame-park-a-ne-60-katnicite-na-sugareski/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/vo-odbrana-na-debar-maalo-sakame-park-a-ne-60-katnicite-na-sugareski/#respond Tue, 27 Nov 2018 14:15:23 +0000 https://kurir.mk/?p=132686

Eден од најважните паркинзи во Скопје оди ви историјата! Наместо градот Скопје да го откупеше земјиштето и да изградеше паркинг на две нивоа каде ќе имаше скопјани да паркираат се доволи на чуден начин суштински важниот ПАРКИНГ да не постои! КАДЕ ЌЕ ПАРКИРААТ СКОПЈАНИ? ТАМУ ЗГРАДИ НЕ СЕ ПОТРЕБНИ! ТАМУ Е ПОТРЕБЕН ПАРКИНГ И НИШТО ДРУГО! Без овој паркинг скопјани нема каде да паркираат! ЌЕ ПАРКИРААТ ПО УЛИЦИ И ТРОТОАРИ? Само таму ќе има празен простор! Катните гаражи се нефункционални со мал капацитет на возила! СКОПЈЕ Е ПРЕД КОЛАПС!... се дел од коментарите по социјалните мрежи по веста дека на некогашниот паркинг карши ГТЦ ќе се градат згради. „Одлуката на владата да го продаде земјиштето со цел да се изградат 60 - катници е противуставна исто како и изградбата на трговскиот и станбен простор од страна на „Лимак“ на Јужен булевар. Во моментов на граѓаните на Центар прегазено им е уставното право да живеат во здрава животна средини (Скопје е најзагаден европски град) и одлуките кои не одат во прилог на воспоставување на нормални услови за живот се противзаконски. За ваквите одлуки владините функционери и локални власти во иднина ќе бидат изведени пред лицето на правдата“, сметаат активистите на здружението Во одбрана на Дебар Маало. Голема фама во јавноста се крена и по сознанието дека токму на тоа место ќе никнат 60-катници предвидени со урбанистичкиот план. Градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ вели дека 60-катници таму нема да се градат. Урбанистичките планови во моментов се под мораториум, а што точно ќе се гради на тоа земјиште засега не се знае. Парцелата од 9 илјади метри квадратни е купена од две фирми за сума од 312 евра по квадрат. Првата е М.Г. Фешн и втората фирма „Обновители“ во која како косопственик се јавува и МПЦ. Од министрството за транспорт велат дека цената е утврдена согласно законот за градежно земјиште. Договорот е склучен пред точно еден месец, со непосредна спогодба, а од продажбата на сметка на буџетот легнале нешто околу 2,9 милиони евра. -Се е во согласност со Законот за градежно земјиште, тоа може секој да го провери и ги повикувам сите институции и заинтересирани да го сторат тоа. Согласно Законот за градежно земјиште секој кој има повеќе од 30  проценти од парцелата му се дава можност да го откупи градежното земјиште. Така е постапено и во овој случај, а има позитивно мислење и од Државното правобранителство, изјави министерот Горан Сугарески. На оваа атрактивна локација и МПЦ ќе добие станови и деловен простор, како замена за земјиштето што го дале на инвеститорот. Велат дека тие не учествуваат во купување на никакво државно земјиште, ниту пак ќе учестуваат во градењето на таа локација.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/vo-odbrana-na-debar-maalo-sakame-park-a-ne-60-katnicite-na-sugareski/feed/ 0