вистини – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 08 Oct 2021 08:41:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png вистини – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Најчести митови и вистини за бременоста https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/najchesti-mitovi-i-vistini-za-bremenosta/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/najchesti-mitovi-i-vistini-za-bremenosta/#respond Fri, 08 Oct 2021 08:41:43 +0000 https://kurir.mk/?p=575266

Ако сте бремена, сигурно веќе секојдневно добивате совети и „предупредувања“ од семејството, пријателите, познаниците… Па, се прашувате – дали сѐ тоа е вистина? Следат некои од најчестите „митови“, заблуди и вистини околу бременоста. Мит: Не треба да јадете кикирики и млечни производи, бидејќи бебето ќе биде алергично на нив! Сосем е во ред да се јаде оваа храна, освен ако жената е алергична на неа или ако лекарот советува да не го прави тоа. Нема докази дека избегнувањето одредена храна ќе спречи бебето да стане алергично на нив. Меѓутоа, како што пишува списанието „Прегненси брт бејби“ (Pregnancy Birth Baby), ограничувањето на исхраната е штетно, бидејќи бебето нема да добие доволно хранливи материи. Сепак, постојат некои намирници кои е подобро да се избегнуваат за време на бременоста поради опасноста од штетни микроби. Тука спаѓаат некои меки сирења, паштета, полуживо месо или риба, или недоволно сварени јајца. Мит: Постојат алтернативни начини на коишто може да го одредите полот на бебето!? Положбата на бебето во стомакот, ставање на венчалниот прстен на стомакот и следење на активностите на бебето се „алтернативни“ и донекаде смешни начини на кои наводно може да се одредите полот на приновата. Според сручњаците, ниту едно од нив не е точно. Неинвазивниот преднатален тест (НИПТ) се прави во десеттата недела од бременоста и така се открива полот. И ултразвучниот преглед може да биде корисен, но не е 100 отсто точен. Мит: Во бременоста треба да јадете за двајца!? Нема докази ни за овој мит. Количината на дополнителна храна зависи од тежината и висината на жената, физичката активност и месецот од бременоста. Но, повеќето жени треба да внесуваат не повеќе од 350 – 400 дополнителни калории дневно за време на бременоста. Тоа се неколку парчиња овошје, тврдо варено јајце или здраво смути. Прејадувањето е лошо и за трудницата и за бебето. Урамнотежената исхрана е најважна. Мит: Без топла бања, фарбање коса и вежбање! Топлите бањи се безбедни за бремени жени, само – водата да не е премногу жешка. Хормоналните промени во бременоста може да создадат пречувствителност на топло. Треба да се избегнуваат бањи со џакузи, бидејќи тие можат да доведат до несвестица. Ниската концентрација на хемикалии во боите за коса не е штетна. Сепак, многу жени претпочитаат да избегнуваат боење во првите 12 недели од бременоста. Ако го преземете овој чекор, но сѐ уште не сте сигурна, држете ја бојата на косата што е можно пократка. Користете ракавици и добро проветрете ја просторијата. За вежбите што ги правите, прво разговарајте со Вашиот лекар. Ако бременоста не е комплицирана, треба да се обидете да вежбате во просек 20 – 30 минути – четири до петпати неделно. Избегнувајте вежби што водат во опасност од паѓање, како што се јавање коњ, скијање или возење велосипед. Мит: Гадењето се јавува само наутро!? Гадење и / или повраќање при бременоста може да се јават во кое било време од денот – поради хормоналните промени. Повеќето жени го доживуваат тоа наутро, а состојбата се подобрува по третиот месец од бременоста. Се разбира, тоа не значи дека сите жени имаат исто искуство.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/najchesti-mitovi-i-vistini-za-bremenosta/feed/ 0
Вистини и лаги за Ковид-19 и вакцината https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vistini-i-lagi-za-kovid-19-i-vakcinata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vistini-i-lagi-za-kovid-19-i-vakcinata/#respond Wed, 25 Nov 2020 07:40:03 +0000 https://kurir.mk/?p=433979

Претстои принудна вакцинација против коронавирус, а самата вакцина ќе ја промени човековата ДНК: ваквите обвинувања се широко распространети на Интернет. Дали има нешто точно во нив? Еве што велат фактите: Дали Германија планира задолжителна вакцинација? Пред да се донесе новиот Закон за заштита од инфекции во Германија, на големо се шпекулираше дека тој предвидува присилна вакцинација, големи ограничувања на слободите, целосен надзор, спроведување на мерката со помош на војската, па дури и претворање на Парламентот во безгласна буква. Еве ги фактите. Дополнетиот закон за заштита од инфекции ги наведува мерките што властите можат да ги преземат за ограничување на пандемијата. На пример: почитување на физичко растојание, ограничувања на контактите во јавен и приватен простор, ограничувања на патувања, културни и спортски настани, обврска да се носат заштитни маски. Со други зборови: се споменуваат мерки што се веќе во сила и за кои сега е воспоставена соодветната правна основа. Што се однесува до наводите за претстојна задолжителна вакцинација, тоа е неосновано. Ниту се донесени мерки за ограничување на работата на парламентите или мерки кои водат до „целосна контрола“. Тврдењата дека ограничувањата би биле воведени со помош на војската исто така не се засноваат на факти. Според уставот, армијата во Германија може да се користи само во исклучителни случаи и само во случај на природни непогоди или вонредна состојба. Две од обвинувањата се, сепак, делумно точни: слободата на патување навистина е ограничена. Истото важи и за слободата на собирање. Генерално не се укинати, но одредени делумни ограничувања се дозволени – „кога е потребно да се заштити населението и особено како превентивна мерка против преоптоварување на здравствениот систем“. Првите дози на вакцината до крајот на годината? Дали двајцата креатори на вакцината Бионтех објавија во своите лични профили на социјалните мрежи дека ќе можат да ги испорачаат првите дози до крајот на оваа година? Токму оваа изјава се појави во две идентични објави на Твитер. Еве што велат фактите. Објавите се лажни: ниту Јозлем Туречи ниту Угур Шахин не напишаа вакво нешто на Твитер. Двајцата коосновачи на Бионтех воопшто немаат лични налози на Твитер, објасни компанијата. Предметните налози се лажни и во меѓувреме се избришани. Двата лажни провили, од кои беа објавени лажни информации се создадени во август и септември, на почетокот под друго име. Има и профил на Туречи на Интаграм, кој очигледно е и лажен. Дали вакцината ја менува човековата ДНК? На социјалните мрежи се шпекулира и дека вакцината на „Бионтех“ и „Фајзер“ користи технологија mRNA која никогаш не била тестирана и одобрена за употреба. Оваа технологија ја менува човековата ДНК, а 75 отсто од волонтерите врз кои е тестирана вакцината имале сериозни несакани ефекти, пишува американската новинарка Емералд Робинсон на Твитер Проверката на фактите покажува дека оваа изјава е невистинита. Фајзер и Бионтех навистина ја користат споменатата mRNA технологија, во која се користат фрагменти од генетскиот код на коронавирусот за репродукција на вирусот во човечкото тело. Како резултат, имунолошкиот систем го препознава и почнува да произведува антитела – со што се создава имунитет против Ковид-19. Така развиената вакцина веќе интензивно се тестира. Во моментов е во тек третата клиничка фаза од испитувањата со над 43.000 луѓе Новинарката Емералд Робинсон, дописничка од Белата куќа за конзервативната американска веб-страница Њузмакс, исто така, тврди дека вакцината ја променила човечката ДНК. Нема ништо точно во ова обвинување. Германскиот институт Пол Ерлих, кој е одговорен за вакцините и биомедицинските производи, на својата веб-страница објаснува: „Нема опасност од интеграција на mRNA во геномот на човекот. Овој геном е содржан во клеточното јадро во форма на ДНК. Секое вградување на РНК во ДНК е невозможно поради нивните различни хемиски структури. Истото го вели и Марк Линас од Универзитетот Корнел во САД. Тој за Ројтерс изјави: „Тоа е мит што честопати намерно го шират противниците на вакцините, со цел да се создаде конфузија“. Дојче веле – Бон]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vistini-i-lagi-za-kovid-19-i-vakcinata/feed/ 0
Брутални вистини за секој хороскопски знак https://arhiva.kurir.mk/magazin/horoskop/brutalni-vistini-za-sekoj-horoskopski-znak/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/horoskop/brutalni-vistini-za-sekoj-horoskopski-znak/#respond Fri, 30 Oct 2020 14:08:50 +0000 https://kurir.mk/?p=422700

Вистината за секој хороскопски знак. Сите љубители на астрологијата го обожаваат оној дел кога читаат за позитивните работи за нивниот хороскопски знак, но астрологијата е многу повеќе од тоа. Секој човек има маани, па прочитајте по некоја за секој хороскопски знак. Овен Овните се премногу импулсивни, агресивни и премногу гласни. На Овнот му недостасува мудрост и разбирање. Сите сакаат да дознаат какви мисли им се вртат во глава, но нивната глава е празна. Тие сакаат едноставни работи, а тоа го прават за да си го олеснат секојдневниот живот, а не дека се грижат за другите луѓе. Бик Биковите се многу здодевни бидејќи се грижат за секоја ситница. Бикот е најтврдоглавото суштество во светот. Најважно им е да имаат пари и да се финансиски стабилни. Близнаци Близнаците сакаат да бидат во центарот на вниманието. Тие се неспособни кога треба да се смират и да се фокусираат на работа. Низ глава им поминуваат нереални и непотребни мисли. Близнаците се мајстори за да направат хаос каде и да се појават. Рак Раковите имаат детски карактер, без разлика колку години имаат. Тие не можат да ги контролираат нивните емоции. Блиските луѓе ги сметаат за хистерични. Исто така знаат да бидат и себични. Лав Лавовите се опседнати со тоа да бидат во центарот на вниманието. Дали навистина мислат дека се толку посебни за да ги обожаваат сите околу нив? Лавовите знаат да бидат скржави. По цел ден размислуваат за нивните мисли, ставови и за тоа дека секогаш се во право. Девица Девиците се опседнати да ги контролираат луѓето околу нив. Сакаат да им помагаат на сите, но зад тој лажен алтруизам се крие нарцисоидност. Го прават тоа само да за им покажат на другите луѓе дека се одговорни и внимателни и дека секој може да побара поддршка од нив. Вага Вагата да биде задоволна? Тоа е невозможна мисија. Вагите се мајстори за манипулација. Тие се програмирани да ги кажат вистинските работи, на вистинско место. Но оваа интелигенција е само маска бидејќи се незадоволни од самите себе. Скорпија Скорпиите се злопамтила. Ниската самодоверба ја проектираат на луѓето околу себе. Како да уживаат кога гледаат додека другите луѓе страдаат бидејќи се убедени дека го заслужуваат тоа. Стрелец Луѓето сметаат дека сте интелигенти, но тоа не е баш точно. Тие ги повторуваат мислите и идеите на другите луѓе и затоа се полни со мудри изреки. Постојано им е здодевно, на секое работно место, во секоја ситуација. Од друга страна, Стрелецот е одличен шеф и не се грижи дали другите вработени го сакаат. Јарец Јарците се најдобрите шпиони во светот и ќе направат сè за да ја постигнат посакуваната цел. Не се грижат за другите луѓе. Тие се себични и се опседнати со тоа да бидат во центарот на вниманието. Водолија Водолиите најчесто остануваат сами бидејќи се трудат да им покажат на другите луѓе дека се единствени и креативни. Сметаат дека никој не може да ги разбере па затоа се повлекуваат во некој нивен свет. Риби Рибите се мајстори за да направат скандал. Постојано се жалат, незадоволни се од самите себе, а на прават ништо за да го променат тоа. Несреќни се и поради тоа страдаат и луѓето околу нив.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/horoskop/brutalni-vistini-za-sekoj-horoskopski-znak/feed/ 0
Посебен однос: 5 вистини доколку имате сестра https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/poseben-odnos-5-vistini-dokolku-imate-sestra/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/poseben-odnos-5-vistini-dokolku-imate-sestra/#respond Fri, 10 Jul 2020 09:24:18 +0000 https://kurir.mk/?p=373104

Ако на некому некогаш сте морале да објаснувате како е да имате сестра, можно е да сте имале малку тешка работа да ја опишете ситуацијата во неколку зборови. Тоа е како да имате најдобра другарка од раѓање, која ќе ве разбере подобро од другите. Без разлика на тоа дали таа била помала или постара од вас, постојат некои вечни вистини околу сестрите со кои сите би се согласиле. Во продолжение прочитајте ги 5-те вистинити докази со кои секоја сестра ќе се согласи. 1. Сестрите си разменуваат облека  Во некој момент од животот, сигурно сте позајмиле некое парче облека од вашата сестра, но вие толку често си разменувате облека што можете да го отворите ормарот и да видите нешто на сестра ви. 2. Вие сте блиска со нејзината најдобра пријателка како и таа со вашата Многу од нас најдобрите пријатлки ги гледаат токму во сестрата, но една од причините за што сте блиски со најдобрите пријателки на сестрите е бидејќи тие често се посетуваат и кога сте вие дома. Вие знаете дека таа и е најдобра пријателка и дека ја сака па автоматски и вие ја засакувате. 3. Сестрата можеби понекогаш е напорна, но љубовта секогаш ќе постои И најблиските сестри се караат. Понекогаш сестрата ќе направи некои работи кои ќе не „извадат од такт“ но на крајот на денот повторно ја сакате. Поради тоа на сестрата не и се лутиме предолго. 4. Сестрите најдобро си чуваат тајни Поради тоа што тие најдобро ќе ве ислушаат кога се жалите за врската, работата или пак пријателствата. Сепак тие ве познаваат и ќе ви дадат најдобар совет. 5. Секогаш е тука кога ви треба за разговор Без разлика дали имала добар ден, сестрата може секогаш да ја пронајдете. Таа ќе биде засекогаш тука да ве ислуша и да ви даде најдобар совет, без разлика дали сте одалечени или не.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/poseben-odnos-5-vistini-dokolku-imate-sestra/feed/ 0