виталиа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 24 Nov 2021 09:45:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png виталиа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Потрошувачите избраа: Виталиа – најпознат бренд за здрава храна за 2021 https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/potroshuvachite-izbraa-vitalia-najpoznat-brend-za-zdrava-hrana-za-2021/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/potroshuvachite-izbraa-vitalia-najpoznat-brend-za-zdrava-hrana-za-2021/#respond Wed, 24 Nov 2021 09:45:27 +0000 https://kurir.mk/?p=599213

Во истражувањето спроведено од компанијата за истражување, анализи и консалтинг - InsiderID, “Најпознатите брендови според потрошувачите во Македонија”, Виталиа ја задржува позицијата и во 2021 како најпознат бренд во категоријата ЗДРАВА ХРАНА. Анализирани се вкупно 18 категории на производи, а анкетирани се повеќе од 1,250 активни потрошувачи на територијата на целата држава. Здравата исхрана во моментов е меѓу најактуелните категории на светските пазари, а во Македонија станува се поинтензивна, се поради фактот што потрошувачите се насочуваат кон здрави и функционални производи за одржување на нивното здравје, како и за превенција од болести. „Виталиа“ е добро препознатливо име на македонскиот пазар и кај македонскиот потрошувач, бренд, кој повеќе од 27 години, здравата исхрана ја поставува како приоритет. Виталиа е нашиот амбасадор, најуспешната компанија во оваа категорија, со застапеност на својата програма во повеќе од 55 земји во светот и  со белег на секој производ со знакот „Made in Macedonia“. “Не радува фактот што македонските купувачи ги препознаваат бенефитите на нашите производи и континуирано го бираат брендот Виталиа како главен сојузник за одржување на нивното здравје, особено денес, во услови кога светот се соочува со последиците од пандемијата. Потрошувачите знаат што е најдобро за нив, а ние ќе продолжиме со исполнување на нивните потреби и комплетна грижа за нивното здравје преку производство на висококвалитетни и иновативни  производи. Секој производ што го развиваме го создаваме со максимална посветеност ,од срце, и мора да ги задоволи, пред сè, нашите строги критериуми за квалитет и за функционалност , без компромис на вкусот” – изјавуваат од Виталиа. Само минатата година, во услови на пандемија, Виталиа ја зголеми својата производна програма со бројни иновации и нови продукти, со што забележа раст од 13 % на македонскиот пазар и над 5% на глобалните пазари. Воедно својата лидерска позиција ја зацврсти со проширување на позициите и до 80 % market share, со што се издигна на листата на премиум бренд со најдобар резултат и апсолутен успех. Со изградбата на нов објект од 1000м2, компанијата го продолжува трендот на инвестиции во развојните активности за проширување на капацитетите, со што во иднина се отвараат нови можности за зголемено производство и извоз на меѓународните пазари. Со младиот енергичен тим на компанијата кој во моментот ја раководи, ваквите цели се остварлив предизвик и мотивација за унапредување, иновирање, раст и развој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/potroshuvachite-izbraa-vitalia-najpoznat-brend-za-zdrava-hrana-za-2021/feed/ 0
„Виталиа“ донира здрава храна и заштитна опрема за медицинскиот персонал на Инфективна клиника https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vitalia-donira-zdrava-hrana-i-zashtitna-oprema-za-medicinskiot-personal-na-infektivna-klinika/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vitalia-donira-zdrava-hrana-i-zashtitna-oprema-za-medicinskiot-personal-na-infektivna-klinika/#respond Fri, 27 Mar 2020 09:37:31 +0000 https://kurir.mk/?p=322998

Предизвиците со кои сите земји моментно се соочуваат, вклучително и нашата, поради глобалната пандемија со корона вирусот, укажуваат дека ова е битка што може да се добие само доколку секојдневно се практикува заедништво и се обезбедува поддршка на секому што е потребна. Во таа насока, медицинските работници сега и во периодот што следува ќе бидат на најистурените позиции во борбата со Ковид-19 и затоа е потребно секој од нас да биде солидарен со нив и да им помогне во секоја можна прилика. За таа цел, „Виталиа“ донира пакети здрава храна и заштитна опрема за медицинскиот персонал во Клиниката за инфективни болести во Скопје. - Секој што припаѓа на медицинскиот кадар во земјава, без разлика дали тоа се доктори, сестри или останати вработени во здравствените установи, се на првата линија на одбраната од корона вирусот. Со нивните непрекинати напори, безрезервен труд и максимално вложување, тие ни даваат пример дека само со меѓусебна поддршка можеме да ја пребродиме оваа кризна состојба. Наша должност е да се грижиме за медицинските работници, онака како што најдобро умееме - со сет од здрави продукти кои ќе им помогнат во одржување на добра психофизичка кондиција како и заштитна опрема која е неопходна во оваа заедничка борба со корона вирусот - велат од „Виталиа“. Пандемијата со корона вирусот има глобални размери, но нејзините економски ефекти се чувствуваат и на локално ниво, кај секоја компанија и сите граѓани. - Овие денови и недели сите споделуваме иста судбина и со заеднички сили водиме битка со невидлив непријател. Ситуацијата во која што се наоѓаме е за сите нас непозната, дури нѐ принудува да држиме растојание и од најблиските, само за да го зачуваме здравјето. Додека сето ова се случува, во период кога границите се затворени, а луѓето не можат да комуницираат како во нормални услови, ние се соочуваме со уникатен предизвик - да продолжиме да го правиме тоа за што сме најподготвени, да обезбедуваме здрава храна за корисниците, да помогнеме секаде каде што можеме, но и да ги заштитиме нашите вработени - истакнуваат од „Виталиа“. Во таа насока, „Виталиа“ се придржува до препораките од Министерството за здравство и од Владата, и ги поздравува сите напори што се вложуваат со цел пандемијата со корона вирусот во нашата земја да има позитивен исход. Со своите активности, како бесплатната достава на здрава храна за лицата над 60 години, компанијата овозможува граѓаните да го минимизираат движењето, особено најранливите категории, да останат во своите домови и на тој начин да помогнат во зачувувањето на најважното - сопственото здравје, како и здравјето на своите сограѓани. Компанијата истакнува дека проактивноста, како и овозможувањето поткрепа на најангажираните сегменти во борбата со корона вирусот, во овие моменти е од клучно значење. Не само во форма со која што се поддржуваат институциите, туку и преку помагање на нивниот човечки капацитет, бидејќи токму тие луѓе се најдиректно соочени со актуелната пандемија. „Виталиа“, како и досега, ќе продолжи со својот интензивен општествен ангажман, бидејќи одговорноста кон заедницата во која што работи, е еден од најзначајните принципи и мотиви на компанијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vitalia-donira-zdrava-hrana-i-zashtitna-oprema-za-medicinskiot-personal-na-infektivna-klinika/feed/ 0