Виталиј Кличко – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 09 Jul 2023 17:43:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Виталиј Кличко – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Кличко: Над 170 цивили се убиени во Киев https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/klichko-nad-170-tsivili-se-ubieni-vo-kiev/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/klichko-nad-170-tsivili-se-ubieni-vo-kiev/#respond Sun, 09 Jul 2023 17:43:51 +0000 https://kurir.mk/?p=854694

Повеќе од 170 цивили загинале во руските напади врз главниот град на Украина, изјави градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко. Тој додаде дека повеќе од 400 станбени згради се уништени од почетокот на инвазијата во февруари минатата година. Киев повеќе пати беше цел на руски воздушни напади, од кои многу беа извршени во текот на ноќта. Москва првично планираше да го заземе главниот град на почетокот на својата инвазија, но не успеа во тоа. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/klichko-nad-170-tsivili-se-ubieni-vo-kiev/feed/ 0
Кличко критикуван од украинската Влада заради состојбата со засолништата во Киев https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/klichko-kritikuvan-od-ukrainskata-vlada-zaradi-sostojbata-so-zasolnishtata-vo-kiev/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/klichko-kritikuvan-od-ukrainskata-vlada-zaradi-sostojbata-so-zasolnishtata-vo-kiev/#respond Tue, 27 Jun 2023 17:32:53 +0000 https://kurir.mk/?p=850229

Украинската влада денеска го прекори градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, по критиките што им ги упати на градските власти за состојбата на засолништата и за смртта на три лица кои не можеа да влезат во засолниште и беа оставени на улица за време на руски воздушен напад. Владата соопшти дека ги отпуштила началници на два киевски воени окрузи и двајца нивни заменици. Не е јасно дали поранешниот боксер Кличко ќе има некакви дополнителни последици. Неговата политичка иднина стана неизвесна откако претседателот Володимир Зеленски ги критикуваше градските власти во врска со инцидентот на 1 јуни, во кој две жени и едно девојче беа убиени во воздушен напад, откако трчале кон засолниште што било заклучено. По инцидентот, Зеленски нареди ревизија на сите засолништа и најави промени во управувањето со нив. Ревизијата покажа дека само 15 отсто од 4.655 засолништа во Киев се задоволителни, а само 44 отсто се достапни.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/klichko-kritikuvan-od-ukrainskata-vlada-zaradi-sostojbata-so-zasolnishtata-vo-kiev/feed/ 0
Кличко: Експлозиите во Киев биле од противвоздушна одбрана https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/klichko-eksploziite-vo-kiev-bile-od-protivvozdushna-odbrana/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/klichko-eksploziite-vo-kiev-bile-od-protivvozdushna-odbrana/#respond Fri, 16 Jun 2023 11:34:57 +0000 https://kurir.mk/?p=846524

Експлозиите што се слушнаа денеска во Киев беа од системите за противвоздушна одбрана во близина на главниот град на Украина, изјави градоначалникот на градот Виталиј Кличко. Претходно Кличко информира дека има експлозии во централниот регион Подолск. Тој на „Телеграм“ напиша дека нема оштетувања на објекти и згради во Киев. Во денешниот руски напад врз Украина, силите за противвоздушна одбрана собориле 12 проектили и две беспилотни летала, стои во прелиминарниот извештај на командата на воздухопловните сили. Силите за воздушна одбрана вкупно собориле „шест балистички ракети воздух-воздух Кама, шест крстосувачки ракети „Калибар“ и два извидувачки дрона“, се вели во извештајот. Денеска, кусо пред пладне, беше прогласена тревога за воздушен напад во неколку региони на Украина. Според локалните власти во Киев и неговата околина, активирана е противвоздушна одбрана.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/klichko-eksploziite-vo-kiev-bile-od-protivvozdushna-odbrana/feed/ 0
Неколку експлозии утрово во Киев https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nekolku-eksplozii-utrovo-vo-kiev/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nekolku-eksplozii-utrovo-vo-kiev/#respond Mon, 29 May 2023 06:31:29 +0000 https://kurir.mk/?p=839908

Неколку експлозии се слушнале рано утрово во Киев, објави градоначалникот Виталиј Кличко, на вториот ден од руските воздушни напади врз градот. „Ракетата е соборена во близина на Киев. Провоздушната одбрана работи“, напиша Кличко на Телеграм. Ова е втора ноќ по ред како Русија го напаѓа главниот град на Украина. Во текот на ноќта во неделата, Денот на градот Киев, Украина собори 58 од 59 лансирани беспилотни летала од иранско производство, објави украинската војска, прогласувајќи го за еден од најголемите напади до сега. Тоа беше и првиот смртоносен напад во мај - загина 41-годишен маж, а најмалку две лица беа повредени.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nekolku-eksplozii-utrovo-vo-kiev/feed/ 0
Кличко: Ќе надминеме сè и ќе победиме https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/klichko-ke-nadmineme-se-i-ke-pobedime/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/klichko-ke-nadmineme-se-i-ke-pobedime/#respond Fri, 24 Feb 2023 15:04:29 +0000 https://kurir.mk/?p=804663

На годишнината од почетокот на руската инвазија врз Украина градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, денеска зборуваше за „трагичната и психолошки исцрпувачка година“, пренесе ДПА. „Но, ние се бориме, веруваме во себе и во нашата земја. Затоа ќе надминеме сè и ќе победиме“, напиша тој на својот канал на Телеграм, испраќајќи и видео порака. Додека многу Украинци не веруваа дека ќе има „варварска војна“ од Русија, главниот град се подготвуваше за можен напад, рече тој. „Волонтерите кои се приклучија на територијалната одбрана и нашата војска помогнаа да се заштити и задржи главниот град. Руските трупи напредуваа во предградијата на Киев по почетокот на војната на 24 февруари, но не стигнаа далеку. „Киев е срцето на Украина, Киев беше и останува цел на Русија, на Русите и на рускиот претседател Владимир Путин“, изјави Кличко за ДПА. Во исто време, тој рече дека не верува дека Русија може да успее во нов напад врз главниот град. „Мислам дека Русија нема да победи“, оцени Кличко за ДПА. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/klichko-ke-nadmineme-se-i-ke-pobedime/feed/ 0
Кличко нејасен дали ќе го предизвика Зеленски на изборите следната година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/klichko-nejasen-dali-ke-go-predizvika-zelenski-na-izborite-slednata-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/klichko-nejasen-dali-ke-go-predizvika-zelenski-na-izborite-slednata-godina/#respond Wed, 22 Feb 2023 21:29:21 +0000 https://kurir.mk/?p=803895

Виталиј Кличко, градоначалник на Киев и поранешен светски шампион во бокс во тешка категорија, не сакаше конкретно да каже дали ќе го предизвика украинскиот претседател Володимир Зеленски на претседателските избори следната година. - Кога земјата е во војна, кога голем дел од земјата е окупиран, кога десет милиони луѓе се надвор од земјата, политичкиот натпревар може да биде фатален за нашата земја, рече тој во интервју за германската новинска агенција ДПА. Сега е време да се брани државата, рече Кличко, кој е градоначалник од 2014. Денес се работи за опстанок на Украина, а не за тоа кој владее со земјата. „Нашите граѓани плаќаат огромна цена за ова“, рече тој, непосредно пред првата годишнина од руската инвазија. Потребно е обединување на сите политички сили, на сите политички партии, смета тој. „Ние стоиме под едно знаме: сино и жолто, нашето украинско знаме. За жал, ова не го разбираат сите, дури и овде во Украина, додаде тој. Според него, приоритет е одбраната. - Земјата мора да биде независна и суверена. Земјата мора да стане демократска. Јас си ја работам својата работа. Подготвен сум. Моето рамо е секогаш подготвено за секој патриот, секој бранител, рече Кличко. На прашањето зошто не стои рамо до рамо со Зеленски, кој со своите 170 сантиметри е повеќе од 30 сантиметри понизок од Кличко кој е висок 201 сантиметар, поранешниот боксер рече: „Рамо до рамо, не можеме да го направиме тоа. Не оди со оглед на висината … се шегувам“. Тој рече дека во моментов не размислува да го предизвика Зеленски. - Но ако и требам на земјата, тогаш немам друг избор, изјави градоначалникот на Киев.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/klichko-nejasen-dali-ke-go-predizvika-zelenski-na-izborite-slednata-godina/feed/ 0
Кличко: Крајот на војната е можен само со одбрана на Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/klichko-krajot-na-vojnata-e-mozhen-samo-so-odbrana-na-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/klichko-krajot-na-vojnata-e-mozhen-samo-so-odbrana-na-ukraina/#respond Tue, 21 Feb 2023 14:56:39 +0000 https://kurir.mk/?p=803251

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, денеска изјави дека крајот на војната го гледа така што рускиот претседател Владимир Путин „ја прекине својата војна“, а Украинците ќе ја одбранат својата татковина. -Русите се борат за пари, а ние ги браниме нашите семејства, нашите деца, иднината на нашата татковина и имаме добра мотивација. Украинските војници го изненадија целиот свет затоа што се бориме против една од најмоќните армии во светот, изјави Кличко за ТВ Н1. Тој додаде дека помина една година од почетокот на руската агресија, која не е „специјална операција“ како што тврди Кремљ, ниту војна, туку е „тероризам“ бидејќи илјадници градови и села беа уништени, оставајќи милиони луѓе без домови и работа, бидејќи десет милиони Украинци ја напуштија Украина, а милиони беа раселени во Украина. -Русите зборуваат за специјална операција, за нацистите во Украина, велат дека им помагаат на Русите во Украина. Тоа е лага, а јас сум пример за тоа. Јас сум дел Русин, мајка ми е Русинка. Милиони Руси живеат во Украина и се борат против руската агресија. Не станува збор за прашањата на националноста или верата, туку за вредностите, рече Кличко. Тој додаде дека посетата на американскиот претседател Џо Бајден на Киев ги одразува намерите на САД да ја поддржат желбата на Украина да изгради демократска држава и дека тоа е прашање на вредности за кои Украина се бори. -Сакаме да го вратиме мирот во нашата земја. Русите повикуваат на компромис и решенија, но ние не разбираме што велат. Не е решение да се откажеме од голем дел од Украина и да и го предадеме на Русија, рече киевскиот градоначалник во интервју за ТВ Н1.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/klichko-krajot-na-vojnata-e-mozhen-samo-so-odbrana-na-ukraina/feed/ 0
Кличко: Инфраструктурата на Киев може да се урне во секоја секунда https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/klichko-infrastrukturata-na-kiev-mozhe-da-se-urne-vo-sekoja-sekunda/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/klichko-infrastrukturata-na-kiev-mozhe-da-se-urne-vo-sekoja-sekunda/#respond Tue, 17 Jan 2023 06:32:25 +0000 https://kurir.mk/?p=788157

Инфраструктурата на Киев може да се урне во секоја секунда, бидејќи спорадичните руски ракетни напади и ниските зимски температури вршат се поголем притисок врз локалните власти, изјави градоначалникот на украинскиот главен град Виталиј Кличко. Тој и неговиот брат Владимир изјавија дека западните сојузници мора да го забрзаат распоредувањето на противвоздушни одбранбени системи способни да соборуваат руски ракети. Киев ја обвинува Москва дека гаѓа цивили и клучна инфраструктура, ги загрозува снабдувањето со електрична енергија, вода и греење. – Не зборуваме за колапс, но тоа може да се случи во секоја секунда (бидејќи) руските проектили може да ја уништат нашата важна инфраструктура во Киев, рече Виталиј Кличко, додавајќи дека енергетскиот дефицит во главниот град моментално е 30 отсто. – Во моментов во Украина е прилично студено и животот без струја и греење е речиси невозможен. Ситуацијата е критична. Се бориме да преживееме, изјави Кличко на маргините на годишниот Светски економски форум (СЕФ) во Давос. Поранешните светски шампиони во бокс во тешка категорија, браќата Виталиј и Владимир, се дел од пошироката украинска деловна и политичка делегација на самитот на СЕФ во Давос. – Важно е да нема двоумење дали да се испорача оружјето што ни е толку потребно, туку да го доставите што е можно поскоро. Во спротивно, ќе продолжиме да ја губиме нашата инфраструктура и што е најважно, нашите најдобри луѓе, рече Владимир Кличко, додавајќи дека очекуваат ескалација на северот на Украина од правец на Белорусија.

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/klichko-infrastrukturata-na-kiev-mozhe-da-se-urne-vo-sekoja-sekunda/feed/ 0
Кличко: Обновено греење во замрзнатиот Киев https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/klichko-obnoveno-greenje-vo-zamrznatiot-kiev/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/klichko-obnoveno-greenje-vo-zamrznatiot-kiev/#respond Sun, 18 Dec 2022 09:53:09 +0000 https://kurir.mk/?p=777176

Греењето е целосно обновено во Киев по последното руско бомбардирање на водоводната и енергетската инфраструктура, изјави денеска градоначалникот на главниот град Виталиј Кличко. „Градот ги обновува сите услуги по последното гранатирање“, напиша Кличко на апликацијата за размена на пораки Телеграм. „Конкретно, системот за снабдување со топлинска енергија во главниот град е целосно обновен. Сите извори на топлинска енергија работат нормално“, напиша Кличко. Украинските власти соопштија дека Русија истрелала повеќе од 70 проектили во петокот во еден од најжестоките напади од инвазијата на 24 февруари, предизвикувајќи прекин на електричната енергија низ целата земја и прекин на пристапот до греење и вода. Температурите во Киев и многу места низ Украина изутринава беа под нулата, а до вечер се прогнозира живата во термоматарот главниот град да се спушти до минус 6 Целзиусови степени. Киев е убедливо најголемиот град во Украина со проценето население од околу три милиони жители, а уште два милиони живеат во регионот на Киев. Од вчера третина од градот остана без струја. Сергеј Коваленко, извршен директор на ЈАСНО, фирма што го снабдува Киев со електрична енергија, изјави доцна синоќа дека снабдувањето со електрична енергија се зголемува секој час. „Ситуацијата останува тешка и критична“, објави Коваленко на својот Фејсбук профил.

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/klichko-obnoveno-greenje-vo-zamrznatiot-kiev/feed/ 0
Кличко: Метрото во Киев повторно во функција, вратено и водоснабдувањето https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/klichko-metroto-vo-kiev-povtorno-vo-funkcija-vrateno-i-vodosnabduvanjeto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/klichko-metroto-vo-kiev-povtorno-vo-funkcija-vrateno-i-vodosnabduvanjeto/#respond Sat, 17 Dec 2022 09:50:39 +0000 https://kurir.mk/?p=776931

Метрото во Киев повторно е во функција, а водоснабдувањето е вратено за сите жители на главниот град на Украина, соопшти градоначалникот на градот Виталиј Кличко. Тој ова рано утрово го објави во „Телеграм“ по вчерашниот бран руски воздушни напади врз критичната инфраструктура во Украина. Русија вчера истрела повеќе од 70 проектили кон Киев – еден од најмасовните напади од почетокот на нејзината инвазија на Украина на 24 февруари. Поради тоа, украинските власти беа принудени да го прекинат снабдувањето со електрична енергија на многу места во земјата. Градоначалникот на Киев најави и дека снабдувањето со топлинска енергија веќе е вратено на половина од претплатниците и снабдувањето со електрична енергија на две третини од клиентите во главниот град на Украина. Сепак, снабдувањето со електрична енергија на места и понатаму е во прекин, рече и додаде дека недостигот на струја е сериозен.

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/klichko-metroto-vo-kiev-povtorno-vo-funkcija-vrateno-i-vodosnabduvanjeto/feed/ 0