витамин ц – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 21 Nov 2022 13:55:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png витамин ц – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Вашиот најдобар пријател за време на студените денови: Користете ја оваа состојка и заштитете ја вашата кожа https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/vashiot-najdobar-prijatel-za-vreme-na-studenite-denovi-koristete-ja-ovaa-sostojka-i-zashtitete-ja-vashata-koza/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/vashiot-najdobar-prijatel-za-vreme-na-studenite-denovi-koristete-ja-ovaa-sostojka-i-zashtitete-ja-vashata-koza/#respond Mon, 21 Nov 2022 13:55:31 +0000 https://kurir.mk/?p=764246

Витаминот Ц е состојка која доминира во производите за нега и освежување на кожата, со што стана незаменлив дел од козметичката рутина на жените ширум светот. Повеќето од врвните козметички брендови имаат дизајнирано препарати, серуми, креми и течности кои се потпираат на оваа моќна состојка, а со локална примена помагаат за зајакнување и зачувување на младешката и сјајна кожа. Витаминот Ц е докажано дека помага во неутрализирање на слободните радикали во телото кои доведуваат до оксидативен стрес, го спречува предвременото стареење на кожата и ги одложува видливите знаци на биолошко стареење. Оксидативниот стрес прави кожата да изгледа сива и уморна, а витаминот Ц и помага да одржи младешки и свеж изглед. Овој моќен антиоксиданс и состојка која е од витално значење за создавање на колаген ги регенерира клетките на кожата. Покрај тоа, го промовира градењето на имунитетот, бидејќи помага да се стимулира производството на бели крвни зрнца кои се одговорни за борба против инфекции. За време на постудените месеци, нашата кожа станува сува и помалку отпорна на надворешни услови, а освен тоа, на нашиот организам му недостигаат бројни минерали и витамини кои треба да ги компензираме на различни начини. Токму затоа витаминот Ц е многу важен дел од рутината за убавина, како и исхраната, поради што станува неопходен за борбата против есенските и зимските услови. Витаминот Ц е состојка во многу намирници што можете да ги додадете во вашата исхрана. Некои од тие намирници се зелените, агрумите, пиперките, кивито, црните рибизли... Пониските температури, дождот и ветерот се нормална појава во текот на есента и зимата, но тие имаат негативно влијание на нашата кожа. Затоа, заштитете ја кожата на лицето со додавање на производ или серум со витамин Ц во вашата рутина за убавина, бидејќи на овој начин можете да ги вратите оштетените клетки на кожата. Запомнете, витаминот Ц исто така може да обезбеди здрава регенерација на вашата кожа на лицето. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/vashiot-najdobar-prijatel-za-vreme-na-studenite-denovi-koristete-ja-ovaa-sostojka-i-zashtitete-ja-vashata-koza/feed/ 0
Ако пушите цигари ова мора да го знаете! Потребна ви е ударна доза на витамин Ц https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ako-pushite-cigari-ova-mora-da-go-znaete-potrebna-vi-e-udarna-doza-na-vitamin-c/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ako-pushite-cigari-ova-mora-da-go-znaete-potrebna-vi-e-udarna-doza-na-vitamin-c/#respond Tue, 18 Oct 2022 14:05:56 +0000 https://kurir.mk/?p=747091

Витаминот Ц е незаменлив имуностимулатор. Нормалната дневна доза од витамин Ц е од 60 -100 мг. Меѓутоа приемот на витамин Ц зависи од многу фактори: употребата на контрацептивни лекарства, голема физичка активност, присуство на некоја болест, пушењето (при пушењето на пример се редуцира ефектот на витамин Ц, со секоја испушена цигара се разградува од 25 – 100 мг од витаминот во телото), па затоа пушачите треба да земаат ударна доза витамин Ц. Тоа важи и за луѓето над 45 годишна возраст.
Приемот на витамин Ц е неопходен и при ослабен имунитет, а особено по време на зимските месеци како превенција од вируси и настинки. Имуниот систем опаѓа под влијание на различни фактори меѓу кои: пушењето, загадениот воздух, стресот, нездрава исхрана, неправилна употреба на антибиотици и др. Витаминот Ц има својство да ги неутрализира овие штетни влијанија. Учествува и во разградувањето на бактериите, вирусите и раковите клетки. Луѓето кои консумираат редовно витамин Ц имаат многу поактивни бели крвни зрнца, кои се одговорни за заштита на организмот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ako-pushite-cigari-ova-mora-da-go-znaete-potrebna-vi-e-udarna-doza-na-vitamin-c/feed/ 0
Лек за настинка, најмногу го има во цитрусите…: 5 митови за витаминот Ц во кои многумина веруваат https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/lek-za-nastinka-najmnogu-go-ima-vo-citrusite-5-mitovi-za-vitaminot-c-vo-koi-mnogumina-veruvaat/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/lek-za-nastinka-najmnogu-go-ima-vo-citrusite-5-mitovi-za-vitaminot-c-vo-koi-mnogumina-veruvaat/#respond Fri, 12 Aug 2022 12:16:50 +0000 https://kurir.mk/?p=717351

Витаминот Ц или аскорбинската киселина е хидросолубилен витамин, неопходен за нормален раст и развој на човечкиот организам. Тој е есенцијален нутриент, што значи дека нашето тело не може да го синтетизира, поради што мора редовно да се внесува преку избалансирана исхрана. Бидејќи е толку важен за организмот, за витаминот Ц можат да се чујат многу тврдења, но поединечни, за жал, не се точни. Ова се петте најчести митови за витаминот Ц: Витаминот Ц е лек за настинка Ова е веројатно еден од најголемите митови. Витаминот Ц го подобрува имунитетот, но не постојат докази дека лекува настинка како што се мисли. Доколку го зголемите внесот на витамин Ц додека сте болни, тоа нема да го забрза вашето закрепнување. Лимонот и портокалот се најголем извор на витамин Ц Всушност пиперките содржат повеќе витамин Ц од цитрусите како портокалот и лимонот, па затоа консумирајте ги почесто доколку сакате да внесувате повеќе од овој витамин во својата исхрана. Во исхраната внесете и кисела зелка која исто така изобилува со витамин Ц. Витаминот Ц е најважен за имунитетот Витаминот Ц не е единствено важен за имунитетот – тој помага и во други функции на телото како што е синтезата на допамин кој има важна улога во контролирање на функциите во мозокот и регулирање на расположението. Исто така, доколку внесувате железо како суплемент или по пат на исхрана, витаминот Ц ќе ви помогне подобро да се апсорбира во телото. Колку повеќе витамин Ц внесувате, толку имунитетот е посилен Витаминот Ц, како и секој друг витамин, му е потребен на организмот во одредена количина. Не е добро ако го внесувате премалку, но исто така не е добро и ако го пречекорувате дневниот внес бидејќи тоа може да доведе до низа здравствени проблеми. Важно е да одржувате баланс. Суплементите на витамин Ц влијаат на зголемување на телесната тежина Иако многумина мислат дека земањето премногу витамин Ц може да доведе до зголемување на телесната тежина, тоа не е точно. Неколку истражувања потврдиле дека нивото на витамин Ц во телото е обратно пропорционално на телесната тежина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/lek-za-nastinka-najmnogu-go-ima-vo-citrusite-5-mitovi-za-vitaminot-c-vo-koi-mnogumina-veruvaat/feed/ 0
Полна со витамин Ц, железо и јод: Рецепт за чорба која го зајакнува имунитетот https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/polna-so-vitamin-c-zelezo-i-jod-recept-za-chorba-koja-go-zajaknuva-imunitetot-2/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/polna-so-vitamin-c-zelezo-i-jod-recept-za-chorba-koja-go-zajaknuva-imunitetot-2/#respond Wed, 29 Jun 2022 20:26:56 +0000 https://kurir.mk/?p=697522

Цвеклото содржи речиси се од минерали, но најзастапени се калиумот, железото, манганот, бакарот, јодот и сулфурот. Од витамини најприсутни се витамините Б1, Б2, фолна киселина како и витаминот Ц. За разлика од останатиот зеленчук, цвеклото содржи и одредена количина на кобалт кој им се препорачува на вегетаријанците, односно веганите кои не консумираат млеко, месо, сирење и јајца, а кобалтот е неопходен во синтеза на витаминот Б12. Од друга страна, морковот е богат со витамините А, Ц, К и Б8, како и со фолати, калиум, железо, бакар и манган. Меѓутоа, повеќето благотворни својства на морковот потекнуваат од бета каротенот и растителните влакна. Потребни состојки: – 3 лажички маслиново масло – 500 гр. морков – 500 гр. цвекло – 1 црвен кромид – 1,7 литри вода – 1 кисело јаболко (или компир, целер, пашканат) – 1 лажичка сол – мелен црн бибер – 3 цм. корен од ѓумбир или 1/2 лажичка ѓумбир во прав – сок од половина лимон Начин на подготовка: На маслиново масло пропржете го ситно исечканиот кромид. За тоа време излупете ги морковите и исечкајте ги на коцки, а потоа истото направете го и со цвеклото. Пропржете го зеленчукот заедно со кромидот со повремено мешање. Потоа додајте 1,7 литри топла вода и ставете го исечканото јаболко или компир и ѓумбирот, ако користите свеж. Варете 30-тина минути, па тргнете го тенџерето од оган. Изладете го малку зеленчукот пред да го ставите во блендер. Изблендирајте и вратете ја смесата во тенџерето, а потоа зачинете со сол, бибер и лимонов сок (и додајте ѓумбир во прав).]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/polna-so-vitamin-c-zelezo-i-jod-recept-za-chorba-koja-go-zajaknuva-imunitetot-2/feed/ 0
Како да препознаете недостаток на витамин Ц: Ова се четири очигледни симптоми https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kako-da-prepoznaete-nedostatok-na-vitamin-c-ova-se-chetiri-ochigledni-simptomi/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kako-da-prepoznaete-nedostatok-na-vitamin-c-ova-se-chetiri-ochigledni-simptomi/#respond Fri, 03 Jun 2022 07:59:17 +0000 https://kurir.mk/?p=685984

За важноста на витаминот Ц за нашиот организам постојано се зборува, многу истражувања ги докажале овие тврдења, а доколку забележите дека сте постојано уморни, раздразливи или ви крварат непцата, можно е да се соочувате со недостаток на овој витамин. Телото не складира витамин Ц, па затоа е неопходно да се зема секојдневно. Препорачаната доза за возрасни жени е 75 милиграми, а за мажи 90. Постојат многу знаци кои укажуваат на тоа, а ова се некои од најчестите. Крварење на непцата Витаминот Ц помага во одржување на вашите крвни садови и коагулација на крвта. Исто така, колагенот е неопходен за здрави заби и непца, а витаминот Ц игра клучна улога во неговото производство. Една студија покажа дека луѓето со заболување на непцата, кои консумирале грејпфрут две недели, забележале подобрување. Сува коза Здравата кожа содржи доволни количини на витамин Ц, особено во епидермисот, односно надворешниот слој на кожата. Витаминот Ц ја одржува кожата здрава, заштитувајќи ја од оксидативен стрес предизвикан од изложување на сонце и други загадувачи, како што е чадот од цигарите. Поради недостаток на витамин Ц, шансата за сува и збрчкана кожа се зголемува за 10 проценти. Замор и раздразливост Едно истражување, иако на мал број учесници, покажа дека шест од седум мажи, кои имале ниски нивоа на витамин Ц, рекле дека се чувствуваат уморни и раздразливи. Друга студија, која опфати 14 канцелариски работници, покажа дека витаминот Ц го намалува нивното чувство на замор во рок од два часа. Ослабен имунитет Витаминот Ц е поврзан со имунолошкиот систем на неколку начини и не треба да чуди што неговиот недостаток води до почести болести и потешко закрепнување од болеста. Токму овој витамин е еден од императивите во терапии за настинки и грип.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kako-da-prepoznaete-nedostatok-na-vitamin-c-ova-se-chetiri-ochigledni-simptomi/feed/ 0
Телото ви ги дава ОВИЕ знаци дека имате намален имунитет – не ги игнорирајте https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/teloto-vi-gi-dava-ovie-znaci-deka-imate-namalen-imunitet-ne-gi-ignorirajte/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/teloto-vi-gi-dava-ovie-znaci-deka-imate-namalen-imunitet-ne-gi-ignorirajte/#respond Wed, 25 May 2022 20:51:06 +0000 https://kurir.mk/?p=681332

Витаминот Ц е важен за здрава кожа, коски, крвни садови, заби, целиот имунитет, а еве кои симптоми покажуваат дека вашиот имунитет е намален. Прв симптом кој покажува дека ви недостига витамин Ц е умор и слабост, болка во мускулите и зглобовите, појава на модринки или мали точки на кожата. Исто така се јавуваат и проблеми со сувата кожа, крварење од нос, потешкотии со лекување на инфекција, губење на заби или губење на вишокот на килограми. Најдобра дијагноза за недостаток на витамин Ц ќе ви даде вашиот лекар. Но, ако имате недостаток на витамин Ц тогаш јадете храна која е богата со овој витамин.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/teloto-vi-gi-dava-ovie-znaci-deka-imate-namalen-imunitet-ne-gi-ignorirajte/feed/ 0
Импресивни начини на кои витаминот Ц влијае на здравјето: 5 причини зошто да го земате често https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/impresivni-nachini-na-koi-vitaminot-c-vlijae-na-zdravjeto-5-prichini-zoshto-da-go-zemate-chesto/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/impresivni-nachini-na-koi-vitaminot-c-vlijae-na-zdravjeto-5-prichini-zoshto-da-go-zemate-chesto/#respond Thu, 12 May 2022 07:56:37 +0000 https://kurir.mk/?p=675505

Витаминот Ц е есенцијален витамин кој телото не може да го произведе самостојно. Тој има многу улоги и здравствени придобивки. Растворлив е во вода и се наоѓа во многу овошја и зеленчук, вклучувајќи портокали, јагоди, киви, пиперки, брокула, кељ и спанаќ. Препорачаната дневна доза на витамин Ц е 75 mg за жени и 90 mg за мажи. Иако обично се советува да се зема витамин Ц од храната, многу луѓе се свртуваат кон суплементи за да ги задоволат дневните потреби. Еве пет научно докажани придобивки од консумирањето на витамин Ц: Го намалува ризикот од хронични заболувања Помага во контрола на високиот крвен притисок Го намалува ризикот од срцеви заболувања Помага во спречување на недостаток на железо Го зајакнува имунитетот]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/impresivni-nachini-na-koi-vitaminot-c-vlijae-na-zdravjeto-5-prichini-zoshto-da-go-zemate-chesto/feed/ 0
Дали погрешното земање на витаминот Ц може да го загрози здравјето? https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/dali-pogreshnoto-zemanje-na-vitaminot-c-moze-da-go-zagrozi-zdravjeto/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/dali-pogreshnoto-zemanje-na-vitaminot-c-moze-da-go-zagrozi-zdravjeto/#respond Sun, 27 Feb 2022 10:10:37 +0000 https://kurir.mk/?p=637411

Еден од најпознатите витамини кои помагаат при вируси и настинки е витаминот Ц. Но, дали некогаш сте помислиле дека го земате погрешно и дека си го загрозувате здравјето? Таблетката витамин Ц може да предизвика рефлукс и да го иритира хранопроводот. Ако сте забележале дека ви се случува ова, тоа значи дека не сте го голтнале апчето со доволно вода или пак, дека можеби треба да го скршите, бидејќи многу фармацевтски компании ги прават доста големи. Исто така, не треба да пиете повеќе од 1000 мг во денот, бидејќи сè што е над тоа само се исфрла без да се искористи. Ако ви е полесно, сега постојат додатоци во исхраната во вид на прашок или течност, со кои можете да компензирате за таблетите. Секако, во целиот овој процес особен приоритет има здравата исхрана, која е многу подобра од кој било друг начин на земање на потребните витамини.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/dali-pogreshnoto-zemanje-na-vitaminot-c-moze-da-go-zagrozi-zdravjeto/feed/ 0
Витаминот Ц е многу важен, ова се симптомите кои покажуваат дека имате намален имунитет https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/vitaminot-c-e-mnogu-vazen-ova-se-simptomite-koi-pokazuvaat-deka-imate-namalen-imunitet/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/vitaminot-c-e-mnogu-vazen-ova-se-simptomite-koi-pokazuvaat-deka-imate-namalen-imunitet/#respond Thu, 17 Feb 2022 20:37:57 +0000 https://kurir.mk/?p=632835

Витаминот Ц е важен за здрава кожа, коски, крвни садови, заби целиот имунитет. Треба да знаете кои симптоми покажуваат дека вашиот имунитет е намален. Прв симптом кој покажува дека ви недостига витамин Ц е умор и слабост, болка во мускулите и зглобовите, појава на модринки или мали точки на  кожата. Исто така се јавуваат и проблеми со сувата кожа, крварење од нос, потешкотии со лекување на инфекција, губење на заби или губење на вишокот на килограми. Најдобра дијагноза за недостаток на витамин Ц ќе ви даде вашиот лекар. Но, ако имате недостаток на витамин Ц тогаш јадете храна која е богата со овој витамин.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/vitaminot-c-e-mnogu-vazen-ova-se-simptomite-koi-pokazuvaat-deka-imate-namalen-imunitet/feed/ 0
Овој витамин ќе ги заштити вашите бели дробови од загадениот воздух https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ovoj-vitamin-kje-gi-zashtiti-vashite-beli-drobovi-od-zagadeniot-vozduh/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ovoj-vitamin-kje-gi-zashtiti-vashite-beli-drobovi-od-zagadeniot-vozduh/#respond Fri, 10 Dec 2021 18:15:28 +0000 https://kurir.mk/?p=606847

Истражувачите од Империјал колеџот во Лондон уште пред неколку години откриле дека пациентите со астма или хронична опструктивна болест на белите дробови, почесто доаѓаат на болничко лекување во деновите кога загадувањето на воздухот поголемо. Аеросолите исто така предизвикуваат оксидативен стрес во организмот и го зголемуваат ризикот од срцев удар. Меѓутоа, истражувачите откриле дека лицата кои имаат повисоко ниво на витамин Ц во крвта имаат помали шанси да завршат во болница кога воздухот е позагаден од вообичаено. -Иако студијата била со мал обем, ова откритие „придонесува кон се поголемиот број докази дека ефектите од загадување на воздухот можат да се регулираат со антиоксиданси, рече тогаш Мајкл Бројер, научник од Универзитетот во Британска Колумбија. Со истражувањето се опфатени 209 лица кои се примени во лондонската болница. Претходно, истражувачи од Корнел универзитетот откриле дека исхраната богата со антиоксиданси ги чува функциите на белите дробови, а докажани се и позитивните ефекти на витаминот Ц и Е, како и селенот. Исто така, Универзитетот во Северна Каролина во 2001 година објави дека витаминот Ц може да ги заштити белите дробови и од озон.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ovoj-vitamin-kje-gi-zashtiti-vashite-beli-drobovi-od-zagadeniot-vozduh/feed/ 0