витни хјустон – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 16 Sep 2022 10:05:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png витни хјустон – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Премиера на филмот за Витни Хјустон во декември https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/premiera-na-filmot-za-vitni-hjuston-vo-dekemvri/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/premiera-na-filmot-za-vitni-hjuston-vo-dekemvri/#respond Fri, 16 Sep 2022 10:05:55 +0000 https://kurir.mk/?p=733638

Повеќе од десетлетие по прераната смрт на Витни Хјустон, биографскиот филм „I Wanna Dance With Somebody“ ќе ја раскаже нејзината животна приказна на големото платно. Продукцијата е на „Сони“, а главни продуценти се снаата на пејачката, Патриша Хјустон, како и нејзиниот ментор, Клајв Дејвис. Тие го претставија новиот трејлер вчера. Во главната улога е младата и надежна Наоми Аки, Дејвис го глуми Стенли Тучи, а нејзиниот насилен сопруг Боби Браун го толкува Ештон Сандерс. Сценариото е на Ентони Мекартен, кој го потпиша и биографскиот филм за Фреди Меркјури од 2018 година – „Боемска рапсодија“. Режисер е Каси Лемонс. Премиерата на филмот е закажана на 21 декември 2022 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/premiera-na-filmot-za-vitni-hjuston-vo-dekemvri/feed/ 0
Трагичната смрт на ѕвездата го шокираше светот пред 9 години: Зад сценското светло, таа минуваше низ кошмар кој ја чинеше живот https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/tragichnata-smrt-na-dzvezdata-go-shokirashe-svetot-pred-9-godini-zad-scenskoto-svetlo-taa-minuvashe-niz-koshmar-koj-ja-chineshe-zivot/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/tragichnata-smrt-na-dzvezdata-go-shokirashe-svetot-pred-9-godini-zad-scenskoto-svetlo-taa-minuvashe-niz-koshmar-koj-ja-chineshe-zivot/#respond Thu, 11 Feb 2021 08:49:24 +0000 https://kurir.mk/?p=467150

Легендарната американска пејачка Витни Хјустон почина на денешен ден пред девет години. Поминаа девет години од трагичната смрт што го преплави светот на музиката со тага. Веста дека музичката дива Витни Хјустон почина откако беше пронајдена во бесознание во кадата од хотелската соба во која престојуваше, ги остави сите без здив. Нејзините обожаватели уште тагуваат по својот идол. Во тоа време Витни имаше само 48 години, а лекарите утврдиле дека починала од последиците од давење откако изгубила свест во када полна со вода, откако се предозирала со кокаин. Таа беше и останува една од најценетите пејачки во историјата, а според Гинисовата книга на рекорди, таа беше најнаградувана на сите времиња со продадени дури 200 милиони албуми. Таа објави седум од нив, ги освои сите можни светски топ листи со своите синглови и беше наградена со престижната музичка награда Греми. Таа го издаде својот деби албум „Витни“ во 1985 година, и сè друго е историја. "I Will Always Love You", "I Wanna Dance With Somebody", "Higher Love", "My Love Is Your Love", се само некои од нејзините безвременски хитови. До 1992 година, Витни Хјустон била на врвот на светот, но нејзиниот живот од тој момент почнал да излегува од контрола. Таа година, пејачката лудо се вљубила и омажила за пејачот Боби Браун. На почетокот, уживале во бракот, љубовта и страста, но за многу брзо, нивниот однос се променил и тоа поради неконтролираната употреба на дрога, која станала центар на нивниот свет. Кавги, тепачки, непримерно однесување помеѓу сопружниците, неброено многу пати органите на редот морале да ги решаат нивните проблеми. Витни неколку пати го пријавила во полиција, тврдејќи дека ја тепал. Подоцна ги повлекувала тужбите и му се враќала тврдејќи дека не може да живее без него. Во последните години од својот живот, таа ја загрижи јавноста со својот истоштен изглед, а последниот настап беше во Холивуд на 9 февруари 2012 година. Само два дена подоцна таа замина засекогаш, но сепак живее низ својата музика и безвременските хитови што ни ги остави во наследство. Ја остави нејзината ќерка Боби Кристина Браун. Следуваше уште една трагедија - таа почина само шест месеци по нејзината славна мајка, на 23-годишна возраст, од последиците од предозирање. Боби Кристина беше единствено дете на Витни Хјустон и Боби Браун, кои се разведоа во 2007 година. По смртта на Витни, која почина од последици од давење во када за што придонесоа проблеми со срцето и употребата на кокаин, многумина стравуваа за ужалената девојка. Во тагата таа се зближи со Ник Гордон, момчето кое Витни го зеде во својот дом на 12-годишна возраст и го гледаше како свој син. Се верува дека и Боби Кристина беше зависник од дрога, исто како и нејзините родители. На 9 февруари 2012 Хјустон ги посети пејачите Бренди и Моника, заедно со Клив Дејвис, на пробите на Дејвис за забавата пред Греми наградите во хотелот Беверли Хилтон во Беверли Хилс. Истиот ден, таа го изведе нејзиниот последен јавен настап, кога ја придружи Кели Прајс на сцената во Холивуд, Калифорнија и ја испеа "Jesus Loves Me". Два дена подоцна, на 11 Февруари, Хјустон беше пронајдена без свест во сопстената соба 434 во хотелот Беверли Хилтон, потопена во кадата; подоцна беше прогласена за мртва.Причината за смртта не беше веднаш позната. Болничарите од Беверли Хилс пристигнаа околу 3:30 попладне и ја пронајдоа пејачката онесвестена и извршиле вештачко дишење. Хјустон беше прогласена за мртва во 3:55 попладне. Локалната полиција соопшти дека немало видливи знаци на насилство. На 22 март 2012, иследникот од канцелариите на Лос Анџелес соопшти дека причината за смртта на Хјустон биле давењето и ефектите од атеросклеротичната срцева болест, како и употребата на кокаин. Оттаму изјавија дека количеството на кокаин кое беше пронајдено во телото на Хјустон, посочи дека таа ја користела оваа супстанција непосредно пред нејзината смрт. Резултатите од токсикологија открија дополнителни лекови во нејзиниот организам: Бенедрил, Ханакс, марихуана и флексерил. Смртта беше прогласена како несреќен случај.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/tragichnata-smrt-na-dzvezdata-go-shokirashe-svetot-pred-9-godini-zad-scenskoto-svetlo-taa-minuvashe-niz-koshmar-koj-ja-chineshe-zivot/feed/ 0
Овие ѕвезди имаа проблеми со законот, а ретко кој знае за тоа: Погледнете за кого ФБИ собирале тајни информации! (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/ovie-dzvezdi-imaa-problemi-so-zakonot-a-retko-koj-znae-za-toa-poglednete-za-kogo-fbi-sobirale-tajni-informacii-foto/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/ovie-dzvezdi-imaa-problemi-so-zakonot-a-retko-koj-znae-za-toa-poglednete-za-kogo-fbi-sobirale-tajni-informacii-foto/#respond Fri, 06 Sep 2019 08:00:25 +0000 https://kurir.mk/?p=237674

Низ годините, ФБИ имаат собрано тајни информации за милиони луѓе ширум светот, а славните очигледно не се исклучок. Многу актери, музичари и познати имиња во светот на шоу бизнисот биле „на мета“ на истражувањата на ФБИ поради сомнеж за криминал. За овие ѕвезди со сигурност се знае дека имале досие:

Витни Хјустон

Поради турбулентната историја со дрога, големи суми на пари, бурни романси, како и анонимни писма, во ФБИ будно се следело нејзиното име.

Стив Џобс

Во 1991 година ФБИ направиле истражување на Џобс, кога постоела можност да се сретне со тогашниот претседател на САД.

Мерилин Монро

Со оглед на тоа што Мерилин била подвижна мистерија околу која постојано имало прашина и била поврзувана со значајни имиња, не е ни чудо што имала отворено досие.

Волт Дизни

Волт Дизни и ФБИ имале „комплицирана врска“ преку 30 години.

Чарли Чаплин

Чарли Чаплин имал прилично долго досие, кој од непознати причини бил воедно сметан за закана за националната безбедност.

Џон Ленон

Популарноста во ’60-тите му донела можност да биде „погласен“ и на тема политика, па поради активизмот на тоа поле во неколку наврати бил тема на тајни истражувања.

Мајкл Џексон

Сите сме сведоци на темната страна која го следеше со години, како и шпекулациите за секакви бизарни навики, па во овој случај не нè чуди информацијата дека постои ФБИ досие со негово име.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/ovie-dzvezdi-imaa-problemi-so-zakonot-a-retko-koj-znae-za-toa-poglednete-za-kogo-fbi-sobirale-tajni-informacii-foto/feed/ 0
Го обвинија дека ја претепал Витни Хјустон, а сега им помага на жртвите на семејно насилство https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/go-obvinija-deka-ja-pretepal-vitni-hjuston-a-sega-im-pomaga-na-zrtvite-na-semejno-nasilstvo/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/go-obvinija-deka-ja-pretepal-vitni-hjuston-a-sega-im-pomaga-na-zrtvite-na-semejno-nasilstvo/#respond Tue, 31 Jul 2018 09:10:06 +0000 https://kurir.mk/?p=83003

Боби Браун има намера да изгради прифатилиште за жртвите на семејно насилство во чест на својата покојна ќерка, за која се верува дека починала откако нејзиното момче  Ник Гордон ја претепал. Установата ќе се гради во Соут Фултон, Џорџија, САД. Инаку, Браун и самиот своевремено го следеа контроверзии дека ја тепал поранешната сопруга, сега веќе починатата Витни Хјустон, со која се разведе во 2007 година. Ќерката на Браун, Боби Кристина беше пронајдена без свест во својот дом во 2015 година, а почина по шест месеци минати во кома. Гордон беше обвинет за напад врз неа, но и за други кривични дела. Судот во 2016 година одлучи тој да исплати 36 милиони долари отштета. Според плановите, „безбедната куќа“, како што Браун го нарекува прифатилиштето, треба да има телефонска линија за интервенции, којашто ќе работи 24 часа и ќе биде „итно транзиционо засолниште". (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/go-obvinija-deka-ja-pretepal-vitni-hjuston-a-sega-im-pomaga-na-zrtvite-na-semejno-nasilstvo/feed/ 0
Шест години по смртта, сопругот на Витни тврди: Таа не почина од дрога! https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/shest-godini-po-smrtta-soprugot-na-vitni-tvrdi-taa-ne-pochina-od-droga/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/shest-godini-po-smrtta-soprugot-na-vitni-tvrdi-taa-ne-pochina-od-droga/#respond Sat, 03 Mar 2018 19:50:59 +0000 http://kurir.mk/?p=27032

Поминаа шест години од смртта на пејачката Витни Хјустон, а нејзиниот поранешен сопруг Боби Браун открива дека не верува дека за смртта на пејачката е виновна дрогата, иако при аутопсијата во нејзинот организам е пронајден кокаин. -Не мислам дека Витни почина од дрога, изјави Браун за магазинот Ролинг Стоун и додаде “Навистина напорно работеше на тоа да остане трезна и да се исчисти”. Тој смета дека таа починала од “скршено срце”. Витни е пронајдена удавена во када во собата на хотелот Беверли Хилтон во Калифорнија на 11-ти февруари 2012-та година. Токсиколошкиот наод потврдил дека во крвта има 0,58 микрограма кокаин во еден милилитар крв. Исто така се пројнадени траги од марихуана и лек против алергија бенадрил.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/shest-godini-po-smrtta-soprugot-na-vitni-tvrdi-taa-ne-pochina-od-droga/feed/ 0