визен режим – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 19 Apr 2023 15:19:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png визен режим – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Потпишан акт за либерализација на визниот режим за Косово https://arhiva.kurir.mk/svet/region/potpishan-akt-za-liberalizatsija-na-vizniot-rezhim-za-kosovo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/potpishan-akt-za-liberalizatsija-na-vizniot-rezhim-za-kosovo/#respond Wed, 19 Apr 2023 15:19:52 +0000 https://kurir.mk/?p=825568

Правниот акт на Европската унија (ЕУ) за либерализација на визите за Косово беше потпишан денеска во Брисел. Како што јави Радио Слободна Европа, правниот акт со кој Косово се додава на листата на земји за кои не е потребна влезна виза за земјите од Западна Европа, го потпишаа претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола и шведската министерка за европски прашања Јесика Росвал. Со објавувањето во Службен весник на ЕУ, кое ќе следи за дваесетина дена, стапува на сила одлуката за визна либерализација. Сите процедури во процесот на одлучување беа завршени во вторник, кога на пленарна седница беше усвоена одлуката за визна либерализација за Косово. Сепак, граѓаните на Косово треба да го чекаат почетокот на следната година за да уживаат во безвизниот режим со европските земји. Според одлуката што беше усогласена во декември минатата година, до укинувањето на визниот режим за Косово ќе дојде паралелно со функционирањето на информацискиот систем ЕТИАС, но не подоцна од 1 јануари следната година. Со укинувањето на визниот режим, Косово им се придружува на другите земји во регионот, чии граѓани повеќе од една деценија уживаат во слободата на движење.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/potpishan-akt-za-liberalizatsija-na-vizniot-rezhim-za-kosovo/feed/ 0
Советот на ЕУ даде зелено светло за укинување на визниот режим за граѓаните на Косово https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sovetot-na-eu-dade-zeleno-svetlo-za-ukinuvane-na-vizniot-rezhim-za-graganite-na-kosovo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sovetot-na-eu-dade-zeleno-svetlo-za-ukinuvane-na-vizniot-rezhim-za-graganite-na-kosovo/#respond Thu, 09 Mar 2023 14:08:58 +0000 https://kurir.mk/?p=810035

Советот на Европската Унија, денеска во прво читање, усвои став за укинување на визниот режим за граѓаните на Косово најдоцна од 1 јануари следната година. Сопствениците на косовски пасоши ќе можат да влезат во ЕУ без визи или од 1 јануари 2024 година или од почетокот на функционирање на Системот на ЕУ за информации и одобрувања на патувања (ЕТИАС), доколку тоа се случи оваа година, соопшти денеска Советот на ЕУ. Пред две недели беше објавено дека почетокот на ЕТИАС, електронскиот систем за одобрување влез во ЕУ, ќе биде одложен до следната година. Новите правила ќе им овозможат на косовските државјани да влезат во ЕУ без виза во период од 90 дена во кој било период од 180 дена, со што целиот регион на Западен Балкан ќе биде под ист визен режим во однос на ЕУ. Пред новите правила да бидат потпишани и објавени во Службен весник на ЕУ, тие треба да бидат усвоени од Европскиот парламент. Марија Малмер Стенергард, министерка за миграција во владата на Шведска, земја која моментално претседава со ЕУ, рече дека Косово „вложи големи напори“ да го подобри управувањето со миграцијата и да се усогласи со визната политика на ЕУ и изрази надеж дека соработката меѓу ЕУ и Приштина во тие области „ќе продолжи да биде плодна“. Врз основа на оценката дека Косово постигна значаен напредок во сите области од патоказот за либерализација на визниот режим, Европската комисија предложи укинување на визите за сопствениците на косовски пасоши. Европската комисија ќе продолжи активно да го следи спроведувањето на тие барања, вклучително и усогласувањето на визната политика, преку посебен механизам, посочува Советот на ЕУ. На 30 ноември 2022 година, амбасадорите на земјите-членки на ЕУ се договорија за преговарачки мандат за безвизен режим за граѓаните на Косово, врз основа на кој претседавачот со ЕУ требаше да ги започне преговорите со Европскиот парламент. Косово долго чекаше безвизен режим за влез во ЕУ, откако Европската комисија во јули 2018 година потврди дека земјата ги исполни преостанатите два услови за визна либерализација (ратификување на договорот за демаркација на границата со Црна Гора и успех во борбата против криминал и корупција), и дека на тој начин ги исполнила сите критериуми од Патоказот за визна либерализација.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sovetot-na-eu-dade-zeleno-svetlo-za-ukinuvane-na-vizniot-rezhim-za-graganite-na-kosovo/feed/ 0
Претставниците на Западен Балкан постигнаа договор во Берлин за усогласување на визниот режим со ЕУ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretstavnicite-na-zapaden-balkan-postignaa-dogovor-vo-berlin-za-usoglasuvanje-na-vizniot-rezim-so-eu/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretstavnicite-na-zapaden-balkan-postignaa-dogovor-vo-berlin-za-usoglasuvanje-na-vizniot-rezim-so-eu/#respond Fri, 21 Oct 2022 05:37:30 +0000 https://kurir.mk/?p=748697

Официјални претставници на Западен Балкан и на Европската унија во Берлин договорија мерки за спречување на илегалната миграција на „балканската рута“, од кои најважни се усогласувањето на визната политика на западнобалканската шесторка со стандардите на ЕУ и сузбивањето на шверц на луѓе, соопшти германското МВР. На состанокот на министрите за внатрешни работи како дел од берлинскиот процес, постигнат е договор синоќа за ефикасна заштита на границите со поддршка на европската агенција Фронтекс и за процедури за враќање на бегалците кои немаат правна основа за престој во ЕУ во нивните матични земји. Министрите и официјалните лица се собраа во Берлин на покана на германската министерка за внатрешни работи, Ненси Фесер, за да разговараат за сузбивањето на илегалната миграција преку балканската рута и борбата против организираниот криминал. „Европа има заедничка одговорност да го запре нелегалниот влез за да можеме да продолжиме да им помагаме на луѓето на кои итно им е потребна нашата поддршка“, рече Фесер. „Сакаме да ги заштитиме луѓето кои доаѓаат кај нас поради војни и политички прогон. Остануваме доследни на нашата хуманитарна одговорност“, рече Фезер. Истовремено, како што рече, европските партнери се решени да ја спречат илегалната миграција. Таа додаде дека на средбата, заедно со договорот за миграцијата, е постигнат договор сите европски партнери да сакаат дополнително да ја интензивираат соработката со сите земји од Западен Балкан во борбата против корупцијата и организираниот криминал. „Тоа ќе ја подобри безбедносната ситуација не само таму, туку и во ЕУ и пошироко“, рече Фесер. На средбата во Берлин беа поканети министри за внатрешни работи или други релевантни претставници на Австрија, Бугарија, Франција, Грција, Хрватска, Италија, Полска, Словенија, Чешка и Велика Британија, како и претставници на Западен Балкан – Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Северна Македонија и Србија. Учествуваа претставници на Европската Унија, меѓу кои и комесарката за внатрешни работи Илва Јохансон, како и претставници на меѓународни организации. Берлински процес е формат на годишни состаноци што германската влада, во времето на канцеларката Ангела Меркел, ги иницираше во 2014 година кога во Берлин се одржа Конференцијата за Западен Балкан. Целта на процесот е да се забрза соработката со шесте земји од Западен Балкан и интеграцијата на тој регион во ЕУ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretstavnicite-na-zapaden-balkan-postignaa-dogovor-vo-berlin-za-usoglasuvanje-na-vizniot-rezim-so-eu/feed/ 0
Претседателот на турскиот парламент: Да се олесни визниот режим за граѓаните на Русија и Турција https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretsedatelot-na-turskiot-parlament-da-se-olesni-vizniot-rezim-za-gragjanite-na-rusija-i-turcija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretsedatelot-na-turskiot-parlament-da-se-olesni-vizniot-rezim-za-gragjanite-na-rusija-i-turcija/#respond Sun, 24 Dec 2017 13:26:10 +0000 http://kurir.mk/?p=1540

Претседателот на турскиот парламент, Исмаил Кахраман, денеска предложи да се олесни визниот режим за граѓаните на Русија и Турција. -Би сакале да побараме олеснување на визниот режим за граѓаните на нашите земји, рече Кахраман за време на состанокот со претседателот на руската Дума Вјачеслав Волидин во Пакистан. Кахраман истакна дека минатата година значително се зголемил бројот на туристите од Русија. Според него, бројот на руски туристи во Турција надминал 4 милиони. Тој додаде дека Турција би сакала да отвори турски културен центар во Москва. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretsedatelot-na-turskiot-parlament-da-se-olesni-vizniot-rezim-za-gragjanite-na-rusija-i-turcija/feed/ 0