визи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 21 Oct 2023 09:54:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png визи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Косовските граѓани од 1 јануари без визи во ЕУ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kosovskite-gragani-od-1-januari-bez-vizi-vo-eu/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kosovskite-gragani-od-1-januari-bez-vizi-vo-eu/#respond Sat, 21 Oct 2023 09:54:29 +0000 https://kurir.mk/?p=891552

Канцеларијата на Европската унија во Косово потврди дека визната либерализација за граѓаните на Косово ќе стапи на сила на 1 јануари 2024 година, јави дописникот на МИА од Приштина. Во одговорот до порталот Калѕо (kallxo.com), Канцеларијата на ЕУ укинувањето на Шенген-визите за косовските граѓани го нарече историски момент во односите ЕУ-Косово. - Визната либерализација за имателите на косовски пасоши ќе стапи на сила од 1 јануари 2024 година. Ова ќе им овозможи на граѓаните на Косово да патуваат како туристи во ЕУ без визи 90 дена во период од 180 дена, се наведува во одговорот за приштинскиот медиум. Од таму, исто така, најавија дека персоналот на ЕУ во Косово учествува во информативни активности како дел од кампањата за визна либерализација. - Ова е важен историски момент во односите меѓу ЕУ и Косово и важен чекор на патот на Косово кон ЕУ. ЕУ во Косово ја започна кампањата „Истражи ја Европа“ за да ги објасни придобивките од визната либерализација, но и одговорностите и ограничувањата. Персоналот на ЕУ во Косово, исто така, учествува во информативни активности во неколку градови низ Косово, како дел од владината кампања за визна либерализација, изјави за Калѕо портпаролката на Канцеларијата на ЕУ во Косово, Јоана Лахана. Прашањето за визите за Косово беше дел од дискусијата оваа недела поради изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон во вторникот во Тирана. Врз основа на преводот на изјавата на Макрон за време на неговата средба со албанскиот премиер Еди Рама во Тирана, медиумите во Косово објавија информација дека Франција ја суспендирала визната либерализација за косовските граѓани. Подоцна беше објавено дека преводот не бил соодветен и дека изјавата на Макрон била во смисла дека Приштина треба да ги одржи ветувањата во однос на договорите со Србија, како што Франција го одржала своето ветување за либерализацијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kosovskite-gragani-od-1-januari-bez-vizi-vo-eu/feed/ 0
МНР: Високиот процент на одбиени визи од САД е поради несоодветни апликации, се планира кампања за едуцирање https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mnr-visokiot-protsent-na-odbieni-vizi-od-sad-e-poradi-nesoodvetni-aplikatsii-se-planira-kampana-za-edutsirane/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mnr-visokiot-protsent-na-odbieni-vizi-od-sad-e-poradi-nesoodvetni-aplikatsii-se-planira-kampana-za-edutsirane/#respond Sun, 17 Sep 2023 18:03:48 +0000 https://kurir.mk/?p=878850

По објавените податоци од страна на Стејт департментот дека процентот на одбиени визи за Северна Македонија во 2022 година изнесувал 26,29 проценти, Министерството за надворешни работи попладнево соопшти дека е започнат процес за присоединување на земјава кон Програмата за САД за безвизен режим (Visa Waiver Program). Високиот процент на одбиени визи од безмалку 30 проценти, според МНР, се должи на несоодветните апликации, за што планира наскоро да започне кампања за едуцирање на граѓаните. -Со одлука на Влада, формирана е меѓуресорска работна група предводена од Министерството за надворешни работи, која се состои од претставници и на други релевантни институции кои работат на исполнување на условите за воспоставување безвизен режим со САД. Условите се однесуваат на различни области, но еден од клучните е процентот на одбиени визи да изнесува најмногу три проценти.Во тој контекст, нагласуваме дека високиот процент на одбиени визи од безмалку 30 проценти се должи на несоодветните апликации, за што планираме наскоро да започнеме кампања за едуцирање на граѓаните за процесот на аплицирање и условите кои треба да бидат исполнети, со цел добивање виза за САД, информира МНР. Оттаму дополнуваат дека процесот на укинување визи за влез на државјаните на Северна Македонија во САД е долгорочен и комплексен и оти налага континуирани активности на што, потенираат, посветено работиме. -Воедно приклучувањето на Северна Македонија во Програмата за безвизен режим стана дел од Стратешкиот дијалог со САД и е меѓу проектите во Акцискиот план, што беше усвоен на владина седница во февруари оваа година. Постигнувањето на оваа цел ќе биде од бенефит за економскиот развој на земјава, а ќе внесе и дополнителен импулс за зајакнување на билатералните односи и стратешкото партнерство, како и доближувањето на народите од двете земји, соопшти Министерството за надворешни работи. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mnr-visokiot-protsent-na-odbieni-vizi-od-sad-e-poradi-nesoodvetni-aplikatsii-se-planira-kampana-za-edutsirane/feed/ 0
Албанија ги враќа визите за руските граѓани https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanija-gi-vraka-vizite-za-ruskite-gragani/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanija-gi-vraka-vizite-za-ruskite-gragani/#respond Sat, 22 Apr 2023 10:00:42 +0000 https://kurir.mk/?p=826340

Албанија го суспендираше безвизниот влез на албанска територија за руските државјани, кој важеше за летната туристичка сезона. Одлука за тоа донесе владата на вчерашната седница, јавија албанските медиуми. Амбасадата на Албанија во Руската Федерација преку соопштение информраше дека безвизниот режим ќе биде укинат за периодот од 1 мај до 30 септември секоја година. -Амбасадата на Република Албанија во Руската Федерација информира дека согласно последните измени во Одлуката на Советот на министри на Република Албанија бр. 858, од 29.12.2021 година, го укинува безвизниот режим за граѓаните на Руската Федерација (секоја година од 1 мај до 30 септември). За посета на Република Албанија потребно е да аплицирате за виза во согласност со целта на патувањето, се наведува во соопштението. Во изминатите години за време на туристичката сезона со одлука на Владата во Тирана на руските граѓани не им беше потребна виза за влез во оваа земја. Минатата година опозицијата ја критикуваше Владата поради тоа и бараше визи за руските граѓани и во текот на сезоната, но премиерот Еди Рама тоа го отфрли и во летната сезона од визниот режим беа ослободени граѓаните на осум држави, меѓу нив и руските. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanija-gi-vraka-vizite-za-ruskite-gragani/feed/ 0
ЕУ бара од Босна и Херцеговина да воведе визи за граѓаните на Русија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/eu-bara-od-bosna-i-hertsegovina-da-vovede-vizi-za-graganite-na-rusija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/eu-bara-od-bosna-i-hertsegovina-da-vovede-vizi-za-graganite-na-rusija/#respond Fri, 27 Jan 2023 12:04:27 +0000 https://kurir.mk/?p=792813

Европската унија (ЕУ) бара од Босна и Херцеговина (БиХ) како земја кандидат да воведе визи за граѓаните на Руската Федерација. „Очекуваме БиХ, како земја-кандидат, целосно да ја усогласи својата надворешна, безбедносна и трговска политика со политиките на ЕУ. За да функционира добро безвизниот режим со ЕУ, се очекува и БиХ целосно да се усогласи со визната политика на ЕУ, која не предвидува безвизен режим со Русија“, потврдија од Делегацијата на ЕУ во Босна и Херцеговина за Радио и телевизија на Република Српска (РТРС). ЕУ се повикува на извештајот објавен во декември 2022 година, во кој се наведува дека Босна и Херцеговина продолжува да ги исполнува критериумите за визна либерализација со Шенген зоната, но препорачува Босна и Херцеговина „како приоритетно прашање да ја усогласи својата визна политика со листата на трети земји на кои им се потребни визи за ЕУ, особено на оние трети земји кои претставуваат ризик од нерегуларна миграција или ризик за безбедноста на ЕУ“. Во Извештајот за напредокот на Европската комисија се посочува дека БиХ треба да воведе визи за Русија, при што се истакнува дека БиХ има безвизен режим и со Азербејџан, Бахреин, Кувајт, Оман, Катар и Турција. „БиХ не издава визи на граница. За да има добро функционален миграциски систем во безбедно опкружување, земјата мора да ја почитува визната политика на ЕУ“, се вели во извештајот. Реагирајќи на барањето на ЕУ за воведување визи за државјани на Русија, руската амбасада во Сараево оцени дека ЕУ „поставува премногу барања на Босна и Херцеговина“. Во соопштението доставено до РТРС, тие наведуваат дека постојниот Договор за безвизен режим обезбедува поволни услови за развој на врските меѓу двете земји. „Убедени сме дека сегашната правна рамка првенствено одговара на интересите на Босна и Херцеговина, една отворена земја која ЕУ се обидува да ја претвори во колонија“, велат од руската амбасада во Сараево.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/eu-bara-od-bosna-i-hertsegovina-da-vovede-vizi-za-graganite-na-rusija/feed/ 0
Македонија нема да воведе визи за Косово https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-nema-da-vovede-vizi-za-kosovo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-nema-da-vovede-vizi-za-kosovo/#respond Wed, 07 Dec 2022 10:25:19 +0000 https://kurir.mk/?p=772168

Република Северна Македонија не воведува визи за Косово, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи, наведувајќи дека станува збор за грешка на Европската комисија која ќе биде поправена. -Тоа е грешка на Европската комисија, ставањето на Косово на листата на земји со коишто треба да има визен режим е пропуст којшто е увиден од страна на Европската комисија. Никогаш не е поминато низ телата на ЕК и тоа ќе биде ревидирано, рече Османи. Османи посочи дека трендот не е воведување визи туку поинаков, да се минува границата со лични карти. -Тоа е целосно контрадикторно со политиката на ЕК. Ние во рамки на Берлинскиот процес само што потпишавме договор шесте земји – членки за движење со лични карти во регионот, така што трендот е спротивен од воведување на визи. Ние сега не само со Косово, со БиХ, со Црна Гора, со Србија нема потреба ни пасош да вадиме, а целта е на крај целосно овој регион да влезе во рамки на слободното движење на граѓани, изјави Османи. Министерот за надворешни работи одговарајќи на новинарско прашање ги отфрли тврдењата за одземање на визната либерализација на Северна Македонија. Османи кажа дека ќе се работи на дополнителни ослободување во односите со ЕУ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-nema-da-vovede-vizi-za-kosovo/feed/ 0
ЕК: Построги проценки на руските барања за визи https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ek-postrogi-procenki-na-ruskite-baranja-za-vizi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ek-postrogi-procenki-na-ruskite-baranja-za-vizi/#respond Fri, 30 Sep 2022 13:40:05 +0000 https://kurir.mk/?p=739619

Европската комисија денеска препорача земјите членки на Европската Унија да дадат „построга проценка“ на барањата на Русите за патни визи, особено на оние што се поднесени од трети земји, пишуваат дел од британските медиуми. Комесарката на ЕУ за внатрешни работи, Илва Јохансон изјави дека не би требало да се издаваат визи за оние кои планираат да останат подолго од 90 дена. Таа посочи дека „многу руски државјани“ ја напуштаат својата земја поради мобилизацијата за војната во Украина. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ek-postrogi-procenki-na-ruskite-baranja-za-vizi/feed/ 0
Полска размислува да го ограничи пристапот на руските граѓани до визи https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/polska-razmisluva-da-go-ogranichi-pristapot-na-ruskite-gragjani-do-vizi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/polska-razmisluva-da-go-ogranichi-pristapot-na-ruskite-gragjani-do-vizi/#respond Sun, 14 Aug 2022 15:20:05 +0000 https://kurir.mk/?p=718389

Полска разгледува планови да го следи примерот на Естонија и Летонија и да го ограничи пристапот на руските граѓани до визи, јави ДПА. - Полска работи на концептшто ќе овозможи на Русите да не им се издаваат визи, изјави денеска полскиот заменик-министер за надворешни работи Пјотр Вавчик. Заменик министерот истакна дека неговата земја ја поддржува идејата за воведување на повеќе санкции од страна на Европската унија кон Русија поради војната во Украина, вклучително и воведувањето забрана за издавање визи за Русите на ниво на ЕУ. - Меѓутоа, влијателни земји од Европската унија, вклучувајќи ги Германија, Франција и Холандија, се против тоа, нагласи тој. Германија и Европската комисија се против воведување забрана за издавање визи за Русите на европско ниво, јави ДПА. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/polska-razmisluva-da-go-ogranichi-pristapot-na-ruskite-gragjani-do-vizi/feed/ 0
САД размислуваат за укинување на визите за Израел, Романија, Бугарија и Кипар https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-razmisluvaat-za-ukinuvanje-na-vizite-za-izrael-romanija-bugarija-i-kipar/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-razmisluvaat-za-ukinuvanje-na-vizite-za-izrael-romanija-bugarija-i-kipar/#respond Wed, 27 Oct 2021 06:28:34 +0000 https://kurir.mk/?p=586163

Американскиот министер за внатрешна безбедност Алехандро Мајоркас изјави дека Соединетите Американски Држави размислуваат да додадат четири земји во програмата за укинување на визите, дозволувајќи им да останат во САД до 90 дена без виза. – Имаме четири кандидати: Израел, Кипар, Бугарија и Романија. Ние сме многу, многу фокусирани на програмата, рече Мајоркас на настан поврзан со туристички патувања, истакнувајќи дека програмата за укинување на визите обезбедува значителни економски и безбедносни придобивки. Роберт Дау, шеф на Американската асоцијација за патувања, рече дека неодамнешното додавање на Хрватска во програмата за укинување на визите е стимул од сто милиони долари за американската економија. Хрватските граѓани од сабота можат да патуваат во САД без виза. – Секогаш кога ќе додадете една од тие земји, патувањето експлодира, рече Дау. Белата куќа во август, по состанокот меѓу претседателот Џо Бајден и израелскиот премиер Нафтали Бенет, соопшти дека Бајден истакнал дека „неговата администрација ќе ја зајакне билатералната соработка со Израел на начин што ќе има корист и за граѓаните на САД и за Израел, вклучително и соработката за вклучување на Израел во програмата за укинување на визите”. Мајоркас се сретна со израелскиот амбасадор во САД во август за да разговараат за ова прашање. За да може една земја да влезе во програмата за ослободување од визи мора да ги исполнува критериумите од сферата за борба против тероризмот, спроведување на законот, имиграцијата, безбедноста на документите и управувањето со границите, а процентот на одбиени визи мора да биде под три отсто. Во моментов, 40 земји се во програмата за ослободување од визи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-razmisluvaat-za-ukinuvanje-na-vizite-za-izrael-romanija-bugarija-i-kipar/feed/ 0
Хрватите од денеска може да патуваат во САД без визи https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hrvatite-od-deneska-moze-da-patuvaat-vo-sad-bez-vizi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hrvatite-od-deneska-moze-da-patuvaat-vo-sad-bez-vizi/#respond Sat, 23 Oct 2021 09:31:44 +0000 https://kurir.mk/?p=584140

Од денеска на хрватските граѓани им е овозможено да патуваат во САД без виза, објави американската амбасада во Загреб. Таа одлука на Електронскиот систем за овластување за патување (ЕСТА) се однесува на хрватските граѓани кои заминуваат во САД во туристички или деловен аранжман, не подолго од 90 дена, објави „Јутарњи лист“. Членството на Хрватска во таканаречената програма за ослободување од визите (VWP) е важен чекор во натамошното зајакнување на економската и безбедносната соработка меѓу двете земји, соопшти Амбасадата. За да може една земја да влезе во програмата за укинување на визите, таа мора да ги исполни критериумите во областа на борбата против тероризмот, спроведувањето на законот, имиграцијата, безбедноста на документите и управувањето со границите, се вели во соопштението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hrvatite-od-deneska-moze-da-patuvaat-vo-sad-bez-vizi/feed/ 0
Во Франција за 2020 забележан е драстичен пад на издавање визи, престој, азил, заштита и државјанства https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-francija-za-2020-zabelezan-e-drastichen-pad-na-izdavanje-vizi-prestoj-azil-zashtita-i-drzavjanstva/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-francija-za-2020-zabelezan-e-drastichen-pad-na-izdavanje-vizi-prestoj-azil-zashtita-i-drzavjanstva/#respond Tue, 26 Jan 2021 11:44:17 +0000 https://kurir.mk/?p=460019

Во согласност со кодексот за добра пракса на европската статистика, Генералниот директорат за странци во Франција (ДГЕФ) на Министерството за внатрешни ја објави годишната статистика што спаѓа во рамките на миграцијата и меѓународната заштита. Од податоците се гледа дека пандемиската криза сериозно ги ограничи миграциските текови во 2020 година, погодени од отсуството на воздушни врски и затворањето на многу граници. Покрај тоа, голем број административни шалтери беа принудени да ја ограничат или прекинат својата активност за време на првото затворање, јави дописникот на МИА. Издавањето визи во 2020 година е драстично опаднато (- 79,8 отсто), со вкупно издадени 712.311 визи за влез и престој во Франција. Во нив, бројот на визи за краток престој за Шенген зоната падна уште повеќе (- 82,9 отсто) додека визите за долг престој доживеаја помал пад од 37,1 отсто. Кина од првото падна на четвртото место според бројот на издадени визи (зад Мароко, Русија и Алжир). Семејната имиграција, која се уште претставува најголем дел од миграцискиот проток, е поумерено опадната (- 16,9 отсто). Ова е поврзано со фактот дека дел од семејните визи за престој им се даваат на луѓето кои веќе престојуваат на територијата кога аплицираат за нив. Влијанието на затворањето на границите поврзано со здравствената криза е помалку важно отколку за другите визи. Случајот со студентите е посебен, со значаен пад (-20,4 отсто), во контекст на брзиот развој на образованието на далечина. Ова веројатно се објаснува со поврзаноста на календарот за меѓусебно ограничување со оној на запишување на универзитетите и со имплементација на нова алатка за онлајн апликација. Ова им овозможи да го достават своето барање за дозвола за престој без одлагање, што може брзо да се обработи. Професионалната имиграција е особено погодена од кризата со Ковид-19 со пад од повеќе од 31 отсто. Ова веројатно следи по веројатното одложување, па дури и напуштање, на миграциските проекти поврзани со работата, без разлика дали да останат со роднини или поради забавувањето на економската активност во Франција. Во 2020 година, издадени се речиси 27.700 „пасоши за таленти“, (приближно 8.400 први дозволи и 19.250 во обновување), т.е. вкупно намалување за 25 отсто. Исто така и првите хуманитарни дозволи за престој се во опаѓање (- 15,3 отсто). Борбата против нередовната имиграција продолжува, но во 2020 година вкупниот број на протерување на странци со нерегуларен престој опадна за 47,8 отсто, особено поради поголемите потешкотии при организирање патувања во контекст на здравствена криза со затворањето на границите на земјите приматели, затворање на многу конзулати, што го попречува добивањето на пропусница, падот на воздушниот сообраќај, тешкотиите во добивањето на ПЦР тестови. Токму принудните протерувања и асистираните доброволни заминувања на државјани на трети земји забележаа најголем пад (- 51,8 отсто и – 63,0 отсто). Помаганите и спонтаните заминувања се најмалку погодени од овој пад (-39,8 отсто и -22,7 отсто). Вкупно речиси 15.950 странци со нерегулирана состојба за престој ја напуштија Франција во 2020 година. Во 2020 година, 81.669 први барања за азил (вклучени малолетни лица) и 11.757 повторни се регистрирани во Единствени шалтерите за барање за азил (ГУДА), односно 38,2 отсто во споредба со 2019 година. Бројот на луѓе на кои им е дадена заштита во Франција е 24.118 во 2020 година по 36.275 во 2018 година (- 33,5 отсто). Во 2020 година, бројот на добиените француски државјанства со декрет и со декларација (брак, наследници на Французи, браќа и сестри на Французи), под одговорност на Министерството за внатрешни работи, опадна за 20 отсто, повторно поради суспендирање на приемот на публиката за време на првото затворање и постепено повторно отворање на шалтерите. Оваа промена опфаќа намалување на бројот на државјанства со декрет кој падна од 49.671 во 2019 година на 41.927 (- 15,6 отсто), како и бројот на државјанства по декларација, кој опадна за 27,9 отсто (18.223 наспроти 25.262 во 2019 година).(МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-francija-za-2020-zabelezan-e-drastichen-pad-na-izdavanje-vizi-prestoj-azil-zashtita-i-drzavjanstva/feed/ 0