визна либерализација – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 13 Dec 2022 14:58:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png визна либерализација – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Советот на ЕУ поддржува визна либерализација за Косово и повикува на дијалог со Белград https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sovetot-na-eu-poddrzuva-vizna-liberalizacija-za-kosovo-i-povikuva-na-dijalog-so-belgrad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sovetot-na-eu-poddrzuva-vizna-liberalizacija-za-kosovo-i-povikuva-na-dijalog-so-belgrad/#respond Tue, 13 Dec 2022 14:58:43 +0000 https://kurir.mk/?p=775069

Советот на ЕУ ја поддржа визната либерализација за Косово и ја повика Приштина во „добра волја и во духот на компромисот” да се вклучи во дијалогот со Белград за нормализирање на односите со Србија, како и да направи дополнителни напори за обезбедување целосна заштита на културното и верското наследство, правата на припадниците на немнозинските заедници, како и родовата еднаквост во пракса. Кога станува збор за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Брисел очекува Косово да се вклучи во дијалогот што го води ЕУ со добра волја и во духот на компромисот, со цел да се постигне сеопфатен правно обврзувачки договор со Србија за нормализација на односите, во согласност со меѓународното право и правото на ЕУ и без понатамошно одлагање. „Договорот треба да ги адресира сите отворени прашања и да придонесе за регионалната стабилност и е од клучно значење за унапредување и на Косово и на Србија на европскиот пат“, се посочува во денеска усвоените заклучоци за проширувањето и процесот за стабилизација и асоцијација, во делот посветен на Косово. Советот на ЕУ повторно го нагласува силното очекување дека сите претходни договори ќе бидат целосно почитувани и имплементирани без одлагање, како и дека страните конструктивно се ангажираат во решавањето на сите билатерални спорови. Советот ги повикува двете страни да се воздржат од еднострани и провокативни дејствија кои би можеле да доведат до тензии и насилство, и од реторика што не води кон дијалог и ги потсетува на нивната заедничка одговорност за обезбедување мир и стабилност. Во усвоените заклучоци Советот на ЕУ „ја повторува важноста и поддршката на Косово за работата на Специјализираните совети на Косово (Судот за злосторства на ОВК во Хаг) и Специјалното обвинителство” како демонстрација на посветеност на владеењето на правото и ставање крај на неказнивоста“. Советот ја поздравува континуираната посветеност на Косово на европскиот пат, напредокот во зајакнувањето на демократијата и владеењето на правото, како и осудата на руската агресија врз Украина како јасна геостратешка ориентација на Косово и доброволно усогласување со ЕУ. рестриктивни мерки, особено против Русија и Белорусија. Во заклучоците, Косово се охрабрува да развие стратегија за транзициска правда, вклучувајќи сеопфатен пристап за справување со минатото, се потсетува на важноста на блиската соработка на Косово со мисијата ЕУЛЕКС, важноста на регионалната соработка и добрососедските односи, и го охрабрува Косово активно и конструктивно да се вклучи во регионалната соработка.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sovetot-na-eu-poddrzuva-vizna-liberalizacija-za-kosovo-i-povikuva-na-dijalog-so-belgrad/feed/ 0
ЕУ го усогласи текстот за визна либерализација за Косово https://arhiva.kurir.mk/svet/region/eu-go-usoglasi-tekstot-za-vizna-liberalizacija-za-kosovo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/eu-go-usoglasi-tekstot-za-vizna-liberalizacija-za-kosovo/#respond Tue, 22 Nov 2022 16:43:48 +0000 https://kurir.mk/?p=764932

Земјите -членки на Европската унија (ЕУ) постигнале согласност околу конечниот текст за визна либерализација за Косово, според кој укинувањето на визниот режим влегува во сила кога Европскиот систем ЕТИАС ќе биде целосно функционален или најдоцна до 1 јануари 2024 година, пишува регионалниот сервис на Радио Слободна Европа, повикувајќи се на добро упатени извори. Според информациите, учесниците на состанокот, инаку експерти од земјите -членки, го прифатиле барањето на Шанија крајниот датум да не се поклопува со претседавњето на оваа држава со ЕУ. Шпанија е една од земјите-членки на ЕУ која не ја призна независноста на Косово, поради што бараше датумот за визна либерализација да не се поклопи со нејзното претседателство од 1 јули до 31 декември 2023 година. Ова е причината зошто Шпанија беше една од државите што на 16 ноември ја запреа т.н. тивка постапка кога требаше да се усогласи претходниот текст според кој визната либерализација на Косово требаше да стапи на сила на 1 декември 2023 година. Чешкото претседателство со ЕУ и понатаму се обидува да ги заврши сите потребни легислативни за ова прашање до крајот на оваа година. Бидејќи текстот е усогласен, тој, како што се дознава, че биде усвоен од амбасадорите на земјите -членки на ЕУ на состанокот што ќе се одржи на 23 ноември. Планирано е дека ова прашање да биде под т.н. „точка А“, која вклучува автоматско усвојување на текстот без претходна дискусија. Во овој случај, завршувањето на сите процедури до крајот на декември останува реална опција. Први јануар 2024 година, според усогласениот текст, се смета за краен рок кога кога граѓаните на Косово би можеле да почнат да го користата безвизниот режим, а до укинување на визитем како што пишува РСЕ може да дојде и порано ако европскиот информативен систем – ЕТИАС биде целосно функционален, како што планира ЕУ до крајот на следната година. Инаку, ЕТИАС е систем за давање овластување за патуваат во оние земји од Европската Унија кои се дел од Шенген. Конечната одлука за преминување на надворешната граница носи земјата -членка на ЕУ која е прва дестинација. ЕТИС ќе спроведе таканаречен скрининг пред да патувањето на патниците патници кои уживаат безвизен пристап до земјите од Шенген зоната и на тој начин ќе им овозможи земјите-членки на Унијата да ја укинат дозволата на патниците за кои ќе биде порценето дека претставуваат безбедносна закана или ризик во смисла на нелегална миграција или на јавното здравје. За да се премине надворешната граница на Шенген, патниците без виза исто така ќе треба да имаат валиден патнички документ и ЕТИАС овластување. ЕТИАС беше одобрена во 2018 година, но ставањето на овој систем во фунција беше одложено во неколку наврати. Поврзување на визната либерализацијата со системот ЕТИАС првично побара Франција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/eu-go-usoglasi-tekstot-za-vizna-liberalizacija-za-kosovo/feed/ 0
РСЕ: Визна либерализација за Косово најверојатно на 1 ноември 2023 година https://arhiva.kurir.mk/svet/region/rse-vizna-liberalizacija-za-kosovo-najverojatno-na-1-noemvri-2023-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/rse-vizna-liberalizacija-za-kosovo-najverojatno-na-1-noemvri-2023-godina/#respond Thu, 10 Nov 2022 16:21:35 +0000 https://kurir.mk/?p=758726

Членови на работната група за визи на Европската унија се чини дека ги приближија ставовите и постигнаа договор за компромисен текст, според кој визната либерализација за Косово ќе стапи на сила најдоцна од 1 ноември следната година и во случај до тој датум дигиталниот систем ЕТИАС да не биде целосно функционален. Според извори на РСЕ, таа формулација ги задоволила сите страни, кои биле поделени во две групи: една предводена од Франција која инсистирала визната либерализација да биде директно поврзана со ЕТИАС и друга група која сметала дека Косово не може да ги трпи последиците доколку дотогаш ЕТИАС не биде оперативен. Работната група експерти од земјите членки на ЕУ се состана по вторпат денеска, во обид да се постигне договор за конечниот текст за визна либерализација за Косово. На првиот состанок одржан на 13 октомври, Франција побара визната либерализација да биде директно поврзана со системот ЕТИАС. Чешкото претседателство со Европската унија треба да подготви нов нацрт на текстот, кој наскоро треба да биде усвоен по таканаречената тивка процедура. Станува збор за поедноставена писмена постапка според која актот се смета дека е донесен на крајот од мандатот определен од Претседателството, освен ако некоја земја-членка не се противи на тоа. Не се знае каква прецизна формулација ќе состави чешкото претседателство, но извесно е дека ќе се спомене ЕТИАС како и рокот (1 ноември) за стапување во сила на визната либерализација, за да се избегне ново одложување на укинување на безвизниот режим, доколку дотогаш не е воспоставен ЕТИАС. По истекот на рокот за тивката процедура, која подразбира усвојување на текстот, визната либерализација преминува од експертско на политичко ниво, почнувајќи од амбасадорите на земјите членки на ЕУ. За ова прашање треба да разговараат на крајот на ноември. Потоа треба да се одржи таканаречен тријалог во кој учествуваат сите три институции на ЕУ: Европската комисија, Европскиот парламент и Советот на ЕУ. Таа одлука треба да биде одобрена од Европскиот парламент и Советот на министри на ЕУ, каде што одлуката се носи со квалификувано мнозинство, што значи 55 отсто од земјите-членки кои поддржуваат 65 отсто од целокупното население на ЕУ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/rse-vizna-liberalizacija-za-kosovo-najverojatno-na-1-noemvri-2023-godina/feed/ 0
Османи бара од ЕУ да не се блокира визната либерализација за Косово поради технички прашања https://arhiva.kurir.mk/svet/region/osmani-bara-od-eu-da-ne-se-blokira-viznata-liberalizacija-za-kosovo-poradi-tehnichki-prashanja/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/osmani-bara-od-eu-da-ne-se-blokira-viznata-liberalizacija-za-kosovo-poradi-tehnichki-prashanja/#respond Fri, 14 Oct 2022 18:02:05 +0000 https://kurir.mk/?p=745503

Косовската претседателка Вјоса Османи ги прими денеска амбасадорите на петте држави членки на Европската Унија, за кои беше јавено дека го поддржаа условувањето на визната либерализација за Косово на вчерашната седница на Работната група на Советот на ЕУ за прашања на визите, јави дописникот на МИА од Приштина. На средбата со дипломатските претставници на Франција, Шведска, Холандија, Белгија и Австрија, Османи нагласила дека е потребно политичката одлука во врска со укинувањето на Шенген-визите во рамките на ЕУ да се заокружи во текот на чешкото претседателство со ЕУ. Косовската претседателка, според соопштението од нејзиниот кабинет, изразила уверување дека техничките барања покренати од некои од државите на ЕУ во врска со Европскиот систем за авторизација и информации околу патувањата (ЕТИАС) нема да влијаат на одлуката за одредување на датумот за визна либерализација за Косово. Една поинаква одлука, нагласила Османи, би ги поставила граѓаните на Косово во дискриминирачка позиција. – Претседателката Османи нагласи дека Косово ќе се приклучи на системот ЕТИАС, како и сите други држави, во моментот кога тој систем ќе стане оператибилен, но тоа не смее да влијае на одредувањето на датумот на стапување во сила на одлуката за визна либерализација, се вели во соопштението. Вчера во Брисел за прв пат се одржа дебата во Работната група на Советот на ЕУ за визната либерализација за Косово. Според дипломатски извори од ЕУ, на кои се повикуваат медиумите, на расправата се покажало јасно дека постои голема поддршка меѓу земјите членки на ЕУ за укинување на визите, но и натаму има земји кои изнесуваат дополнителни барања кои треба да се исполнат пред да се донесе одлуката. Франција, која досега беше главниот кочничар на укинувањето на визите за Косово, овој пат не се изјаснила против, но предложила визната либералиација да се поврзе со системот ЕТИАС, со кој за граѓаните на земјите кои имаат либерализација ќе се венсуваат податоците пред да патуваат во земјите на ЕУ. Проблемот со францускиоит предлог, нагласуваат во Приштина, е што овој систем ниту во земјите на ЕУ не е предвидено да стане функционален пред 1 ноември 2023 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/osmani-bara-od-eu-da-ne-se-blokira-viznata-liberalizacija-za-kosovo-poradi-tehnichki-prashanja/feed/ 0
Проф Спахиу за Бета: По визната либерализација до 500.000 граѓани би можеле да го напуштат Косово https://arhiva.kurir.mk/svet/region/prof-spahiu-za-beta-po-viznata-liberalizacija-do-500-000-gragjani-bi-mozele-da-go-napushtat-kosovo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/prof-spahiu-za-beta-po-viznata-liberalizacija-do-500-000-gragjani-bi-mozele-da-go-napushtat-kosovo/#respond Sat, 08 Oct 2022 08:17:10 +0000 https://kurir.mk/?p=742769

Професорот на Факултетот за политички науки во Приштина, Неџмедин Спахиу,   изјави дека во првата година по усвојувањето на визната либерализација, Косово може да го напуштат до 500.000 граѓани. Спахиу за агенцијата Бета изјави дека повеќето млади жители сакаат да заминат на Запад бидејќи не гледаат перспектива на Косово. „Речиси од секое семејство барем еден член живее и работи во земјите од Западна Европа. Доколку, како што е најавено, до крајот на годината Европската унија воведе визна либерализација за граѓаните на Косово, 100.000 граѓани ќе го напуштат Косово во првата само три до четири месеци, а во наредната година денови во неколку бранови уште 300.000–400.000 жители“, оцени професорот Спахиу. Според него, Косово ќе остане без работна сила, а бројот на студенти „кои ќе ги прекинат студиите за работа и ќе заминат на Запад“ ќе се преполови. „Покрај младите, Косово ќе го напуштат и слабо платените експерти. Кај граѓаните постои верување дека Косово не може да стане демократско општество во кое ќе се цени знаењето и стручноста. Секоја влада ги поставува неспособните и непрофесионалните на одговорни позиции, додека способните и образованите остануваат на маргините . Социјалните и економските проблеми со кои се соочуваат мнозинството жители на Косово се нерешливи за повеќето од нив, а единствениот излез е да заминат во земјите од Европската унија“, објасни Спахиу. Само според податоците на Лекарската комора во изминатите четири години од Косово во странство заминале 580 лекари. Европската комисија вчера ја потврди препораката за укинување на визниот режим за граѓаните на Косово. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/prof-spahiu-za-beta-po-viznata-liberalizacija-do-500-000-gragjani-bi-mozele-da-go-napushtat-kosovo/feed/ 0
РСЕ: Визната либерализација за Косово на дневен ред во Брисел на 13 октомври https://arhiva.kurir.mk/svet/region/rse-viznata-liberalizacija-za-kosovo-na-dneven-red-vo-brisel-na-13-oktomvri/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/rse-viznata-liberalizacija-za-kosovo-na-dneven-red-vo-brisel-na-13-oktomvri/#respond Mon, 26 Sep 2022 13:15:44 +0000 https://kurir.mk/?p=737548

Прашањето на укинување на Шенген-визите за граѓаните на Косово ќе се најде на дневен ред на средбата на работната група на Советот на Европа на 13 октомври, потврдија за Радио слободна Европа (РСЕ) дипломатски извори на Европската унија во Брисел. Како што пренесуваат медиумите во Приштина, Чешка, како претседавач на ЕУ, веќе им испратила писмо на земјите членки, како најава за дискусијата на таа тема. РСЕ обезбедила увид во документот, во кој се изразува јасно желбата на официјална Прага сите членки на Унијата да постигнат внатрешен консензус за поддршка на визната либерализација за Косово. Во писмото Чешка се повикува и на, како што се наведува, надворешно-политичките причини за укинување на визите за косовските граѓани, потсетувајќи дека и Европската комисија потврдила и се очекува да повтори дека Косово ги исполнило условите. Според претседавачот на ЕУ, „геополитичкиот пристап (на Унијата) кон Западен Балкан е неопходен“ и потребен е „јасен сигнал дека процесот на проширување на ЕУ е убедлив“. – Регионот има потреба од јасен сигнал дека процесот на проширување на ЕУ е убедлив и дека ЕУ е подготвена да ги награди напорите за реформи кои ги вложуваат земјите на Западен Балкан, се вели во писмото.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/rse-viznata-liberalizacija-za-kosovo-na-dneven-red-vo-brisel-na-13-oktomvri/feed/ 0
Мета: Визната либерализација за граѓаните на Косово е неопходност https://arhiva.kurir.mk/svet/region/meta-viznata-liberalizacija-za-gragjanite-na-kosovo-e-neophodnost/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/meta-viznata-liberalizacija-za-gragjanite-na-kosovo-e-neophodnost/#respond Wed, 08 Jul 2020 09:38:33 +0000 https://kurir.mk/?p=371559

Албанскиот претседател Илир Мета порача дека визната либерализација за граѓаните на Косово е неопходност што мора да се случи што е можно поскоро. Тој го поздрави барањето на европратениците за укинување на визите за Косово, потенцирајќи дека „европската перспектива на Косово расте и зајакнува секој ден“. „Либерализацијата на визите за граѓаните на Косово е повеќе од заслужена, и неопходност што мора да се случи што е можно поскоро. Го поздравувам политичкиот гест на 42 члена на Европскиот парламент, во знак на поддршка на европската перспектива на Косово, кој расте и се зајакнува секој ден како фактор на мирот и стабилност во регионот,напиша Мета. Коорднаторот на парламентарната група на владејачката Социјалстка партија СП, Таулант Бала го поздрави барањето од европратеници до францускиот претседател Макрон и холандскиот премиер Руте за укинување на визите за Косово до крајот на 2020 година. Од друга страна, Бала вели дека ЕУ го губи кредибилитетот и довербата со тоа што не го почитува исполнувањето на стандардите од страна на Косово. „Целосно се согласувам со Андреј Коватчев дека ЕУ го губи кредибилитетот и довербата со тоа што не го почитува Косово за исполнување на сите технички стандарди. Благодарам на сите европратеници од сите политички групи за големата поддршка прикажана преку писмото испратено до претседателот Макрон и холандскиот премиер, напиша Бала. Барањето го поздрави и лидерот на опозициската Демократска партија Љуљзм Баша,кој смета дека укинувањто на визите за косовските граѓани требало да се случи многу порано„зашто тоа го залужуваат“. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/meta-viznata-liberalizacija-za-gragjanite-na-kosovo-e-neophodnost/feed/ 0
Комитетот ЛИБЕ изгласа визна либералзиација за Косово https://arhiva.kurir.mk/svet/region/komitetot-libe-izglasa-vizna-liberalziacija-za-kosovo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/komitetot-libe-izglasa-vizna-liberalziacija-za-kosovo/#respond Thu, 30 Aug 2018 08:56:54 +0000 https://kurir.mk/?p=94050

Министерката за европски интеграции на Косово, Дурата Хоџа им честита на косовските граѓани за позитивната одлука на Комитетот ЛИБЕ на Европскиот Парламент (ЕП) за визна либерализација и изрази надеж дека визите ќе се укинат до крајот на годинава, јави дописникот на МИА од Приштина. - Косово ги исполни сите услови кои беа побарани и очекуваме процесот на донесување одлука да се затвори во текот на оваа година, напиша Хоџа на Фејсбук. Сепак, нагласува таа, „сега се е во рацете на институциите на Европската унија“. Според Хоџа, процесот сега продолжува со пленарна седница на ЕП, што се очекува да се одржи кон средината на септември, потоа во Советот на министри и со натамошните процедури. Комитетот за граѓански слободи, правда и внатрешни прашања – ЛИБЕ при ЕП претпладнево, со 30 гласа „за“, 10 „против“ и два „воздржани“, гласаше за визна либерализација за Косово. По ова гласање, прашањето на либерализацијата преминува во Европскиот Парламент и во Советот за меѓуинституционални договори за либерализација. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/komitetot-libe-izglasa-vizna-liberalziacija-za-kosovo/feed/ 0
Аврамопулос за „Коха Диторе“: Косово ги исполни критериумите за визна либерализација https://arhiva.kurir.mk/svet/region/avramopulos-za-koha-ditore-kosovo-gi-ispolni-kriteriumite-za-vizna-liberalizacija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/avramopulos-za-koha-ditore-kosovo-gi-ispolni-kriteriumite-za-vizna-liberalizacija/#respond Wed, 18 Jul 2018 12:59:35 +0000 https://kurir.mk/?p=78279

Европскиот комесар за миграција, внатрешни работи и државјанство, Димитрис Аврамопулос, во авторски текст во весникот „Коха Диторе“, порача дека Косово постигнало прогрес и критериумите за визна либерализација се исполнети, јавува дописникот на МИА од Приштина. - Едно значајно поглавје во нашата заедничка историја: Косово ги исполнува условите за либерализација на визниот режим, пишува Авропулос во текстот што приштинскиот дневен весник ќе го објави во утрешниот број. Според еврокомесарот, „по многу години и месеци напорна и обемна работа, Европската Комисија (ЕК) сега веќе потврдува дека Косово ги исполни сите стандарди за визна либерализација“. - Сега, ние го охрабруваме Советот на Европа и Европскиот Парламент да продолжат напред со нашиот предлог. Јас навистина се надевам дека сме многу блиску до единствен визен режим за целиот регион, кој ќе се воспостави мошне бргу, пишува Аврамопулос. Тој, заедно со косовскиот претседател Хашим Тачи, денеска во 16:30 на прес-конференција во Брисел ќе ја објават веста за одлуката на ЕК во врска со визната либерализација за косовските граѓани. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/avramopulos-za-koha-ditore-kosovo-gi-ispolni-kriteriumite-za-vizna-liberalizacija/feed/ 0
Косово во очекување на веста од Брисел за визна либерализација https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kosovo-vo-ochekuvanje-na-vesta-od-brisel-za-vizna-liberalizacija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kosovo-vo-ochekuvanje-na-vesta-od-brisel-za-vizna-liberalizacija/#respond Wed, 18 Jul 2018 07:27:57 +0000 https://kurir.mk/?p=78022

Косовските граѓани денеска очекуваат Европската комисија да објави дека Косово ги исполнило сите услови од процесот на дијалогот за либерализација на визниот режим, јави дописникот на МИА од Приштина. Ваквиот потег на Еврокомиисјата, како што пишува денешен „Коха Диторе“, се очекуваше многу порано, посебно откако косовското Собрание го ратификува Договорот за демаркација на границата со Црна Гора, што претходно беше поставен како дополнителен услов за визната либерализација. - Меѓутоа, подоцна излезе дека тоа не бил и последниот услов, бидејќи Европската унија инсистира на дополнителен извештај за уште еден услов, а тоа е да се изнесат конкретни докази за борбата против организираниот криминал и корупцијата на високо ниво, пишува весникот. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kosovo-vo-ochekuvanje-na-vesta-od-brisel-za-vizna-liberalizacija/feed/ 0