визони – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 22 Dec 2020 11:17:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png визони – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Данска го забрани одгледувањето визони до крајот на 2021 година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/danska-go-zabrani-odgleduvanjeto-vizoni-do-krajot-na-2021-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/danska-go-zabrani-odgleduvanjeto-vizoni-do-krajot-na-2021-godina/#respond Tue, 22 Dec 2020 11:17:36 +0000 https://kurir.mk/?p=446631

Данскиот Парламент синоќа ја усвои забраната за одгледување визони до крајот на 2021 година, во обид да се спречи пренесувањето на коронавирусот од животни врз луѓе. “Данските одгледувачи на визони ја жртвуваа својата работа за општото добро. Ние им должиме голема благодарност”, напиша на Твитер министерот за храна, земјоделство и риболов, Расмус Прен, вчера веднаш по усвојувањето на одлуката. Министерот Прен изрази задоволство од усвојувањето на законот, нагласувајќи дека тој содржи јасни одредби за можна компензација на одгледувачите. Водечките опозициски партии, централно-десните либерали и популистичката Данска народна партија гласаа против. Данска од ноември досега има убиено 17 милиони визони, откако беше идентификувана првата мутирана трансмисија на коронавирус од животни врз луѓе. Владата потоа призна дека немала правен основа за ваквата мерка, како и за привремената забрана за размножување, што требаше да се регулира со посебен закон. Одлуката да се убијат визоните беше донесена откако се откри дека еден од петте типа на коронавирус поврзан со визоните ја ослабува способноста на луѓето да создаваат антитела, што може да ја загрози ефикасноста на вакцината. Данска е еден од водечките светски производители на крзно од визон. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/danska-go-zabrani-odgleduvanjeto-vizoni-do-krajot-na-2021-godina/feed/ 0
Потврден коронависусот кај визони и во Грција https://arhiva.kurir.mk/svet/region/potvrden-koronavisusot-kaj-vizoni-i-vo-grcija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/potvrden-koronavisusot-kaj-vizoni-i-vo-grcija/#respond Fri, 13 Nov 2020 12:51:24 +0000 https://kurir.mk/?p=429077

Позитивни на коронавирусот се резултатите од деветте примероци земени од живи и мртви визони во фарма во грчкиот град Козани, откако претходно беше потврден Ковид-19 кај еден од фармерите, јави дописничката на МИА од Атина. Претседателот на ветеринарната служба од Козани, Теофилос Канѕоглу, во изјава за медиумите вели дека во конкретната фарма има 2.500 животни, дел се мртви, дел се со симптоми, а оние кои што се живи ќе треба да се усмртат. И во уште две други фарми во северниот дел на Грција кај визони се регистрирани симптоми на Ковид-19 и ќе се направат тестови. Денеска во конкретниот регион се врши тестирање со рапид тестови на фармерите, сопствениците на фармите, вработените и слично. Ова е прв случај коронвирусот да биде регистриран кај визони во Грција, откако претходно потврдени беа зарази кај конкретната група животни во Данска, Италија, Шпанија, Шведска и САД. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/potvrden-koronavisusot-kaj-vizoni-i-vo-grcija/feed/ 0