вјоса османи садриу – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 27 Apr 2023 08:30:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png вјоса османи садриу – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Чија претседателка пречекува тетовскиот градоначалник? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chija-pretsedatelka-prechekuva-tetovskiot-gradonachalnik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chija-pretsedatelka-prechekuva-tetovskiot-gradonachalnik/#respond Thu, 27 Apr 2023 08:30:05 +0000 https://kurir.mk/?p=828189

Косовската претседателка Вјоса Османи пристигна во официјална посета на Македонија, во чии рамки, покрај вчерашните средби со државниот врв во Скопје, денеска треба да го посети и градот Тетово. Во пресрет на нејзината денешна посета на Тетово, градот под Шара уште во текот на вчерашниот ден осамна со повеќе билборди со ликот на Османи и краток текст „Добре дојде претседателке“, сето тоа под грбот на Општина Тетово. Ваквиот потег на локалната самоуправа наметнува неколку дилеми на кои граѓаните бараат одговор, почнувајќи од тоа чија претседателка е Османи, на што се трошат парите на тетовските даночни обврзници и дали еднаков третман имаат и другите функционери што го посетуваат Тетово, почнувајќи од македонскиот претседател Стево Пендаровски. Имено, билбордот со текст „Добре дојде претседателке“ не прецизира чија претседателка е Вјоса Османи, дали на тетовци или, пак, на соседна држава чие име воопшто не се споменува на билбордот. Во време кога постојано се наметнува албанската етничка агенда во земјава, пораката на билбордот може да добие и поинаква големодржавна конотација, особено по изјавите од типот дека „Тетово е главниот албански град во Македонија“. Целиот текст прочитајте го ТУКА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chija-pretsedatelka-prechekuva-tetovskiot-gradonachalnik/feed/ 0
Пендаровски-Османи: Иднината на нашите земји е во семејството на евроатлантските држави https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-osmani-idninata-na-nashite-zemji-e-vo-semejstvoto-na-evroatlantskite-drzhavi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-osmani-idninata-na-nashite-zemji-e-vo-semejstvoto-na-evroatlantskite-drzhavi/#respond Wed, 26 Apr 2023 10:11:40 +0000 https://kurir.mk/?p=827814

Претседателот Стево Пендаровски денеска е домаќин на претседателката на Република Косово, Вјоса Османи-Садриу. На средбата беа разменети мислења за продлабочување на соработката на сите полиња како и за регионални теми меѓу кои и за дијалогот Косово-Србија и војната во Украина. „Мило ми е што за време на нашите мандати остваривме интензивни контакти. Разменивме мислења за соработка и регионални теми… Соработката е од корист за нашите граѓани и се надеваме дека тоа ќе продолжи и во иднина. Трговската размена е на највисоко можно ниво. Се согласивме дека нашите земји имаат клучна улога во напорите за постигнување постојана стабилност. Европската иднина на нашите две земји е во ЕУ и НАТО. Ги поддржуваме евроатлантските аспирации на Косово и неговото членство во НАТО“, изјави Пендаровски. Пендаровски уште еднаш го поздрави постигнатиот договор меѓу Косово и Србија и изјави дека овој договор ќе придонесе за подобрување на односите меѓу овие две земји. Во меѓувреме, претседателот на Косово, Вјоса Османи Садриу истакна дека Република Косово и Република Северна Македонија ќе продолжат да чекорат рамо до рамо по европскиот пат. „Косово и Северна Македонија ја зголемија соработката и ние ќе го продолжиме ова патување на продлабочување на односите во многу области од образованието и културата до здравството и економијата, надворешната политика и одбраната. Нема поле каде што не сме работеле и каде што нема да работиме, бидејќи она што не обединува се вредностите и визијата. Но, пред сѐ ни нудат наши луѓе кои служат како пример за одлични односи меѓу соседите“, рече Вјоса Османи-Садриу.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-osmani-idninata-na-nashite-zemji-e-vo-semejstvoto-na-evroatlantskite-drzhavi/feed/ 0
Битиќи ја пречека косовската претседателка Османи-Садриу https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bitiki-ja-precheka-kosovskata-pretsedatelka-osmani-sadriu/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bitiki-ja-precheka-kosovskata-pretsedatelka-osmani-sadriu/#respond Wed, 26 Apr 2023 08:00:12 +0000 https://kurir.mk/?p=827709

Заменик-претседателот на македонската Влада задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи утрово на граничниот премин Блаце, заедно со Шпреса Јусуфи, амбасадор на Република Косово во земјава и амбасадорот Гоце Карајанов, посебен советник на претседателот Пендаровски за надворешна политика, ја пречекаа претседателката на Косово, Вјоса Османи-Садриу. Од прес-службата на Владата соопштија дека вицепремиерот Битиќи е дел од делегацијата на Претседателот на државата Стево Пендаровски кој е домаќин на претседателката Османи-Садриу и ќе учествува на пленарниот состанок на делегациите на Македонија и на Косово, по што е предвидена и заедничка прес- конференција на претседателите на двете држави. По средбата, Пендаровски и Османи-Садриу ќе ја посетат црквата „Св. Спас“ каде ќе положат венци на гробот на Гоце Делчев. Според најавите, косовската претседателка ќе се сретне и со со претседателот на Собранието Талат Џафери, претседателот на Владата, Димитар Ковачевски и ќе се обрати на свечена седница во Собранието на Македонија. Претседателката Османи-Садриу е во дводневна посета на земјава, а утре ќе го посети Тетово каде ќе се сретне со градоначалникот Билал Касами.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bitiki-ja-precheka-kosovskata-pretsedatelka-osmani-sadriu/feed/ 0