Вјоса Османи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 22 Oct 2023 19:01:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Вјоса Османи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Османи утре во Њујорк со обраќање пред Советот за безбедност на ООН https://arhiva.kurir.mk/svet/region/osmani-utre-vo-nujork-so-obrakane-pred-sovetot-za-bezbednost-na-oon/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/osmani-utre-vo-nujork-so-obrakane-pred-sovetot-za-bezbednost-na-oon/#respond Sun, 22 Oct 2023 19:01:41 +0000 https://kurir.mk/?p=892005

Претседателката на Косово, Вјоса Османи отпатува денеска за Њујорк, каде што утре ќе го претставува Косово пред Советот за безбедност на Организацијата на обединетите нации, јави дописникот на МИА од Приштина. Беким Купина, советник на косовската претседателка, изјави дека Османи, во овој периодичен извештај за случувањата во Косово, се очекува да зборува за последните политичко-безбедносни случувања во земјата, со фокус на „терористичкиот напад на северот на државата на 24 септември“. Од претседателскиот кабинет соопштија дека Османи ќе зборува и за посветеноста на косовските институции на мирот, безбедноста и стабилноста во регионот, како и на блиската соработка со сојузниците и партнерите. Пред состанокот на СБ на ООН, се очекува Османи да се сретне и да се координира со дел од претставниците на сојузничките земји. Советот за безбедност на ООН ќе расправа за новиот шестмесечен извештај за ситуацијата во Косово, кој го опфаќа периодот од 19 март до 18 септември 2023 година. Србија на оваа средба ќе биде претставувана од премиерката Ана Брнабиќ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/osmani-utre-vo-nujork-so-obrakane-pred-sovetot-za-bezbednost-na-oon/feed/ 0
Османи: Србија треба да одговара за своите постапки против Косово https://arhiva.kurir.mk/svet/region/osmani-srbija-treba-da-odgovara-za-svoite-postapki-protiv-kosovo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/osmani-srbija-treba-da-odgovara-za-svoite-postapki-protiv-kosovo/#respond Fri, 29 Sep 2023 15:21:48 +0000 https://kurir.mk/?p=883335

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, побара од меѓународната заедница Србија да биде таа која ќе се смета за одговорна за нападот на север на Косово, со тоа што „јасно ќе и се стави до знаење дека мора да престане да финансира и поддржува криминални групи за терористички акти“. Османи на 29 септември заедно со амбасадори на земјите членки на НАТО и ЕУ разговараше за безбедносната состојба на земјата по нападот на косовската полиција во Бањска во неделата, кога загина еден полициски службеник, а потоа беа убиени и тројца од напаѓачите. „Доколку вакви мерки изостанат, Србија тоа може да го злоупотреби, можеме да имаме повторување на вакви терористички акции“, изјави Османи. Косово ја обвини Србија за вооружениот напад во Бањска, кој косовските власти го карактеризираа како терористички чин. Но, за разлика од овие тврдења, официјален Белград ги отфрли овие обвинувања и излезе со став дека нападот се случил бидејќи „Србите од северот на Косово повеќе не можат да го издржат теророт на премиерот Албин Курти“. „Косово е решено да продолжи да промовира мир и стабилност во регионот, како и да работи со локалната српска заедница на нивно зближување и интеграција во општеството и институциите на Косово“, рече Османи по денешната средба. Во меѓувреме, денеска на 29 септември, одговорноста за овој напад ја презеде Милан Радоичиќ, сега веќе поранешен потпретседател на партијата Српска листа, тврдејќи дека тој лично ги направил сите логистички подготовки за овој напад. Ова признание на Радоичиќ доаѓа откако косовските власти веќе го посочија токму него како организатор и учесник во вооружениот напад. Министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свечља, на 26 септември објави видео од дрон за кое тврдеше дека ја прикажува токму улогата на Радоичиќ во вооружениот конфликт со полицијата во Бањска. Во меѓувреме, Косово усвои резолуција во Собранието со која бара меѓународна истрага за вмешаноста на Државата Србија во нападот во Бањска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/osmani-srbija-treba-da-odgovara-za-svoite-postapki-protiv-kosovo/feed/ 0
Претседателката на Косово: Нападните сме, Вучиќ на Косово сака да го спроведе кримскиот модел https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pretsedatelkata-na-kosovo-napadnite-sme-vuchik-na-kosovo-saka-da-go-sprovede-krimskiot-model/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pretsedatelkata-na-kosovo-napadnite-sme-vuchik-na-kosovo-saka-da-go-sprovede-krimskiot-model/#respond Thu, 28 Sep 2023 15:44:23 +0000 https://kurir.mk/?p=882917

Претседателката на Косово Вјоса Османи ја обвини Србија и нејзиниот претседател Александар Вучиќ дека се одговорни за нападот на вооружениот одред на косовската полиција на северот на земјата минатиот викенд, истакнувајќи во интервју за „Reuters“ дека Косово е „нападнато“. 30-тина тешко вооружени Срби ја нападнале полицијата во селото Бањска на северот на Косово во неделата, по што се забарикадирале во манастир на Српската православна црква. Во борбите загинале тројца српски напаѓачи и еден косовски полицаец. „Косово е нападнато“, рекла денеска Османи во интервју за „Reuters“. „Вооружената група едноставно спроведувала мотиви на Србија како земја и Вучиќ како лидер“, додала таа. Претседателот на Србија, Александар Вуќиќ негира одговорност за судирот. „Косово ќе се брани по секоја цена“ Османи рекла дека Србија сè уште има територијални барања кон Косово и дека сака да постигне „кримски модел“ со создавање на тензии на северот на Косово каде живеат околу 50.000 Срби. „Тоа што би му го порачала на Вуќиќ е да престане да си игра со Косово. Косово ќе ја брани својата слобода, својата независност и својот суверенитет по секоја цена“, истакнала Османи. „Тие се обидуваат да го спроведат кримскиот модел во Косово, но ние апсолутно нема да дозволиме тоа да се случи“, додала таа. „Многу сум загрижена дека слични напади би можеле да се случат во блиска иднина и апелирала на меѓународната заедница да направи се за Србија да сопре со поддршката на таквите напади. Османи рекла и дека разговорите со Србија не може да продолжат како порано. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pretsedatelkata-na-kosovo-napadnite-sme-vuchik-na-kosovo-saka-da-go-sprovede-krimskiot-model/feed/ 0
Косово бара САД да го преземат водењето на дијалогот меѓу Косово и Србија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kosovo-bara-sad-da-go-prezemat-vodeneto-na-dijalogot-megu-kosovo-i-srbija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kosovo-bara-sad-da-go-prezemat-vodeneto-na-dijalogot-megu-kosovo-i-srbija/#respond Wed, 27 Sep 2023 20:38:23 +0000 https://kurir.mk/?p=882493

Соединетите Американски Држави, наместо Европската унија, треба да го водат дијалогот за средување на односите меѓу Косово и Србија, порача Претседателката на Косово, Вјоса Османи Во вчерашното интервју за косовскиот јавен сервис, РТК, Османи рече дека договорот што во март годинава во Охрид го потпишаа косовскиот премиер, Албин Курти и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, не е „совршен“ за Косово. Во охридскиот договор, рече таа, „има некои добри работи, но има и работи за кои се сомневам како ќе се спроведат во пракса“. Според косовската претседателка, решението е „да се седне на маса со САД и да се подготви драфтот на Република Косово“ за формирање на Заедницата на општини со мнозинско српско население. – Мораме да му го претставиме на американскиот секретар (Ентони Блинкен) нашиот драфт, кој е во согласност со Уставот на Косово и писмото на Федерика Могерини, кое гарантира дека Заедницата нема да има извршни овластувања и ќе биде во согласност со декларираниот американски став кој појаснува дека тоа ќе биде само координативно тело, без извршни овластувања, рече таа. Османи, го коментира однесувањето на најголемата партија на косовските Срби, Српска листа, по нападот во Бањско кај Звечане, во северно Косово, каде што еден косовски полицаец загина, а тројца беа повредени. Таа рече дека Српската листа наместо да се огради од постапките кои се против интересите на сите граѓани, тие, со прогласувањето тридневна жалост за загинатите напаѓачи, Срби, покажаа дека се дел од тие напади. Поради тоа, најави Османи, ќе бидат преземени правни дејствија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kosovo-bara-sad-da-go-prezemat-vodeneto-na-dijalogot-megu-kosovo-i-srbija/feed/ 0
Османи го прогласи за „Херој на Косово“ полицаецот кој загина во вчерашниот напад во северно Косово https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/osmani-go-proglasi-za-heroj-na-kosovo-politsaetsot-koj-zagina-vo-vcherashniot-napad-vo-severno-kosovo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/osmani-go-proglasi-za-heroj-na-kosovo-politsaetsot-koj-zagina-vo-vcherashniot-napad-vo-severno-kosovo/#respond Mon, 25 Sep 2023 12:49:26 +0000 https://kurir.mk/?p=881559

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, го одликува со орденот „Херој на Косово“ полицаецот Африм Буњаку, кој беше убиен вчера во северно Косово од организирана група од триесетина маскирани и вооружени лица, кои од косовските власти, но и од повеќе западни центри, беа оквалификувани како терористи, јави дописникот на МИА од Приштина. На церемонијата, на која им го предаде орденот на децата на убиениот Буњаку, Османи рече дека тој паднал во одбрана на достоинството на Република Косово. - Денеска му оддаваме почести на еден храбар и несебичен полициски наредник кој го жртвуваше својот живот за заштита на нашите граѓани. Африм Буњаку и другите припадници на полицијата беа предизвикани од криминалната банда. Нашиот херој, Буњаку беше силен столб на косовската полиција. Тој беше посветен слуга на татковината. Тој остана цврст во одбрана на законот и против терористичките групи поддржани од Србија, чија цел беше да го вознемират не само Косово, туку и регионот, рече Османи. Таа порача дека битката за воспоставување ред и мир е еден од најголемите предизвици во секое општество, додека наследството на Буњаку треба да послужи како потсетник дека хероите се секогаш меѓу граѓаните на земјата. Османи му оддаде признание на полицаецот Буњаку, затоа што, како што рече, „го стави интересот на Републиката пред личната судбина“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/osmani-go-proglasi-za-heroj-na-kosovo-politsaetsot-koj-zagina-vo-vcherashniot-napad-vo-severno-kosovo/feed/ 0
Вјоса Османи го прогласи за „Херој на Косово“ полицаецот кој загина во вчерашниот напад во северно Косово https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vjosa-osmani-go-proglasi-za-heroj-na-kosovo-politsaetsot-koj-zagina-vo-vcherashniot-napad-vo-severno-kosovo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vjosa-osmani-go-proglasi-za-heroj-na-kosovo-politsaetsot-koj-zagina-vo-vcherashniot-napad-vo-severno-kosovo/#respond Mon, 25 Sep 2023 12:03:43 +0000 https://kurir.mk/?p=881538

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, го одликува со орденот „Херој на Косово“ полицаецот Африм Буњаку, кој беше убиен вчера во северно Косово од организирана група од триесетина маскирани и вооружени лица, кои од косовските власти, но и од повеќе западни центри, беа оквалификувани како терористи, јави дописникот на МИА од Приштина. На церемонијата, на која им го предаде орденот на децата на убиениот Буњаку, Османи рече дека тој паднал во одбрана на достоинството на Република Косово. - Денеска му оддаваме почести на еден храбар и несебичен полициски наредник кој го жртвуваше својот живот за заштита на нашите граѓани. Африм Буњаку и другите припадници на полицијата беа предизвикани од криминалната банда. Нашиот херој, Буњаку беше силен столб на косовската полиција. Тој беше посветен слуга на татковината. Тој остана цврст во одбрана на законот и против терористичките групи поддржани од Србија, чија цел беше да го вознемират не само Косово, туку и регионот, рече Османи. Таа порача дека битката за воспоставување ред и мир е еден од најголемите предизвици во секое општество, додека наследството на Буњаку треба да послужи како потсетник дека хероите се секогаш меѓу граѓаните на земјата. Османи му оддаде признание на полицаецот Буњаку, затоа што, како што рече, „го стави интересот на Републиката пред личната судбина“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vjosa-osmani-go-proglasi-za-heroj-na-kosovo-politsaetsot-koj-zagina-vo-vcherashniot-napad-vo-severno-kosovo/feed/ 0
Вјоса Османи ја прекина посетата на САД по убиството на полицаец во северно Косово https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vjosa-osmani-ja-prekina-posetata-na-sad-po-ubistvoto-na-politsaets-vo-severno-kosovo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vjosa-osmani-ja-prekina-posetata-na-sad-po-ubistvoto-na-politsaets-vo-severno-kosovo/#respond Sun, 24 Sep 2023 07:11:36 +0000 https://kurir.mk/?p=881163

Косовската претседателка, Вјоса Османи изјави дека денешниот напад врз косовската полиција во северно Косово, во кој е припадник на полицијата е убиен, а уште еден е ранет, е „испланиран, оркестриран и изведен од српските криминални банди“, јави дописникот на МИА од Приштина. Кабинетот на Османи соопшти дека, по инцидентот што се случи рано утрово во селото Бањско во Лепосавиќ, таа ги прекинала сите активности во Њујорк, каде што престојува во официјална посета, и веднаш ќе се врати во земјата. - Убиството на полицаец и ранувањето на друг полицаец на северот на Косово, планирано, оркестрирано и изведено од српските криминални банди, е напад врз законот и редот на северот на земјата, тоа е напад врз Косово, се цитира Османи во соопштението. Таа вели дека овие напади ја докажуваат дестабилизирачката моќ на криминалните банди, организирани од Србија. - Овие напади уште еднаш ја докажуваат дестабилизирачката моќ на криминалните банди, организирани од Србија, кои долго време, како што се покажа и со нападите врз членовите на КФОР, новинарите и граѓаните го дестабилизираат Косово и регионот, вели Османи. Според неа, „нападите врз силите на редот на Република Косово се напади против суверенитетот на Република Косово“. Таа изјави дека очекува сојузниците да ја осудат „отворената агресија на Србија кон Косово“ и „да го поддржат Косово во неговите напори да воспостави ред и ред и да го зачува суверенитетот во секој дел на Републиката“. Претседателката изрази сочувство до семејството на убиениот полицаец и порача дека сторителите нема да можат да и избегаат на правдата. - Изразуваме длабоко сочувство до семејството на убиениот полицаец и ги уверуваме дека извршителите на овие терористички акти нема да можат да и избегаат на правдата. Ги повикувам сите граѓани, институции и политички субјекти да останат обединети во ова време кога отворено се оспоруваат територијалниот интегритет, безбедност и суверенитет на нашата Република. Како претседател на Републиката имам целосна доверба во нашите момчиња и девојки од косовската полиција, порача Османи. Косовскиот премиер Албин Курти, кој преку неговиот Фејсбук ја објави веста за убиството и ранувањето на полицајците, исто така го посочи официјален Белград како одговорен за нападот извршен од, како што рече, професионалци кои биле маскирани и употребиле тешко оружје. - Го осудуваме овој криминален и терористички напад. Организираниот криминал со политичка, финансиска и логистичка поддршка од официјален Белград ја напаѓа нашата држава. Во оваа битка го штитиме и спроведуваме законот, ги штитиме и чуваме сите граѓани без разлика и независно Косово. Извршителите и нивните наредбодавачи нема да успеат, ќе бидат фатени, судени и казнети. Владата на Република Косово и државните институции се подготвени и координирани да одговорат на криминалот и криминалците, теророт и терористите, напиша Курти.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vjosa-osmani-ja-prekina-posetata-na-sad-po-ubistvoto-na-politsaets-vo-severno-kosovo/feed/ 0
Косовската претседателка им го честита на Пендаровски и на македонскиот народ Денот на независност https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kosovskata-pretsedatelka-im-go-chestita-na-pendarovski-i-na-makedonskiot-narod-denot-na-nezavisnost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kosovskata-pretsedatelka-im-go-chestita-na-pendarovski-i-na-makedonskiot-narod-denot-na-nezavisnost/#respond Fri, 08 Sep 2023 14:02:46 +0000 https://kurir.mk/?p=876096

Претседателката на Косово, Вјоса Османи им го честита на претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски и на македонскиот народ Денот на независноста – 8 Септември, јави дописникот на МИА од Приштина. На нејзината официјална страница на платформата „Х“ (поранешен Твитер), Османи порача дека со нетрпение очекува да ја продолжи соработката со Пендаровски за натамошно унапредување на односите меѓу двете држави. – Честитки за Денот на независноста до претседателот Стево Пендаровски и нашите пријатели во Северна Македонија. Со нетрпение очекувам да ја продолжиме заедничката работа за да го издигнеме нашето партнерство до нови височини и да придонесеме заедно за посветла евроатлантска иднина за нашите две демократски земји, напиша Османи. Пендаровски во завчерашното интервју за весникот „Коха“ најави дека идниот понеделник, на 11 септември, заедно со Османи, во Амбасадата на Република Косово во Скопје, ќе откријат биста на Мајка Тереза.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kosovskata-pretsedatelka-im-go-chestita-na-pendarovski-i-na-makedonskiot-narod-denot-na-nezavisnost/feed/ 0
Османи: Косово и НАТО имаат иста цел – мир, стабилност и безбедност на регионот https://arhiva.kurir.mk/svet/region/osmani-kosovo-i-nato-imaat-ista-tsel-mir-stabilnost-i-bezbednost-na-regionot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/osmani-kosovo-i-nato-imaat-ista-tsel-mir-stabilnost-i-bezbednost-na-regionot/#respond Thu, 07 Sep 2023 17:57:32 +0000 https://kurir.mk/?p=875838

Косово по никоја цена нема да се откаже од евроатлантскиот пат, затоа што дадовме многу жртви за да дојдеме до него, изјави денеска косовската претседателка Вјоса Османи по средбата со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во Брисел. - НАТО е наша судбина во ова клучно време за трансатланската заедница. Косово, како и НАТО, имаат иста цел, а тоа е мир и стабилност и безбедност за сите луѓе во регионот, порача Османи, додавајќи дека успехот на Косово претставува и успех на НАТО за развојот на демократијата и гарантирање на безбедноста во регионот. Според Османи, благодарение на Силите на НАТО во Косово - КФОР сите косовски граѓани живеат слободно без разлика на нивната национална припадност. Османи истакна дека нападите врз припадниците на КФОР во мај годинава биле дело на српски криминални групи, додавајќи дека доколку одговорните за овие настани не бидат казнети, постои ризик сторителите да го сфатат тоа како „наша заедничка слабост“ и дека може продолжат со нападите врз Силите на НАТО, косовската полиција и новинарите. - Секогаш кога сме работеле заедно со партнерите, имало резултати. Ќе продолжиме да работиме заедно, бидејќи сите оние кои се против Косово, се и против НАТО. Нападот врз војниците на КФОР покажа дека овие деструктивни сили сакаат да го нападнат системот заснован на вредности, врз кои сме изградени ние и НАТО, рече Османи. Таа изјави дека Косово и балканскиот регион се изложено на руските обиди за дестабилизација, што се манифестира и со случувањата во Северно Косово, обвинувајќи дека се што прави Србија го прави во координација и под влијание на Москва. - Косово постојано е изложено на мешање однадвор и на постојана опструкција на неговата легитимна власт и суверенитет во северниот дел. Ова во многу случаи претставува агресија, како што е дефинирано во меѓународното право и практика. Да бидам јасна: северниот дел бил и ќе продолжи да биде составен дел на Република Косово, рече Османи. Таа потенцираше дека косовските институции се посветени на зајакнување на соработката и координацијата со сојузниците, особено кога станува збор за безбедносните прашања и од тој аспект Косово е целосно усогласено по политиките на Западот. - Ова е критично време за регионот на Европа и ја изразуваме посветеноста за изнаоѓање заеднички решенија. Косово ја поддржува Украина и ќе продолжи да ја подржува до ослободувањето на целата нејзина територија, порача Османи. Таа истакна дека последниот Самит на НАТО јасно ја афирмирал поддршката на политиката на отворени врати за проширување на Алијансата, нагласувајќи ја посветеноста на Косово за членство во Пактот - Косово и НАТО се поврзани, а НАТО ни е потребен како гарант на мирот и како заштитник на демократијата, истакна Османи, додавајќи дека долготраен мир и слобода се можни само со почитување на владеењето на правото, човековите права и демократијата. Столтенберг од своја страна истакна дека нападите врз силите на КФОР, како оној во мај годинава, кога беа повредени 93 војници на КФОР се „целосно неприфатливи“ и апелираше за намалување на тензиите на северот од Косово, бидејќи како што рече безбедноста на регионот е од клучна важност. Тој повика Косово да покаже дека е фактор кој придонесува за стабилност, истакнувајќи дека НАТО очекува да биде известен и консултиран за какви било активности на косовските безбедносни сили или косовската полиција што би можеле да влијаат на безбедносното опкружување и врз КФОР, кој како што рече ја следи состојбата за да овозможи слободно движење на припадниците на сите етнички заедници. - Ги поздравувам неодамнешните чекори преземени од Приштина за намалување на тензиите, вклучително и намалување на бројот на припадниците на специјалната полиција на северот и плановите за одржување на нови локални избори. Но, неопходно е да се избегне понатамошна ескалација. Затоа ги повикувам сите страни да избегнуваат подбуцнувачки реторики и да дејствуваат воздржано и во согласност со нивните обврски, рече Столтенберг. Тој нагласи дека Алијансата силно го подржува дијалогот меѓу Косово и Србија и ја поздрави средбата меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти најавена за следната недела во Брисел во организација на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност. - Дијалогот е единствениот начин да се решат отворените прашања и да се дојде до решение кое ги почитува правата на сите заедници. Ова бара трпение, упорност и компромис, додаде генералниот секретар на НАТО. Осврнувајќи се на дијалогот меѓу Белград и Приштина, Османи рече дека Косово е единствениот конструктивен партнер во овие преговорите, истакнувајќи дека Србија има „долга листа“ на неисполнети обврски преземени со усогласените планови во Брисел и Охрид. - Косово инсистира на целосно исполнување на сите договорени одредби. Нема ниту една одредба што е поважна од другата. Ние сме посветени на исполнување на нашиот дел од обврските, но Србија презеде и конкретни обврски, меѓу кои е да не го попречува членството на Косово во меѓународните организации, но го прекрши тоа, додаде Османи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/osmani-kosovo-i-nato-imaat-ista-tsel-mir-stabilnost-i-bezbednost-na-regionot/feed/ 0
Средба Османи – Столтенберг во Брисел https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sredba-osmani-stoltenberg-vo-brisel/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sredba-osmani-stoltenberg-vo-brisel/#respond Thu, 07 Sep 2023 09:22:33 +0000 https://kurir.mk/?p=875633

Претседателката на Косово, Вјоса Османи денеска отпатува за Брисел каде ќе има средба разговара со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. Предвидено е Османи и Столтенберг да имаат заедничка прес-конференција. Во соопштението се наведува дека Османи ќе ја „потврди определбата на народот и институциите на Република Косово за унапредување на патот кон членство во НАТО“, почнувајќи од програмата „Партнерство за мир“. Тоа, како што се наведува, ќе ја „потврди решеноста на народот и институциите“ на Косово да ја зајакне соработката и координацијата со сојузниците, особено за безбедносните прашања. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sredba-osmani-stoltenberg-vo-brisel/feed/ 0