вјса османи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 09 Jul 2020 12:03:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png вјса османи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Хоти тврди дека може да прогласи вонредна состојба, а Османи дека тоа право го има само претседателот https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hoti-tvrdi-deka-moze-da-proglasi-vonredna-sostojba-a-osmani-deka-toa-pravo-go-ima-samo-pretsedatelot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hoti-tvrdi-deka-moze-da-proglasi-vonredna-sostojba-a-osmani-deka-toa-pravo-go-ima-samo-pretsedatelot/#respond Thu, 09 Jul 2020 12:03:44 +0000 https://kurir.mk/?p=372517

Косовскиот премиер Авдулах Хоти изјави дека воопшто нема да се двоуми да побара воведување вонредна состојба поради пандемијата на Ковид-19, доколку тоа го побараат Министерството за здравство и Институтот за јавно здравство на Косово. Во обраќањето пред пратениците на денешната седница на Собранието, Хоти се осврна и на нацрт-законот за справување со пандемијата, кој е доставен во Владата од страна на Собранието, за кој рече дека е непотребен и не го решава проблемот. – Денеска го разгледавме на владината седница нацрт-законот доставен од Собранието за менаџирање на пандемијата. Оценка на правните експерти е дека тој закон не го решава проблемот, бидејќи не може со закон да се ограничат елементарните права, како што се случи со одлуките на претходната влада, кои беа прогласени за неуставни. Единствено решение, доколку треба да се оди во екстреми на ограничувањето на движењето на државно ниво, е прогласувањето вонредна состојба, изјави Хоти. Реплицирајќи му на премиерот, претседателката на Собранието, Вјоса Османи нагласи дека единствен кој може да предложи вонредна состојба е претседателот на државата, во случајов Хашим Тачи. – Предлогот за вонредна состојба, согласно Уставот на Косово, нема право да го даде премиерот, туку само претседателот на државата. Претседателот го консултира премиерот пред да го прогласи декретот. Значи, во ова Собрание не може да дојде предлог или акт од Владата за вонредна состојба, туку само од претседателот. Затоа е добро да бидете јасни во врска со вашите надлежности, изјави Османи. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hoti-tvrdi-deka-moze-da-proglasi-vonredna-sostojba-a-osmani-deka-toa-pravo-go-ima-samo-pretsedatelot/feed/ 0