влада на рм – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 17 Jun 2019 09:37:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png влада на рм – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Заев најави смена на кадри и од ДУИ: Кој ќе „лета“ од министерската фотелја? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-najavi-smena-na-kadri-i-od-dui-koj-kje-leta-od-ministerskata-fotelja/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-najavi-smena-na-kadri-i-od-dui-koj-kje-leta-od-ministerskata-fotelja/#respond Mon, 17 Jun 2019 09:37:36 +0000 https://kurir.mk/?p=209887

Владата ја чека реконструкција а по првичната партиска чистка, ќе се „чисти“ и во министерствата. Осуммина министри до крајот на месецов ќе министеруваат во Владата на Зоран Заев .а потоа според најавите на премиерот со реконструкцијата на Владата тие ќе бидат сменети . Исклучок нема да бидат веројатно и кадрите на ДУИ, бидејќи како што потенцираше Заев од Охрид, промени ќе има и на раководни структури во власта и на кадри од другите партии, членки на владејачката коалиција. Паралелно со владината чистка ќе има и смена на директори на повеќе од дваесет државни јавни претпријатија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-najavi-smena-na-kadri-i-od-dui-koj-kje-leta-od-ministerskata-fotelja/feed/ 0
Владата ќе се задолжува за да го гради новиот Клинички центар https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-kje-se-zadolzuva-za-da-go-gradi-noviot-klinichki-centar/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-kje-se-zadolzuva-za-da-go-gradi-noviot-klinichki-centar/#respond Thu, 09 May 2019 09:05:28 +0000 https://kurir.mk/?p=195897

Владата издала задолжение на Министерството за финансии, во соработка со Министерството за здравство, да подготви оглас за барање заем за изградбата на новиот Клинички центар. Планот е да се земе заем од финансиски институции, билатерални кредитори или странски комерцијални банки. Со Информацијата за постапката за изградбата на новиот клинички центар што била усвоена на вчерашната 134. седница на Владата, направена врз основа на студијата за изводливост и врз основа на податоците добиени од клиниките, се предлага интегриран објект до пет ката, со околу 102.000 квадратни метри површина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-kje-se-zadolzuva-za-da-go-gradi-noviot-klinichki-centar/feed/ 0
Владата од почетокот на годината ги задолжи граѓаните за огромни 213 милиони евра- капитални инвестиции нема https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vladata-od-pochetokot-na-godinata-gi-zadolzi-gragjanite-za-ogromni-213-milioni-evra-kapitalni-investicii-nema/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vladata-od-pochetokot-na-godinata-gi-zadolzi-gragjanite-za-ogromni-213-milioni-evra-kapitalni-investicii-nema/#respond Wed, 06 Mar 2019 11:12:51 +0000 https://kurir.mk/?p=171843

Вчера Владата предизборно се задолжи за нови 130 милиони евра. Имено ова не е прво задолжување оваа година туку едно од низата предвидени за 2019-та. Така од почетокот на годината за неполни три месеци Владата и Министерството за финансии ги задолжи граѓаните за огромни 213 милиони евра. Според официјалните податоци на Народна Банка на Република Македонија задолжувањата по основ на државни записи изнесуваат 9.700.010.000 односно 157 милиони евра додека по основ на државни обврзници 3.440.190.000 или 56 милиони евра односно вкупно 13.140.200.000 денари или 213 милиони евра до 06.03.2019 додека предвидени се и нови. Економистите велат дека ваквите задолжувања кои не резултираат со капитални проекти кои се од стратешка важност за државата и имаат долгорочен позитивен ефект на економијата се загрижувачки. Имено, познавачите велат дека и онака кревката македонска економија не може да си дозволи да се задолжува енормно додека нема никаков повратен ефект од тие средства. Јавниот долг исто така ја надмина психолошката граница од 50 % што е алармантно коментираат познавачите. Инаку, Владата пред да дојде на власт беше против задолжувањата и зголемувањето на јавниот долг.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vladata-od-pochetokot-na-godinata-gi-zadolzi-gragjanite-za-ogromni-213-milioni-evra-kapitalni-investicii-nema/feed/ 0
Економијата на стаклени нозе- Владата ги задолжи граѓаните за нови 26 милиони евра https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/ekonomijata-na-stakleni-noze-vladata-gi-zadolzi-gragjanite-za-novi-26-milioni-evra/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/ekonomijata-na-stakleni-noze-vladata-gi-zadolzi-gragjanite-za-novi-26-milioni-evra/#respond Wed, 13 Feb 2019 13:11:23 +0000 https://kurir.mk/?p=163462

Владата продолжува редовно да се задолжува на домашниот пазар. Министерството за финансии вчера одржа аукција на хартии од вредност со која повлече нови 1,6 милијарди денари односно нешто над 26 милиони евра. Дека долгот вртоглаво расте и ги преминува сите нормални граници зборуваат и официјалните податоци на Светска Банка во чиј извештај беше објавено дека долгот на Македонија ја надминува психолошката граница од над 50 % и новиот извештај од Министерството за финансии во кој јавниот долг пораснал 415 милиони евра во 2018-та година. Во просек, тоа значи дополнителни нови 200 евра долг по глава на жител, или сега секој Македонец должи 2.570 евра. Ако на крајот од 2017-та година долгот изнесувал 4,86 милијарди евра, 2018-та година ја завршивме со долг од 5,2 милијарди евра.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/ekonomijata-na-stakleni-noze-vladata-gi-zadolzi-gragjanite-za-novi-26-milioni-evra/feed/ 0
„Компјутер за секое дете“ замина во историјата, Владата со нов проект- „Таблет за секој функционер“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kompjuter-za-sekoe-dete-zamina-vo-istorijata-vladata-so-nov-proekt-tablet-za-sekoj-funkcioner/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kompjuter-za-sekoe-dete-zamina-vo-istorijata-vladata-so-nov-proekt-tablet-za-sekoj-funkcioner/#respond Wed, 13 Feb 2019 12:05:12 +0000 https://kurir.mk/?p=163421

Владата на Република Македонија ќе набави таблети во вредност од 20 илјади евра. На страната на бирото за јавни набавки објавен е оглас на кои како договорен орган стои Влада на РМ - Генерален секретаријат, а чив предмет на договор е набавка на таблети за потребите на Владата, а за истата набавка планирано е да се потрошат 1.230.000 денари. Во тендерската документација е наведено дека ќе се набават 200 таблети. Но за разлика од владините функционери кои ќе се подноват со нови таблети, актуелната владејачка гарнитура го укина проектот „Компјутер за секое дете“, проект со кој се обезбедуваше информатичка опрема во училиштата. Министерот за образование и наука Арбер Адеми неодамна најави дека нема да се продолжи проектот, а во буџетот за оваа година не се предвидени пари за компјутерски уреди за учениците. – Не велам дека е лоша идејата за компјутери во училиштата, но треба да се има предвид дека со минатиот проект, имаше потфрлања при реализацијата. Потребни ни се консултации од експерти пред да воведеме повторно вакво нешто во образовниот систем. Во насока на дигитализација на наставата, заедно со Министерството за онформатичко општество, работиме на проект за мрежно поврзување на училиштата, да имаат подобра поврзаност, но пари за нови компјутери нема – рече Адеми.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kompjuter-za-sekoe-dete-zamina-vo-istorijata-vladata-so-nov-proekt-tablet-za-sekoj-funkcioner/feed/ 0
Владата ја одржа 120-та седница https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-ja-odrza-120-ta-sednica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-ja-odrza-120-ta-sednica/#respond Tue, 12 Feb 2019 15:56:22 +0000 https://kurir.mk/?p=163159

Владата на денешната 120-та седница донесе одлука за формирање на Меѓуресорската работна група за спроведување на Законот за употреба на јазиците. Како што соопшти владината прес-служба, дел од обврските што ќе ги има ова тело опфаќаат подготовка на Акциски план за спроведување на Законот за употреба на јазиците, во рок од 15 дена од денот на влегувањето во сила на одлуката, следење на динамиката на реализација и имплементација на Акцискиот план, давање насоки на институциите во функција на координирање, организирање, имплементирање и операционализирање на мерките и активностите согласно тој план. Членови на Меѓуресорската работна група согласно владината одлука се: Генералниот секретар на Владата на Република Македонија, заменикот на генералниот секретар на Владата на Република Македонија, државниот секретар во Министерството за правда, државниот секретар во Министерството за финансии, државниот секретар во Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор, секретарот на Секретаријатот за законодавство, претставник од Канцеларијата на претседателот на Владата на Република Македонија и претставник од Собранието на Република Македонија. На денешната седница Владата донесе одлука да не даде мислење за Предлог-законот за престанување на важење на Законот за трговија на зелени пазари бидејќи, како што е наведено во соопштението, веќе е донесена одлука со која се предвидува пролонгирање на рокот за влегување на сила на законот за јануари 2020 година. Истовремено Влада веќе има формирано работна група за подготвување на нов предлог Законот за трговија на зелени пазари и на која членуваат и претставници на здружението на трговците на зелени пазари и постои цврста политичка определба дека конечното решение ќе биде и во интерес на нивна заштита. Владата ја разгледа и Информацијата за изградба на пруга Куманово-Бељаковце. Донесен е заклучок со кој Владата најавува дека ќе го преиспита Договорот за проектната единица за имплементација на проектот и ќе направи предлог за да се измени неговиот облик со цел поефикасно спроведување на договорот имајќи ги предвид значителните доцнења и нефункционалноста на проектната единица. Владата исто така ја разгледа и усвои Информацијата за одржување на Првата седница на македонско-бугарската меѓувладината комисија за економска соработка по Договорот за економска соработка меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Бугарија. Утврдено е дека меѓу двете земји сите економски параметри бележат позитивен развој што може да се констатира меѓу другото и преку значителниот обем на трговска размена во изминатите неколку години. Двете земји покажуваат силна заинтересираност за натамошно унапредување на економските и трговските односи што се огледа и преку заложбата за одржување на заеднички владини седници, како и за одржувањето на претстојната седница на македонско–бугарската Меѓувладина комисија за економска соработка. Владата на денешната седница ги задолжи Министерството за транспорт и врски, Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за информатичко општество и администрација до Министерството за економија да достават номинации на членови и теми за дискусија на Првата седница на македонско-бугарската меѓувладината комисија за економска соработка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-ja-odrza-120-ta-sednica/feed/ 0
Во очекување на новиот натпис, утре пред Владата свечено ќе биде подигнато знамето на НАТО https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-ochekuvanje-na-noviot-natpis-utre-pred-vladata-svecheno-kje-bide-podignato-znameto-na-nato/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-ochekuvanje-na-noviot-natpis-utre-pred-vladata-svecheno-kje-bide-podignato-znameto-na-nato/#respond Mon, 11 Feb 2019 15:24:20 +0000 https://kurir.mk/?p=162731

На свечена церемонија утре ќе биде подигнато знамето на НАТО пред Владата на Република Македонија, која наскоро ќе го носи името Република Северна Македонија. На свеченоста по овој повод, како што е најавено од владината прес-служба, ќе се обрати претседателот на Владата, Зоран Заев. Од зградата на Владата веќе е отстранет натписот Влада на Република Македонија. Се очекува наскоро да биде поставен новиот натпис Влада на Република Северна Македонија. Од Атина денеска се очекува Вербалната нота со која ќе го информира Скопје дека се ратификувани Договорот од Преспа и Протоколот за членство во НАТО, и исполнети сите правни услови за влегување во сила на конечната спогодба и уставните амандмани, со што почнува примената на новото име Република Северна Македонија. Во Службен весник ќе биде објавен датумот на влегување во сила на уставните амандмани и уставниот закон. Потоа, Република Северна Македонија и Република Грција ќе достават заедничко писмо до генералниот секретар на ООН, со кое го информираат генералниот секретар Антонио Гутереш за датумот на влегување во сила на конечната спогодба, со што се става крај на повеќедеценискиот билатерален спор меѓу двете земји. Потоа за промената на името ќе бидат информирани и Секретаријатот на ООН, земјите членки, земјите набљудувачи на ООН, како и сите останати меѓународни организации. Владата формира Интерресорска група која ќе треба да изработи Национален акциски план за спроведување на натамошните мерки и активности, а во рок до седум дена државните институции, граничните премини и диоломатско-конзуларните претставништва ќе треба да ги сменат таблите со новото име на државата – Република Северна Македонија. Од Владата не очекуваат проблеми од државните институции при користењето на новото име на државата. Употребата на новото име на државата ќе биде усогласено и со Законот за употреба на јазиците што значи дека таблите ќе бидат напишани и на албански јазик бидејќи, како што изјави неодамна владиниот портпарол Миле Бошњаковски, Албанците се 20 проценти на државно ниво. Препораки за промена на таблите ќе добијат и единиците на локалната самоуправа, а секторите и службите за односи со јавност на државните и јавните институции ќе добијат насоки за употреба на уставното име.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-ochekuvanje-na-noviot-natpis-utre-pred-vladata-svecheno-kje-bide-podignato-znameto-na-nato/feed/ 0
Владата ќе потроши илјадници евра за набавка на ф`стаци, лешници, бадеми и индиски ореви https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-kje-potroshi-iljadnici-evra-za-nabavka-na-f-staci-leshnici-bademi-i-indiski-orevi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-kje-potroshi-iljadnici-evra-za-nabavka-na-f-staci-leshnici-bademi-i-indiski-orevi/#respond Wed, 06 Feb 2019 16:22:26 +0000 https://kurir.mk/?p=160949

Владата набавува апетисани во вредност од 450.000 денари односно околу 7.500 евра. На страната на бирото за јавни набавки објавен е оглас на кои како договорен орган стои Служба за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија, а чив предмет на договор е набавка на апетисани.   Како што може да се забележи во тендерската документација ќе се набавуваат по 180 килограми бадеми и лешници, 150 килограми индиски ореви како и 100 килограми ф`стаци. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-kje-potroshi-iljadnici-evra-za-nabavka-na-f-staci-leshnici-bademi-i-indiski-orevi/feed/ 0
Владата ја одржа 118-тата седница, ова се последните одлуки https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-ja-odrza-118-tata-sednica-ova-se-poslednite-odluki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-ja-odrza-118-tata-sednica-ova-se-poslednite-odluki/#respond Tue, 05 Feb 2019 18:12:55 +0000 https://kurir.mk/?p=160598

Владата на Република Македонија на денешната 118-та седница, ја разгледа и усвои Информацијата за поднесените иницијативи за предлог локации за изградба на Универзитетски клинички центар во Скопје, и го прифати Извештајот на Работната група во кој за највисоко рангирана е утврдена локацијата во општина Ѓорче Петров – место викано Веле Поле како најповолна за дислокација и изградба на Универзитетскиот клинички центар во Скопје. Како дополнителен заклучок на оваа седница поврзана со оваа точка е препораката на општина Ѓорче Петров да го започне спроведувањето на сите потребни активности за донесување на урбанистичка документација за локацијата од надлежност на единицата на локалната самоуправа. На оваа седница Владата ја разгледа и усвои Информацијата за Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2019 година, за кој во Буџетот се издвоени рекордни 1,1 милијарда денари. Со Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2019 година се утврдуваат програмите, мерките и услугите за вработување кои ќе обезбедат создавање на нови работни места, поддршка за креирање на нови работни места, посебно на младите и корисниците на право на парична помош од социјална заштита. Во врска со оваа точка Владата ги задолжи Министерството за труд и социјална политика и Министерството за образование и наука во рамки на Програмите од сопствените ресори да обезбедат средства во износ од 4.500.000 денари за имплементација на активноста „втора можност“ во рамките на Гаранција за млади во Буџетот на Министерството за образование и наука. Владата денеска донесе одлука за формирање на Меѓуресорска работна група за извршување на Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните, односно на одредбите од договорот од Преспа. Меѓуресорската работна група ги извршува следните задачи ќе го изготви Национален акциски план за извршување на обврските од Конечната спогодба и ќе ја следи динамиката на реализација и имплементација на Националниот акциски план, врз основа на претходни насоки на институциите во функција на координирање, организирање, имплементирање и операционализирање на мерките и активностите за извршувањето на обврските од Конечната спогодба. Според оваа одлука на Владата, членови на Меѓуресорската работна група се: генералниот секретар на Владата, заменикот на генералниот секретар на Владата, државните секретари во Министерството за надворешни работи, во Министерството за правда, во Министерството за внатрешни работи, државниот секретар во Министерството за финансии, во Министерството за транспорт и врски, во Секретаријатот за европски прашања, секретарот на Секретаријатот за законодавство, шефот на Канцеларијата на претседателот на Владата, директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата и двајца советници од Канцеларијата на претседателот на Владата на Република Македонија. На денешната 118-та седница на Владата, е донесена одлука за отворање амбасада на Република Северна Македонија во Република Грција, со седиште во Атина (Athens), како и одлука и за отворање Генерален Конзулат на Република Северна Македонија во Република Грција, со седиште со Солун (Thessaloniki), кои ќе започнат да се применуваат со влегувањето во сила на Одлуката за прогласување на амандманите XXXIII, XXXIV, XXXV, XXXVI на Уставот на Република Македонија. Владата на Република Македонија денеска ја разгледа и усвои Информацијата со мерки за подобрување на деловното окружување согласно препораките на извештајот „Doing Business 2019‘‘ на Светска банка, со препораки до надлежните институции во наредниот период да спроведат мерки и реформи кои ќе придонесат за задржување на рангот кај индикаторите каде Македонија е високо рангирана, како и мерки за подобрување на рангот кај останатите индикатори, како особено значајни за привлекување на странските инвеститори како еден од врвните приоритети на Владата за оваа година. На денешната седница Владата го утврди најновиот текст на Предлог-законот за тутун, производи од тутун и сродни производи, и донесе одлука да го достави до Собранието на Република Македонија согласно член 137 од Деловникот на Собранието на Република Македонија. Со донесување на предлог законот ќе се подобри и поедностави постапката за пријавување на производството на тутун со тоа што ќе се укине издавањето на евидентниот лист и тутунопроизводителите прво ќе склучуваат договори за производството и откуп на тутун, а откупувачот на тутун ќе има обврска да го внесе договорот во електронскиот систем за евиденција на тутун и внесените податоци да ги достави до подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Ќе се овозможи транспарентност во врска со содржината на договорот кој треба јавно да се објави најдоцна до 28 февруари во тековната година на огласна табла во седиштето на откупувачот и на локалната веб-страница на откупувачот, ќе се создаде можност за дополнително отворање на откупни пунктови во текот на откупот, како и други придобивки за подобрување на квалитетот на услугите и задоволството на тутунопроизводителите, откупувачите, производителите на тутунски и сродни производи, потрошувачите и бизнис заедницата од работењето на тутунското стопанство. На предлог на Министерството за земјоделство, водостопанство и шумарство, Владата денеска ја донесе Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2019 година која има за цел да обезбеди стабилно производство на квалитетна и поевтина храна и обезбедување на населението со доволни количини храна, зголемување на конкурентната способност на земјоделството и обезбедување на стабилно ниво на доход на земјоделското стопанство, како и одржлив развој на руралните подрачја, и оптимално искористување на природните ресурси со почитување на начелата за заштита на природата и животната средина. Оваа програма ја вклучува и мерката „Зелена нафта“ со која се опфатени 55.000 производители, а предвидува од буџетот на оваа програма да се покријат 30 проценти од трошоците за набавка на гориво за земјоделската механизација. На денешната седница Владата ја донесе Уредбата за мерките за поддршка на производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија (ОИЕ), за да се обезбеди поттикнување на инвестиции за оптимално искористување на расположливиот потенцијал на ОИЕ во Република Македонија и постигнување на националните задолжителни цели за учество на ОИЕ во вкупната потрошувачка. Исто така, е донесена и Програмата за финансиска поддршка за производство на електрична енергија од повластени производители кои користат премија за 2019. Владата на денешнта седница го разгледа и усвои Предлогот на Националната програма за железничка инфраструктура за период од 2019 до 2021 година, и донесе одлука согласно член 26 став 2 од Законот за железничкиот систем да се достави до Собранието на Република Македонија на донесување. Во Националната програма за железничката инфраструктура за период од 2019 до 2021 година опфатени се проекти кои се однесуваат на изградбата на Коридорот 8, делот накај Република Бугарија, односно во овој период се планира да завршат градежните активности на делницата од Куманово до Бељаковце, да започне градбата на делницата од Бељаковце до Крива Паланка, како и активностите за реализација на работите на делницата од Крива Паланка до Деве Баир, граница со Република Бугарија. Во овој период, се планира да се изработи и пред-физибилити студија за железничката делница од Скопје до Кичево, а во однос на Коридорот 10 се планира да се комплетира ремонтот и на последната делница од Ногавци до Неготино и да се подготви документација на инсталирање на Европскиот систем за контрола на возовите ниво 1 (ETCS –level 1) и подобрување на сигнализацијата на целата мрежа во Република Македонија и инсталирање на глобален систем за мобилна комуникација во железница (GSM-R), како и да се изврши набавка и инсталација на сигнализација за патни премини по должина на Коридор 10, Коридор 10 д и Коридор 8. На оваа своја седница, Владата ја разгледа и усвои Информацијата за изготвување закон за донирање на вишокот на храна, и го задолжи Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во соработка со Агенцијата за храна и ветеринарство до Владата на Република Македонија да достави Предлог закон за донирање на вишокот на храна, во рок од шест месеци. На денешната седница е разгледана и усвоена Информацијата за потребата од потпишување на Договор за користење на софтвер за воздушно набљудување (MASE) меѓу Република Македонија и Агенцијата на НАТО за комуникации и информации, како дел од усогласувањето на воено-безбедносните стандарди на Република Македонија со оние на алијансата. Денеска Владата ја разгледа и усвои Националната стратегија за контрола на мало и лесно оружје 2017-2021, и го разгледа и прифати Акциониот план за 2017-2021, со што ја потврди заложбата да врши превенција, контрола и искоренување на пролиферацијата на нелегалното оружје во согласност со регионалните и меѓународните иницијативи, стандарди и документи за контрола на оружјето, муницијата и експлозивните материи, согласно принципите за Заедничка надворешна и безбедносна политика (ЗНБП) на Европската унија и активностите на НАТО. Владата на РМ денеска му даде одобрение на Министерството за здравство за започнување на постапка за доделување на повеќегодишен договор за јавна набавка на медицинска опрема за потребите на повеќе Јавни здравствени установи во земјата. На денешната седница, Владата на РМ донесе одлука за признавање на Претседателот на Националното собрание на Боливарската република Венецуела, Хуан Гуаидо, за преоден претседател на државата до спроведувањето на нови претседателски избори. На оваа седница, Владата донесе одлука за отстранување на железната ограда околу Владата, со цел да се ослободи целосно јавниот простор околу Владата за да биде достапен за користење од страна на граѓаните.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-ja-odrza-118-tata-sednica-ova-se-poslednite-odluki/feed/ 0
Владата ќе потроши 45 илјади евра за води и сокови https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-kje-potroshi-45-iljadi-evra-za-vodi-i-sokovi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-kje-potroshi-45-iljadi-evra-za-vodi-i-sokovi/#respond Sat, 02 Feb 2019 13:29:34 +0000 https://kurir.mk/?p=159430

Владата ќе набави води и сокови во вредност од 2,8 милиони денари. На страната на бирото за јавни набавки објавен е оглас на кои како договорен орган стои Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија, а чив предмет на договор е набавка на минерални води (газирани и негазирани), овошни сокови и ладни чаеви. Вкупно ќе бидат набавени 208 илјади шишенца вода од 0,250л и 0,330л. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-kje-potroshi-45-iljadi-evra-za-vodi-i-sokovi/feed/ 0