влада на рсм – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 18 Apr 2022 14:49:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png влада на рсм – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Нов скандал: Владата го разрешува шефот на финансиската полиција Арафат Муареми?! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nov-skandal-vladata-go-razreshuva-shefot-na-finansiskata-policija-arafat-muaremi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nov-skandal-vladata-go-razreshuva-shefot-na-finansiskata-policija-arafat-muaremi/#respond Mon, 18 Apr 2022 14:49:40 +0000 https://kurir.mk/?p=664831

Во напната атмосфера попладнево владата го разрешува шефот на Финансиската полиција Арафат Муареми кадар на СДСМ, неофицијално дознава expres.mk. Муареми во јавноста се споменува како дел од случај за кој се води постапка во Јавното обвинителство за организиран криминал. Владините извори за expres.mk тврдат дека по добиените сознанија за активности на Муареми веќе нема можност тој да остане на високата и важна функција во владата. Управата за финансиска полиција е една од најважните алатки за контрола но за жал и за притисок врз правните субјекти во земјата. Неофицијално во случајот кој го истражува Јавното обвинителство се работи за десетици фирми кои биле рекетирани и уценувани да исплатат црни пари а за возврат институциите да не ги гонат за кривични и други дела сторени од нив. Каква е улогата на Муареми и други високи лица од СДСМ, ДУИ и владините структури во овој случај веќе се утврдува во соодветна постапка од обвинителството. Муареми лани на локалните избори беше фатен како се заканува со финансиски инспектори за кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nov-skandal-vladata-go-razreshuva-shefot-na-finansiskata-policija-arafat-muaremi/feed/ 0
Aнкета: Лошото работење на Владата, пандемијата и корупцијата се главните виновници за лошата економска состојба https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/anketa-loshoto-rabotenje-na-vladata-pandemijata-i-korupcijata-se-glavnite-vinovnici-za-loshata-ekonomska-sostojba/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/anketa-loshoto-rabotenje-na-vladata-pandemijata-i-korupcijata-se-glavnite-vinovnici-za-loshata-ekonomska-sostojba/#respond Fri, 02 Jul 2021 07:51:52 +0000 https://kurir.mk/?p=530844

Пeрцепцијата на граѓаните за економската состојба во земјата и за работата на Владата во однос на решавање на овие проблеми е негативна. Поголем дел од испитаниците (околу 60%) од истражувањето на МКД.мк кое го спроведе агенцијата Маркет вижн ја оценуваат работата на Владата и на премиерот како неуспешна, а само 20% од нив сметаат дека Владата и премиерот се успешни во справувањето со економските проблеми. Од 1 до 5, Владата доби оценка 2,37, а премиерот 2,25. Истражувањето е спроведено од 18 до 23 јуни на репрезентативен примерок од 1.200 испитаници. Само 19,8% од испитаниците сметаат дека Македонија се движи во позитивна насока. Младите до 40 години, за разлика од повозрасните во поголем процент сметаат дека земјата се придвижува во позитивна насока. Во најголем дел, негативната состојба во земјата се должи на лошото работење на Владата, одговор кој го дале речиси 40% од испитаниците. Како други главни причини за негативната состојба во земјата се наведуваат и влијанието на пандемијата (25,6% од одговорите), како и корупцијата и нефункционалноста на правниот систем, одговор кој го дале 17,8 отсто од испитаниците. Најважни проблеми со кои се соочува земјата според најголем дел од испитаниците се неповолната економска ситуација и невработеноста (44,9% од одговорите) и корупцијата и нефункционалниот правен систем (30,4% од одговорите). Многу мал дел или приближно 14% ја оценуваат економската состојба како добра. Најголем дел од испитаниците или приближно 72% ја оценуваат економската состојба како лоша. Она што е интересно е и различната перцепција на испитаниците вработени во приватниот и во јавниот сектор. Вработените во приватниот сектор ја оценуваат економската состојба во земјата како многу понеповолна, за разлика од оние вработени во јавниот сектор. Само 11,8% од испитаниците сметаат дека економската состојба во земјата се подобрува, додека околу половина сметаат дека се влошува. Речиси една половина или 46,1% од испитаниците сметаат дека условите за водење или инвестирање во бизнис се влошуваат. Околу 10% од испитаниците се изјасниле дека живеат во сиромаштија и недостиг од основни добра, додека приближно 40% се изјасниле дека многу внимателно располагаат со парите за да можат да врзат крај со крај. Анкетирањето беше спроведено во периодот од 18 јуни до 23 јуни со употреба на CATI метода - телефонско анкетирање со помош на компјутер, на примерок од 1.200 испитаници (статистичка грешка: +-3%; интервал на доверба: 95%). Примерокот е репрезентативен на ниво на Македонија според: регион, пол и возраст во однос на проценките за населението од Државниот завод за статистика од 2019 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/anketa-loshoto-rabotenje-na-vladata-pandemijata-i-korupcijata-se-glavnite-vinovnici-za-loshata-ekonomska-sostojba/feed/ 0
Претседател на РСМ, НБРСМ- институциите во Македонија добија нови називи: Ова е листата со новите имиња (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretsedatel-na-rsm-nbrsm-instituciite-vo-makedonija-dobija-novi-nazivi-ova-e-listata-so-novite-iminja-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretsedatel-na-rsm-nbrsm-instituciite-vo-makedonija-dobija-novi-nazivi-ova-e-listata-so-novite-iminja-foto/#respond Tue, 05 Mar 2019 16:13:45 +0000 https://kurir.mk/?p=171560

Владата на Република Северна Македонија на својата 124 седница, на предлог на Меѓуресорска работна група за извршување на обврските од Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните, донесе одлука да ги задолжи, односно да им укаже и препорача на сите институции да извршат промена на јавните табли на влезот од сите институции, во однос на името на државата, согласно амандманите XXXIII, XXXIV, XXXV, XXXVI на Уставот на Република Северна Македонија, Уставниот закон за спроведување на амандманите од ХХХIII до ХХХVI на Уставот на Република Северна Македонија и Законот за употреба на јазиците. Исто така, Владата на РСМ ги задолжи и им укажа на сите институции, да извршат проверка дали е извршена промена на сите дигитални записи (логоа, меморандуми, електронски комуниказии, веб-страни, медиуми итн) и да извршат проверка дали е извршена измена на меморандумите, печатените материјали, папките, индикаторите, согласно заклучоците број 4 и број 5 од 120-тата седница на Владата на Република Северна Македонија, и во рок од 7 дена до Меѓуресорска работна група за извршување на обврските од Конечната спогодба, да достават збирен извештај дали е извршена бараната измена и до кој степен. Во продолжение и документот „Листа на институции со новиот назив“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretsedatel-na-rsm-nbrsm-instituciite-vo-makedonija-dobija-novi-nazivi-ova-e-listata-so-novite-iminja-foto/feed/ 0