влада на сдсм – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 18 Nov 2020 10:08:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png влада на сдсм – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Вчера Заев доби датум за оставка https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vchera-zaev-dobi-datum-za-ostavka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vchera-zaev-dobi-datum-za-ostavka/#respond Wed, 18 Nov 2020 10:08:15 +0000 https://kurir.mk/?p=431084

Во текот на вчерашниот ден по состанокот на Советот на министри на Унијата, Македонија не доби датум за почеток на преговорите поради ветото од Бугарија. Македонската Влада вчера доби датум за оставка. И премиерот Зоран Заев вчера доби датум за оставка. Поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров доби црвен картон за политиките на добрососедство и треба да сноси политичка одговорност. Следствен чин би било поднесување на оставка. Секоја демократска Влада во светот кога нема да упеае да ги протне политиките на кои се потпира, и за кои и е впрочем дадена довербата од гласачите логичен следен чин е сносување политичка одговорност или оставка. Македонската Влада соопшти дека одлуката на Бугарија е неуспех за ЕУ, како и дека ќе се продолжи да се бара решение за европската иднина на Македонија. „До сега не се создадоа соодветни услови за да се надминат новите бугарски барања и заради тоа, Република Бугарија одлучи дека во овој момент нема да ја одобри нашата преговарачката рамка во ЕУ. Тоа е неуспех за политиката на ЕУ за проширувањето, лоша порака за целиот регион и пораз за фундаменталните европски вредности и принципи‘‘ се наведува во реакцијата на Владата доставена до МИА по состанок на Советот на министри на Унијата. Во демократските земји после ваков чин на добивање на црвен картон на политиките кои се темел на Владата се поднесува политичка одговорност. Премиерот Заев треба да сноси одговорност за политиките се или ништо.Одговорност за 5 годишните политички кризи, нереди, кршење на Устав, процедури, понижување на сопствениот народ, неуспех на сервилноста на "добрососедската политика". Политичка одговорност на Заев за ветувањата "на прав пат сме‘‘. Политичка одговорност за промената на името на Македонија и неуспехот за влез во ЕУ. Пропаднаа политиките на Заев за добрососедство со Бугарија.Признание добивме и во соопштението од Владата на Македонија, и токму затоа потребна е политичка одговорност. Задршката на Бугарија да ја одобри преговарачката рамка не е во духот на добрососедските односи. „Ваквиот став на бугарската Влада е спротивен на членот 2 од Договорот за пријателство од 2017. Нашата позиција е јасна: ние сметаме дека европските интеграции не смеат да бидат заложник на билатерални прашања“, се наведува во реакцијата на Владата. Според Владата, преговорите со ЕУ не смеат да се претворат во преговори со Бугарија и нашиот напредок во евцроинтеграциите првенствено треба да зависи од домашните реформи врзани со поглавјата, законодавството на Унијата и постигнувањето на европските стандарди.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vchera-zaev-dobi-datum-za-ostavka/feed/ 0
Владата на СДСМ наместо да го спречи бркањето на работници, таа ги учи работодавачите како да го прават тоа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-na-sdsm-namesto-da-go-sprechi-brkanjeto-na-rabotnici-taa-gi-uchi-rabotodavachite-kako-da-go-pravat-toa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-na-sdsm-namesto-da-go-sprechi-brkanjeto-na-rabotnici-taa-gi-uchi-rabotodavachite-kako-da-go-pravat-toa/#respond Sat, 11 Apr 2020 16:23:33 +0000 https://kurir.mk/?p=330767

Животната егзистенција на работниците повторно е на удар од страна на власта и економскиот тим на владата на СДСМ. Имено, откако работниците цел месец се туркаа пред вратите на Агенцијата за вработување, владата открива дека всушност не секој работник ќе може да ги искористи економските мерки и ќе ја добие ветената парична помош. Владата на СДСМ апелира до работодавачите наместо да ги отпуштаат работниците со спогодбен договор за престанок на работниот однос, тоа да го прават со прогласување на вработените за технолошки вишок бидејќи само на тој начин отпуштените работници ќе добијат финансиска помош од државата. -Важно е да се нагласи за вработените никако да не потпишуваат спогодбен отказ од работа бидејќи ќе останат без надоместоци, а најповеќе апелираме до работодавачите односно до газдите во овие тешки моменти треба да бидеме сплотени и солидарни затоа што со самата спогодба вработените ќе ги остават и без плата и без надоместок кој им следува од страна на Агенцијата за вработување, вели заменик министерот за труд и социјална политика Ѓонул Бајрактар. Експертите пак, сметаат дека ваквиот несериозен пристап од страна на власта дополнително ќе значи влошување и на така веќе тешката економска состојба во која се наоѓа стопанството и државата, нагласувајќи дека власта мора да помогне со конкретни и реални мерки кои што нема негативно да влијаат на потрошувачката.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-na-sdsm-namesto-da-go-sprechi-brkanjeto-na-rabotnici-taa-gi-uchi-rabotodavachite-kako-da-go-pravat-toa/feed/ 0
СДСМ ја има тоталната контрола на вестите во МРТ: За да го прикрие тоа, прави јавен притисок врз раководството https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sdsm-ja-ima-totalnata-kontrola-na-vestite-vo-mrt-za-da-go-prikrie-toa-pravi-javen-pritisok-vrz-rakovodstvoto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sdsm-ja-ima-totalnata-kontrola-na-vestite-vo-mrt-za-da-go-prikrie-toa-pravi-javen-pritisok-vrz-rakovodstvoto/#respond Fri, 03 Aug 2018 19:55:03 +0000 https://kurir.mk/?p=84304

По инцидентот и отворените закани од страна на владини функционери кон Македонската Радио Телевизија за време директниот пренос на прославата за Илинден во Крушево – растат притисоците и заканите кон јавниот сервис, пренесува Лидер. -По доаѓањето на СДСМ на власт, за разлика од претходно, престана мерењето на застапеноста на политичките субјекти во информативната програма на јавниот сервис. Ниту една институција од Македонија и од надвор не мери колку минути добиваат власта и опозицијата во вестите на МРТ. Претходно, ова беше едно од главните прашања по договорот во Пржино, анализира порталот. Лидер се обиде да ја следи работа на јавниот сервис на почетокот на годинава и во сите четири месеци кои ги земаа како репрезентативен примерок, власта има скоро тројно поголема застапеност во однос на опозицијата.   Во просек владејачката СДСМ и Владата се со скоро тројно поголема застапеност од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, што го прикажува очигледното влијание на власта врз јавниот сервис. Одговорниот уредник на МРТ, Стојан Трпески, важи за близок пријател на владиниот портпарол Миле Бошњаковски со кој заедно членуваат во бендот “The Reporters”, во друшство со нив се и Борјан Јовановски (добитник на грант 90.000 евра од Агенцијата за филм), Драган Антоновски (директор на МИА) и Петрит Сарачини (советник во Владата). Поврзаноста на Трпчевски со овие владини функционери го потврдуваат и бројките од мерењето на застапеноста на политичките партии. Инаку, како што дознаваме од вработени во телевизијата, притисокот расте од ден во ден и власта се обидува освен информативната програма да ги освои и сите останати позиции во телевизијата, анализира Лидер. -Кон сите вработени, особено кон оние од информативната програма, постојано се изрекуваат закани за некакви кривични пријави и истраги од ОЈО и СЈО, велат за Лидер вработени во Телевизијата. Минатата недела министерот за информатичко општество Дамјан Манчевски отворено се закани кон МРТ, затоа што за време на директниот пренос од Крушево во етер отиде исвиркувањето на владините функционери од страна на граѓаните на Мечкин Камен. – Првпат откако сум министер јавно ќе кажам мое мислење. МРТВ е срам, дно и целосно под политичка контрола на ВМРО-ДПМНЕ. Македонија нема јавен сервис на граѓаните, напиша Манчевски на Твитер. Како што веќе објави Лидер, поради ова висок функционер на власта се јавил и се заканувал во Телевизијата и барал итно да биде стишен тонот на свиркањето. Како што тврдат извори од телевизијата, главната причина поради која Власта го врши овој притисок е затоа што сака од јавниот сервис да направи институција сервилна за промената на името. Од СДСМ преку соопштение јавно побараа оставки од раковотството на телевизијата, но, како што неофицијално брифираат извори од дипломатскиот кор, водечките западни амбасади во Република Македонија се противат на обидот на власта да завладее со оваа институција. Симптоматично е и што за разлика од претходно, за неизбалансираноста во вестите на МРТ сега не реагира ниту Агенцијата за медиуми, како и ЗНМ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sdsm-ja-ima-totalnata-kontrola-na-vestite-vo-mrt-za-da-go-prikrie-toa-pravi-javen-pritisok-vrz-rakovodstvoto/feed/ 0
Чистка на раководителите во Фонд за здравство, се менуваат и тие кои бројат денови до пензија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chistka-na-rakovoditelite-vo-fond-za-zdravstvo-se-menuvaat-i-tie-koi-brojat-denovi-do-penzija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chistka-na-rakovoditelite-vo-fond-za-zdravstvo-se-menuvaat-i-tie-koi-brojat-denovi-do-penzija/#respond Fri, 27 Jul 2018 07:57:23 +0000 https://kurir.mk/?p=81646

Додека пред македонските граѓани и пред меѓунардната заедница, Владата на чело со СДСМ манипулира ветувајќи професионализација на администрацијата, на домашен терен и во македонските институции истовремено го спроведува спротивносто, односно продолжува да спроведува притисоци врз професионалците и гола партизација на институциите. Имено, извесен период раководните структури во Фондот за здравствено осигурување повикувале, а и се уште повикуваат на разговор службеници со звање - раководител на подрачна единица на Фонд за здравство. За време на истиот, се бара од нив да потпишат изјави за согласност за преминување на друго работно место. Оваа пракса не се појавува за прв пат и само во оваа институција, туку и во други и тоа веднаш по доаѓањето на власт се правеше во помалку или повеќе во речиси сите институции. Па така искусни професионалци со долгогодишно искуство во службата им се врши притисок да се согласат доброволно да ги отстапат своите работни места, стекнати согласно Законот за јавни службеници. Целта е една, нивните работни места присилно треба да отстапат и да се вдомат партиските кадри на СДСМ. Според информации од упатените, десеттина лица потпишале согласност да бидат префрлени на друго работно место, а станува збор за околу триесеттина раководни лица. Меѓу нив  е и раководител кој има околу два месеци до пензија. Додека раководните структурии немаат слух, а не го почитуваат ниту законот јавноста бара одговори. Зошто се прави ова? Како може да има потреба во исто време да се сменат сите раководители на подрачните единици? Зарем сите направиле пропуст во исто време?! Зарем сите се несооодветни како кадар за местото на кое се поставени?]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chistka-na-rakovoditelite-vo-fond-za-zdravstvo-se-menuvaat-i-tie-koi-brojat-denovi-do-penzija/feed/ 0
Владата на СДСМ со еврообврзница државата ќе ја задолжи со 500.000.000 евра во 2018-та година https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vladata-na-sdsm-so-evroobvrznica-drzavata-kje-ja-zadolzi-so-500-000-000-evra-vo-2018-ta-godina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vladata-na-sdsm-so-evroobvrznica-drzavata-kje-ja-zadolzi-so-500-000-000-evra-vo-2018-ta-godina/#respond Thu, 11 Jan 2018 15:04:14 +0000 http://kurir.mk/?p=9559

Владата на СДСМ на шверцерски начин во екот на новогодишните празници во Службен весник на Република Македонија на 03.01.2018 ја објави одлуката за ново задолжување преку издавање на државни хартии од вредност на 500.000.000 евра. Оваа обврзница, како што пишува во објавената одлука, ќе биде наменета за покривање на буџетскиот дефицит  и за враќање на стари долгови. Буџетскиот дефицит оваа година изнесува 2,8 отсто од домашниот бруто-производ и сето тоа ќе мора да се покрива со нови задолжувања кои идните генерации ќе треба да ги враќаат со камати. Владата дури и има ангажирано четири банки се со цел да го подготват задолжувањето. СДСМ го донесе историски највисокиот буџет што го имала до сега Република Македонија од 3,44 милијарди евра. Во новиот буџет предвидено е да се позајмат речиси 856 милиони евра. Згора на тоа јавниот долг на Република Македонија изнесува 4,7 милијарди евра, но со последното задолжување ќе ја пробие дури и црвената линија од 50% и ќе достигне 52,4 % од БДП.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vladata-na-sdsm-so-evroobvrznica-drzavata-kje-ja-zadolzi-so-500-000-000-evra-vo-2018-ta-godina/feed/ 0
Централниот регистар ќе потроши над 100.000 евра за моторни возила https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/centralniot-registar-kje-potroshi-nad-100-000-evra-za-motorni-vozila/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/centralniot-registar-kje-potroshi-nad-100-000-evra-za-motorni-vozila/#respond Fri, 29 Dec 2017 17:20:34 +0000 http://kurir.mk/?p=4112

Владата продолжува со практиката на непродуктивно трошење на народните пари. Централниот регистар на Република Македонија, објави оглас  за набавка на возила за над 100 илјади евра, во време кога доцни плата во голем број на државни претпријатија и државата постојано има потреба од задолжување за сервисирање на своите тековни активности. Имено, Централниот регистар на Република  Македонија денеска објави оглас на електронската страната на Биро за јавни набавки  за нови моторни возила во износ од 6.254.000 денари без ДДВ. Централниот регистар ќе набави 9 патнички моторни возила и едно возило - комбе. Неодговорниот однос со буџетот стана навика на владата. Наместо нови проекти и мерки за граѓаните и државата, наместо решавање на реалните проблеме, граѓаните се сведоци на луксузирање на владата, преку набавка на скапи коли, мебел, луксузни патувања, набавка на скапи јадења како морски плодови, лешници, ф'стаци и други апетисани. Последно во низата расипнички трошења на власта е и денешната забава на  Агенцијата на државните патишта која одлучи да се почести со предновогодишна забава со најмени кетеринг услуги, во време кога претпријатието доцни со исплатата на плати кон вработените. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/centralniot-registar-kje-potroshi-nad-100-000-evra-za-motorni-vozila/feed/ 0