влада – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 01 Nov 2023 17:06:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png влада – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Нова средба на УПОЗ со Владата, очекуваат конкретна понуда за прекин на штрајкот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nova-sredba-na-upoz-so-vladata-ochekuvaat-konkretna-ponuda-za-prekin-na-shtrajkot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nova-sredba-na-upoz-so-vladata-ochekuvaat-konkretna-ponuda-za-prekin-na-shtrajkot/#respond Wed, 01 Nov 2023 17:06:11 +0000 https://kurir.mk/?p=895470

Претставниците на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ) денеска повторно се на средба со претставниците Владата откако минатата недела не беше донесена одлука за нивните барања. Претседателот на УПОЗ, Трпе Деановски, во изјава за медиумите пред средбата рече дека денеска очекуваат конкретна понуда од страна на Владата што би значело и прекин на штрајкот. -Барањата се исти, 78 проценти покачување на плати, враќање на додатоци на плати. Очекуваме конкретна понуда. Без конкретна понуда од страна на Владата, ние не можеме да пренесеме ништо на нашите членови кои штрајкуваат и протестираат, и реално одлуката дали ќе се прифати таа контра понуда ако воопшто ја има, останува на членството, рече Деановски. Добра понуда од страна на Владата, како што кажа, би значело прекин на штрајкот и враќање на работниците на работа. На прашањето што би значело добра понуда, Деановски рече дека тоа би било нешто во средина. -Не би можел да кажам точно со проценти колку бараме. Ќе излеземе точно со нашите барања, реални се 78 посто и враќање на додатоци на плата. Доколку Владата даде некоја суштествена добра понуда, ќе одлучиме дали ќе ја прифатиме. Меѓутоа останува на Владата, рече Деановски. На прашањето дали очекуваат денеска да се донесе некоја одлука, Деановски одговори позитивно со тоа што, како што рече, ако нема понуда од страна на Владата постои опасност на приклучување на штрајкот во обвинителствата уште и од други институции.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nova-sredba-na-upoz-so-vladata-ochekuvaat-konkretna-ponuda-za-prekin-na-shtrajkot/feed/ 0
Унгарија им забрани на малолетниците да ја посетат изложбата на „Ворлд прес фото“ поради ЛГБТ содржина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ungarija-im-zabrani-na-maloletnitsite-da-ja-posetat-izlozhbata-na-vorld-pres-foto-poradi-lgbt-sodrzhina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ungarija-im-zabrani-na-maloletnitsite-da-ja-posetat-izlozhbata-na-vorld-pres-foto-poradi-lgbt-sodrzhina/#respond Wed, 01 Nov 2023 12:52:59 +0000 https://kurir.mk/?p=895382

Унгарската влада им забрани на лицата помлади од 18 години да ја посетат овогодинешната изложба на „Ворлд прес фото“ (“World Press Photo) во Будимпешта, бидејќи со некои од фотографиите се прекршува Законот кој ограничува ЛГБТ содржина. Престижната светска изложба на фотографии, отворена во Националниот музеј на Унгарија, годишно ја гледаат повеќе од четири милиони луѓе од целиот свет. Изложувајќи ги најдобрите дела на фоторепортерите, неговата мисија е визуелно да и ги претстави на публиката важни светски настани. Меѓутоа, поради петте фотографии на филипинската фоторепортерка Хана Рејес Моралес, унгарски пратеник поднесе жалба до Министерството за култура, кое утврдило дека тие го прекршуваат законот со кој се забранува прикажување на ЛГБТ содржини на малолетници. Поради оваа причина, лицата помлади од 18 години не смеат да ја посетат изложбата, дури и со согласност на нивните родители.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ungarija-im-zabrani-na-maloletnitsite-da-ja-posetat-izlozhbata-na-vorld-pres-foto-poradi-lgbt-sodrzhina/feed/ 0
Втора средба на Синдикатот на УПОЗ и Владата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vtora-sredba-na-sindikatot-na-upoz-i-vladata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vtora-sredba-na-sindikatot-na-upoz-i-vladata/#respond Wed, 01 Nov 2023 09:28:22 +0000 https://kurir.mk/?p=895251

Синдикатот на УПОЗ попладне повторно треба да се сретне со претставници на Владата. На средбата ќе се разговара за барањата на вработените во судската и јавнообвинителската служба кои бараат зголемување на платите за 78 проценти и исплата на додатоците за плата. Минатата недела се одржа првата средба која заврши без конкретен договор. По средбата, претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деановски изјави дека очекуваат конкретен предлог од Владата на следната средба. - Се договоривме наредната недела да се достават уште неколку податоци, особено за судовите. Тоа ќе го направи Министерството за финансии. Ќе се сретнеме во вторник или во среда уште еднаш за да видиме дали од спротивната страна ќе добиеме конкретна понуда за нашите барања, изјави тогаш Деаноски. Штрајкот на судската администрација, според најавите на Синдикатот на УПОЗ, ќе трае додека не добијат одговор од Владата. Дотогаш, ќе се работат само итните случаи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vtora-sredba-na-sindikatot-na-upoz-i-vladata/feed/ 0
Владата го зголеми бројот на македонски војници кои ќе учествуваат во НАТО операцијата „КФОР“ во Косово https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-go-zgolemi-brojot-na-makedonski-vojnitsi-koi-ke-uchestvuvaat-vo-nato-operatsijata-kfor-vo-kosovo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-go-zgolemi-brojot-na-makedonski-vojnitsi-koi-ke-uchestvuvaat-vo-nato-operatsijata-kfor-vo-kosovo/#respond Tue, 24 Oct 2023 17:44:24 +0000 https://kurir.mk/?p=892678

Македонија го зголемува бројот на македонски војници кои ќе учествуваат во НАТО операцијата „КФОР“ на Косово. Дополнителен вод од 35 припадници на македонската армија ќе биде испратен на Косово. -Одлуката е донесена врз основа на препораките на високите воени претставници во НАТО и заклучоците донесени на состанокот на началниците на Генералштабовите на земјите членки на иницијативата за соработка во одбраната, а со цел зајакнување на безбедноста и сигурноста на Република Косово. За учество во НАТО операцијата се испраќаат 70 припадници на Армијата за период од шест месеци, сметано од ноември 2023 до мај 2024 година, информираат од Владата по одлуката донесена на денешната седница. Со оваа измена на Одлуката, вкупниот број со кој Македонија ќе учествува во операцијата „КФОР“ во Република Косово ќе изнесува 101 припадник на Армијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-go-zgolemi-brojot-na-makedonski-vojnitsi-koi-ke-uchestvuvaat-vo-nato-operatsijata-kfor-vo-kosovo/feed/ 0
Патолошки лажговци со уплав од избори https://arhiva.kurir.mk/kolumni/patoloshki-lazhgovtsi-so-uplav-od-izbori/ https://arhiva.kurir.mk/kolumni/patoloshki-lazhgovtsi-so-uplav-od-izbori/#respond Sun, 22 Oct 2023 10:53:11 +0000 https://kurir.mk/?p=893343

Престолонаследник или лажгонаследник? Или, поверојатно, двете. Во фазонот на  „добивме датум за преговори“, лажга кажана со дигнатите прстиња во авиончето далечниот 28 јули 2018-та, Таче катаднево ја продолжува невозможната патолошка мисија на Заев&компанија. Така, дознавме дека, само замислете  - сме биле најдобри на Балканот, па затоа и први требало да влеземе во ЕУ? Ццццц. Да, нема, нема, па ќе тресне пустиот никогаш избран премиер за да го обели ѓон-образот и да не потсети на својот идол и монарх Црпко. Оти, крвта може и да биде вода, ама престолонаследникот Ќуран мора да биде продложувач на ликот и неделото на оној кој го намести. Новокомпонираната народна поговорка вели „ Кој лаже, тој краде, пари врие и на Бихаќка/Мала Речица спие.“ Оваа безобразна и евтина лудорија  за „најдобри на Балканот“ е смислена и срочена во време кога фактите јасно велат и вриштат дека имаме најлош економски перформанс во регионот во комбинација со највисока инфлација, најслаб раст и мега задолжување?! Мислеше ли Таче на перформансот на Владата за празнење на народната каса, на корупцијата или парализираното судство, крш здравство и нула образование? Тука, дефинитивно, се најдобри. Од позади... За жал, сведочиме време на владеење на патолошки лажговци. Има и разлика, ова се специфични, уникатни, северни патолошки лажговци. Лажат нон-стоп, лагата им е природна средина, но разликата е што, барем во светот, патолошките лажговци лажат само колку да лажат. Патолошкото лажење се дефинира како состојба во која одредена личност лаже постојано и тоа без одредена причина. Арно ама, нашите патолошки лажговци лажат и со причина и со цел, за разлика од светските им побратими и носители на истата дијагноза. „Нашите“ лажат за да бидат на власт и за да крадат, лажат-корнат затоа што имаат уплав од избори кои ќе означат крај на нивната антимакедонска авантура. Патолошките лаги се различни од оние „обичните“. Се работи за лаги кои се постојани и се кажуваат секогаш. Велат дека честопати ова се поврзува со емоционални нарушувања, а според некои истражувања патолошкото лажење се поврзува со специфичен невролошки шаблон кој вклучува мал дефицит на меморија, како и негативен начин на кој одредена индивидуа евалуира информација. Пак ви доаѓа сликата на Цаци, Таче, Артан, Љупче, Маричиќ, нели... А, како ќе познаете патолошки лажго? Науката вели дека нивните лаги се елаборирани и неоригинални, преполни со евтини фрази и флоскули, изгледаат и премногу опуштено, бидејќи се убедени во тоа што го кажуваат, а нивната насмевка е неискрена. Живеат во свој свет, не се во допир со реалноста. И оваа реченица е краток опис на актелниот премиер и бандата околу него. Приспомнете си само на нивниот вокабулар, на реакциите кон новинарите, на фацијалната им експресија и тресењето зелени како да не се одовде... Си имаме работа со банда која не може да определи датум за избори, не па да донесе датум за преговори со ЕУ, подобар живот или да направат нешто за Македонија и Македонците. Науката понатаму вели дека за да се излечат, единствен начин за патолошките лажговци е интензивна, постојана терапија која тие најверојатно цврсто ќе ја одбиваат и за која треба да бидете многу упорни за да ги натерате да ја применат. Така и со северните патолошки лажговци, кои по 7 години лаги, кражби и уништување национални светии, конечно, ќе мораат да ја применат терапијата наречена избори. Овојпат, нема бегање, кога и да бидат, во прашање се само месеци. Само, се’ се плашам дека по изборите, ќе лажат уште повеќе. Арно ама, за промена, тогаш ќе лажат-сушат во опозиција, на суд или во зандана...]]>

https://arhiva.kurir.mk/kolumni/patoloshki-lazhgovtsi-so-uplav-od-izbori/feed/ 0
Мицкоски: Владата на ДУИ и СДСМ за 6 години го зголеми долгот за речиси 2,5 милијарди евра за да имаат повеќе пари за наместени тендери, значи постои основано сомневање за историски политички грабеж од страна на политички криминалци https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-vladata-na-dui-i-sdsm-za-6-godini-go-zgolemi-dolgot-za-rechisi-2-5-milijardi-evra-za-da-imaat-poveke-pari-za-namesteni-tenderi-znachi-postoi-osnovano-somnevane-za-istoriski-politichki-grabez/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-vladata-na-dui-i-sdsm-za-6-godini-go-zgolemi-dolgot-za-rechisi-2-5-milijardi-evra-za-da-imaat-poveke-pari-za-namesteni-tenderi-znachi-postoi-osnovano-somnevane-za-istoriski-politichki-grabez/#respond Thu, 19 Oct 2023 11:17:16 +0000 https://kurir.mk/?p=890765

Економската политика на Владата на СДСМ и ДУИ или ДУИ и СДСМ ја доведе Македонија до бездната. Тие не чувствуваат никаква патриотска припадност и должност кон државата и континуирано ја носат во бездна и провалија на начинот на кој тие работат. Долгот галопира дојде до 8,3 милијарди евра што претставува практично околу 58 проценти од БДП, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за време на денешната посета на општина Зелениково која е во рамки на акцијата „Важно е! Од тебе зависат промените“. „Ако направиме споредба со регионот, да речеме Србија едно време која беше многу напред сега е позади Македонија некаде отприлика 53,5 проценти, Косово кое се уште реално нема оформено државност е некаде до 20 проценти“, кажа Мицкоски. Така што политиките на Владата, додаде Мицкоски, се поразени тие капитулираа. „Капитулираа и на друг план инфлацијата е некаде околу 8,4 проценти, а во еврозоната е 4,3 проценти речиси двојно помала. Што значи тезата дека е увезена не држи. Повторно е уште една лага на власта“, укажа Мицкоски. Мицкоски објасни зошто сето ова се случувало во изминатите години владеење на СДСМ и ДУИ. „Владата на ДУИ и СДСМ во овие шест години за речиси 2,5 милијарди евра го зголеми долгот за да имаат повеќе пари за наместени тендери, тендери кои потоа ги договараат во 4 очи или со други зборови кажано постои основано сомневање за историски политички грабеж од страна на политички криминалци кои 6 години ја водат Владата“, заклучи Мицкоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-vladata-na-dui-i-sdsm-za-6-godini-go-zgolemi-dolgot-za-rechisi-2-5-milijardi-evra-za-da-imaat-poveke-pari-za-namesteni-tenderi-znachi-postoi-osnovano-somnevane-za-istoriski-politichki-grabez/feed/ 0
Германски ФАЦ со насловна за Македонија: Корупција на Владата во име на ЕУ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/germanski-fats-so-naslovna-za-makedonija-koruptsija-na-vladata-vo-ime-na-eu/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/germanski-fats-so-naslovna-za-makedonija-koruptsija-na-vladata-vo-ime-na-eu/#respond Thu, 19 Oct 2023 06:20:49 +0000 https://kurir.mk/?p=890571

Познатиот германски весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ за скандалот на Клиниката за Онкологија во статија пишува дека луѓето во Северна Македонија се навикнати на фактот дека корупцијата е постојано зло во нивната земја. -Но, она што скопскиот неделник „Фокус“ ​​го откри во две опсежни извештаи во август беше скандалозно дури и за стандарди кои важат во државата. Според откритијата на магазинот, кои сега ги истражува судството, од најважната клиника за онкологија во земјава во Скопје очигледно систематски биле крадени скапи лекови за рак и биле продавани на црниот пазар. За таа цел биле измислени фиктивни пациенти преку кои се наплаќало лекувањето. Вистинските пациенти на државната клиника делумно се лекуваа со плацебо, а многумина умреа. Во други случаи, семејствата морале да купуваат лекови на црниот пазар иако според осигурителниот надоместок и планот за лекување би требало да се бесплатни за нив. Засега официјално пред се е осомничена медицинска сестра, каја ги прошверцувала медикаментите од болница. Но, таа не можела сама да делува. Сега земјата се прашува до каде нагоре стигнал синџирот на соучесници, макар и само преку информираност. Во времето кога се вели дека се случила гнасната измама, министерот за здравство бил близок политички доверлив човек на поранешниот премиер Зоран Заев, социјалдемократ кој во меѓувреме ја напушти политичката сцена и делува од позадина, пишува весникот. Во статијата се додава дека министерот за здравство поднел оставка заедно со Заев - пред јавно да се дознае за наводната измама. -Најновите откритија во Северна Македонија веројатно ќе го засилат трендот што веќе беше забележан претходно: оние кои треба да поминат важна медицинска процедура,  би посегнале дури и кон своите последни заштеди или кредит за да се лекуваат во странство, отколку да го сторат тоа во домашниот здравствен систем. Не е невообичаено што медиумите, а не судството, ги собираа доказите за последниот скандал. На Балканот, критичкото новинарство се повеќе делува како замена или двигател на судството кое не сака или не е способно да ја казни корупцијата. Сè уште не е сигурно дали откритијата на неделникот се цврсти за пред суд. И тогаш не е сигурно дали ќе има обвиненија и пред се осуди во завршна инстанца, бидејќи политичкото влијание е силно во македонското судство. Освен овој конкретен случај, генерално може да се каже: дека ветувањето во 2017 година на македонските социјалдемократи кога ја презедоа власта дека ќе преземат решителна акција против корупцијата не се одржа. Во тоа време имаше чувство на оптимизам. Заев вети дека ќе го расчисти корумпираното наследство на Груевски, кој побегна. Сепак, тешко дека ќе најдете луѓе во Северна Македонија кои сметаат дека ова ветување е исполнето. Социјалдемократите, кои оттогаш се на власт, и нивниот коалициски партнер, кој е поддржан од албанското население во земјата, се преставуваат „проевропски“ и наводно ја потчинуваат својата политика целосно на целта за членство во ЕУ. Ова се случи неодамна во септември, кога владиното мнозинство истурка законски измени во парламентот со кои се намалија казните за злоупотреба на службената положба и се скратија роковите на застареност. Сомнителните измени беа досени преку итна постапка во парламентот затоа што тие биле наводно неопходни за приближување на земјата кон ЕУ. Претседателот Стево Пендаровски можеше да стави вето на законот, но веднаш ги потпиша законите. ЕУ се спротивстави да биде користена од Владата и претседателот во Северна Македонија како изговор за домашни политички махинации кои претставуваат чекор наназад во борбата против корупцијата. Портпаролката на Комисијата рече дека тие се „загрижени“ за влијанието на последните одлуки врз борбата против корупцијата, критикувајќи ги не само намалените казни, туку и скратениот рок на застареност, што влијае на многу тековни постапки. Портпаролката го критикуваше и фактот што законите се донесени набрзина без сеопфатна консултација и координација со ЕУ, повикувајќи се наводно поради потреба од усогласување со европските стандарди. Корупција во име на ЕУ – вака би можела да се сумира политиката на македонскиот премиер Димитар Ковачевски и неговиот тим. Поранешниот шеф на македонската дипломатија Никола Димитров, истакнува: “Сегашната влада го вее европското знаме за да го стори истото“, стои во текстот на „Франкфуртер алгемајне цајтунг“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/germanski-fats-so-naslovna-za-makedonija-koruptsija-na-vladata-vo-ime-na-eu/feed/ 0
Владата ќе го решава проблемот со мечките, цела година рок за да се изработи план https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-ke-go-reshava-problemot-so-mechkite-tsela-godina-rok-za-da-se-izraboti-plan/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-ke-go-reshava-problemot-so-mechkite-tsela-godina-rok-za-da-se-izraboti-plan/#respond Tue, 17 Oct 2023 17:59:35 +0000 https://kurir.mk/?p=889953

Владата на денешната седница ја разгледала и усвоила Информацијата по однос на состојбата на кафеава мечка (Ursus arctos L.), дивеч под заштита кој е трајно забранет за лов и зголемениот обем на штета која овој дивеч ја причинува врз имотот и добрата на граѓаните на државава. Како што соопштија од владината прес-служба, Владата ги задолжила надлежните институции да се преземат конкретни мерки во однос на усвоената Информација. Министерството за животна средина и просторно планирање во рок од 12 месеци треба да изработи акциски план за управување со кафеава мечка (Ursus arctos L.) за територијата на Република Македонија. - Министерството за животна средина и просторно планирање е задолжено во рок од 3 месеци да направи анализа од регионот за формирање интервентен тим за крупни ѕверови и да ја информира Владата на Република Македонија. Исто така, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со научни институции се задолжуваат во рок од три месеци да достават можни локации каде би можеле да се дислоцираат/префрлат кафеавите мечки, соопштија од Владата. Воедно, директорот на Центарот за управување со кризи е задолжен да ја организира координацијата на активностите на институциите во спроведување на мерките, да организира и спроведува контрола над нивната имплементација, како и да предлага нови мерки покрај донесените и препорачани од надлежните институции за создавање на услови за намалување на појавата на кафеава мечка (Ursus arctos L.), во урбана средина. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-ke-go-reshava-problemot-so-mechkite-tsela-godina-rok-za-da-se-izraboti-plan/feed/ 0
Штрајкот на М-НАВ одложен, авионскиот сообраќај се одвива редовно https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shtrajkot-na-m-nav-odlozhen-avionskiot-soobrakaj-se-odviva-redovno/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shtrajkot-na-m-nav-odlozhen-avionskiot-soobrakaj-se-odviva-redovno/#respond Thu, 12 Oct 2023 07:40:38 +0000 https://kurir.mk/?p=887947

Постигната е согласност да се работи на отворените прашања од страна на Струковиот синдикат на контролори на летање (ССКЛ), на состанокот одржан во Министерството за транспорт и врски, со претставници од Синдикатот на М-НАВ (ССКЛ) и менаџментот на претпријатието за вршење на дејноста давање на услуги на воздухопловната навигација, М-НАВ АД Скопје, информираат од Владата. Со тоа е овозможено авионскиот сообраќај да се одвива редовно. Во меѓувреме се продолжува со координациите во ресорното министерство, со цел целосно реализирање на преземените обврски од двете страни. -Владата на Република Северна Македонија смета дека потпишаниот колективен договор, одлуката за ангажирање консултантска фирма којашто професионално ќе изврши функционална анализа за подобрување на функционирањето на претпријатието, како и согласноста за подигнување на нивото на транспарентноста за сите прашања и изработка на студија којашто ќе ги даде идните правци за развој на претпријатието покажува дека низ функционален дијалог се можни решенија, се вели во соопштението на Владата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shtrajkot-na-m-nav-odlozhen-avionskiot-soobrakaj-se-odviva-redovno/feed/ 0
Израелското знаме вечерва се проектира на зградата на Владата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izraelskoto-zname-vecherva-se-proektira-na-zgradata-na-vladata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izraelskoto-zname-vecherva-se-proektira-na-zgradata-na-vladata/#respond Mon, 09 Oct 2023 20:30:36 +0000 https://kurir.mk/?p=887168

-Поддршка за Израел во овие тешки моменти. Силно и недвосмислено ги осудуваме терористичките напади на Хамас врз Израел. Нашите мисли се со израелскиот народ, со кој се солидаризираме и сочувствуваме. Апелираме за решенија преку дијалог, на светот му е потребен мир, напиша премиерот Димитар Ковачевски на Фејсбук страницата во објавата со фотографија на израелското знаме на зградата на Владата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izraelskoto-zname-vecherva-se-proektira-na-zgradata-na-vladata/feed/ 0