влади – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 18 Jan 2021 20:55:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png влади – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Арсовски: Додека сите други влади во регионот и во Европа се борат што повеќе да снабдат вакцини, оваа влада е заинтересирана да спроведе политички попис https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arsovski-dodeka-site-drugi-vladi-vo-regionot-i-vo-evropa-se-borat-shto-povekje-da-snabdat-vakcini-ovaa-vlada-e-zainteresirana-da-sprovede-politichki-popis/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arsovski-dodeka-site-drugi-vladi-vo-regionot-i-vo-evropa-se-borat-shto-povekje-da-snabdat-vakcini-ovaa-vlada-e-zainteresirana-da-sprovede-politichki-popis/#respond Mon, 18 Jan 2021 20:55:12 +0000 https://kurir.mk/?p=456926

„Оваа влада прави се наопаку од она кое што треба да го прави. Додека сите други влади во регионот и во Европа се борат што повеќе да снабдат вакцини, оваа влада е заинтересирана да спроведе политички попис“, истакна Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ при своеото гостување во „Радио Лидер“. Арсовски додаде дека претседателот Христијан Мицкоски по Извршниот Комитет излезе во јавноста и прецизно кажа по кој принцип треба да се случи пописот, како најпрвин да се дојде до законот за попис односно да се реализира и подоцна во однос на рокот кога би требал пописот да се одржи. „Додека сите држави во ЕУ, па можеби и во светот имаше такви повеќе примери кои беа посочени од страна на претседателот Мицкоски го одложуваат пописот и се борат што повеќе да ги спречат штетните последици од оваа пандемија и нормално и да обезбедат вакцини за своите граѓани, нашава влада предводена од Заев и СДСМ ги интересира да спроведат политички попис. Зошто велиме политички? Најпрвин, од она што го гледаме доколкувака се одвива како што им е замислено со овој предлог закон де факто овој попис ќе биде политички и нема да биде реален. Зошто велам нема да биде реален? Бидејќи, само со опопишување преку матичниот број на некој што познава некого и го издиктира тоа не е попишување“нагласи Арсовски. Арсовски посочи дека на Македонија и е потребен попис како статистичка операција за да го покаже населението кое што живее и функционира на територијата. „Нам овој попис ни е важен за понатамошен развој во идните 10 години до реализиција на идниот попис на почетокот на наредната декада, да може Република Македонија и владите кои што ќе следат и нормално локалната самоуправа да ја развива во таа насока државата. Замислете доколку на пример во Мариово каде што општопознато е дека има многу малку жители некој отиде и попише да речеме 5.000 граѓани кои што не живеат физички и не се присутни во Мариово, а да ги попише дека се таму. Оваа Влада ќе има податоци дека во Мариово живеат 5.000 луѓе , замислете понатака доаѓа странски инвеститор можеби не „Гугл“ и „Фејсбук“ кои што ги ветуваше Заев но ќе дојде странска компанија која што ќе сака да инвестира. И вели да видам ми треба градче или населено место од околу 5.000 граѓани, ги вади Владата населените места според пописот и и гледа и го чита Мариово. И странската компанија вели дека таму ќе инвестира. Е тоа не е статистички податок и попис кој што би значек за понатамошен развој на Македонија“, појасни Арсовски. Арсовски додаде дека поради тоа Македонија бара попис со статистички податоци не со политички.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arsovski-dodeka-site-drugi-vladi-vo-regionot-i-vo-evropa-se-borat-shto-povekje-da-snabdat-vakcini-ovaa-vlada-e-zainteresirana-da-sprovede-politichki-popis/feed/ 0
Брегу: Владите на Западен Балкан ќе треба да преземат одговорност за спроведување на заедничкиот регионален пазар https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bregu-vladite-na-zapaden-balkan-kje-treba-da-prezemat-odgovornost-za-sproveduvanje-na-zaednichkiot-regionalen-pazar/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bregu-vladite-na-zapaden-balkan-kje-treba-da-prezemat-odgovornost-za-sproveduvanje-na-zaednichkiot-regionalen-pazar/#respond Mon, 09 Nov 2020 14:35:11 +0000 https://kurir.mk/?p=426990

Генералната секретарка на Советот за регионална соработка, Мајлинда Брегу денеска, на состанокот на министрите за надворешни работи во рамки на Берлинскиот процес, нагласи дека владите на земјите од регионот ќе треба да ја преземат одговорноста за спроведување на заедничкиот регионален пазар. Како што истакна Брегу, лидерите од Западен Балкан утре ќе го потврдат новиот план за заедничкиот регионален пазар. – Заедничкиот регионален пазар не е нова идеја. Тоа е одличен план базиран на четири слободи, како и на единствениот пазар на Европската унија, но и поддржан од дигитални, иновативни, индустриски и инвестициски сегменти. Горди сме што го понесовме тешкиот товар на овој процес заедно со Генералниот директорат на Европската комисија за соседска политика и преговори за проширување, регионални организации, меѓународни финансиски институции и долгорочни партнери. Сепак, владите ќе треба да ја преземат одговорноста за спроведување на овој план, рече Брегу. Според неа, Западен Балкан не е совршен регион. Невработеноста, економската состојба, одливот на квалификувана работна сила и младите кои ги напуштаат земјите, се обесхрабрувачка реалност. – Пред 20 години, многу луѓе кои бараа засолниште од војните се вратија дома. Денес, 71 отсто од младите од Западен Балкан размислуваат за заминување во странство на работа, додека 43 проценти се подготвени да се преселат во потрага по изгубената надеж. Регионалниот раст се предвидува да падне на -5,1 процент. Падот на БДП во вториот квартал од оваа година е огромен, во некои случаи и до -20 проценти, главно како резултат на колапсот во туристичкиот сектор, истакна Брегу. Не е лесно, дополни таа, да се постигне напредок во такви околности. – Затоа, не треба да ги комплицираме работите дополнително, туку да дадеме можност да ги реализираме тие предлози за кои шест економии од Западен Балкан помогнаа да се утврдат. Политиките што се фокусираат на границите и споровите нема да му помогнат на регионот да биде побогат. Навистина се надевам дека заедничкиот регионален пазар ќе биде поддржан и имплементиран за да се обезбеди подлабока економска интеграција на регионот. Ако се случи тоа, сите ќе имаме корист, заклучи Брегу. Заедничкиот регионален пазар произлезе од повеќегодишниот акциски план, усвоен пред три години во Трст, кога лидерите на шесте економии од Западен Балкан се согласија да му дадат на регионот можност да изгради сопствен економски простор за непречен проток. стоки, услуги, капитал и висококвалификувана работна сила со што би станал попривлечен и попогоден за инвестиции. Постигнатите резултати во рамки на Регионалниот економски простор се: 96 проценти пониски цени за роаминг и нивно целосно укинување од јули 2021 година, зголемена трговија со стоки за 25 проценти, како и раст на директните странски инвестиции за 35 остсто од 2016 година. Состанокот, чиј домаќин беше бугарското Министерство за надворешни работи и со кој копретседаваа бугарскиот вицепремиер и министер за надворешни работи Екатерина Захариева и министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи, ги собра шефовите на дипломатиите од земјите од Берлинскиот процес, претставници на Европската унија и меѓувладините организации од Берлинскиот процес. Берлинскиот процес е иницијатива насочена кон зајакнување на регионалната соработка на Западен Балкан и помагање во интеграција на шесте економии на регионот во Европската унија. Иницијативата ја покрена германската канцеларка Ангела Меркел на 28 август.2014 година. Оваа година, со Берлинскиот процес заеднички претседаваат Бугарија и Северна Македонија. Самитот во Софија на кој ќе се соберат премиерите на Берлинскиот процес и на кој треба да бидат потврдени Акцискиот план за заедничкиот регионален пазар, Зелениот план за Западен Балкан и заклучоците од Министерскиот состанок за интеграција на Ромите, ќе се одржи утре. Генералниот секретар на Советот за регионална соработка, Мајлинда Брегу, ќе зборува на отворањето на официјалниот дел од состанокот, заедно со германската канцеларка Ангела Меркел и европскиот комесар за соседство и проширување, Оливер Вархеји.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bregu-vladite-na-zapaden-balkan-kje-treba-da-prezemat-odgovornost-za-sproveduvanje-na-zaednichkiot-regionalen-pazar/feed/ 0
СЗО до владите: Не манипулирајте со информации за пандемијата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-do-vladite-ne-manipulirajte-so-informacii-za-pandemijata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-do-vladite-ne-manipulirajte-so-informacii-za-pandemijata/#respond Tue, 08 Sep 2020 07:33:27 +0000 https://kurir.mk/?p=400426

Директорот на СЗО за итни ситуации, Мајкл Рајан, денеска ги предупреди владите да не даваат политички мотивирани информации за пандемијата со коронавирусот. Рајан во Жeнева кажа дека „обидот да им се презентираат поедноставени решенија на луѓето, да долг рок, не е стратегија која победува“. -Ако заедниците проценат дека добиваат информации со кои политички се манипулира или се управувани на начин што не одговараат на реалноста, тогаш тоа, за жал, се враќа како бумеранг, изјави Рајан. Одговарајќи на прашање за спротивставените пораки што се испраќаат од бразилската Влада во врска со пандемијата, Рајан рече дека „транспарентноста, доследноста, искреноста и признавањето на грешките можат да ја изградат довербата“. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-do-vladite-ne-manipulirajte-so-informacii-za-pandemijata/feed/ 0
Владите на Косово и Албанија во септември ќе потпишат три „големи договори“ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vladite-na-kosovo-i-albanija-vo-septemvri-kje-potpishat-tri-golemi-dogovori/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vladite-na-kosovo-i-albanija-vo-septemvri-kje-potpishat-tri-golemi-dogovori/#respond Sun, 16 Aug 2020 11:23:33 +0000 https://kurir.mk/?p=391294

Косовската вицепремиерка Албулена Баљај-Халимај најави дека владите на Косово и Албанија и годинава ќе ја продолжат традицијата на заеднички седници, при што се очекува потпишување на нови меѓудржавни договори и разгледување на можностите за унапредување на оние кои веќе се постигнати, јави дописникот на МИА од Приштина. Баљај-Халимај за порталот „Економиаонлајн“ изјави дека седницата се очекува да се одржи во втората половина на септември и најави потпишување на три, како што ги нарече, „големи договори“. – Минатата недела имав средби со организациониот одбор, со кој работиме на подготвуање на заедничката седница и на наредните договори. Се работи за три, би рекла, големи договори: првиот е за царината (за потребите на Косово) во Драч, потоа за железничката линија и за хидроцентралата која ќе се гради во Република Албанија за Косово, изјави Баљај-Халимај. Првата заедничка седница на владите на двете земји се одржа на 11 јануари 2014 година во Призрен и беше водена од тогашните премиери на Косово и Албанија, Хашим Тачи и Еди Рама, кои тој настан го оценија како „историски“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vladite-na-kosovo-i-albanija-vo-septemvri-kje-potpishat-tri-golemi-dogovori/feed/ 0
СЗО: Владите во Европа не треба да ги намалуваат трошоците за здравство https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-vladite-vo-evropa-ne-treba-da-gi-namaluvaat-troshocite-za-zdravstvo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-vladite-vo-evropa-ne-treba-da-gi-namaluvaat-troshocite-za-zdravstvo/#respond Thu, 28 May 2020 14:24:11 +0000 https://kurir.mk/?p=351103

Економска криза во Европа – последица од пандемијата на новиот коронавирус – не треба да ги присилува владите да ги намалат јавните трошоци за здравството, предупреди денеска европскиот огранок на Светската здравствена организација. – Загрижени сме дека земјите можат да одговорат на кризата на ист начин како што направија пред десет години – со намалување на јавните трошоци во здравството, рече директорот на СЗО Европа, Ханс Клуге, на прес-конференција во Копенхаген. – Наши приоритет денес мора да биде да инвестираме во здравство, социјална заштита и да избегнуваме мерки на штедење“, рече тој, потсетувајќи дека економското закрепнување ќе биде можно само доколку циркулацијата на коронавирусот е под контрола. Според СЗО, меѓу 2008 и 2013 година јавниот здравствен буџет по глава на жител се намалил во скоро половина од земјите во регионот. Според европскиот огранок на СЗО, што опфаќа 53 различни држави – од Русија до Андора, официјално потврдените случаи на заразени со новиот коронавирус во Европа се веќе над два милиона, а смртните случаи поврзани со вирусот – 175.000.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-vladite-vo-evropa-ne-treba-da-gi-namaluvaat-troshocite-za-zdravstvo/feed/ 0
Совет на Европа: Владите не смеат да ја користат кризата за замолчување на новинарите https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sovet-na-evropa-vladite-ne-smeat-da-ja-koristat-krizata-za-zamolchuvanje-na-novinarite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sovet-na-evropa-vladite-ne-smeat-da-ja-koristat-krizata-za-zamolchuvanje-na-novinarite/#respond Thu, 30 Apr 2020 09:09:25 +0000 https://kurir.mk/?p=339778

Генералната секретарка на Советот на Европа, Марија Пејчиновиќ Буриќ ги повика владите да не ја ограничуваат слободата на медиумите за време на пандемијата на Ковид-19 и предупреди за трендот на заплашување и напад врз новинарите. – Владите се соочуваат со невидени предизвици за време на кризата со коронавирусот, но ситуацијата не треба да се користи за да се замолчат новинарите, предупреди Пејчиновиќ Буриќ во пресрет на Светскиот ден на слободата на медиумите – 3 мај. Според неа, „медиумите треба слободно да известуваат за сите аспекти на кризата“. – Новинарите имаат клучна улога и посебна одговорност во обезбедувањето навремени, точни и доверливи информации за јавноста. Тие мора да бидат во можност да го преиспитаат владиниот одговор на пандемијата, истакна генералната секретарка на Советот на Европа. Пејчиновиќ Буриќ смета дека со „одговорно известување, новинарите можат да спречат ширење на паника и да ги истакнат позитивните примери во општеството“. Минатата година се регистрирани 142 сериозни закани врз слободата на медиумите во 47 членки на Советот на Европа, се наведува во извештајот на партнерската Платформа на Советот на Европа за подобрување на заштитата на новинарството и безбедноста на медиумските работници.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sovet-na-evropa-vladite-ne-smeat-da-ja-koristat-krizata-za-zamolchuvanje-na-novinarite/feed/ 0