владика агатангел – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 15 Apr 2023 13:23:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png владика агатангел – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Владиката Агатангел со порака до македонскиот народ: Македонија крвари од повеќе отворени рани, не дозволувајте некој да ни го одземе она што сме https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladikata-agatangel-so-poraka-do-makedonskiot-narod-makedonija-krvari-od-poveke-otvoreni-rani-ne-dozvoluvajte-nekoj-da-ni-go-odzeme-ona-shto-sme/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladikata-agatangel-so-poraka-do-makedonskiot-narod-makedonija-krvari-od-poveke-otvoreni-rani-ne-dozvoluvajte-nekoj-da-ni-go-odzeme-ona-shto-sme/#respond Sat, 15 Apr 2023 13:23:35 +0000 https://kurir.mk/?p=824268

Во пресрет на големиот христијански празник Владиката Повардарски Агатангел до православните верници и македонскиот народ упати Велигденско Послание. -Воскресението Христово, претскажано од пророците и утврдено преку проповедта на апостолите, стана аголен камен на сето наше учење, на сета наша вера и надеж. Сите дела Божји, сите Негови чуда и зборови, добиваат целосно објаснување и вреднување само преку Христовото воскресение. Затоа, при секоја неделна богослужба, Велигден е празникот на кого со радост се сеќаваме и на кого постојано како православни христијани се навраќаме. Без правилна вера и живот во Воскреснатиот Господ Исус Христос, човекот засекогаш ќе остане во канџите на смртта. Спасителот дојде во нашиот свет за да воскресне како Победител, и да ни го осветли патот што ќе нè одведе во вечното небесно живеалиште. Он ни ја дарува Благата вест, во која, како најголема скапоценост, е зачуван Неговиот прекрасен лик. Он го преобрази и очисти човечкото тело, а откако воскресна од мртвите, го постави да седи од десната страна на Отецот, со што за навек, ние како човештво, го добивме своето највисоко и најценето достоинство,потенцира владиката Агатангел. Со возљубени мои Македонци и Македонки, тој упати пораки до својот македонски народ. - Не дозволувајте некој да ни го одземе она што сме. По вера сме биле православни христијани, а по род Македонци, тоа и ќе останеме. Во последно време нашата татковина Македонија крвари од повеќе отворени рани, но сега е правиот момент да ги насочиме своите мисли кон воскресението, да ја сфатиме и усвоиме неговата вистинска содржина. Само така можеме да бидеме народ на Живиот Бог, само така ќе го добиеме Неговиот спасоносен благослов. Над нашите глави силно се надвиснати темните облаци на гревот и неморалот. Упорно некој сака да нè прекрши и одвнатре и однадвор. Од ден на ден тонеме во апатија и незаинтересираност за духовната состојба на нашите души. Секојдневно пред нашите очи се парадира со пароли полни со антиморал и антихристијанство. Некој горделиво се умислил дека е господар на овој свет и дека е повикан да управува со нашите мисли и да ги контролира нашите постапки. Во неговиот демонски план е зацртано целосното обезличување личноста, распадот на семејството, уништувањето на човековиот идентитет и достоинство. Од Бога утврдените норми и правила, уште од создавањето, треба да се преиспитаат и конечно да се пречкртаат. Мажот нема да биде повеќе маж, а жената нема да биде повеќе жена. Некој со сиот памет се дрзнува да си ја земе улогата на моќен седржител. Но како резултат од неговите недела насекаде ќе биде посеана смртта и несреќата. Ваквите горделивци и духовни чудовишта упорно работат против човештвото. За нив сè е дозволено, она што е испревртено и неприродно за нив е достојно за пофалба. Ова според нив треба да биде и озаконето. Како општество, место да се грижиме за сè поизразената стапка на чедоморство, или за тоа што нашите млади луѓе сè помалку стапуваат во брак, што градовите ни остануваат без млада популација, ние својата духовна енергија ја трошиме на нивните бесмислици. Селата ни се осипуваат, нивите ни се неизорани, домовите ни се разурнати, на овие прашања треба да го насочиме нашето внимание. Во опасни времиња живееме. Сега злото се прогласува за добро, а доброто за зло. Гревот станува прифатлив за секого и се прогласува за нешто модерно и нормално. Наместо примери за чесност, доблесност и одговорност, на младите им се нудат лажни идоли и антихерои, наместо живот достоен за воскресение, ни се предлага тивко умирање во бездната на невратот, порача меѓу другото владиката Агатангел. Владиката Повардарски Агатангел вечерва во 23 часот ќе служи Велигденска богослужба, Златоустова литургија во соборниот грам „Св. Великомаченик Пантелејмон“, а во исто време ќе се служат Велигденски богослужби и и во црквите „Св. Христово вознесение“,„Св.Кирил и Методиј“ и во црквата „Свети Јован Златоуст“ во Велес. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladikata-agatangel-so-poraka-do-makedonskiot-narod-makedonija-krvari-od-poveke-otvoreni-rani-ne-dozvoluvajte-nekoj-da-ni-go-odzeme-ona-shto-sme/feed/ 0
Владиките Петар и Агантел ја победија битката со коронавирусот – за Цветници одржале литургија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladikite-petar-i-agantel-ja-pobedija-bitkata-so-koronavirusot-za-cvetnici-odrzale-liturgija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladikite-petar-i-agantel-ja-pobedija-bitkata-so-koronavirusot-za-cvetnici-odrzale-liturgija/#respond Tue, 27 Apr 2021 07:29:41 +0000 https://kurir.mk/?p=502611

Владиките г. Петар и г.Агатангел ја победија борбата со коронавирусот и за празникот Цветници служеле литургија, објави Религија.мк Владиката Петар се причестил и земал учество на Светата Божествена Литургија во која говорел и за неговото искуство со Ковид-19. -Браќа и сестри, во ова тешко време за нас, сите го носиме својот спасителен Крст, па така и јас на оваа моја возраст, понесов уште еден Крст т.е. Крстот на оваа тешка и страшна болест, од која во моментот посебно е погоден и нашиот град, нашата Татковина и сиот свет. Од се срце му благодарам на Бога, а и на вас, браќа и сестри, за вашите Свети молитви за мене недостојниот.Во ова тешко време, браќа и сестри, да ги зајакнеме нашите молитви, постот и подвизи, за Милистовиот Бог, да го тргне од нас ова тешко искушение! Спаси го Господи сиот свет, нашиот град и нашата Татковина Македонија, болните исцели ги и дај им сила на они што им служат и ги лекуват! Амин!, посочил г. Петар.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladikite-petar-i-agantel-ja-pobedija-bitkata-so-koronavirusot-za-cvetnici-odrzale-liturgija/feed/ 0
Владиките Петар и Агатангел позитивни на коронавирусот – се наоѓаат во болница, еве каква е нивната здравствена состојба https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladikite-petar-i-agatangel-pozitivni-na-koronavirusot-se-naogjaat-vo-bolnica-eve-kakva-e-nivnata-zdravstvena-sostojba/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladikite-petar-i-agatangel-pozitivni-na-koronavirusot-se-naogjaat-vo-bolnica-eve-kakva-e-nivnata-zdravstvena-sostojba/#respond Sun, 11 Apr 2021 20:54:18 +0000 https://kurir.mk/?p=495764

Откако добиле позитивен тест, Владиката Петар и Владиката Агатангел се на болничко лекување во Систина. Оваа информација била потврдена за Сител од страна на Владиката Петар кој веќе 20 дена се наоѓа во болница. Тој истакнал дека се чувствува добро, не е на кислородна подршка и го очекувал негативниот тест за да си замине дома.Апелира до верниците за сериозноста на вирусот. Владиката Петар рекол дека според неговите информации и хоспитализираниот повардарски митрополит Агатангел исто така се наоѓал во добра здравствена состојба. Од редот на владиците, околу божиќните празници вирусот веќе го прележа владиката Пимен, кој најверојатно се заразил додека беше во Германија пред Нова година. А позитивен на корона беше и новиот поглавар на ИВЗ. Со оглед на тоа дека вирусот не ги поштеди ниту свештениците, првиот човек на Комисијата за односи со верките заедници Даријан Сотировски, апелира и овие лица што поскоро да бидат опфатени со процесот на имунизација. Потврди дека има позитивни свештеници, но не откри имиња. Во однос на тоа како ќе се празнуваат Велигден и Рамазан, среде третиот најопасен досега бран на ковид, Сотировски вели дека во овој момент е прерано да се размислува и процени каква ќе биде состојбата со вирусот за две недели. Но без разлика каква и да биде епидемиолошката слика, ќе ги следеле одлуките на Комисијата за заразни болести. Претходно министерот за здравство Филипче апелираше граѓаните да останат дома за празниците. А пред три дена од Вила Водно апел упати претседателот Пендаровски и поглаварите и претставниците на верките заедници.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladikite-petar-i-agatangel-pozitivni-na-koronavirusot-se-naogjaat-vo-bolnica-eve-kakva-e-nivnata-zdravstvena-sostojba/feed/ 0
Божиќно послание на Владиката Повардарски Агатангел https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bozikjno-poslanie-na-vladikata-povardarski-agatangel/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bozikjno-poslanie-na-vladikata-povardarski-agatangel/#respond Thu, 07 Jan 2021 10:02:39 +0000 https://kurir.mk/?p=452583

Владиката Повардарски Агатангел од седиштето на Епархијата Повардарска во Велес наспроти големиот христијански празник Божик упати Божикно послание до свештенството и православните верници Почитувани отци и верни чеда на Македонската православна црква, односно Повардарската епархија, ситуацијата во која се наоѓаме бара од нас, како свештенослужители и работници на Господовата почва, одговорно и совесно однесување. Пандемијата предизвикана од вирусот КОВИД-19 создаде многу здравствени проблеми, однесе многу животи и времено го промени нашето секојдневие. На никој од нас не му е сеедно во овие тешки времиња, но нашиот одговор, како во секоја Богомдарувана животна ситуација е важен. Бог благоизволи, Ние, свештенослужителите да го сведочиме Словото, но да не заборавиме дека Бог ја осветува и просветлува секоја жива твар, па така сите останати професии се Божјо создание и допуштение. Во овие здравствено-кризни моменти, целата медицинска фела е на браникот на борбата за зачувување на општонародното здравје, затоа Ве повикувам безусловно и неколебливо да им помогнеме на сите нив, да истраат во нивната борба за сите нас. За да им помогнеме треба неколебливо да ги следиме сите препораки и совети дадени од нивна страна. Се друго во овие моменти е противење на Божјата волја, порача митрополитот Повардарски Агатангел.  Додаде дека е неразумното мудрување и надмудрување со работи кои не ги разбираме, и кои можат да нанесат само уште поголема штета. – Уште еднаш апелирам до сите, да се однесуваме совесно и одговорно во овие моменти. Крајот на оваа криза се надѕира, но сеуште не е се готово, бидејќи се зависи од нас, порача митрополитот Повардарски Агатангел. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bozikjno-poslanie-na-vladikata-povardarski-agatangel/feed/ 0
Владика Агатангел: Некој манипулира со Синодот на МПЦ, архиереите и со народот, но вистината секогаш победува https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladika-agatangel-nekoj-manipulira-so-sinodot-na-mpc-arhiereite-i-so-narodot-no-vistinata-sekogash-pobeduva/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladika-agatangel-nekoj-manipulira-so-sinodot-na-mpc-arhiereite-i-so-narodot-no-vistinata-sekogash-pobeduva/#respond Fri, 01 Jun 2018 11:17:16 +0000 https://kurir.mk/?p=60976

Можеби некој си игра и во Синодот, не можам да тврдам, ни да напаѓам, не сакам да си ја грешам душата, но може некој манипулира и во Синодот со нас архиереите, со народот, со верниците, со свештенството. Но ќе испадне тоа на виделина, вистината секогаш победува, не можеме да се сокриеме зад вистината. Можеби претпоставуваме кои се тие луѓе, но времето ќе покаже, изјави владиката Агатангел во емисијата Ѕид на Алфа Телевизија зборувајќи за последните информации дека МПЦ се откажува од името Македонска Православна Црква како и за барањето од БПЦ да биде мајка ќерка на МПЦ. -Македонија секојдневно ја тресат со информации некои се вистинити, некои се лажни, но последнава околу МПЦ е лажна затоа што на светиот архиерејски Синод се донесе одлука да се прати писмо до вселенската патријаршија и да се побара само автокефалност, признавање на нашата света македонска православна црква како автокефална, вели владиката Агатангел. Според него не постои член на Светиот Архиерејски Синод кој ќе отстапи од светото македонско име на Македонската Православна Црква затоа што таа е тврдина и столб на државата. Тврдина и столб за вистината за македонскиот народ, тврдина и столб на сите оние кои се чувствуваат Македонци. -Никој не ни размислува да се откаже од Македонската Православна Црква бидејќи тоа е името на нашата држава, на нашата црква, ние сме и национална црква на овој наш македонски народ. Но цела година сме потресени од разни напади, изјави, неправди понижувања, измами, но мислам дека ќе опстоиме, нагласи владиката Агантангел. Во врска со договорот со Бугарија и барањето на МПЦ до БПЦ за мајка ќерка тој посочи дека договорот со Бугарија кога државата го потпиша, Синодот не го прифати и излезе со соопштение, но наредната седница некој се појавил со идеја да се бара од Бугарската Патријаршија да биде црква мајка и затоа додава дека постојат големи шанси некој да манипулира со Синодот на МПЦ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladika-agatangel-nekoj-manipulira-so-sinodot-na-mpc-arhiereite-i-so-narodot-no-vistinata-sekogash-pobeduva/feed/ 0
Владиката Агатангел: Нашата земја македонска е запишана во Библијата и сега некој сака да нè избрише https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladikata-agatangel-nashata-zemja-makedonska-e-zapishana-vo-biblijata-i-sega-nekoj-saka-da-ne-izbrishe/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladikata-agatangel-nashata-zemja-makedonska-e-zapishana-vo-biblijata-i-sega-nekoj-saka-da-ne-izbrishe/#respond Tue, 27 Feb 2018 20:08:03 +0000 http://kurir.mk/?p=25509

Го сменија името на Воден, ставија грчко име, на Лерин, на Костур, на Солун, сега сакаат на целата наша македонска земја да ѝ го сменат името или да додадат додавка. Ние, Македонците, исполнети со голема љубов, со големо трпение, со големо милосрдие, братољубие и човекољубие им кажуваме на сите – не, Македонја е нашата земја, нашата татковина, нашата душа. Името на државата е името на црквата македонска, душата на македонскиот народ,  со овие зборови се обрати владиката Агатангел на вечерашниот протест пред Собранието против промена на името на државата. Тој додаде дека „болката на нас, Македонците, е голема и продолжува“. -Нашата сакана земја македонска е распарчена на три дела – беломорска, пиринска и вардарска. Му благодариме на Гопода што ни го сочува овој вардарски дел, ни го даде за да можеме како народ македонски да се издигнеме духовно и да ги зачуваме спомените на нашите прадедовци кои лежат во нашата македонска земја. Секоја педа од македонската земја, и во Пирин и во Егеј, е натопена со македонска крв. Секој камен да го кренеш ќе го слушнеш плачот на каменот за пролеаната крв на нашите дедовци и прадедовци и на нашите браќа и сестри“, рече владиката Агатангел. Владиката нагласи дека Македонците се свет народ. -Нашата земја македонска е запишана во Библијата и сега некој сака да нè избрише, а зошто сака? Никој од тие народи што сакаат да нè избришат не постои во Библијата. Да бидеме достоинствени, да си го чуваме името, нашиот македонски јазик, идентитет, унитарниот поредок на нашата света македонска земја и да го чуваме името на нашата света македонска црква -порача владиката.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladikata-agatangel-nashata-zemja-makedonska-e-zapishana-vo-biblijata-i-sega-nekoj-saka-da-ne-izbrishe/feed/ 0