владика петар – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 17 Sep 2021 18:42:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png владика петар – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Владиката Петар: „Невакцинираните лица се потенцијални самоубијци и нема да влезат во царството небесно“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladikata-petar-nevakciniranite-lica-se-potencijalni-samoubijci-i-nema-da-vlezat-vo-carstvoto-nebesno/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladikata-petar-nevakciniranite-lica-se-potencijalni-samoubijci-i-nema-da-vlezat-vo-carstvoto-nebesno/#respond Fri, 17 Sep 2021 18:42:37 +0000 https://kurir.mk/?p=565001

Нашата црква не е против оние што не сакаат да се вакцинираат од оправдани здравствени причини, но ние сме за тоа дека секој треба да се имунизира, оти вирусот може да му го искомпликува здравјето и животот, рече митрополитот преспанско-пелагониски г. Петар во синоќешното гостување во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа. Разбирам луѓе кои не можат да се вакцинираат од здравствени причини, додава владиката, но како што вели, не може да ги разбере оние луѓе на кои животот им е под знак прашалник, а упорно не се вакцинираат. -Не сакам да ме разберете погрешно, но ако јас не се вакцинирам, а дојде до смртен случај, тогаш јас сум потенцијален, па дури и вистински самоубиец. А вие добро знаете дека на самоубијците не им е дозволено да влезат во Царството небесно. Јас го прележав ковидот и сега зборувам како човек кој ја искусил болеста. Јас бев во тешка здравствена состојба и само јас си знам како ми беше, истакна владиката Петар.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladikata-petar-nevakciniranite-lica-se-potencijalni-samoubijci-i-nema-da-vlezat-vo-carstvoto-nebesno/feed/ 0
Владиките Петар и Агантел ја победија битката со коронавирусот – за Цветници одржале литургија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladikite-petar-i-agantel-ja-pobedija-bitkata-so-koronavirusot-za-cvetnici-odrzale-liturgija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladikite-petar-i-agantel-ja-pobedija-bitkata-so-koronavirusot-za-cvetnici-odrzale-liturgija/#respond Tue, 27 Apr 2021 07:29:41 +0000 https://kurir.mk/?p=502611

Владиките г. Петар и г.Агатангел ја победија борбата со коронавирусот и за празникот Цветници служеле литургија, објави Религија.мк Владиката Петар се причестил и земал учество на Светата Божествена Литургија во која говорел и за неговото искуство со Ковид-19. -Браќа и сестри, во ова тешко време за нас, сите го носиме својот спасителен Крст, па така и јас на оваа моја возраст, понесов уште еден Крст т.е. Крстот на оваа тешка и страшна болест, од која во моментот посебно е погоден и нашиот град, нашата Татковина и сиот свет. Од се срце му благодарам на Бога, а и на вас, браќа и сестри, за вашите Свети молитви за мене недостојниот.Во ова тешко време, браќа и сестри, да ги зајакнеме нашите молитви, постот и подвизи, за Милистовиот Бог, да го тргне од нас ова тешко искушение! Спаси го Господи сиот свет, нашиот град и нашата Татковина Македонија, болните исцели ги и дај им сила на они што им служат и ги лекуват! Амин!, посочил г. Петар.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladikite-petar-i-agantel-ja-pobedija-bitkata-so-koronavirusot-za-cvetnici-odrzale-liturgija/feed/ 0
Владиките Петар и Агатангел позитивни на коронавирусот – се наоѓаат во болница, еве каква е нивната здравствена состојба https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladikite-petar-i-agatangel-pozitivni-na-koronavirusot-se-naogjaat-vo-bolnica-eve-kakva-e-nivnata-zdravstvena-sostojba/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladikite-petar-i-agatangel-pozitivni-na-koronavirusot-se-naogjaat-vo-bolnica-eve-kakva-e-nivnata-zdravstvena-sostojba/#respond Sun, 11 Apr 2021 20:54:18 +0000 https://kurir.mk/?p=495764

Откако добиле позитивен тест, Владиката Петар и Владиката Агатангел се на болничко лекување во Систина. Оваа информација била потврдена за Сител од страна на Владиката Петар кој веќе 20 дена се наоѓа во болница. Тој истакнал дека се чувствува добро, не е на кислородна подршка и го очекувал негативниот тест за да си замине дома.Апелира до верниците за сериозноста на вирусот. Владиката Петар рекол дека според неговите информации и хоспитализираниот повардарски митрополит Агатангел исто така се наоѓал во добра здравствена состојба. Од редот на владиците, околу божиќните празници вирусот веќе го прележа владиката Пимен, кој најверојатно се заразил додека беше во Германија пред Нова година. А позитивен на корона беше и новиот поглавар на ИВЗ. Со оглед на тоа дека вирусот не ги поштеди ниту свештениците, првиот човек на Комисијата за односи со верките заедници Даријан Сотировски, апелира и овие лица што поскоро да бидат опфатени со процесот на имунизација. Потврди дека има позитивни свештеници, но не откри имиња. Во однос на тоа како ќе се празнуваат Велигден и Рамазан, среде третиот најопасен досега бран на ковид, Сотировски вели дека во овој момент е прерано да се размислува и процени каква ќе биде состојбата со вирусот за две недели. Но без разлика каква и да биде епидемиолошката слика, ќе ги следеле одлуките на Комисијата за заразни болести. Претходно министерот за здравство Филипче апелираше граѓаните да останат дома за празниците. А пред три дена од Вила Водно апел упати претседателот Пендаровски и поглаварите и претставниците на верките заедници.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladikite-petar-i-agatangel-pozitivni-na-koronavirusot-se-naogjaat-vo-bolnica-eve-kakva-e-nivnata-zdravstvena-sostojba/feed/ 0
Владиката Петар: Ние сме нација што изумира, треба децата да се раѓаат и да се множат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladikata-petar-nie-sme-nacija-shto-izumira-treba-decata-da-se-ragjaat-i-da-se-mnozat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladikata-petar-nie-sme-nacija-shto-izumira-treba-decata-da-se-ragjaat-i-da-se-mnozat/#respond Mon, 30 Nov 2020 12:17:48 +0000 https://kurir.mk/?p=436282

Преспанско – пелагонскиот митрополит г. Петар одржа драматична проповед по литургијата во црквата во Битола, во која жестоко ги нападна оние кои не веруваат во коронавирусот, потенцирајќи дека нивното однесување е најголемата причина за ширење на вирусот, пишува ЛИДЕР. -Оваа болест не е наивна и не е како што некои велат, за жал и некои свештени лица, кои така велеа, не сакам да именувам, ама и тие заболеа. Кога велеа, дека не постои овој вирус и им велеа на луѓето: „Нема вирус!“ Вирус има! Болеста е присутна, умираат луѓе. Умираат дури патријарси, умираат владици, умираат свештеници, умираат ѓакони, умираат верници, умираат служители во црквите, сите умираат! Никого не поштедува оваа болест! Умираат лекари, врвни лекари умираат од оваа болест! Што значи сериозна е болеста. И јас морам да напомнам една работа, што е многу битна И сега гледав како се однесуваат некои што носат маски. Маската кога ја носите, ко ќе се приближувате, кон оној што треба, да нешто му кажете, тогаш мора да ја ставите, ако сте далеку од него 2 метра и не мора да ја ставите, оти сте заштитени со тоа што сте подалеку од него. А, гледам обратно луѓето прават. Ја носи цело време маската и се загадува од неа и кога е сам, ама ко ќе треба да се приближи до другиот ја вади маската и со него разговара. Проблемот во што е? Овој вирус е опасен и од таа гледна точка, што многу луѓе, што не покажуваат никакви симптоми, дека се болни и не знаат луѓето, дека се болни, ја пренесуваат болеста. И така ги заразуваат, децата ги заразуваат родителите, родителите ги заразуваат татковците и мајките, дедовците и бабите, и така се шири страшно оваа болест – рекол владиката Петар. Тој откри дека досега починале и двајца свештеници, еден на 78-годишна возраст и најмладиот на 39-годишна возраст, кој не боледувал од никаква болест. -Сериозна е болеста. Не можам да осудувам како сето тоа се случило, но не заборавајте една работа, што е сигурна, дека ние сме потенцијални убијци, пренесувајќи ја оваа болест. Не е наивна работата! Ако сум ја пренел болеста на некој здрав, а тој умрел од болеста, јас сум го убил него! Сакајќи или несакајќи, знаејќи или незнаејќи! Сериозна е многу работава, браќа и сестри, не е наивна! Ич не е наивна! Исто така, не заборавете, дека не само што сме потенцијални убијци, туку сме потенцијални и самоубијци! Ако ние знаеме, дека некој е заразен од болеста, а ние со него си општиме, си комуницираме, се заразиме, сами сме си ја навлекле болеста и сме станале самоубијци, а самоубиството е најтежок грев. Опростување нема, ако не се покае човек, пред да замине од овој свет. Значи, морам да укажам на овие нешта, мора да сфатиме сериозно, да разбереме, дека не е наивна работава. Битола и Прилеп станаа Вухан Македонски! Она, што беше Вухан таму во Кина, нам ни се пресели тука. Знаете, дека во цела Европа, ако не и пошироко, по смртност сме најмногу, ние, Македонците! А, не заборавајте, дека само во нашата епархија, во изминатава година, вкупно од крстени и венчани заедно, имаме илјада и стотина повеќе умрени. Ние сме нација, што умира! Изумира! Не заборавете, дека треба децата да се раѓаат и да се множат – вели Владиката Петар. И покрај тоа што Владиката вели дека, работата е сериозна, сепак потенцира дека тоа не значи верниците да не доаѓаат в црква. -Тоа значи да доаѓате подготвени и со молитва и со сѐ, и со маски… И тука во црквата носете ги, не е срамота. Оставете ги тие свештеници што ви велат или некои други луѓе, па и лекари некои што велат, дека болеста не постои. Е, ако не постои болеста, еве умреа свештеници, што да речеме сега? Умре патријархот српски, умреа владици српски четворица, и? Што да кажеме, дека не постои? Ние сме некако поштедени? Не нѐ штити никого! Треба да сфатиме сериозно, дека опасна е работава! Затоа ве молам, најсериозно да пристапиме кон ова! Пренесете го ова на сите ваши ближни. И да продолжиме да се однесуваме сериозно, како што треба! И немојте да комуницирате без маска еден со друг на растојание помало од 2 метри. Господ нека ни е на помош, да се помолиме, ама и ум во главата! – потеницираше Владиката Петар на литругијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladikata-petar-nie-sme-nacija-shto-izumira-treba-decata-da-se-ragjaat-i-da-se-mnozat/feed/ 0
Владика Петар: Се надеваме дека годинава ќе има придвижување за автокефалноста на МПЦ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladika-petar-se-nadevame-deka-godinava-kje-ima-pridvizuvanje-za-avtokefalnosta-na-mpc/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladika-petar-se-nadevame-deka-godinava-kje-ima-pridvizuvanje-za-avtokefalnosta-na-mpc/#respond Tue, 07 Jan 2020 14:05:10 +0000 https://kurir.mk/?p=286493

Се надеваме дека во оваа година може да има извесно придвижување по прашањето на автокефалноста на нашата света црква. Тоа нема да зависи само од нас, туку и од општата состојба во православните помесни цркви, изјави денеска во Прилеп владиката Петар. -Ние секогаш очекуваме повеќе, отколку што ни се случува. Се надеваме дека во оваа година може да има извесно придвижување по прашањето на автокефалноста на нашата света црква. Тоа нема да зависи само од нас, туку и од општата состојба во православните помесни цркви поради, би рекле, разделеноста што сега постои. Но, ако сите се потрудиме и придонесеме да се најде вистинскиот начин на обединување на Православната црква во оваа поделеност, се надевам дека може да дојде и тој ден и ние како Православна црква, која по постоење сме помеѓу најстарите, но по признавање сме помеѓу последните, да бидеме рамноправни во признавањето. Но, никогаш не е доцна и ние да бидеме во Екумената на православните цркви, во заедница со сите православни помесни цркви, односно, да ја добиеме автокефалноста, изјави владиката Петар одговарајќи на прашањето дали оваа година може да биде пресвртна во признавањето на МПЦ. Тој нагласи дека, по прашањето со случувањата во Црна Гора, секој треба да си ги решава проблемите, а ако ние ги решиме нашите, цели, ќе бидеме пример како треба и тие да живеат. Владиката Петар денеска го благослови заедничкиот Божиќен ручек во Прилеп за околу 500 деца. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladika-petar-se-nadevame-deka-godinava-kje-ima-pridvizuvanje-za-avtokefalnosta-na-mpc/feed/ 0
Финансиската полиција не соопштува детали за задржувањето на владиката Петар, тој патува за Австралија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/finansiskata-policija-ne-soopshtuva-detali-za-zadrzuvanjeto-na-vladikata-petar-toj-patuva-za-avstralija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/finansiskata-policija-ne-soopshtuva-detali-za-zadrzuvanjeto-na-vladikata-petar-toj-patuva-za-avstralija/#respond Wed, 11 Apr 2018 16:19:41 +0000 https://kurir.mk/?p=39293

Управата за финансиска полиција во врска со задржувањето на владиката г. Петар денеска на Меѓународниот аеродром Скопје соопшти дека има одредени сознанија, но бидејќи се работи за предмет кој, како што наведува, е во предистражна постапка не е во можност да сподели информации со јавноста. - Во врска со информациите околу денешните случувања со владиката Петар,  кога истрагата ќе биде во фаза која дозволува споделување на информации со јавноста, а тие нема да ја нарушат истата благовремено ќе информираме, соопшти Управата за финансиска полиција Митрополитот преспанско-пелагониски Петар денеска потврди дека накратко бил задржан на Скопскиот ааердором на барање на Финансиската полиција. За порталот „Сакам да кажам“ г. Петар објасни дека кратко време бил задржан на аеродромот поради грешка во процедура, по што бил пуштен да го продолжи патувањето за Австралија, во епархијата каде има синодски надлежности. - За сите детали обратете му се на мојот адвокат. Во моментов влегувам во авион, патувам за Австралија, изјави владиката Петар. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/finansiskata-policija-ne-soopshtuva-detali-za-zadrzuvanjeto-na-vladikata-petar-toj-patuva-za-avstralija/feed/ 0
Владиката Петар кусо задржан, па пуштен, од финансиска полиција на скопскиот аеродром https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladikata-petar-kuso-zadrzan-pa-pushten-od-finansiska-policija-na-skopskiot-aerodrom/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladikata-petar-kuso-zadrzan-pa-pushten-od-finansiska-policija-na-skopskiot-aerodrom/#respond Wed, 11 Apr 2018 14:38:35 +0000 https://kurir.mk/?p=39224

Митрополит Преспанско-пелагониски Петар денеска кус период бил задржан на Меѓународниот аеродром Скопје на барање на Финансиската полиција, потврди владиката. Ниту Финансиската полиција, ниту МВР, ниту САС на МПЦ-ОА, не сакаа да одговорат за причините за кусото задржување на владиката Петар. Владиката за порталот „Сакам да кажам“ објасни дека кратко време бил задржан на аеродромот поради грешка во процедура, по што бил пуштен да го продолжи патувањето за Австралија, во епархијата каде има синодски надлежности. -За сите детаљи обратете му се на мојот адвокат. Во моментов влегувам во авион, патувам за Австралија, изјави владиката Петар.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladikata-petar-kuso-zadrzan-pa-pushten-od-finansiska-policija-na-skopskiot-aerodrom/feed/ 0