владимир ангеловски- дади – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 22 May 2022 08:56:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png владимир ангеловски- дади – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 НА ДЕНЕШЕН ДЕН: Роден е македонскиот актер Владимир Ангеловски – Дади https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/na-deneshen-den-roden-e-makedonskiot-akter-vladimir-angelovski-dadi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/na-deneshen-den-roden-e-makedonskiot-akter-vladimir-angelovski-dadi/#respond Sun, 22 May 2022 09:07:09 +0000 https://kurir.mk/?p=680043

Македонскиот актер Владимир Ангеловски – Дади е роден на денешен ден, 22 мај во 1946 година. На шест години учествува во формирањето на првата Детска радио драма во МРТВ. Во тој период освојува три први места на Југословенскиот фестивал за детска Радио драма. Во Драмски театар прв пат настапува во 1962 година во улогата на Оливер Твист. Официјално, како веќе афирмиран актер, станува дел од Драмскиот театар во 1966 година, каде веднаш му е доделена улогата на Принцот и Просјакот во истоимената претстава. Од 1967 година се врабутува во ДТС и учествува во сите проекти на театарот. Како поважни проекти од тој период се издвојуваат улогите во позната трилогија „Чук, чук Стојанче“, „Баш Челик“ и „Шекспир во приказни“, сите три во режија на Коле Ангеловски. Во 1967 година игра во психолошкиот филм „Мементо” во режија на Османли Димитрие, а во 1988 игра е една од главните улоги во филмот „Викенд на мртовци”. Понатаму следуваат улогите во филмовите „Солунски патрдии” , во режија на Коле Ангеловски, „Калигула” во режија на Миле Гроздановски, „Рибарски караници”, серијата „Лото, лото”, во претставите „Мефисто”, и „Дунек”. Учествува и во сериите: „Агенција осамени срца”, „Училиште за кловнови”, „Трст виа Скопје”, “Битолски лакрдии” и многу други. Дади учествуваше и во радио-телевизиската програма “Хихирику”. Има настапувано и во Австралија изведувајки познати македонски драми за тамошните Македонци. Значајни се улогите на Дади и во голем број од македонските народни приказни. Тој е единствениот актер кој 9 години по ред настапуваше на манифестацијата Глумците пеат. Дади почина во ноември 2012 година по кратко боледување на возраст од 66 години.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/na-deneshen-den-roden-e-makedonskiot-akter-vladimir-angelovski-dadi/feed/ 0
Замина тивко во ноќта без глас- јавноста вечно ќе го памети омилениот актер од македонските народни приказни и филмови https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/zamina-tivko-vo-nokjta-bez-glas-javnosta-vechno-kje-go-pameti-omileniot-akter-od-makedonskite-narodni-prikazni-i-filmovi/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/zamina-tivko-vo-nokjta-bez-glas-javnosta-vechno-kje-go-pameti-omileniot-akter-od-makedonskite-narodni-prikazni-i-filmovi/#respond Fri, 15 Nov 2019 09:23:29 +0000 https://kurir.mk/?p=264385

Денеска се навршуваат седум години од смртта на македонскиот актер Владимир Ангеловски- Дади. Актерот почина на 15 ноември 2012 година по кратко боледување на 66 годишна возраст, а зад себе остави стотици и стотици изиграни претстави, незаборавни ликови, како и познати улоги во македонските народни приказни. Јавноста ги памети и огромениот е бројот на улогите во кои се појавува Дади, од детските серии и драми, па сѐ до сериозни улоги во повеќе значајни македонски филмови, серии и драми. Незаборавни се и ликовите Диди и Дади што ги играат Дади и неговиот брат Коле Ангеловски во ТВ-серијата „Да видам, да видам што да бидам”. Исто така, Дади се појавува и во оперите на МНТ „Шеќерна приказна“ и „Деспина и мистер Докс“. Во 1967 година игра во психолошкиот филм „Мементо“ во режија на Димитрие Османли, а во 1988 игра една од главните улоги во филмот „Викенд на мртовци”. Понатаму следуваат улогите во филмовите „Солунски патрдии” , во режија на Коле Ангеловски, „Калигула” во режија на Миле Гроздановски, „Рибарски караници”, серијата „Лото, лото” исто така во режија на Коле Ангеловски, во претставите „Мефисто”, и „Дунек”, со кои заработува и некои од своите многубројни награди. Тука се и сериите: „Агенција осамени срца”, „Училиште за кловнови”, „Трст виа Скопје”, „Битолски лакрдии” и многу други.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/zamina-tivko-vo-nokjta-bez-glas-javnosta-vechno-kje-go-pameti-omileniot-akter-od-makedonskite-narodni-prikazni-i-filmovi/feed/ 0