Владимир Атанасов – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 07 Feb 2022 16:21:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Владимир Атанасов – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Атанасов: Се уништува културното наследство, има ли план Владата да го заштити? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/atanasov-se-unishtuva-kulturnoto-nasledstvo-ima-li-plan-vladata-da-go-zashtiti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/atanasov-se-unishtuva-kulturnoto-nasledstvo-ima-li-plan-vladata-da-go-zashtiti/#respond Mon, 07 Feb 2022 16:21:07 +0000 https://kurir.mk/?p=628190

Во врска со зачестените незаконски дејствија врз културното наследство во последниoв период, како што е веќе по вторпат кражбата на оловните плочи од манастирот во Матејче или сличната кражба на оловни плочи од безистенот во Штип, ВМРО-ДПМНЕ искажува голема загриженост во врска со наведените криминални дејствија врз недвижното културно наследство, ова денеска преку прес-конференција го истакна Владимир Атанасов од ВМРО-ДПМНЕ. -Во оваа прилика упатуваме прашање до министерството за култура, односно до Управата за заштита на културното наследство, како и до Владата на Република Македонија, дали воопшто е донесен Националниот акционен план за превенција на криминалитетот против културното наследство, кој се донесува по предлог на Управата за заштита на културното наследство по член 103 од Законот за заштита на културното наследство. Ова прашање го упатуваме со крајна сериозност, бидејќи дел од Акциониот план содржи исклучително важни мерки за превенцијана криминалитетот против културното наследство, и тоа: 1) Оцена за постојните ризици од незаконски дејствија и состојбата со криминалитетот против културното наследство; 2) Приоритети на политиката за безбедносна заштита на културното наследство; 3) Општи и посебни мерки на превенција на криминалитетот против културното наследство; 4) Субјекти одговорни за спроведување на Акциониот план, вели тој. Атанасов додава дека нагласуваме дека Управата за заштита на културното наследство истата и координира со реализација на Акциониот план. -Понатаму, укажуваме дека државата, во лицето на јавните установи за заштита, како и самте имателите на заштитените добра, во однос на недозволените ископувања, НАМЕРНОТО ОШТЕТУВАЊЕ И УНИШТУВАЊЕ, кражби, присвојување, прикривање, недозволена трговија, криумчарење и други незаконски дејствија против културното наследство има обврска да донесе и тоа: 1) Превентивни мерки со кои ќе се намалат можностите за појава на ризик од незаконски дејствија; 2) Мерки на противдејство со кои ќе се намалат загубите или штетните последици од незаконските дејствија ако ризикот се оствари, сето ова е по член 102 од Законот за заштита на културното наследство. ВМРО-ДПМНЕ овие законски облигации ги нагласува бидејќи во рацете на Управата за заштита на културното наследство е исклучително важната улога за безбедноста на културното наследство, бидејќи: 1) Ја следи состојбата со безбедносната заштита на културното наследство; 2) Врши безбедносна процена на ризиците од незаконски дејствија против културното наследство; 3) Определува итни мерки на безбедносна заштита на културното наследство во опасност и ПОСЕБНИ МЕРКИ ЗА БЕЗБЕДНОСНА ЗАШТИТА НА КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО ОД ОСОБЕНО ЗНАЧЕЊЕ; 4) Издава стручни упатства за спроведување на безбедносната заштита на културното наследство; 5) Предлага преземање мерки на безбедносна заштита на културното наследство. Односно Двата законски предвидени плана за безбедност на културното наследство и тоа: 1) Планот за превентивна заштита на културното наследство од незаконски дејствија; 2) Планот за итна акција во случај на незаконски дејствија во надлежност на јавните установи за заштита во вакви ризични ситуации не треба да останат мртво слово на хартија, а овластените службени лица за безбедност на културното наследство во Управата за заштита на културното наследство да извршат проверка на ефикасноста на мерките за безбедносна заштита и да проценат дали е соодветен степенот на постојниот ризик и да утврдат дали ризикот е прифатлив, вели Атанасов. Тој додава и дека исто така, нагласуваме дека при загрозена безбедност на културното наследство, овластените службени лица за безбедност на културното наследство, кои според членот 105 од Законот за заштита на културното наследство треба да поседуваат безбедносен сертификат за пристап и користење на класифицирани информации, треба да соработува со криминалистичката полиција, царинските органи, јавните обвинителства. -Во таа насока, ВМРО-ДПМНЕ јавно го поставува прашањето дали надлежниот овластен раководител на Одделението за превенција на културното наследство при Управата за заштита на културното наследство, ги поседува соодветните легитимациски документи за извршување на оваа дејност? Сето ова ВМРО-ДПМНЕ го истакнува заради големата загриженост за вандалското однесување кон културното наследство кое истовремено претставува и идентитетски и силен културолошки белег на Република Македонија, вели Атанасов. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/atanasov-se-unishtuva-kulturnoto-nasledstvo-ima-li-plan-vladata-da-go-zashtiti/feed/ 0
Колумна на Владимир Атанасов: По земјотресите и Пиколомини, СДСМ е најголема катастрофа за скопското Кале https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kolumna-na-vladimir-atanasov-po-zemjotresite-i-pikolomini-sdsm-e-najgolema-katastrofa-za-skopskoto-kale/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kolumna-na-vladimir-atanasov-po-zemjotresite-i-pikolomini-sdsm-e-najgolema-katastrofa-za-skopskoto-kale/#respond Mon, 24 Feb 2020 11:02:28 +0000 https://kurir.mk/?p=307970

„Почитувани, се наоѓаме на Скопското Кале“ - рече растакултур­трегерот, најнеуспешниот министер за култура во историјата на Република Македонија. Да, рече па порече, а веројатно и се одрече. А можеби и заборавил? А можеби сè уште има „забранет пристап“? Да го запрашаме? Во духот на „слободарската култура“, „без перде и срам“, може слободно повторно да се прочита сосема истиот текст и денес, но овојпат погласно, посигурно, без страв, со посебен акцент на последните рече­ници: „Ќе одговарате за злосторството што го направивте на Скопското Кале, ќе одговарате за тоа што Скопското Кале го направивте симбол на негрижата, на лагата и на злоупотребата на културното наследство во политички и партиски цели!“ ДА, се согласувам за ПРВ ПАТ со вас! Одговорност мора да има! „Изградба на музеи, сувенирници, археотуризам...“ - беа пораките кои одекнуваа со силно ехо кон тогашната Влада иМинистерството за култура. Страотно ехо кое нарушуваше воздушни бариери. За да се загуши тоа страотно ехо еден ден, борејќи се со брзината со која трчаше културтрегерот по шарените улици кон својата фотеља во Министерството за култура. Откако седна, го затвори и прозорецот. Ехото се загуши. Замислете, неговото ехо не стигна до него. Неговото ехо стана ЕГО! Егоцентризам кој произведе илузионизам! Кое лицемерие! Какво врвно лаудаторство! Лицемерни говори во низа од Скопско Кале, скопскиот аквадукт, театарот во Скупи, Курбиново. ДА, овие културни ризници се вашиот најголем АРХЕОЦИД! Злосторства кои македонската јавност ќе ги памети! И така, Скопското Кале, просторот кој речиси ја поврзува целата културна и политичка историја на Скопје и Скопско, срцето на модерното Скопјенаседна на една голема лага од СДСМ! Лага насловена „План за живот“ со предзнак „за слободна и европска култура“. Скопското Кале е пример за „обид за убиство“ на археологијата, на сè тоа што значи културно наследство! Скопско Кале е  политичка жртва! Но Кале преживеало многу нешта! Преживеало земјотреси, го преживеало пламенот на Пиколомини, а ќе го преживее и надживее и културоцидот на СДСМ! Во интерес на вистината, фактите говорат за нешто друго. Фактите говорат за ергела од еминентни професори, археолози, студенти кои континуирано го „напаѓаа“ археолошкиот локалитет во поглед на истражувањето и конзервирањето во периодот од 2007 до2016 година. Речиси целосна истраженост и делумна конзервација. Конзервиран движен археолошки материјал, монографии и многу научни публикации. Вистината говори за културна инфраструктура, како и за партерна инфраструктура. Вистината говори за два целосно изградени и опремени музеи (праисториски и османлиски). Но вистината говори и за црвената лента која не ја пресековте, знаејќи ги вашите побуди за „систематско уништување на македонската култура“. Доаѓаат Велики поклади или Прочка. Традиција која се поврзува со Скопско Кале. Ден за проштевање, ден за покајание. Можеби на овој ден ќе се присетите сè што не направивте за Скопско Кале. Би се повторил, и би рекол: Главата високо горе, колеги археолози! Крај за пониженоста на оваа дејност! Време е за нови откритија, но пред сè, за работа, за многу работа! Доаѓа пролетната Обнова и за Скопско Кале преку најсилната програма која следува!   м-р Владимир Атанасов  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kolumna-na-vladimir-atanasov-po-zemjotresite-i-pikolomini-sdsm-e-najgolema-katastrofa-za-skopskoto-kale/feed/ 0
Атанасов: Заради негрижата на СДСМ културното наследство на Македонија оди во заборав- за ваквото запоставување одговорност мора да има и ќе има https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/atanasov-zaradi-negrizata-na-sdsm-kulturnoto-nasledstvo-na-makedonija-odi-vo-zaborav-za-vakvoto-zapostavuvanje-odgovornost-mora-da-ima-i-kje-ima/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/atanasov-zaradi-negrizata-na-sdsm-kulturnoto-nasledstvo-na-makedonija-odi-vo-zaborav-za-vakvoto-zapostavuvanje-odgovornost-mora-da-ima-i-kje-ima/#respond Sat, 05 Oct 2019 12:11:48 +0000 https://kurir.mk/?p=248211

СДСМ откако ја продаде македонската историја, култура и традиција, сега го уништува и остава да пропадне непроценливото културно наследство на Република Македонија. Музејот на Македонија, кој треба да е симбол на историскиот и културниот идентитет на државата е пред распаѓање и се наоѓа во катастрофално лоша состојба, со срушени тавани, мувлосани простории и загрозени артефакти, истакна Владимир Атанасов од ВМРО-ДПМНЕ. -СДСМ иако ветуваше поправање на сите штети, санирање и реновирање, но и сите објекти кои се од важно културно и историско значење, сега гледаме дека имаме само низа од празни ветувања. Власта цели три години со прст нема мрднато ниту за заштитата на културното наследство на државата, а уште помалку за Музејот на Македонија. СДСМ ветуваа санација на Галеријата на икони, а сега гледаме дека изложбениот простор кој наликува на магацински простор е затворен, наместо да е реновирана просторија каде ќе бидат изложени предметите кои се прогласени за културно наследство од особено значење. Иконите наместо да бидат заштитени и изложени за да може да ги видат посетителите, тие се оставени без никаква заштита да скапуваат, рече Атанасов и додаде: „Слична е состојбата и во етнолошката поставка каде наместо да биде изложено најголемото богатство на Република Македонија таа стои празна и руинирана. Вода тече од сите страни, додека пак изложбените витрини се уништени и мувлосани. Воедно, иако беше ветено се уште не е саниран кровот и нема никаква заштита од прокиснување и поплави, па затоа при најмал дожд депоата на музејот се поплавуваат и со тоа постои опасност од огромна штета на предметите кои се од непроценлива важност за историјата, културата и традицијата на Република Македонија“. Дополнително, подвлече тој, нема основни услови за работа ниту за вработените во Музејот, и тие наместо во соодветни простории, работат во распаднати простории. -СДСМ единствено што направи во музејот е тоа што се погрижи да вработи најмалку 15 партиски војници кои наместо за потребите на музејот се вработени за партиски потреби. Културното наследство е темелна вредност на Република Македонија, но не и за СДСМ. Заради негрижата на СДСМ културното наследство на Македонија оди во заборав. За ваквата негрижа и запоставување на културното наследство одговорност мора да има и ќе има. СДСМ очигледно се незаинтересирани и неспособни па затоа време е за избори по кои ќе почне Обнова на Македонија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/atanasov-zaradi-negrizata-na-sdsm-kulturnoto-nasledstvo-na-makedonija-odi-vo-zaborav-za-vakvoto-zapostavuvanje-odgovornost-mora-da-ima-i-kje-ima/feed/ 0
Атанасов: Бараме донесување на одлука за ослободување од данок на имот и комунални трошоци на припадниците на безбедносните сили кои учествувале во одбрана на татковината од 2000 година https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/atanasov-barame-donesuvanje-na-odluka-za-osloboduvanje-od-danok-na-imot-i-komunalni-troshoci-na-pripadnicite-na-bezbednosnite-sili-koi-uchestvuvale-vo-odbrana-na-tatkovinata-od-2000-godina/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/atanasov-barame-donesuvanje-na-odluka-za-osloboduvanje-od-danok-na-imot-i-komunalni-troshoci-na-pripadnicite-na-bezbednosnite-sili-koi-uchestvuvale-vo-odbrana-na-tatkovinata-od-2000-godina/#respond Thu, 15 Nov 2018 10:57:35 +0000 https://kurir.mk/?p=128114

Советникот на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на општина Свети Николе, Владимир Атанасов на денешната седница од име на советничката група и коалицијата за подобра Македонија, повика на дополнување на  дневниот ред на редовната седница. Тој побара поддршка од Советот за донесување на Предлог-Одлука која гласи: Донесување на одредени права на припадниците на безбедносните сили на Република Македонија и на членовите на нивните семејства, кои организирано учествувале во одбрана на независноста, територијалниот интегритет и суверенитет на Република Македонија, сметано од 1 јануари 2000 година, поточно нивно ослободување од данок на имот и комунални  трошоци. -Иако знаеме дека според  Указ/3акон од 2002 година се регулирани одредени права на припадниците на безбедносните сили на Република Македонија и на членовите од нивните семејства , кои организирано учествувале во одбрана на независноста, територијалниот интегритет и суверенитет на Република Македонија, и во спречување на насилно уривање на демократските институции утврдени со Устав на Република Македонија, од  1 јануари 2000 година се уредени посебни права, но сметаме дека и Локалната самоуправа преку Советот на Општина Свети Николе треба да донесе Предлог- Одлука за донесување  на посебни права за оваа категорија на граѓани на Општина Свети Николе, и тоа: учесниците во безбедносните сили, воени инвалиди како последица од вооружени дејствија, загинати припадници и починати припадници на безбедносните сили, истакна Атанасов. Како што рече тој, овие личности, граѓани на Општина Свети Николе, ја заслужуваат најдлабоката почит и ова е нешто најмалку што може Совет на Општина Свети Николе да го направи за нив. -Предлог  – Одлуката за дополнување на дневниот ред е дискутирана и одложена со цел  формирање на посебна работна група за  ова прашање  и разгледување  на некоја од наредните седници на Советот на Општина Свети Николе. Oчекуваме во најбрзо време формирање на посебна работна група од страна на претседателот на Советот на Општина Свети Николе и свикување на седница на Советот на Општина Свети Николе каде оваа точка ќе се најде на дневен ред, истакна Атанасов. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/atanasov-barame-donesuvanje-na-odluka-za-osloboduvanje-od-danok-na-imot-i-komunalni-troshoci-na-pripadnicite-na-bezbednosnite-sili-koi-uchestvuvale-vo-odbrana-na-tatkovinata-od-2000-godina/feed/ 0